Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Низа пропусти во финансиското работење и во почитувањето на законските процедури констатирал Државниот завод за ревизија во Академијата за судии и јавни обвинители. Ревизорите утврдиле неправилности поврзани со исплата на надоместоци, ангажирање на кадар, прекувремена работа, користење службени ресурси и јавни набавки. Според извештајот, исплатите на надоместоци на членовите на Управниот одбор и на Програмскиот совет се вршеле месечно и во ...
Администрацијата на Трамп соопшти дека Израел и Либан се согласиле да спроведат прекин на огнот за да се стави крај на непријателствата, додека САД се обидуваат да надминат една од најголемите пречки за постигнување поширок договор за завршување на војната со Иран, пренесува „Гардијан“. Според заедничката изјава на САД, Либан и Израел, објавена од американскиот Стејт департмент по преговорите во Вашингтон, прекинот на огнот меѓу Израел и ...
Во пресрет на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, Црна Гора, премиерот Христијан Мицкоски беше запрашан дали очекува промена на ставот на Брисел кон евроинтеграцискиот процес. Прашањето следуваше по вчерашната посета на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој повторно нагласи дека Македонија треба да ги исполни условите договорени во 2022 година. Мицкоски одговори дека со Кошта имаат изградено искрен однос, иако не се ...
Платформата за родова еднаквост најостро реагира на последните две судските одлуки кои испраќаат опасна и нечовечна порака до жените жртви на насилство: ако системот не ве заштити, ќе ве казни кога ќе се обидете да преживеете. „Во првиот случај, жена од Кратово, за која во текот на судската постапка беа презентирани наоди дека повеќе од десет години била изложена на континуирано физичко и психичко насилство, а институциите не ја заштитиле, ...
Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) престана да ги објавува неделните извештаи за спроведените инспекциски надзори, посочува граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“. Според иницијативата, со ова се укинува единствениот механизам преку кој јавноста можеше да добива увид во работата на инспекциските служби. „До март 2026 година, Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) редовно објавуваше неделни извештаи за извршените ...
Седум лица загинаа, а уште 11 се повредени откако дрон погодил патнички автобус што сообраќал низ дел од Украина под руска контрола, соопштија локалните власти, пренесува Би-Би-Си Њуз. Денис Пушилин, лидерот на источниот украински регион Доњецк поставен од Кремљ, изјави дека автобусот бил погоден во раните утрински часови во средата додека сообраќал на релацијата Москва – Симферопол, во руско-окупираниот Крим. Во меѓувреме, црн чад можеше да ...
Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ го одобрија почетокот на преговорите за укинување на роамингот со земјите од Западен Балкан, односно со Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Северна Македонија, потврдено е денес неофицијално од Советот на ЕУ, пренесува „Н1“. Според најавите, Советот на ЕУ утре формално ќе ја усвои одлуката, по што ќе можат да започнат преговори со секоја земја од регионот поединечно, пренесе Радио ...
Во последните денови се интензивираа протестите против плановите на Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, за изградба на луксузни туристички комплекси на еколошки чувствителни делови од албанското крајбрежје, пренесува Њујорк Тајмс. Протестите, кои се одржуваат во Тирана и во крајбрежните градови, станаа симбол на поширокото незадоволство во Албанија, една од најсиромашните земји во Европа. Нов протест беше најавен и ...
САД и Иран разменија нови ракети и напади со беспилотни летала, дополнително загрозувајќи ги напорите на Вашингтон да обезбеди нов договор за прекин на огнот со Техеран, пренесува Гардијан. Американските сили испалиле ракета „Хелфаер“ за да го онеспособат танкерот што се обидувал да ја пробие американската блокада на Ормутскиот теснец во вторник, а подоцна изјавиле дека ги одбиле иранските одмазднички напади во регионот и нападнале локации на ...
Администрацијата на Трамп предлага да се воведат тарифи од 10% или повеќе за производи од десетици големи трговски партнери по истрагата за увоз на стоки наводно направени со принудна работа, пренесува Асошиејтед Прес. Во извештајот објавен рано во среда од страна на трговскиот претставник на САД се вели дека Канада, Мексико, Тајван и Обединетото Кралство и некои други земји и територии ќе се соочат со дополнителни тарифи од 10% поради ...
Иднината на Северна Македонија цврсто припаѓа во Европската Унија (ЕУ), а проширувањето е наша цел, истакна претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во Владата. Тој кажа дека земјата бележи напредок во спроведувањето на реформската агенда и дека Владата покажала посветеност, па ги пофали континуираните напори што се вложуваат. „Посебно би сакал да го истакнам ...
Русија соопшти дека во вторник вечерта соборила стотици дронови над нејзина територија, вклучувајќи околу 60 над регионот Ленинград, во украински напад додека започнува големиот економски форум, пренесува Си-Ен-Ен. Гувернерот на Санкт Петербург, Александар Беглов, изјави дека три области биле цел на ноќниот украински напад со дронови во кој биле повредени неколку лица и оштетени инфраструктурни објекти. Руската воздушна одбрана пресретнала и ...
Северна Македонија се наоѓа во четвртата категорија од пет можни на Глобалниот индекс на права на работниците на Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC), што ја вбројува меѓу земјите со систематско прекршување на работничките права. На ваквото рангирање денеска реагираше Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), оценувајќи дека извештајот бележи дополнително влошување на состојбата со синдикалните слободи во земјата. Во делот ...
На новинарско прашање од што е болен градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, и дали ќе може да се извини за двете промашувања околу поддршката за поранешната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска и сега, со Сотир Лукровски, премиерот Христијан Мицкоски имаше многу краток, но ироничен одговор. „Што се однесува за првото прашање, ќе го повторам одговорот, тоа е лично прашање и моите први седум години од животот не ми ...
Во пресрет на посетата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта попладнево во Скопје, премиерот Христијан Мицкоски кажа дека позицијата на Владата останува непроменета и дека нема да поддржи, како што рече, „авантура без извесен крај“. „Ние сме дале став по тоа прашање и нашиот став е непроменлив. Немам намера како премиер да поддржам авантура. Сме компетитивни, знаеме и сакаме да го изодиме овој процес, но без да имаме извесен ...
Во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) немало целосна евиденција за приемот и потрошувачката на медицински материјали, ниту било извршено целосно усогласување на податоците од сметководствената и материјалната евиденција со физичкиот попис на потрошните материјали. Приемот и потрошувачката на вакцини воопшто не биле евидентирани во деловните книги, а ревизијата констатирала слабости и во управувањето со залихите, чија вредност на крајот од 2024 ...
Почеток е на мај, само неколку недели по парламентарните избори на кои заврши 16-годишното владеење на Виктор Орбан, а богаташот Ѓула Балаши има важно соопштение. Тој во интервју изјавува дека своите компании, како и дел од личното богатство, ги префрлил во државна сопственост, пренесува Гардијан. „Во сегашната ситуација не верувам дека нашата група компании има иднина“, вели Балаши. Балаши беше меѓу најголемите добитници во ерата на Орбан. ...
Лошиот сон може да биде една од причините за сè поголемиот број случаи на рак кај лица помлади од 50 години, покажуваат две големи истражувања, пренесува Гардијан. Во последните три децении бројот на помлади луѓе кај кои е дијагностициран рак пораснал за речиси 80 отсто. На глобално ниво, бројот на случаи на т.н. рак со рана појава се зголемил од 1,82 милиони во 1990 година на 3,26 милиони во 2019 година, додека смртноста од рак кај лица во ...
Во руски напад со ракети и беспилотни летала загинаа најмалку 13 лица низ цела Украина, девет во Днепар и четири во главниот град Киев, што е еден од најголемите напади на Москва во последните месеци, пренесува Би-Би-Си. Десетици беа повредени, меѓу кои и неколку деца, откако ноќните воздушни напади погодија станбени блокови, а екипите за итни случаи брзаа да пронајдат луѓе за кои се стравува дека се заробени под урнатините во Киев. ...
Руските воздушни напади врз големи украински градови, вклучувајќи ги Киев, Днипро и Харков, убија најмалку 11 лица, повредија десетици и оставија многумина затрупани под урнатини, пренесува „Гардијан“. Според украинските воздухопловни сили, Русија лансирала 73 ракети и 656 дронови кон Украина, при што главни цели биле Киев, централниот град Днипро и источните градови Полтава, Харков и Запорожје. Украинската противвоздушна одбрана уништила или ...
Виралната вест дека ликот „Yujiro Hanma“ најсилниот монструезен ентитет од анимето „Baki“ кое е доста популарно кај младите од Генерација Зед, ќе биде имплементиран во играта „Tekken 8,“ во рамките на третата сезона. Ќе може да се игра дури следната зима. Исто така пред него градуално и периодично доаѓаат и ликови кои се познати во заедницата како „рециклирани“ од играта „Tekken 7“ и претходни делови на серијалот, што може да се видат на ...
Донадл Трамп се повлекува од својот план за формирање фонд од 1,8 милијарди долари за обештетување на луѓе кои тврделе дека биле жртви на неправедно гонење од страна на владата, пренесува Њујорк Тајмс. Луѓето, кои зборуваа под услов на анонимност за да го опишат размислувањето на претседателот, изјваија дека тој со денови се наклонувал кон укинување на фондот, што критичарите го карактеризираа како шема за наградување на политичките сојузници ...
Македонските универзитети втора година по ред се наоѓаат надвор од листата „Глобал 2000“ која ги рангира најдобрите образовни институции во светот. Според методологијата на Центарот за светско рангирање на универзитети (CWUR), институциите се оценуваат врз основа на квалитетот на образованието, вработливоста на дипломираните студенти, квалитетот на наставниот кадар и научноистражувачката работа. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје ...
На денешното рочиште обвинетиот призна вина и судот му определи условна осуда – казна затвор во траење од 1.6 години доколку во наредните 3 години стори друго кривично дело, соопштија во Основниот кривичен суд. Р.Р., кој е член на обезбедувањето на премиерот, претходно доби осум дена притвор по пријава за семејно насилство, откако неговата сопруга пријавила дека била физички нападната во семејниот дом. Во информацијата од билтенот на МВР ...
Од полноќ, стапуваат во сила новите максимални малопродажни цени на нафтените деривати. Согласно новата одлука на Регулаторната комисија з енергетика (РКЕ), референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар бележат значително намалување во однос на претходната пресметка. Во пресметката е земено предвид и намалувањето на акцизите за два денари по литар кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98. Од ноќеска ...
Кои компании од млечната индустрија ги довеле во заблуда потрошувачите со лажни неточни тврдења за составот на декларации на нивни производи? Јавноста останува покуса за одговор на ова прашање, иако истото е оправдано по објавата на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за измама на потрошувачите во врска со млечни производи на пазарот. Мета побара, но не доби имиња на производителите, увозниците и конкретните испитувани производи, а без ...
Бурни реакции кај сточарите предизвика веста на Агенцијата за храна и ветеринарство дека кај десет млекарници се утврдени неправилности во однос на квалитетот и означувањето на млечните производи што се продаваат во маркетите, објави „Независен“. Како што објавува медиумот, сточарите уште пред три месеци кога министерот Цветан Трипуновски бил во Битола му кажале дека наместо млеко граѓаните пијат „хемија“, а сега, заради сериозноста на ...
Полициски службеници од СВР Куманово вчера вечер го лишиле од слобода 35-годишниот Д.П. од Куманово, под сомнение дека противправно држел и малтретирал свој 36-годишен познаник. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, осомничениот во периодот од 23 часот на 29 мај до 7 часот на 31 мај, со употреба на сила и без согласност на оштетениот, го држел во својот дом. Во пријавата се наведува дека за време на двата дена повеќепати ...
Американскиот производител на чипови Енвидија во понеделникот претстави нов процесор кој овозможува функциите на вештачката интелигенција директно да работат на лаптопи и десктоп компјутери, пренесува Ројтерс. Испораката на новиот чип е планирана за есенва, а експертите оценуваат дека тој би можел значително да го промени начинот на кој корисниците ја користат вештачката интелигенција. Извршниот директор на Енвидија, Џенсен Венг, кој ...
САД соопштија дека викендов извеле напади врз ирански воени цели, додека Техеран тврди дека возвратил со напад врз американска воена база. Ова претставува трета позната ескалација во последната недела во областа на Ормутскиот Теснец, пренесува Би-Би-Си Њуз. Американската Централна команда (CENTCOM) соопшти дека нападите биле изведени во „самоодбрана“, како одговор на, како што наведува, „агресивни дејствија на Иран“, меѓу кои и соборување на ...