Со падот на температурите расте и бројот на настинки и други вирусни инфекции. Освен одмор, доволен внес на течности и правилна исхрана, топлите чаеви можат да помогнат во ублажување на дел од симптомите и да придонесат за подобра хидратација. Сепак, важно е да се нагласи дека ниту еден чај не може да ја излекува настинката или грипот. Нивната улога е да го олеснат закрепнувањето, а не да го заменат медицинскиот третман кога тој е потребен. ...

Манекенката Ирина Шајк повторно беше во центарот на вниманието, овојпат со модната комбинација што ја избра за забавата по ревијата на „Викторија сикрет“ во Лос Анџелес. Четириесетгодишната руска манекенка се појави во проѕирни бордо панталони со исклучително низок струк, комбинирани со црн градник. Стајлингот го надополни со бордо салонки, ѓердан со крст и мала чанта со леопардски дезен, додека косата ја носеше пуштена и исправена. ...

Поразот од Струга ТЛ со 0:1 на домашен терен дополнително ги продлабочи проблемите на Вардар, кој по 12 одиграни кола сè повеќе заостанува во трката за самиот врв во Првата македонска фудбалска лига. За „црвено-црните“ ова беше втор пораз по ред на домашен терен, откако претходно беа елиминирани од Тиквеш во Купот на Македонија. Новиот неуспех уште еднаш покажа дека актуелниот Вардар е далеку од формата потребна за борба за шампионската ...

Новак Ѓоковиќ утре (вторник) треба да го одигра својот прв меч на Мастерс турнирот во Париз, каде што во второто коло ќе се соочи со Валентан Вашеро. Натпреварот е закажан како трет и последен на Централниот терен. Сепак, последните фотографии од тренингот предизвикаа загриженост кај неговите навивачи. На снимките се забележува дека српскиот тенисер има одредени проблеми со грбот, а во еден момент интервенирал и неговиот физиотерапевт. На ...

Четвртото коло од Лигата на шампионите донесе возбудувања, убедливи победи и драматични пресврти, а вечерта ја одбележаа триумфите на Баерн Минхен, Пари Сен Жермен, Манчестер јунајтед и Барселона. Во дербито на вечерта, Баерн Минхен славеше со 2:0 на гостувањето кај Атлетико Мадрид. Германскиот шампион го скрши отпорот на домаќините во 54. минута, кога Ленарт Карл ја затресе мрежата за водство. Конечните 2:0 ги постави Конрад Лајмер во 74. ...

Македонската ракометна репрезентација со убедлива победа од 41:23 над Луксембург ги започна квалификациите за Европското првенство 2028, кое ќе се одржи во Шпанија, Португалија и Швајцарија. Избраниците на селекторот уште од самиот почеток покажаа дека разликата во квалитет е голема. По нешто повеќе од 14 минути игра, Македонија имаше убедлива предност од 9:1, додека гостите успеаја да постигнат само еден гол. До заминувањето на одмор, ...

Кристијано Роналдо не сака да одигра официјален проштален натпревар за португалската репрезентација, иако Фудбалската федерација на Португалија планира да му организира посебно испраќање на еден од најголемите играчи во историјата на националниот тим. Според лисабонскиот весник „Обсервадор“, Федерацијата сепак ќе му оддаде признание на својот долгогодишен капитен, а начинот на кој ќе биде реализирана почитта кон Роналдо дополнително ќе биде ...

Црвена Звезда со многу мака стигна до првата победа во Конференциската лига на УЕФА, откако на домашен терен со 2-1 го совлада Интер Ескалдес од Андора во третото коло од натпреварувањето. Српскиот тим долго време не успеваше да ја оправда фаворитската улога, а победата ја обезбеди дури во судиското продолжение, по драматичен финиш. Натпреварот беше исполнет со нервоза уште во првото полувреме, кога Александар Катаи заработи директен црвен ...

Одлуката на Кристијано Роналдо да стави крај на репрезентативната кариера предизвика бројни реакции ширум светот, а посебно внимание привлече пораката што ја упати неговата сестра Катија Авеиро. Таа се огласи на Инстаграм откако 41-годишниот фудбалер официјално објави дека повеќе нема да настапува за Португалија, а нејзините зборови предизвикаа дополнителни шпекулации. „Би можела да кажам многу, но времето сигурно ќе покаже. Ако има уште ...

Бруно Фернандеш му упати емотивна порака на Кристијано Роналдо по одлуката на напаѓачот да стави крај на репрезентативната кариера. Играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед и португалската селекција преку социјалните мрежи му се заблагодари на својот долгогодишен репрезентативен соиграч, кого го нарече свој идол од детството. „Ви благодарам за инспирацијата! Беше чест да споделам одлични моменти за нашата репрезентација со мојот идол од ...

Новата концертна сезона на Националниот џез оркестар ќе започне на 7 октомври во Националната опера и балет со настап на американскиот композитор, аранжер и тапанар Ден Пјугач. Пјугач, кој е дел од современата њујоршка џез сцена, во 2025 година ја освои наградата Греми за најдобар албум на голем џез ансамбл. На концертот ќе настапат и пејачката и пијанистка Никол Зураитис, добитничка на Греми за најдобар џез вокален албум во 2024 година, како ...

Седмото издание на Скопскиот градски фестивал ќе се одржи од 18 до 26 септември со програма посветена на музичкиот и културниот дијалог меѓу Македонија и земјите од регионот. На фестивалот, во организација на Баги Комуникации, ќе настапат уметници од Македонија, Словенија, Албанија, Грција, Црна Гора и Бугарија. Програмата ги поврзува џезот, класичната музика, современото авторско творештво и музичкото наследство на Балканот, а дел од ...

По три дена исполнети со традиционални вкусови, музика, дегустации и дружење, во Гевгелија заврши четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“, кој се одржа со поддршка од Општина Гевгелија. Од 11 до 13 септември, Mega Shopping Park беше место на средба на посетители од различни генерации. Се доаѓаше за локалните специјалитети и македонските вина, се остануваше за музиката, а фестивалските денови поминаа во дружење, ...

Од денеска до 26 септември Скопје ќе биде домаќин на седмото издание на Скопскиот градски фестивал, кој годинава ќе биде во знакот на музичката и културната соработка меѓу Македонија и земјите од регионот. Фестивалската програма обединува уметници од Македонија, Словенија, Албанија, Грција, Црна Гора и Бугарија, кои преку концерти ќе ги поврзат џезот, класичната музика, современото авторско творештво и богатото балканско музичко наследство. ...

Со македонскиот филм „Скејтањето не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума, вечерва во Центарот за култура во Битола почнува 47. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Фестивалската програма ќе трае до 25 септември, а годинава носи рекорден број филмови, едукативни содржини и голем број гости од светската кинематографија. Меѓу главните гости се добитниците на наградите за животно дело Ден Лаустсен и Џеф ...

Со доделување на фестивалските признанија и проекција на македонскиот филм „Скејтањето не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума, во Битола свечено беше отворено 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“. Фестивалот за отворен го прогласи претседателката Гордана Силјановска Давкова, која истакна дека „Браќа Манаки“ одамна прераснал од фестивал во културна институција со меѓународен авторитет. Таа нагласи дека годинава меѓу 12-те филмови во ...

Македонската поетеса и писателка Билјана С. Црвенковска ќе биде специјална гостинка на 36. издание на културната манифестација „Денови на македонската поезија во Шведска“, која денеска ќе се одржи во Градската библиотека во Гетеборг. Настанот традиционално го организира Македонскиот сојуз во Шведска и секоја година претставува место за средба на македонските автори и љубителите на литературата што живеат во оваа скандинавска земја. Во рамки ...

Со концерт на Камерниот оркестар на Битола, вечерва ќе биде затворено јубилејното 35. издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“. Под диригентската палка на Владимир Димовски, оркестарот ќе настапи во Офицерскиот дом, со виолинистот Емир Имеров од Германија како солист. Годинашното издание собра реномирани музички уметници од Македонија, Унгарија, Италија, Косово, Франција и Германија. Во рамките на фестивалската ...

Актерката Весна Димитровска ја освои наградата за „Најдобра актерка“ на 31. издание на Меѓународниот фестивал на истражувачки театар „Isola dei Teatri“ („Остров на театрите“) што се одржа во Сасари, Сардинија, Италија. Димитровска наградата ја доби за изведбата на монодрамата „Кога земјата молчи“, инспирирана од култниот роман „Пиреј“ на македонскиот писател Петре М. Андреевски, со која таа имаше премиерна изведба пред италијанската публика. ...

Македонската опера и балет ќе го одбележи Светскиот ден на операта со изведбата на „Набуко“ од Џузепе Верди – едно од најзначајните оперски дела, со моќна музика и силна приказна за слободата и копнежот по татковината, на 30 октомври со почеток во 20 часот. „Набуко“ е една од оперите што оставиле силен белег во кариерата на Џузепе Верди и во историјата на оперската уметност и претставува музичко дело во кое се огледуваат судбината на еден ...

Осумнаесетгодишна девојка од скопско пријавила во полиција дека била физички нападната од своја другарка додека се возеле во такси возило. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Скопје во 05:40 часот, а според пријавата, инцидентот се случил околу 04:44 часот. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности. ...

Три малолетни лица биле физички нападнати од група врсници во скопската општина Аеродром, информира Министерството за внатрешни работи. Според пријавата, случајот бил пријавен на 1 ноември во СВР Скопје од 49-годишна жена, која навела дека нападот се случил претходната вечер, околу 21:45 часот. Во нападот биле нејзиниот малолетен син и негови двајца другари, а според пријавеното, дел од напаѓачите им биле познати. Од МВР соопштија дека се ...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во соработка со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност, учествуваше во меѓународна координирана операција насочена кон разбивање на транснационална криминална мрежа која се занимавала со организирани инвестициски измами преку интернет. Како што соопштија од Обвинителството, акцијата била спроведена со поддршка и ...

Скопјанец кој во 2024 година како администратор на фејсбук-страница незаконски и неовластено преку јавна објава на страницата емитувал ексклузивни авторски права на ТВ-серија, кои биле отстапени само за програмски сервис на телевизиска куќа, врз основа на претходно склучен договор заработи кривична пријава за сторени кривични дела „повреда на авторско право и сродни права“ и „пиратерија на аудиовизуелно дело“. Во согласност со пријавата од ...

Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против 30-годишниот Б.Ч. од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, при полициски преглед на патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал пријавениот на ...

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 45-годишен жител на струшкото село Подгорци поради сомнение дека извршил кривични дела „пустошење на шуми“ и „кражба“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, случајот бил откриен на 16 октомври 2026 година, кога заеднички патроли составени од полициски службеници од ОВР Струга и Шумската полиција извршиле контрола во планинскиот појас над селото Подгорци. При ...

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против четири лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари и изнуда. За тројца од нив е доставен предлог за определување мерка притвор до судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје. Четвртиот осомничен одреден период е надвор од државата. Според ОЈО ГОКК, групата ја формирал првоосомничен, жител на Куманово и во периодот од ...

Од јануари до септември годинава вкупно 1.337 кривични дела поврзани со семејно насилство се регистрирани на територијата на државата, за кои се пријавени 1.388 сторители и 1.433 жртви, информира Министерството за внатрешни работи. Најголем дел од сторителите се мажи, а од жртвите жени, а во истиот период полицијата регистрирала и 191 прекршок поврзан со семејно насилство како и 3.869 поплаки за семејно насилство. Од Министерството за ...

Шеесет и осумгодишен жител на Скопје се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на улицата „Дижонска“ во скопската населба Чаир, информира Министерството за внатрешни работи. Според полициските информации, несреќата била пријавена на 5 ноември околу 15 часот, кога товарно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот Б. Л. од Скопје, удрило во пешакот Л. М. (68) од Скопје. Во несреќата, ...

Жителите на дел од улицата „Борка Талевски“ во скопската општина Центар денеска ќе останат без вода поради дефект на водоводната мрежа. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот во водоснабдувањето е предизвикан од уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри, на крстосницата меѓу улиците „Борка Талевски“ и „Апостол Гусларот“. Без вода ќе бидат корисниците на улицата „Борка Талевски“, на потегот од ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07