Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Охрид, 6. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 5 август 2026 година, во 15:50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 26-годишно лице од Скопје, кое за време додека користел отсуство од Казнено-поправната установа, затвор „Идризово“, каде издржувал казна затвор од пет години, во Охрид се сретнал со неговата поранешна девојка, по што физички ја нападнал. – По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена ...
Охрид, 6. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Оваа сабота, на 8 август, во кампот „Љубаништа“, гитаристот Владимир Четкар со својот музички ансамбл ќе одржи авторски концерт, настан кој ќе биде збогатен и со сетови на DJ Face и DJ Chvare. Билети по цена од 400 денари може да се купат online или во охридската чаршија кај тезга „Аждер“. Од тимот на Четкар информираат дека за искуството на публиката да биде уште поегзотично, организиран е и бродски превоз ...
Охрид, 6. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 5 август 2026 година, во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид лишија од слобода две лица од Охрид, на возраст од 50 и 46 години. – При претрес во домот на 50-годишното лице, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, две дробилки со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. При ...
Охрид, 6. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – По повод одбележувањето на 75 години од основањето на Музејот во Охрид, ќе се одржи презентација на исклучително вредната мозаична икона „Исус Христос на престол“ од XIV век. – Презентацијата ќе се одржи утре, 7 август, во 12:00 часот, во Галеријата на икони во Охрид. Мозаичната икона била откриена во 1960 година во црквата „Св. Богородица Перивлептос“ во Охрид. Таа претставува исклучително редок пример на ...
Охрид, 6. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress продолжува со поддршка за младите автори, а овој пат „изненадувањето“ се вика Емилија, пее моќно, точно и вистинска музика. Таа премиерно пред публиката се претстави со песната „Еден човек“, сингл кој носи soul и blues елементи, но и специфичен звук кој наликува на big band и gospel хор, а текстуално испраќа едноставна но моќна порака дека вистинската љубов започнува во моментот кога ќе се ...
Охрид, 6. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Marcus Füreder, познат како Parov Stelar, е австриски Dj и продуцент, кој важи за пионер на electro swing правецот и еден од најпознатите музички артисти кој доаѓа од Австрија. Toj го објави новиот сингл „The Man Without Reflection“, издание кое ги кондензира сите оние елементи што ги воспоставиле неговите препознатливи музички креации повеќе од две децении. По албумот „Artifact“ и неодамнешниот сингл ...
Охрид, 6. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Британскиот електронски музички продуцент Bonobo продолжува со презентацијата на новиот албум „Distance in Static“, претставувајќи го новиот сингл „Always on Your Side“, во соработка со Joy Crookes. Песната е придружена со официјален музички спот и е четвртиот сингл од неговиот нов албум, кој ќе биде објавен на 11 септември 2026 година за Ninja Tune. „Always on your side“ ги прикажува сите елементи што го ...
Охрид, 6. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Camilo Salazar го претстави новиот сингл „Salsa Del 78“, кој го истакнува спојот на Afro House естетиката со традиционалните latino ритми, создавајќи резултат кој им се допаѓа и на љубителите на електронска музика и на љубителите на салсата. Со „Salsa Del 78“, Salazar ја користи богатата музичка традиција на Колумбија и ја комбинира со современиот звук на Afro House. Интензивните перкусии, латино мелодиите ...
Охрид, 6. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Градби, населбински слоеви со богат археолошки материјал од доцното бронзено и раното железно време, како и одбранбен бедем од хеленистичкиот период е меѓу откриеното со досегашните истражувања на локалитетот „Градиште“ кај селото Долно Лакочереј. Веќе четврта година се спроведуваат истражувања на ова место, каде археолозите откриваат нови сознанија за минатото на Охридскиот регион. – Овие откритија имаат ...
Охрид, 6. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај црквата Успение на Пресвета Богородица Каменско. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за ...
Охрид, 6. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На проф. д-р Кристоф Бенедиктер во недела ќе му биде врачена Светската награда на хуманизам за 2026 година, со која Охридската академија на хуманизмот го слави името на Св. Климент на сите светски меридијани. Свечената церемонија ќе се одржи токму на празникот „Св. Климент Летен“, со почеток во 12:00 часот, во Куќата на Уранија на МАНУ. Проф. д-р Бенедиктер е претседател на Европската асоцијација на ...
Охрид, 6. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Да не се излегува надвор без потреба во периодот од 11:00 до 17:00 часот, носење светла и лесна облека, внесување доволно течности, најдобро вода, во текот на целиот ден, без да чекате да почувствувате жед, ова се само дел од општите препораки за заштита од високите температури. Целата територија на Македонија се наоѓа во портокалова фаза поради силниот топлотен бран што го зафати регионот. – Кога ...
Охрид, 6. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово, со мотив од стариот Градски чинар, во центарот на градот, на плоштадот „Крушевска Република“. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 2 Охрид, 6. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook ...
Охрид, 6. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва ќе биде промовиран документарниот филм „Едно време, една генерација, едно училиште“, од охриѓанецот Љупчо Паункоски. Станува збор за уште едно дело на Паункоски, кој е хроничар на времето, настаните и луѓето во древниот Охрид. – Во филмот е опфатено се’ она што во тоа време, покрај училиштето го карактеризираше животот на младите. Филмот го следи патот на една генерација, во два различни периоди – ...
Охрид, 6. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници го слават денешниот ден во чест на Света Христина. Родум од градот Тир, ќерка на царскиот намесник Урбан, идолопоклоничка. Не се знае од кои причини родителите и’ го имаа дадено името Христина, но тоа ја криеше во себе тајната на нејзиното идно одење по Христа. До својата единаесетта година не знаеше за Христа ништо. А кога наполни единаесет години, нејзиниот татко, со цел до полната ...
Охрид, 6. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачи до 33 степени. – Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне до 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со ...
Охрид, 6. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...
Охрид, 5. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Традиционално, охридскиот Црвен крст и оваа година ќе ја спроведе крводарителската акција „Плаошник“. Секоја година за празникот Свети Климент, Црвен крст Охрид ја организира оваа крводарителска акција, која ќе се одржи во спортската сала на основното училиште „Свети Климент Охридски“. Во сабота на 8 август акцијата ќе се одржи во периодот од 19:00 до 24:00 часот, а во недела, на 9 август, во периодот од ...
Охрид, 5. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – New Radicals се американски алтернативен рок бенд, формиран во 1997 година во Лос Анџелес, како дуо составено од Gregg Alexander и Danielle Brisebois, заедно со одбрани музичари кои заедно со нив настапуваат на турнеите и при снимањето на песните. По речиси три децении, тие влегоа повторно во студио, по што го претставија новиот сингл „One Night Only (Break Loose Break Free!)“, кој е дел од првиот, нов ...
Охрид, 5. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со асистенција на МВР и учество и на други служби и институции, екипи на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), на почетокот на август, отстранија опасни неексплодирани, експлозивни средства (НУС) од минатите војни, пронајдени во водите на Охридското Езеро. Од ДЗС информираат дека ги отстрануваат согласно стандардните оперативни процедури (СОП), безбедно, се’ до нивно целосно уништување, преку ...
Охрид, 5. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 5 август 2026 година, во 07:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во хотел во Охрид била пронајдена почината 53-годишна жена од Република Белорусија. – Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош од Охрид, а по насоки на Јавен обвинител врз телото на починатата ќе се врши обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид фото: ...
Охрид, 5. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 4 август 2026 година, во 15:40 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 68-годишник, поастапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал во семејниот дом и упатувал закани кон член на семејството. – По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес ...
Охрид, 5. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – За време на нејзиниот настап на главната сцена на Tomorrowland 2026, Miss Monique го претстави новиот сингл „Beauty In Us“, кој е долгоочекувана соработка со Robbie Williams. Новата песна се движи во прогресивни house ритми и е придружена од препознатливиот глас на британската суперѕвезда, која испраќа порака за оптимизам, сила и верба во човештвото: – Некој што паѓа, постојано станува. Некој што изгубил, ...
Охрид, 5. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Има ли надеж за санација на оштетувањата, или комплетно уредување на просторот кај малото пристаниште во Охрид? Како редакција, во повеќе наврати ја следиме темата, а во координација со соодветните државни органи, апелираме да се изнајде соодветно решение и да се имплементира во најкус можен рок за да се спречат понатамошните оштетувања. Ова, некогаш култно место за охриѓани е чекор поблиску до комплетно ...
Охрид, 5. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово на кеј „Македонија“, кај малото пристаниште. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за ...
Охрид, 5. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со помош на модерните AI алатки, ве враќаме во едно старо и прекрасно време. Модерната технологија овозможува старите фотографии да „оживеат“, да им се даде нова димензија и да се вратат во живот. Погледнете како изгледа стара фотографија на која е прикажана крстосницата на Булевар „Туристичка“ и улицата „Јане Сандански“ и локацијата каде подоцна беше изграден „Мини Маркет“ пред многу години, сега во вид на ...
Охрид, 5. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со богата културно – уметничка програма Охрид одбележува 1110 години од упокојувањето на Св.Климент Охридски и 1140 години од основањето на Охридската книжевна школа. Програмата започнува денеска, а ќе трае до недела на повеќе локации низ градот. Вечерва од 20:00 часот на сцента кај ТЦ „Амам“ ќе се одржи Интернационалниот хорски фестивал „Св.Климент Охридски“. Покрај тоа предвидени се и промоции на книги, ...
Скопје, 5. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Неполни два месеци по емотивната поп балада „Имам сé“, македонскиот музичар и пејач Стефан Величковски има нова песна насловена „Карта“. Музички е поп песна со регетон призвук, летна, разиграна, полна со ритам, но и срцепарателни стихови. Текстот е на сопругата на Стефан, Ана Николовска-Величковски, која заедно со него е и коавтор на музика, додека аранжманот го потишува Иле Спасев. Реге – поп ритам со ...
Охрид, 5. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Многумина ќе се запрашаат – зошто документарен филм за училиште? Па, таму ни се најубавите спомени, таму ни се сеќавањата на нашите омилени учители и педагози, таму ги стекнавме најдобрите другари со кои и ден денес другаруваме, таму ни се првите симпатии, и првите љубовни искри, таму оставивме дел од животот… Вака авторот Љупчо Паункоски ги опишува мотивите за да го сними својот деветти по ред документарен ...
Охрид, 5. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во чест на Св. Климент Охридски ќе биде промовирана книгата „Св. Климент Охридски и современата македонска творечка инспирација“ од проф. д-р Зоран Пејковски. – Беседник и промотор на книгата е проф. д-р Кристина Николовска, а модератор на настанот ќе биде м-р Ивана Рилкова. Ззаедно да му оддадеме почит на Св.Климент Охридски и да бидеме дел од една вечер посветена на македонската духовност, книжевност и ...