Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Според последните информации, Иниеста постигнал договор со Гулф Јунајтед и ќе биде нов тренер на клубот од Дубаи. Поранешниот ас на Барселона и шпанската репрезентација неодамна стави крај на богатата играчка кариера, а сега веднаш започнува ново поглавје покрај аут линијата. Иниеста важи за еден од најдобрите играчи за врска во историјата на фудбалот, а со Барселона освои бројни трофеи, меѓу кои и четири титули во Лигата на шампионите. Со ...
Ангелова во своето обраќање нагласи дека 77-годишното постоење на УКИМ претставува „77 години труд, посветеност и верба дека знаењето е сила што може да го менува и да создава подобро општество“. „Тоа се илјадници приказни на млади луѓе што влегле во нашите амфитеатри со доза несигурност, а од нив излегле како лекари, инженери, правници, уметници, научници, но и како движечка сила на значајни општествени промени. УКИМ има долга и славна ...
Од „Здрава котлина“ тврдат дека одредени медиуми објавиле целосно фабрикувана реакција на Македонската академија за наули и уметности (МАНУ), претставувајќи ја лажно како институционална поддршка за отворање на рудниците Иловица и Плавица. „Тоа е свесна лага, конструирана за да создаде впечаток на научен консензус кој не постои“, велат од „Здрава котлина“. Во контекст на Стратегијата за рударство, од здружението се повикуваат на изјава на ...
„Сега е некаде околу 770 милиони денари годишно, поддршка за нашите научници, истражувачи. Но, не е само тоа. Како Влада исто така овозможивме бесплатен достап до две научни бази на часописи, тоа се ‘Веб оф сајанс’ и ‘Скопус’ коишто исто така се за прв пат обезбедени од страна на Владата, да бидат со бесплатен достап за да можат научниците, истражувачите да ги користат кога создаваат свои научни трудови. Така што апсолутно продолжуваме да ...
Јаневска нагласи дека очекува поддршка за образовниот сектор, со оглед дека претстојат нови реформски чекори за повторно користење европски средства и посочи дека во изминатиот период се донесени нови модели за финансирање и е подобрена инфраструктурата во училиштата. „Средствата што ќе ги додели Европската Унија за исполнување на чекорите од европската агенда во најголем дел ќе одат во буџетот на државата, а за тоа колку од тие средства ќе ...
Како што рече, во најдобар можен ред поминале аудиенцијата кај папата Лав XIV и средбата со Пјетро Паролин, државен секретар на Светиот престол. „Разговаравме за клучниот настан за кој сме тука – чествувањето на светите Кирил и Методиј, но исто така зборувавме и за релациите што ги имаме на државно ниво помеѓу Ватикан и нашата држава. Од двете страни беше истакнато дека релациите помеѓу нашите две држави се беспрекорни, на највисоко можно ...
Клубот од „Олд Трафорд“ соопшти дека Керик се обврзал на соработка до 2028 година, со можност договорот да биде продолжен за уште една дополнителна година. Овој потег доаѓа како награда за добрите резултати и обезбедениот пласман во Лигата на шампионите, откако тимот под негово водство од јануари играше значително подобро и забележа 11 победи на 16 натпревари. Според англиските медиуми, преговорите меѓу двете страни поминале без поголеми ...
„Министерството за транспорт, во согласност со своите надлежности, предметната јавна набавка повторно ќе ја објави во согласност со законските прописи во најбрз можен рок“, посочуваат од Министерството за транспорт. Во февруари Министерствто за транспорт објави Јавен повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 полнилници. Согласно планот за набавка, 100 автобуси се наменети за Град Скопје, а останатите 50 за општините. ...
„Глупаво е да очекуваш пристојност и разум од лик подготвен да гази по сопствениот образ за пет минути евтин аплауз на партиски прес-конференции и сто лајкови на социјалните мрежи. Сепак, неговиот очај за внимание на крајот ќе излезе корисен. Срамот што ќе го плати на суд, до последен денар ќе го донирам таму каде што примарната дејност е токму третирањето на вакви акутни состојби на умот – во Психијатриската болница во Бардовци. Како ...
„Во ДКСК пристигна пријава од непознат поднесител против лица од поранешниот управен одбор на ТЕЦ Неготино, воедно распоредени и на директорски позиции во организациски единици. По статусната промена и соединувањето на ТЕЦ Неготино кон ЕСМ, по престанок на функциите, како членови на управниот одбор овие лица останале во работен однос во ЕСМ, што било незаконски бидејќи вработувањето во трговските друштва во државна сопственост единствено е ...
Според неговото сведоштво за МКД.мк, како и исказите на сведоците што присуствувале на незгодата, инцидентот се случил пред околу три месеци, кога управувал мотор, а во еден момент бил нападнат и бркан од неколку кучиња скитници. „Возев регуларно кога одеднаш почнаа да трчаат по мене и да лаат. Ме фати паника и во обид да ги избегнам, да не ги прегазам, а и да не ме искасаат, удрив во паркирани автомобили и паднав. Се повредив, моторот беше ...
„На неформална средба со Рубин Земон – дел од раководството на опозициската СДСМ и претставник на Египќаните во Република Македонија. Мнозинството граѓани на земјата ќе се спротивстават на режимот на Мицкоски, а ние од Европската Унија ќе им дадеме поддршка, во име на европската иднина на Македонија и децата таму“, пишува во објавата на фондацијата „Македонија“. Додека МКД.мк ја проверуваше автентичноста на фотографијата, објавата за ...
Клубот официјално потврди дека шпанскиот стратег заминува по десет години на клупата. Покрај разделбата од тренерската функција, Сити соопшти дека Гвардиола ќе остане дел од клубот како глобален амбасадор. Трофејниот тренер пристигна на „Етихад“ во 2016 година и во тој период освои дури 20 трофеи, со што стана најуспешниот менаџер во историјата на „граѓаните“. Според најавите од Англија, негов наследник ќе биде Енцо Мареска, поранешен ...
„Просто не можам да верувам во веста што е пренесена преку медиумите и интернет порталите. Обвинителството за гонење на организиран криминал ПОТВРДИЛО дека води ПРЕДИСТРАГА за шпионажа во кабинетот на претседателката. Според Законот за кривична постапка, предистражната постапка е ТАЈНА! Ова е ноторен факт, кој му е познат на секој студент по право кој го положил КПП. Има нешто многу труло во ОЈО ГОК! Сега тоа стана очигледно. Работата многу ...
Богати се со протеини, влакна, витамин Е и низа важни минерали, поради што нутриционистите ги поврзуваат со многубројни здравствени придобивки. Може да се јадат самостојно, во салати или како додаток во различни јадења. Според податоците на американското Министерство за земјоделство (УСДА), 100 грама сурови семки од сончоглед содржат речиси 19 грама протеини. Научен преглед објавен во списанието „Храна и хуманост“ наведува дека тие се богати ...
За Мрежата за заштита од дискриминација, Платформата за родова еднаквост, Македонската платформа против сиромаштијата и Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство Ова не е само техничка измена. „Ова е сериозен преседан кој може да има долгорочни последици врз граѓанското општество, заштитата на ранливите категории и демократијата во Македонија. Со децении, граѓанските организации обезбедуваат директна поддршка за лица со ...
Деловниот резултат пред оданочување изнесуваше 49,3 милиони евра (54,3 милиони евра минатата година), а нето деловниот резултат 39,8 милиони евра (46,1 милион евра минатата година). Имајќи ги предвид очекуваните услови за работење до крајот на годината, Триглав проценува дека во 2026 година ќе го оствари планираниот годишен деловен резултат пред оданочување, во износ од 170 до 190 милиони евра. Комбинираниот количник изнесуваше 93,0 проценти ...
„Коларевиќ и Абази не ја прекинале истрагата затоа што немало сомнежи и докази, туку затоа што поради лични и семејни релациии одлучиле да штитат моќници блиски до СДС и ДУИ. Скандалозно е што обвинителството дел од доказите за кривичната одговорност неосновано ги иземало како изговор за прекинување на постапката, а истовремено не обезбедило ниту распит на Васко Ковачевски. Тоа не е правда, туку свесно компромитирање на постапката“, тврдат од ...
Министерот Муцунски нагласи дека во фокусот на разговорите ќе бидат инвестициите во одбраната, развојот на одбранбените индустрии и континуираната поддршка за Украина, посочувајќи дека „ќе дискутираме за многу посветената поддршка што ја обезбедивме како сојуз за Украина и какви се нашите планови понатаму“. Муцунски додаде дека состојбите на Блискиот Исток, но и Западниот Балкан, неизбежно ќе бидат дел од дискусиите, при што посочи дека ...
Научниците откриле дека бебињата во утробата на мајката можат да препознаваат вкусови од храната што ја јаде мајката, ова рано изложување подоцна влијае на нивните навики во исхраната. Децата кои биле изложени на вкусови како моркови или кељ за време на бременоста, подоцна покажале помала одбивност кон овие зеленчуци. Истражувањето ги следело реакциите на децата до третата година од животот, резултатите покажале дека малите деца полесно ја ...
Режисерот Пројковски рече дека мјузиклот го сочинуваат неколку адути и интересни работи – од музиката на Стефановски до текстот на Андоновски. „Од друга страна, актерската екипа што беше избрана на подолг процес на кастинг, речиси два месеци. Се работи за спој на докажани актерски имиња и нови млади ѕвезди. Она што е интересно за мене е тоа што мјузиклот зборува за старото Скопје, за духот на старото Скопје, за тоа Скопје што на сите нам ни ...
Станува збор за 1.080 парчиња рачни бомби и минофрлачки гранати од 60мм од Првата светска војна, со вкупна тежина од околу 500 килограми. По преземањето на сите безбедносни мерки согласно стандардните оперативни процедури, средствата беа безбедно транспортирани и уништени од пиротехничарите и дополнителен тим на ДЗС на полигонот Криволак. Станува збор за 1.080 парчиња рачни бомби и минофрлачки гранати од 60мм од Првата светска војна, со ...
На списокот овојпат ги нема Кол Палмер и Фил Фоден, фудбалери кои во изминатиот период беа стандарден дел од англиската репрезентација. Надвор од составот остана и дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер. Од друга страна, повик доби Џон Стоунс и покрај тоа што имаше сезона исполнета со проблеми и мала минутажа во Манчестер Сити. Тухел од редовите на Астон Вила повика тројца фудбалери, Езри Конса, Морган Роџерс и Оли Воткинс, додека ...
На состанокот биле доставени предлог-закон за лична асистенција, предлог-закон за регистер на лица со попречености, извештај што ја отсликува системската дискриминација кон лицата со попреченост од страна на Министерството за социјална политика, демографија и млади. „Готов е извештајот од Комисијата за спречување дискриминација. И тој ќе му биде доставен на заменик-министерот Велковски заедно со документите што ни беа побарани. Коалицијата ...
Како што информираа од КЗК, при извршените контроли, Комисијата за одлучување по прекршок, констатирала повеќе неправилности и постапувања спротивни на одредбите од Законот, особено во делот на регулирање на договорните односи помеѓу откупувачите и добавувачите на земјоделски и прехранбени производи. „Меѓу утврдените неправилности се, непостоење на писмени договори за откуп; користење на договори кои не ги содржат задолжителните елементи ...
Португалската ѕвезда плачеше на теренот кон крајот на натпреварот во кој неговиот тим го победи Дамак со 4:1, а потоа предводеше бучна прослава со тапани на стадионот „Ал-Авал Парк“ со најстраствените навивачи на Ал Наср. Неговиот клуб стана шампион на Саудиска Арабија по 11. пат. Тимот на тренерот Жорже Жесус влезе во последното коло со сознание дека им е потребна победа за да се спротивстават на притисокот од ривалите Ал Хилал, кои не ...
Со делото, кое важи за едно од најемотивните и најизведувани во светскиот оперски репертоар, ќе диригира гостинот од Грција Мирон Михаилидис, додека режијата ја потпишува Александар Текелиев од Бугарија. Сценографијата е на Живојин Трајановиќ, костимографијата на Лира Грабул, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстори се Јасмина Ѓорѓеска и Ѓургица Дашиќ. Во насловната улога настапува италијанската сопранистка Доната Д’Анунцио ...
Додека алкохолот, масната храна и рафинираните јаглехидрати можат да го оптоварат црниот дроб, одредени пијалаци можат да помогнат во неговата функција. Според хепатолозите, најдобриот утрински напиток за здравјето на црниот дроб е кафето. „Постојат докази кои покажуваат дека пиењето кафе секој ден го подобрува здравјето на црниот дроб“, изјави д-р Рафа Карагозијан. Истражување објавено во 2021 година покажа дека луѓето кои пијат кафе имаат ...
Директорот на ФЗО, Сашо Клековски, изјави дека најголем дел од тужбите се поврзани со неисплатени додатоци на плата – за прекувремена работа, ноќни смени, работа за викенди и празници, бонус плати и јубилејни награди. „Тужбите претежно произлегуваат од проблеми во примената на Законот за работните односи и колективните договори. Реалниот финансиски товар врз јавното здравство може да биде значително повисок, бидејќи голем дел од постапките сè ...
Во фокусот на дискусијата била одлуката на Владата за измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со кои како основа за пресметка на средствата би се земала 2023 година, а не претходната година како што е предвидено во постојното законско решение. Според ЗНМ, ваквиот пристап може да има негативен ефект врз финансирањето на Македонската радио-телевизија (МРТ), Македонска радиодифузија (МРД) и Агенцијата за аудио и ...