Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
„Отпорна институција е институција која има капацитет да се адаптира, да учи и да продолжи да испорачува резултати и во најпредизвикувачки околности. Тоа е институција која располага со јасна визија, компетентно лидерство и професионална администрација“, истакна министерката Димитриеска-Кочоска. Таа нагласи дека за Министерството за финансии отпорноста е тесно поврзана со стабилноста и одржливоста на јавните финансии, поради што се ...
Во изјава за медиумите, министерот Љутков истакна дека очекува до крајот на 2027 година, објектот кино „Партизан“ да биде пуштен во употреба. „Реконструкцијата на оваа институција е во напредна фаза, динамиката оди многу добро и обезбедени се околу 94 милиони денари за завршување на објектот. Според тоа што можев да го видам, најверојатно ќе стигнеме малку побрзо од планираното и се надевам дека до крајот на 2027 година овој објект ќе биде ...
Меси имаше шанса да дојде до рекордот во деетата минута, но тогаш промаши пенал. Сепак, аргентинската ѕвезда даде гол, во 38. минута по асистенција од Медина, шутна од работ на шеснаесетникот и постигна гол за водство на Аргентина од 1-0. Ова беше 17. гол за Лео Меси на Светските првенства со кој изби на првото место на вечната листа на стрелци на Мундијалите. Меси имаше шанса да дојде до рекордот во деетата минута, но тогаш промаши пенал. ...
Изменет режим на сообраќај ќе има утре на експресниот пат Штип – Радовиш, на делницата од клучката Софилари до клучка Долани. Министерството за внатрешни работи информира дека измените ќе бидат само утре и тоа во периодот од 5 до 9 часот, поради изведување на технички активности. „Во наведениот период, полициските службеници од ПС за Безбедност на Патниот Сообраќај-Штип ќе го пренасочуваат сообраќајот по регионалниот пат Штип – Радовиш“, ...
На прес-конференција во битолскиот Офицерски дом, директорот на КИЦ Битола, Димитар Михајловски истакна дека 18-то издание на БитФест содржи 70 културни проекти. „На јавниот повик се пријавија 140 апликанти, а стручна комисија избра 70 културни проекти со кои достојно ќе се презентира културата во нашиот град. Основната цел е да понудиме програма што ќе им се допадне на граѓаните. Во периодот од 19 јуни до 29 август ќе се реализираат 20 ...
Како што соопштија од Владата, еден од најзначајните процеси што ја одбележаа изминатата година е подготовката на првата Национална стратегија за заштита и користење на културното наследство за периодот 2026–2030 година, заедно со Акциски план за нејзина реализација. Според Управата, документот се наоѓа во завршна фаза на владина постапка и треба да ги постави насоките за идниот развој на политиките во оваа област. Паралелно со стратешкото ...
Средбата, како што информираат од Кабинетот на вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, претставува продолжение на интензивирањето на дијалогот и соработката по неодамнешната посета на потпретседателот и министер Стоилковиќ на Кина, со цел создавање нови можности за економско поврзување, размена на искуства и поттикнување на заеднички развојни иницијативи. На средбата, двете страни изразиле подготвеност за понатамошна комуникација ...
Нестабилното време се очекува да продолжи и во вечерните часови кога во делови од државата ќе има појава на пороен дожд, засилен ветер и ретки грмежи, а можна е и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Под влијание на циклонска активност од Турција нестабилното време ќе продолжи и утре. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во ...
Европската куќа на фудбалот ја потврди одлуката по бројните негативни реакции кои се појавија за време на Светското првенство, каде што ова правило веќе се применува. Паузите за освежување беа воведени поради високите температури во летниот период и се предвидени околу 22. и 67. минута од натпреварот. Сепак, ФИФА реши да ги применува на секој меч без оглед на временските услови, што наиде на незадоволство кај дел од навивачите, особено ...
Можност за болната германска економија Растот е токму она што очајно и треба на болната германска економија, а Германија е веќе најголемиот трговски партнер на Турција, каде работат 8.600 германски компании. Министерката Рајхе смета дека има голем потенцијал затоа што Турција и покрај вртоглавото зголемување на инфлацијата и каматните стапки повисоки од 30 отсто, значително инвестира во нови технологии, обновливи извори на енергија, ...
Во рамки на панел дискусијата посветена на лидерството и институционалната отпорност, Минчев, како што информираат од неговиот кабинет, истакнал дека во време на сè покомплексни предизвици, способноста за координација меѓу институциите претставува еден од најважните предуслови за успешно спроведување на реформите и испорака на квалитетни услуги за граѓаните. „Најголемиот ризик во услови на неизвесност не е недостатокот на идеи или стратегии, ...
Како што информираат од Министерството за правда, членовите на работната група ги разгледале препораките на ОБСЕ/ОДИХР кои произлегуваат од претходните изборни циклуси, при што најголемиот дел од препораките за кои е постигнат консензус се прифатени и соодветно вградени во предложените решенија. Воедно, биле разгледани и предлозите доставени од политичките партии и надлежните државни институции. „Целта на предложените измени е понатамошно ...
Функционери на владејачката СНС претходно во неколку наврати изјавија дека сакаат Вучиќ да биде нивен кандидат за премиер на следните избори. Истовремено, дел од опозицијата и студентите кои протестираат со блокади долго време бараат распишување вонредни парламентарни избори. Досега Вучиќ не даде прецизни одговори на овие барања, а неговите изјави остануваат нејасни. Функционери на владејачката СНС претходно во неколку наврати изјавија дека ...
Гаши на денешниот брифинг со новинарите рече дека темите за разговор ќе бидат соработка на парламентарно ниво, бидејќи досега немало некоја интензивна соработка, а во однос на уставните измени, нагласи, дека ќе ги повтори нашите веќе познати ставови. Тоа, како што кажа, се ставови на државата, но и негови лични. „Треба да разговараме, треба да одиме напред, да најдеме начин како да бидеме заедно во ЕУ. Мислам дека иднината треба да не спојува ...
На прес-конференција, Мухамед Елмази од ВРЕДИ изјави дека во медиумите биле објавени информации според кои Рустеми наводно вршел притисок врз една од најголемите европски компании за производство на заштитни огради да не учествува на тендерски постапки во Република Северна Македонија. Според Мухамед Елмази, со вршењето притисок од страна на Рустеми, била отстранета сериозна конкуренција од тендерската постапка, а просторот бил оставен за ...
Нетанјаху остана меѓународно осамен во своето верување дека договорот е погрешен и дека војната требало да продолжи. Дури и Обединетите Арапски Емирати, кои беа највоинствените од земјите од Персискиот Залив, одлучија да го поддржат регионалниот консензус во корист на договорот. Во Вашингтон, сојузниците на Нетанјаху во Републиканската партија и медиумите се двоумат целосно да го отфрлат договорот кој го носи печатот на Трамп. Нема да има ...
Македонскиот шампион, кој со враќањето на домашниот трон обезбеди место во Европската лига, поднесе барање за унапредување во Лигата на шампионите. ЕХФ очекувано го прифати тоа барање и го вклучија Вардар меѓу учесниците во елитата за сезоната 2026/27. За двократниот европски шампион ова претставува враќање на најголемата сцена по неколкугодишна пауза. Последен пат „црвено-црните“ настапија во Лигата на шампионите во сезоната 2021/22, кога ...
Пиклболот е брз спорт кој има многу сличности со тенисот, бадминтонот и пинг-понгот. Се игра на рамно игралиште со весла со кратки рачки и перфорирана шуплива пластична топка која се фрла преку ниска мрежа. Натпреварите вклучуваат двајца противнички играчи (единечни) или два пара играчи (двојки), а спортот може да се игра или на отворено или во затворен простор. Организатор на турнирот беше организацијата Сили роад ситис алајанс (Silk Road ...
Конференцијата, чиј домаќин е Врховниот суд на Македонија, ги обедини највисоките претставници на тринаесет врховни судови, како и судии од САД и експерти од меѓународни организации. Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова во своето обраќање потенцира дека состојбата во судството најчесто се оценува преку улогата и функционирањето на Врховниот суд. „Највисоката судска инстанца кога е независна ужива најголема јавна доверба и ...
Во клиничка студија во која учествувале пациенти со различни здравствени проблеми, истражувачите ги споредиле ефектите од музиката подесена на 432 херци со стандардното музичко штимање од 440 херци. Учесниците слушале иста музика, но во две различни фреквенциски верзии, за време на сесии што траеле околу 15 до 20 минути. По слушањето на музиката, научниците ги мереле промените во срцевиот ритам, крвниот притисок и општата психолошка состојба. ...
„Заради безбедност на луѓето и сигурност на електроенергетскиот систем , неопходно е да не се поминува со комбајни или друга робусна земјоделска механизација под проводниците на далекуводите, да не се поставуваат цевководни системи за наводнување во далекуводните траси и под проводните јажиња, да не се креваат металните цевки во близина на проводниците, бидејќи металот е проводник на електрична енергија“, велат од МЕПСО во предупредувањето до ...
„Планот е утре на редовна владина седница да се разгледува ребалансот на Буџетот. Она што во овој момент можам да го кажам е дека ќе имаме одредена корекција на буџетскиот дефицит нагоре и првпат ќе имаме зголемување на буџетски дефицит како резултат на зголемени потреби за финансирање на капиталните расходи, односно за капиталните инвестиции, што мислам дека согласно Законот за буџети ги оправдува состојбите. А и во исто време имаме одредени ...
На денешниот брифинг со новинарите претседателот на Собранието до крајот на јуни најави одржување и на уште една седница за закони поврзани со реформската агенда и продолженија на други седници. Во однос на реконструкцијата на Владата, рече дека седницата ќе биде закажана кога ќе биде доставен предлогот до нив. – Без да имаме предлог за промена во владиниот Кабинет ние не можеме ништо да прејудицираме. Зависи од тоа дали ќе има нов предлог и ...
„Израел не може да се согласи на прекин на огнот во Либан“, изјави крајнодесничарскиот министер во интервју за израелската јавна телевизија КАН. Тој го повика премиерот Бенјамин Нетанјаху да му го пренесе на американскиот претседател Доналд Трамп израелското противење на какво било примирје во Либан. „Трамп е вистински пријател и мораме да се однесуваме кон него љубезно и срдечно, но мораме да му кажеме дека не можеме да прифатиме прекин на ...
„Денеска имаме во Владата состанок со сите дистрибутери, трговци и маркети и мојата порака ќе биде јасна. Завршува кризата, граѓаните беа толерантни, сега е на ред тие да им се одолжат на на граѓаните и веднаш да пристапат кон намалување на цените на на производите, посебно основните прехранбени производи. Тоа го очекувам од нив. И исто така ние како Влада имаме механизми, доколку тоа не се случи, на еден поинаков начин да го спроведеме. ...
Оваа официјална соработка значи воведување на напредна бихевиорална наука во истражувањата – методологија која Latenta веќе ја применува за над 80 глобални брендови во повеќе од 34 земји низ Европа, Африка и Азија. Традиционалните истражувања бележат свесни одговори. Latenta го прави спротивното, ги декодира несвесните двигатели на одлуките. Преку комбинација на бихевиорална психологија, маркетинг наука и вештачка интелигенција, компанијата ...
Претседателството беше симболично преземено преку церемонијата на примопредавање на знамето на IOTA од в.д. директорката на Националната даночна и царинска администрација на Унгарија, Чила Тамаш Цзинеге, на директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова. Во обраќање по преземањето на претседателството, директорката Петрова истакна дека даночните администрации денес се соочуваат со брзи технолошки промени, нови економски модели и ...
Во четврток ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. А од петок следува период на претежно сончево и потопло време, кога дневните температури насекаде ќе бидат над 30 степени. Во Скопје, во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен северен ветер, краткотрајно во форма на невреме. Од УХМР ...
Во рамки на дводневната конференција ќе се одржат тематски панел дискусии посветени на предизвиците за меѓународниот мир, безбедноста и владеењето на правото, економскиот развој на Кина, регионалната поврзаност и соработката меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа, иднината на цивилизацискиот дијалог и културната размена, дигиталната трансформација, вештачката интелигенција, креативноста и човечкиот потенцијал, како и улогата на ...
Прашајте десет луѓе која банка е најскапа и најверојатно ќе добиете десет различни одговори, изнесени со самодоверба каква што обично се резервира за научни факти. До вчера тоа беше разбирливо. Провизиите беа расфрлани низ тарифници со десетици страници ситни букви, а споредбата меѓу банките бараше трпение на форензичар. Новата алатка на Народната банка конечно ја менува таа игра. Наместо впечатоци, нуди бројки. Наместо реклами, тарифи. ...