Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Канада сака „придобивките од тоа да биде држава, а не да биде таква“ откако трговските разговори меѓу двете земји пропаднаа доцна во петокот, пренесува Би-Би-Си. Прекинот на преговорите предизвика нови американски царини од 50 отсто за низа канадски стоки. Трамп, исто така, рече дека американските земјоделци со години биле наплаќани „огромни количини царини“. Канадскиот премиер Марк Карни ги ...
Со најновото ажурирање на играта „Where Winds Meet“ и аптејтот наречен „Heavens Threshold“ -“second part of Hidden Mountain“ се добива пристап до „вистинската скриена планина“ што е пандан на идејата за „Шангри Ла“ или „Шамбала“ -рајски скриен планински врв каде сите се бесмртни во кинеската митологија, но овојпат со технолошки моменти на стимпанк од конструкции на „Мохист сектата“ за градење и правење механизми. Секако пораката во ...
Голема санта мраз која потекнува од североисточниот дел на Гренланд пропатувала околу 1.500 километри кон југ, покажуваат сателитски снимки објавени од Земјината опсерваторија на НАСА на 20 август. Сантата била првобитно снимена на 12 јуни 2026 година во Данскиот Проток, морскиот премин меѓу Гренланд и Исланд. Снимката е направена со инструментот OLI на сателитот Landsat 9, кој од орбитата ја набљудува површината на Земјата. Во тој момент ...
Екипажот на историската мисија „Артемис II“, која вклучуваше прелет околу Месечината, ќе го добие највисокото вселенско одликување на САД, соопштија официјални лица, пренесува „Гардијан“. Командантот Рид Вајсман, пилотот Виктор Гловер и специјалистите на мисијата Кристина Кох и Џереми Хансен ќе го добијат Конгресниот вселенски медал на честа на 28 август, соопшти американската вселенска агенција НАСА. Според веб-страницата на НАСА, само 30 ...
Австралија денеска го потврди првiot случај на птичји грип H5N1 кај цицач, откако смртоносниот вирус беше откриен кај фока со долг нос во Јужна Австралија, пренесува „Ројтерс“. Како што пренесува медиумот, Австралија се соочува со зголемен број случаи на високопатоген птичји грип, откако вирусот се појави во земјата во јуни. Овој месец беа регистрирани првите масовни угинувања на морски птици предизвикани од вирусот, што претставува ...
Седумнаесетгодишна девојка е убиена откако тинејџер кој бил вооружен со меч, нападнал ученици во училиште во Шведска, потврди полицијата, пренесува „Гардијан“. Во инцидентот, кој се случил за време на настава во централниот шведски град Фагерста пред два дена, биле повредени уште три лица, меѓу кои и две момчиња на возраст од 12 и 17 години, кои се здобиле со полесни повреди. Третото лице, исто така помладо од 18 години, исто така се здобило ...
Неодамна започна снимањето на новиот македонски игран филм „Голиот Рид“, долгоочекуван кинематографски трилер со елементи на драма и хорор-фантазија. Проектот се реализира во продукција на City Star Production, под режисерска палка на Игор Алексов, авторот на меѓународно признатиот филм „Лена и Владимир“, кој освои дури 96 награди и 46 номинации на престижни светски фестивали. Сценариото е дело на авторите Гоце Цветановски и Алек Русјаков. ...
73-годишен пациент од скопската општина Аеродром, односно Ново Лисиче, е петтата жртва на западно-нилската треска, соопшти денеска директорот на Клиниката за инфективни болести , д-р Фадил Цана. Пациентот бил примен на клиниката во тешка состојба и со сериозни придружни заболувања. „Пациентот 22 дена бепе хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести, а од самиот прием бил во многу тешка состојба. Беше сместен на одделот за интензивно ...
Во моментов во земјава има најмалку 20 активни пожари на отворен простор, а критичен е пожарот кој избил попладнево кај струмичките села Баница и Водоча, информираат во Дирекцијата за заштита и спасување. „Пожарот брзо почнал да се шири, а противпожарните служби од Гевгелија, Валандово, Радовиш и Струмица воспоставуваат контрола. Активирана е механизација која прави противпожарни пресеки за да не се шири огнот. Нема изгорени куќи и нема ...
Руски дронови погодија преполн трговски центар во централна Украина, при што загинаа 16 луѓе, a 130 се повредени во напад што Володимир Зеленски го осуди како „циничен и подмолен“, пренесува „Гардијан“. Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, го осуди петочниот напад врз Криви Рих, родниот град на претседателот Зеленски, нарекувајќи го „терор по план“. Таа рече дека, кога министрите ќе се состанат во Ирска следниот месец, ќе ...
Доналд Трамп вчера го нарече Ормускиот теснец „американска територија“, а САД продолжуваат со воената блокада на иранскиот поморски сообраќај и пристаништа, додека администрацијата на Трамп се соочува со тешкотии во обидите да стави крај на војната со Иран, пренесува „Гардијан“. „Ние дури и не знаеме дали победивме, бидејќи јас во моментов го сметам Ормускиот теснец за американска територија“, рече Трамп пред присутните во Јужна Каролина. Тој ...
Извршниот директор на Мета, Марк Закерберг си купил замок од 19 век во готски стил, со поглед кон река во југоисточниот дел на Ирска, на 200 километри (125 милји) од европското седиште на неговата компанија, соопшти во четвртокот неговиот портпарол, пренесува „Гардијан“. Замокот Странкали (Strancally Castle) бил изграден околу 1830 година на земјиште со поглед кон реката Блеквотер, а во 2003 година бил подложен на голема реконструкција, ...
Странските државјани кои со возила со странски регистарски таблички сообраќаат во Македонија од сега можат онлајн да ги проверуваат сообраќајните казни и да ги плаќаат електронски. „Преку апликацијата странските државјани ќе можат едноставно и директно да добијат информации за сообраќајните прекршоци евидентирани со системот „Безбеден град“, да имаат увид во издадените прекршочни платни налози, како и да ги подмират глобите по електронски ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Прилеп изврши увид во градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Кузман Јосифовски“ и изградбата на кружниот тек кај мостот „Табана“. По посетата на градежните активности, Мицкоски одговараше на прашања на медиумите, а ја коментираше и опозицијата. „Јас сум свесен дека имаме работа со талог во опозицијата. Тие така се препознаа. Јас не кажав дека тоа се однесува на нив, ...
Повеќе од 45 од вкупно 112 поставени столбови за маркација на патеката Попова Шапка – Титов Врв (долга 11 километри), се уништени, оштетени или отстранети на Шар Планина, а кои треба да им послужат за планинарите полесно да го најдат патот во зисмки услови. Како што информираат во здружението за одржлив развој САТ – Скопје, причинета е голема финансиска штета, но последиците би можеле да бидат многу посериозни. Случајот е пријавен во ...
Центарот за јавно здравје – Гостивар денеска прогласи крај на епидемијата во Гостивар која настана откако се разболеа илјадници граѓани, поради тоа што фекални води завршија во водата за пиење. Министерот за здравство Сашо Клековски на денешната прес-конференција кажа дека епидемијата е прекината бидејќи немало пријавени случаи на гастроентеритис или стомачни проблеми поврзани со водата за пиење. Во меѓувреме, иако неколкумина локални и ...
Вкупно 43 случаи на западно-ничска треска се евидентирани досега во рамки на епидемијата на болеста. Од нив 40 се потврдени, а три од случаите се потврдени со само еден тест. Регистрирани се први случаи во скопските општини Центар и Чаир. „Во тој дел толку започна контролата на птиците. Имаме прва лоцирана мртва птица со западно-нилска треска – гавран. Има голем број на дојави за мртви птици, пријавите ги собира Агенцијата за храна и ...
Откако онколошки пациенти реагираа дека со месеци не можат да го направат контролното ПЕТ/КТ снимање од кое зависи процената дали нивната терапија делува и како треба да продолжи лекувањето, денеска скенерот проработе. Мета пишуваше дека дел од пациентите се принудени да бараат решение во странство или во приватните болници, каде што едно снимање чини околу 1.300 евра. Министерот за здравство Сашо Клековски денеска изјави дека од денеска ...
Германската полиција минатата година открила пиштоли скриени во шума во близина на Берлин, за кои веруваат дека требало да се користат за извршување атентати во име на руската разузнавачка служба, објавија германските медиуми. Медиумите велат дека еден осомничен е уапсен во Романија и дека можеби е одговорен за поставувањето на складиштето за оружје. Германската разузнавачка служба, која предупредува на зголемен ризик од руска саботажа или ...
Институтот за јавно здравје потсетува дека пожарите на отворено претставуваат значаен ризик за јавното здравје, не само за населението во непосредна близина на пожарите, туку и за лицата кои се наоѓаат на поголема оддалеченост. Загадувачките материи од чадот можат да се пренесуваат на големи растојанија и да влијаат врз квалитетот на воздухот. Како што посочуваат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), изложеноста на чад може да предизвика ...
Да се провери дали вработениот персонал во критичните места на водоснабдителниот дистрибутивен систем при Јавното претпријатие „Комуналец“ од Гостивар, има соодветна стручна подготовка и основни знаења за безбедност на вода. Ова го пишува во известувањето од Институт за јавно здравје (ИЈЗ) до јавното претпријатие „Комуналец“, еден месец откако беше прогласена епидемија поради труењето на илјадници Гостиварци со фекални води од градскиот ...
Граѓаните не сакаат избори, сакаат реформи и континуитет на процесите, кажа денеска премиерот Христијан Мицкоски пред учеството на Амбасадорскиот совет. „Ние како коалиција имаме добиено легитимитет од граѓаните за да бидеме влада четири години, но доколку опозицијата мисли дека се потребни предвремени избори, се разбира дека ние како кукавици нема да седиме настрана, туку ќе одговориме на тоа барање позитивно и се разбира дека ќе ги ...
Агенцијата за храна и ветринарство (АХВ) доставила информација за донација на вакцини до Европската Комисија и до Република Турција соопштуваат од АХВ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). „Паралелно со спроведувањето на контролните мерки, од Република Турција се обезбедени 500.000 дози вакцина како донација, кои се очекува да пристигнат деновиве, а до Европската комисија е доставено барање за дополнителни ...
Хрватска ќе го воведе екоцидот како ново кривично дело во Кривичниот законик, а за најтешките случаи ќе бидат предвидени значително построги затворски казни, вклучително и можност за доживотен затвор. Ова го соопшти министерот за правда, јавна администрација и дигитална трансформација Дамир Хабијан. Воведувањето на екоцидот е дел од усогласувањето на хрватското законодавство со европската директива за заштита на животната средина. За ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оцени дека не постојат основи на сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик, ниту за друго кривично дело кое се гони по службена должност, во врска со јавните набавки за изградба на 19 модуларни болници. Предметот беше оформен на 10 септември 2021 година по иницијатива на ОЈО ГОКК, со цел да се ...
Од почетокот на годинава до 18 август, регистрирани вкупно 38 случаи на западно-нилска треска, а во истава година евидентирани се 4 смртни случаи кај пациенти со невроинвазивна болест на западно-нилска треска, пишува во неделниот епидемиолошки извештај за болеста кој го објавија во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). „Сите регистрирани случаи во 2026 година се кај лица кај кои е регистрирана невроинвазивна болест (енцефалитис и/или менингитис) ...
Администрација на Доналд Трамп се обидува да го депортира Блерим Скоро, 55-годишен жител на САД, роден во Косово и татко на три деца, кој тврди дека работел во тајност за американските разузнавачки служби и дека по нападите од 11 септември се инфилтрирал во Ал Каеда, објави Си-Би-Ес. Агентите на Службата за имиграција и царина го уапсија Блерим Скоро пред канцеларија за имиграција во Њу Џерси каде што тој ја обновувал својата документација ...
Најмалку 13 лица се убиени, а 40 се повредени во најновите руски напади додека Киев се соочува со недостиг на ракети за воздушна одбрана, објави Би-Би-Си. Станбени блокови и магацини беа погодени низ целиот град во текот на ноќта а оштетени се и детска болница и училиште. Смртните случаи се резултат на недостаток на ракети за воздушна одбрана, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски, за чие снабдување Киев се потпира на западните ...
СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.Б.(59) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „проневера во службата“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“, К.С.(60) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Ј.Д.(41) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „прикривање“ и ...
Претседателот Доналд Трамп изјави дека САД ќе нанесат „огромни економски последици“ врз секоја земја што помага или соработува со Иран, објави Би-Би-Си. Тој на Truth Social објави дека ја започнува „најразорната економска операција некогаш преземена против која било земја“. Не даде дополнителни детали и не именуваше ниедна друга нација. Ова доаѓа откако 60-дневниот прекин на огнот со Иран истече во понеделник, без знаци за дипломатско или ...