
Скопје
38ᴼ /
38ᴼ



Во текот на вчерашниот ден беа објавени нови сознанија за случајот со Онкологија, од кои може да се заклучи дека станува збор за основани сомневање за метастазирано диво месо во здравствениот систем и владеење на канцер мафијата. Тоа се нови информации и сознанија од кои се јасни три работи, истакна Претседателката на Анкетната комисија Рашела Мизрахи. Во продолжение ја пренесуваме изјавата во целост: Првата, Фондот за здравство нарачал и ...
Полицијата соопшти дека четири лица загинале кога мал спортски авион се урна во Лунгау, централна Австрија. Авионот летал од Загреб за Салцбург. Авионот Цирус СР-20 полетал во четвртокот од главниот град на Хрватска нешто пред 14 часот, додека дестинацијата бил аеродромот во Салцбург. Околу 15:45 часот авионот се урнал во шума на непрооден планински гребен. Службите за итни случаи успеале да стигнат до остатоците од авионот кога патниците веќе ...
Вториот фрапантен заклучок. На одделенијата за лежечки пациенти, во амбулантските дневници медицинскиот персонал го запишува и остатокот од некои вијали, вијала е пакување, дека е издаден даден на соодветниот и друг пациент, со цел да се заштеди вишокот на лекот, но нема писмен траг, интерна книга, дали се фрла или кому се дадени за да се доискористи лекот од вијалата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес ...
Жител на Гевгелија со пиштол се обидел да убие извршител и адвокат, со кои се сретнал за да договори како да го исплати долгот. Тој се борел со адвокатот, а откако му ветил дека нема да го пријави, избегал. -Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, кое што на 29 октомври годинава, во канцеларија на извршител во Гевгелија, со умисла се обидел да лиши од живот две лица со кои се ...
Кинеските астронаути Шенџоу-16 или таиконаути, во вторникот по 154-дневна мисија во вселенската станица, безбедно се вратија на Земјата. Според Кинеската агенција за вселенски екипаж (CMSA), капсулата за повторен влез со тројцата таиконаути – Ѕјинг Хаипенг, Џу Јангџу и Гуи Хаичао, се приземји на местото Донгфенг во пустината Гоби во севернокинескиот автономен регион наречен Внатрешна Монголија во 8:11 часот по пекингшко време. Според CMSA ...
Денешната седница на Собранието на Албанија повторно ја одбележаа тензии и инциденти, откако претставници на опозициската Демократска партија превртеа столчиња во салата и се собраа на говорницата за да ја попречат расправата за предлог-законите, објави 4news.mk. Пратениците на Демократската партија на Албанија и други претставници на опозицијата надвор од пратеничките групи ја блокираа говорницата со столчиња, а користеа и пиротехнички средства ...
Вчера тројца државјани на Република Македонија (татко и две деца), безбедно ја напуштија Газа и во придружба на вршителот на работи во нашата Амбасада во Каиро, Елма Алторок беа упатени кон египетскиот главен град, а од таму кон Македонија. Со нив, преку Рафах се евакуираше и мајката на децата, која има палестинска патна исправа, информира МНР. Во Газа има уште двајца наши граѓани, брачен пар, кои се исто така вклучени во официјалните листи за ...
Во гостиварското село Митројкрсти, ја украсивме црквата Св. Димитрија со еден кристален лустер Тип КЛ 10/12+8, како и еден месинган лустер Тип МЛ/3 во олтарот. Селото Митројкрсти се наоѓа 7 километри јужно од градот Гостивар и се наоѓа на стариот пат таканаречен Виа Игнатиа, за Кичево. Во околината на селото има многу месности кои се нарекуваат Крстови. Прв досега познат податок запишан за селото е дека селото е запишано како Димитри Крст во ...
Американските знамиња во Иран се вистинска реткост. Ако се појават во јавност, тогаш се во негативен контекст. САД со децении се познати како крвен непријател на Исламската Република Иран. Но, во една фабрика во Хомеин, на триста километри од Техеран, сè е полно со знамиња на заколнатиот непријател. Од почетокот на новата војна во Израел, тие работат дење и ноќе. Побарувачката за американски знамиња е зголемена. Но, не за странскиот, туку за ...
Во следните часови, односно во текот на утрешното попладне и тоа поради влијанието на моќниот Џеновски циклон, од запад ќе започнат обилни врнежи од дожд и во вечерните часови, како и во текот на ноќта кон сабота, но и во сабота ќе се прошират насекаде низ Македонија и локално ќе бидат проследени со грмежи. На многу места ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 л/м2 воден талог, локално и над 50 литри дожд). Не се исклучува ...
На ден (02.11.2023) полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во дом на Т.Н. (54) во Скопје. При претресот пронајдена е марихуана и импровизирана сушара за марихуана, како и неколку саксии со канабис. Т.Н. е лишен од слобода и задржан во полициска станица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена ...
Првоосомничениот во предметот „Синџир“ кој беше недостапен на органите на прогонот е обезбеден и изведен пред Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје. Прифаќајќи го предлогот на предметниот обвинител со Решение судијата му определи мерка притвор во траење од 30 дена. Според наводите содржани во диспозитивит на Наредбата за спроведување на истражна постапка, осомничениот е еден од тројцата организатори на злосторничкото ...
Денеска и утре во Охрид се одржува Првата конференција за патна инфраструктура, во организација на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите, на која активно учество земаат претставници на Владата на Република Северна Македонија, претставници на Стопанската Комора на Македонија, универзитетски професори, како и претставници од стручната фела од делот на градежништвото и инфраструктурата. Со свои поздравни ...
Вчера во 06.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица – Делчево, кај место викано Баткова чешма, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со регистрација на Македонска Каменица, управувано од Љ.В.(55) од с.Габрово и патничко моторно возило „фолксваген поло“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(57) од Делчево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција рече дека има нови сознанија за Клиниката за онкологија за периодот од 2021 до 2023 година. Прес конференцијата ја пренесуваме во целост: -Во Членот 10 од Уставот на Македонија, јасно и недвосмислено стои „животот на човекот е неприкосновен“. За жал во Македонија дури и во овој момент се случува грозоморен скандал каде и денес и сега се заработува на грбот од болните од ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција за скандалот во Онкологија и аферата „Диво месо“ истакна дека канцер мафијата купувале и складирале лекови, иако имало на залихи, но ова што го правеле омилени веледрогерии на власта заработувале милиони на грбот на граѓаните. Мицкоски нагласи дека со овие лекови кои требало да спасат човечки животи претставувале можност за профит на грбот на здравјето на луѓето. – ...
ВМРО-ДПМНЕ ги осудува нападите со лажни обвинувања на владиниот советник Исмет Рамадани и обидите за загушување на слободата на говор изразени на емисијата „Само Вистина” на Канал 5. Владата и Ковачевски треба под итно да се извинат и оградат од ставовите на својот советник, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. Во продолжение на истото се додава: Во спротивно овој атак треба да се смета како смислено сценарио и позиции на владата. Не е прв пат ...
Демократскиот сојуз најостро го осудува настапот на Исмет Рамадани на КАНАЛ 5 со кој неосновано, неаргументирано и клеветнички грубо го нападна новинарот Александар Видиновски со што директно ги загрозува новинарите и слободата на говорот. Исмет Рамадани во недостаток на аргументи во одбраната на Димитар Ковачевски и Артан Груби во обидот преку Врховниот суд да ја активираат одлуката на Ѓорге Иванов за аболиција на 56 функционери и нивно ...
Јас сум запрепастен од неодговорноста пред се на Врховниот командант затоа што тие што тоа го правеле се во негова надлежност, станува збор за многу високи офицери, полковници, генерали кои се во надлежност на претседателот на државата, односно на Врховниот командант, истакна пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки во гостување во утринска емисија на ТВ Алфа говорејќи за секс-скандалот кој ја тресе АРМ, односно сексуалното ...
Градоначалникот Кирил Пецаков и секретарот на Општина Охрид, Александар Китески денеска во големата општинска сала остварија средба со учениците од деветто одделение при OОУ „Кочо Рацин“. Во рамки на ученичката посета, која е дел од наставната програма по предметот Граѓанско образование, градоначалникот ги запозна младите гости со основните информации околу начинот на функционирање на локалната самоуправа, јавните претпријатија и општинскиот ...
На 01.11.2023 во 21.20 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода К.К.(23) и Н.П.(20), двајцата од Струмица. При преглед на К.К. бил пронајден и одземен кокаин, додека при претрес во домот на Н.П., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, дигитална вага и пари. Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител ...
Синдикатот на полицијата во Македонија – СПМ денеска до ОЈОГОКК поднесе кривична пријава против помошник на министер во оддел за општи и заеднички работи, началник на сектор за набавки, менаџмент и логистика, началник на одделение за јавни набавки и примена на стандарди во МВР, други одговорни лица во Министерството за внатрешни работи и против правно лице „Министерство за внатрешни работи“ заради основано сомнение дека пријавените сите заедно ...
Минитерството за надворешни работи потврди дека на листата за евакуација на странски државјани од Појасот Газа преку граничниот премин Рафа се наоѓаат пет државјани на Република Северна Македонија. -Во Газа имаме вкупно пет наши државјани. Сите тие се на листата за напуштање на Газа. Исто така, покрај овие пет, на листата е една палестинска државјанка, сопруга и мајка на две деца, кои имаат македонско државјанство, наведуваат од МНР. ...
На 02.11.2023 околу 01.30 часот на влез во с.Прдејци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица ги лишиле од слобода Г.З.(20) и Д.М.(19), двајцата од Косово. При контрола во возилото „фолксваген туран“ со косовска национална ознака, кое го управува З.Г., а сопатник бил М.Д., биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија. Тие биле задржани во Полициската станица Гевгелија и по целосно ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, распиша вонредни парламентарни избори на 17 декември и рече дека роковите за изборни дејствија течат од денот на стапување на сила на одлуката, објави dw.com. „Согласно образложениот предлог на Владата од 30 октомври, донесувам уредба за распуштање на Народното собрание, го распуштам Народното собрание избрано на 3 април 2022 година. Оваа уредба влегува во сила со денот на објавувањето во Службен ...
Градоначалникот на Општина Куманово и идејниот творец на новата политичка опција Движење “ЗНАМ” – За наша Македонија, Максим Димитриевски ги осудува обвинувањата и нападите на Претседателот на Евро Атланскиот Совет на Македонија, Исмет Рамадани кон Канал 5 телевизија во емисијата “Само вистина”, за што бара извинување кон медиумот и итна оставка од челната позиција на ЕАСМ. “Обвинување на новинар во емисија за национализам и импутирање на ...
Во вечерашната емисија „За или Против“ на Алфа Тв гостуваше градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски кој што истакна дека проблем број еден е опасниот отпад од отровно олово складиран во Орман а институциите да не молчат и што е можно побргу да дејствуваат во интерес на заштита на животната средина и граѓаните. „Во делот на заштита на животната средина многу е важно не само за општината Ѓорче Петров, не само за Скопје, ...
Предлог законот за амнестија, предложен по скратена постапка од министерот за правда Кренар Лога, е на дневен ред денешната 129-та седница на Собранието на Република Северна Македонија. Предложениот закон е 26-та точка на дневниот ред. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го блокира носењето на законот со доставување голем број амандмани, а амандмани најави и СДСМ со цел да изземат од амнестирање осудените од предметот „Монструм“, објави ...
Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска организираше свечен прием за боксерот Бајрам Мамутовски (17) од боксерскиот клуб „Куманово 84“ кој неодамна освои златен медал на балканското првенство за јуниори и младинци кое се одржа во Валчеа, Романија. На средбата градоначалникот Димитриевски му честиташе на Мамутовски за освоениот златен медал, кој младиот кумановец го освои во категорија до 48 килограми во конкуренција на ...
Италијанската премиер Џорџа Мелони зборувала за меѓународниот замор од конфликтот во Украина и за недостатокот на поддршка за напорите на Италија да се справи со миграцијата во телефонски разговор со руски пранкери, објави slobodnaevropa.mk. Снимка од повикот, кој траел 13 минути, беше објавена на интернет на 1 ноември од руските пранкери Вован и Лексус. Канцеларијата на Мелони соопшти дека жали што таа била измамена од измамник кој се ...