
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



„Маските како лице на денешницата“ од Бојана Мандевска и „Моќ во боја“ на Филип Матевски се двете самостојни изложби кои ќе се отворат на 2 септември со почеток во 19 часот во Галерија 2 во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. „Изложбата на Бојана Мандевска претставува колекција од рачно изработени глинени маски, кои ја отсликуваат внатрешната приказна на авторката – емоции, мисли и искуства, преточени во ликови инспирирани од ...
Канадско-американскиот музичар Нил Јанг објави нова песна насловена како „Big Crime“, а во која го критикува претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп. Во новата песна, која е објавена на неговиот Јутјуб канал, Јанг пее за правните проблеми на Трамп, како и за неговите постапки во борбата против криминалот во Вашингтон. „Не ни требаат фашистички правила, не сакаме фашистички училишта, не сакаме војници на улиците“, се ...
Рок легендата Бора Ѓорѓевиќ почина на 4 септември минатата година, а градот Чачак и неговото семејство подигнаа споменик на гробот на легендарниот фронтмен на „Рибља чорба“ на Градските гробишта во Чачак. На барање на познатиот музичар, неговиот споменик содржи две вкрстени гитари, како што напишал во последната песна што ја снимила групата „Рибља чорба“. „Не трошете пари, не сум толку важен, вкрстете две гитари, нека биде споменик. Советот ...
Еден од најпрепознатливите музички моменти во историјата на рокот, познатиот акорд од песната „Shine On You Crazy Diamond“ од групата „Pink Floyd“, има своја приказна за потеклото, која неодамна ја сподели гитаристот на оваа група, Дејвид Гилмор. Овој гитарски виртуоз објаснува како сосема случајно стигнал до „тој“ звук, кој потоа стана основа на една од најемотивните и најпознати композиции. Гилмор се сеќава дека магичниот момент се случил за ...
Со големо внимание од музичката и филмската индустрија, официјално започнуваат подготовките за биографски филм посветен на животот и кариерата на легендарната ирска пејачка Шинед О’Конор. Овој проект доаѓа како почит кон една од најсилните и највлијателни гласови на својата генерација, која остави неизбришлив белег во светската музика. Шинед О’Конор, позната по својот драматичен и искрен вокал, како и по храбриот ангажман на важни социјални ...
Англискиот диџеј и продуцент Џекс Џонс ќе настапи на 7 септември во Градскиот парк во Струмица, на фестивалот „Гет егзит“. Џек Џонс, кој беше номиниран за Греми, претходно гостуваше во Скопје во март, на фестивалот „Електроник ритрит“. Роден е на 25 јули 1987, и стана популарен во 2014 со синглот број еден на Дјук Думонт „Те имам“ (I Got U). Потоа ги издаде своите синглови „Не ме познаваш“ (You Don’t Know Me) со Реј во 2016, па дуетот со Деми ...
Вечерва на сцената на Долни Сарај во Охрид започнува 32-рото издание на фестивалот „Охрид Фест – Охрдски трубадури“, а покрај домашни, на фестивалот ќе настапат и неколку регионални ѕвезди.. Првата вечер е фолк, додека веќе утре е интернационалната вечер со поп музика, кога ќе настапат млади и искусни пејачи од Балканот. Меѓу гостите се српскиот евровизиски претставник Принц и хрватскиот рокер Дадо Топиќ, кој во дует со Ана Петановска ќе ја ...
Новото издание на меѓународниот фестивал „Песните на Тоше“ ќе се одржува од 15 до 19 октомври во Скопје, најави организаторот Марјан Катароски од Прилеп. „Овој настан ги слави безвременската музика и хуманоста на Тоше. И годинава очекуваме млади пејачи од цела Европа кои ќе ги пеат неговите песни. Желба ни е да продолжат да живеат песните на Тоше Проески и да ги пеат и новите генерации. Ќе се пеат на јазикот на кој се снимени“, вели Катароски. ...
Кога Џон Бон Џови застана зад микрофонот во студиото минатата година, не знаеше дали тоа ќе биде една од неговите последни снимки. Вокалната операција и долгото закрепнување го оставија со прашање што ниту еден пејач не сака да си го постави – дали можеби никогаш повеќе нема да може да настапува во живо?! Но, Наместо да се откаже, Џон ги повика своите пријатели. Под пријатели мислиме на Брус Спрингстин, Аврил Лавињ, Роби Вилијамс, Џели Рол и ...
„Човекот Лавина“ или во оригинал „Čovjek lavina“, претставува еден од најочекуваните документарци на годината, кој се фокусира на животот и уметноста на познатиот југословенски тапанар Драгољуб Ѓуричиќ, премиерно беше прикажан во Херцег Нови. Филмот веќе ја имаше својата премиера на филмскиот фестивал во Херцег Нови кој се одржува од 23 до 29 август, а допрва треба да допре до пошироката публика… Овој филмски портрет ја открива приказната за ...
Владимир Четкар преку својата авторска композиција „ОХРИД“ едитирана преку ремикс од страна на прочуениот Доктор Пакер (Dr Packer) допре низ дискотеките ширум светот, а во Велика Британија е прекрасно прифатена и за прв пат во историјата македонскиот јазик се слуша низ нивните ноќни клубови . ‘ОХРИД’ содржи еден дел на македонски јазик и е фузија на повеќе универзални стилови како џез, диско, фанк, боса нова но има и скриен потпис на македонски ...
Со премиера на „Ангели во Америка“ од авторот Тони Кушнер, а во режија на Филип Петковски на први септември во 20 часот на големата сцена се отвора новата сезона на Македонскиот народен театар (МНТ). Сместена во Њујорк, во 1980-те, во време на конзервативната политика на Роланд Реган и јавна незаинтересираност за епидемијата на сина „Ангели во Америка“ ја следи судбината на четири геј ликови и новните најблиски, чии приказни зборуваат за љубов ...
Битолскиот бенд „The Groove“ ја промовираше својата најнова авторска песна „Како да се радувам“, која е дел од нивниот деби албум „Тука сум до тебе“. Музиката, текстот и аранжманот се дело на самите членови на The Groove, што уште повеќе го потенцира нивниот уметнички идентитет. Зад аудио продукцијата стои Сашо Ристевски – Ристето, во студиото Омни, а видеото е реализирано од Dreamcast production, со Александар Котевски како камера оператор и ...
Познатиот музичар Стинг наводно добил тужба од поранешните членови на неговиот бенд „The Police“ и тоа за „милиони загубени авторски права“, објави „The Sun“. Според весникот, тој добил покана да се јави во суд од гитаристот Енди Самерс и тапанарот Стјуарт Коупленд. Тие поднеле барање за „значајна материјална штета“, по години загубени правни битки. Во текстот на таблоидот „The Sun“ неименуван извор тврди дека ова е нешто што се подготвувало ...
Популарниот италијански пејач Ерос Рамацоти има нова песна, а станува збор за нумерата „Il mio giorno preferito“, објавена пред само пет дена, а која веќе се чини дека е хит меѓу неговите обожаватели. Станува збор за инспиративна балада која го слави моментот – денот кога љубовта и среќата ги исполнуваат сите сетила. Со нежна, а сепак моќна мелодија, Рамацоти ја прикажува едноставноста и убавината на секојдневните мигови кои ни го менуваат ...
Легендарниот треш метал бенд „Megadeth“ неодамна официјално го објави своето пензионирање по повеќе од четири децении кариера. Како што потврдија, нивниот следен 17-ти студиски албум, насловен како „The End Is Near“ – ќе биде всушност и последниот албум на бендот, а светската проштална турнеја е планирана за 2026 година. „Повеќе од четири децении бев врзан за тишина, но крајот го бара мојот глас. Потврдено е дека следниот албум на Megadeth ќе ...
Во рамки на второто издание на фестивалот за алтернативна, младинска и критичка култура „Ре-култура“ што го организира здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ во соработка со кафе-книжарниците „Илика“ и „Буква“, по вторпат се отвора донаторската акција за стари книги, плочи и цедеа. „Ги повикуваме сите пријатели, поддржувачи, издавачи, музичари, фанатични колекционери и сите кои сакаат да им олеснат на своите библиотеки, ...
Кога ќе се спомене Балканот асоцијација е кафеана, а кога ќе се спомене кафеана, не можете а да не го замислите пред себе Тома Здравковиќ, независно од тоа дали сте „љубител на добрата чаша“, водите боемски живот или имате сосема друг животен стил… Без разлика и на тоа каква музика слушате ако сте од Балканот, не можете, а да не се поклоните пред Здравковиќ, сепак тоа беше величина и неговиот лик и дело остави голем траг. Филмот „Тома“ тоа и го ...
Далечната 1975 година сега веќе легендарниот Брус Спрингстин, го објави своевремено третиот студиски албум „Born to Run“, веројатно не ни сомневајќи се дека тоа ќе стане една од највлијателните плочи во рок историјата… Албумот слави 50 години постоење, а на него се култните нумери како – „Born to Run“ и „Tenth Avenue Freeze-Out“, кои буквално го направија Спрингстин американски национален рок херој. „Born to Run“ достигна до 3-то место на ...
Шестиот албум на „Florence + The Machine“ – „Everybody Scream“, ќе биде објавен на 31 октомври. За да го најави новото издание, бендот ја објави насловната песна, заедно со видео спот кој за само пет дена има над милион прегледи. Флоренс Велч го напишал и продуцирал албумот во текот на изминатите две години со тесен круг соработници, вклучувајќи го Марк Бовен од „IDLES“, кој се појавува во видеото за „Everybody Scream“. Откако ѝ беше потребна ...
Алтернативниот метал состав „Deftones“ го издаде својот десетти студиски албум, „Private music“, нивниот прв po пет години. Албумот беше издаден на 22 август преку издавачките куќи „Reprise Records“ и „Warner Records“, токму на денот кога калифорниските метал икони започнаа турнеја низ Северна Америка. Петчлениот бенд од Сакраменто повторно се соедини со продуцентот Ник Раскулинец, кој беше одговорен за нивните врвни кариерни хитови – „Diamond ...
Можеби Скопје не е рок престолнина, „игралиште“ на големите, но Скопје е град кој со децении наназад наспроти форсираната фолк култура, наоѓа начин да излезе од кичот и да и се претстави на публиката во вистинско светло. Пред три дена Скопје го пречека Ник Кејв, човекот за кого не треба да се трошат зборови, доволно беше само публиката да го види, да го слушне и да го почувствува, останатото допрва ќе се прераскажува… 22 август 2025 година Домот ...
Балканската музичка сцена денеска остана без едно големо име, не напушти Габи Новак (8 јули 1936. Берлин – 11 август 2025.Загреб), позната хрватска пејачка, која остави длабоки траги во музиката со своите песни. Повеќето станаа евергрини, на кои, со својата специфична боја на глас и начин на интерпретација таа им даваше нешто посебно. Габи Новак, замина на 89 години, а на социјалните мрежи голем број нејзини колеги, пријатели, почитувачи со ...
Ако некој ве праша за „Sumaumeira“ сигурно првата асоцијација ќе биде големото дрво од дождовните амазонски шуми, едно од најголемите во светот, кое дури во некои култури се смета и за свето. Денеска, ќе зборуваме за „ Sumaumeira“, но без да се восхитуваме на величественоста на ова растение, туку да оддадеме почит на еден млад музичар, кој земајќи го како псевдоним токму името на ова дрво – „Sumaumeira“, заплива во музичките води објавувајќи го ...
Кога бев средношколец, некаде во трета година поминував низ чудна фаза, наеднаш станав повлечен, што беше нетипично за мене бидејќи бев познат како екстровертна личност, каква што сум и денеска. Меѓутоа, тој период сѐ беше поинаку – не знаев што ми се случува не знаев како да го искажам тоа, па патував длабоко во себе, на крај успевајќи да го најдам правецот и да се „вратам во игра“. Но, верувам дека многу полесно ќе ми беше ако имав алатка ...
„Lutke od krvi bez trunke ideje Ubice na cesti Loša noć bježim iz grada Oni dolaze“… Вака пееше Бранимир Џони Штулиќ во сега веќе далечната 1981 година, укажувајќи ни на постоењето на оние „Курвини синови“ кои секогаш имале, имаат и многу веројатно ќе имаат значајни позиции во високите слоеви од општеството – „Na strateškim mjestima njihovi ljudi…Kurvini sinovi…“. Затоа Штулиќ се обидуваше да побегне од нив „Loša noć bježim iz grada, оni ...
„Господ постои, името ѝ е Петрунија“, првиот македонски филм што беше номиниран за наградата Златна мечка на филмскиот фестивал „Берлинале“, каде што освои и две престижни награди, помина со одлични критики и коментари од жирито кое го оценуваше, а слично мислење преовладуваше и кај публиката, откако ова филмско остварување своевремено се прикажуваше и во домашните кина. Станува збор за филмот на Теона Стругар Митевска, во кој главната улога ја ...
По „Бохемиска рапсодија“ режисерот Декстер Флечер одлучи да не почести со уште еден фасцинантен проект. Овојпат од почеток до крај ја режираше приказната за биографискиот мјузикл „Рокетмен“, посветен на живата поп икона – Реџиналд Двајт, или како што го знаеме сите денес, популарниот Елтон Џон. „Рокетмен“, филм кој е насловен по истоимениот музички хит на Англичанецот, го опишува раното детство на малиот и срамежлив Реџи, неговата трансформација ...
Постои еден бенд во Детроит, тие се „Led Zeppelin Еден“ – изјави Роберт Плант, фронтменот на славните „Led Zeppelin“ за австралиските медиуми уште во март 2018 година, алудирајќи на групата „Greta Van Fleet . „Greta Van Fleet“ – млад бенд од Детроит основан во 2012 година пред точно 13 години, кој неодоливо потсетува на „Led Zeppelin“, ја враќа надежта на старите рокери, музичари, но и на обичните обожаватели на стариот добар рокенрол звук. ...
По ковид-кризата, Дубиоза Колектив реши да ја освежи балканската музичка сцена и повторно на сатирично-комичен начин да не потсети на секојдневието. Тоа го направија со Агрикултура – албумот објавен пред во 2022 година и до денеска последниот албум на босанскиот состав. Агрикултура е еден концизно прецизно обработен албум, содржи само осум песни и јасни пораки – исмевање на општеството и локалните власти укажувајќи на бизарните работи кои се ...