Жител на Тетово ќе одговара кривично бидејќи ги нападнал сопругата и ќерката. Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 50-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривични дела загрозување на сигурноста како и неизвршување судска одлука. „Кога во нивниот дом дошле непознати лица, барајќи од осомничениот да им врати 200 евра кои му ги дале за наводно лекување и дијализа на девојчето, сопругата признала дека ги ...

Документарниот филм „Добри луѓе“, на македонскиот режисер Милчо Манчевски својата светска премиера ја има како дел од натпреварот за документарни филмови на Филмскиот фестивал во Сараево. Филмот е посветен на преживеаните од пожарот во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани, кој во март 2025 година одзеде десетици животи на млади луѓе и во кој беа повредени стотици. Во разговор со „Варајати“ пред премиерата, Манчевски вели дека сакал да направи филм ...

Владата знаела еден ден пред да излезат пораките дека водата во Скопје е загадена со бактеријата Ешерихија коли, дека се подготвува хибриден напад преку социјалните медиуми. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека тоа е дело на опозициски партии, заради што повеќе лица се повикани во полиција и дека Министерството за внатрешни работи спроведува истрага за случајот за кој, како што вели, имаше цел да внесе немир и несигурност кај ...

Царинската управа, во координирана акција со МВР изврши контрола врз 38 пловни објекти на Охридското езеро во која се проверени статусот на пловилата и лицата кои ги управуваат, согласно Царинскиот закон, Законот за внатрешна пловидба и останатите регулативи со кои е регулиран увозот, прометот и управувањето на пловните објекти. Целта на царинските контроли е проверка на царинскиот статус на пловните објекти кои се внесени во државата, ...

Лица вооружени со огнено оружје биле пронајдени во зоната на строга заштита на Националниот парк Пелистер. Тие се откриени откако ренџерите и полицијата од СВР Битола организрале ноќна акција на тешко достапен терен на над 2.000 метри надморска височина. Од Националнит парк велат дека токму делот за строга заштита е многу често цел за незаконити активности, бидејќи нема доволно надзор. „Теренот на кој се одвиваше потрагата е тешко достапен и ...

Пожарот што синоќа избувна над Брбиње на Дуги Оток во Хрватска, е локализиран во утрово, потврди за Хина началникот на противпожарната служба на Задарската жупанија, Матеј Рудиќ, а сите куќи во заливите се спасени. „Фронтот на пожарот беше исклучително тежок, долг три километри и широк еден километар, а теренот беше непрооден во многу делови“, рече Рудиќ. Околу стотина пожарникари учествуваа во гаснењето на пожарот, со вкупно 17 возила, а два ...

Најмалку 20 лица загинаа по земјотрес со магнитуда од 7,7 степени по Рихтер и десетици последователни потреси што ја погодија источна Индонезија утрово. Цунами бранови помали од 1 метар беа регистрирани во неколку области на југоисточната азиска земја по потресот, а предупредувањето за цунами беше укинато околу три часа по земјотресот. Спасувачите околу пристанишниот град Маумере пронајдоа 20 мртви, шест повредени и двајца заробени под ...

Водата во Гостивар од денес е безбедна за пиење, соопшти на прес-конференција директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, шеф на Главниот штаб за управување со кризи. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов изјави дека добиените резултати потврдуваат дека водата е миркобилошки и бактериолошки исправна и со тоа се исполнети условите водата повторно да се користи за пиење. „Последните добиени ...

По големиот пожар во областа Омиш во Хрватска, здравствените служби се соочија со голем број повредени. Во текот на минатата ноќ се лекувани 34 пациенти биле, додека уште шест пристигнале во текот на утрото. Од нив шест повозрасни пациенти се на респиратор, а меѓу најтешко повредените е 17-годишен малолетник, кој исто е на респиратор. Пожарот што избувна во Локва Рогозница во четврток вечерта сè уште гори, потпомогнат од ветерот се шири во ...

На 13.08.2026 во СВР Струмица е пријавено дека околу 23:30 часот на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село, во атар на с.Турново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат леон“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Б.(29) од Струмица и мотоцикл без регистерски ознаки, управуван од А.Д.(19) од с.Иловица. Во несреќата, од здобиените повреди на местото починала 19-годишната К.Ј. ,сопатничка на ...

Борбени авиони што дејствуваа како дел од мисијата на НАТО за балтичко воздушно набљудување соборија дрон што влезе во латвискиот воздушен простор на 14 август, објави Киев Индепендент. „Странското беспилотно летало влегло во латвискиот воздушен простор како резултат на руско електромагнетно војување“, се вели во соопштението на латвиската војската. Дронот бил пресретнат од борбени авиони на НАТО над регионот Балви во источна Латвија. „Додека ...

Сајберпанкот е правец што потекнува од научната фантастика и во тој домен на 22 јануари догодина ќе излезе серијата „Неуромансер“. Истовремено, за 25 ноември годинава е најавена премиерата на серијата за најновото продолжение на „Блејд Ранер“ со наслов „Blade Runner 2099“. „Blade Runner 2099“ Според трејлерот, во серијата ќе фигурира женски протагонист во ситуација каде „Репликантите“ (вештачки направени посилни луѓе-биолошки андроиди) го ...

Високите температури создаваат поволни услови за брзо размножување на микроорганизмите во храната и го зголемуваат ризикот од болести предизвикани од небезбедна храна. Во периоди на топлотни бранови, посебно внимание треба да се посвети на изборот, транспортот и правилното чување на храната. „Купувајте храна од регистрирани оператори со храна и проверете ги рокот на употреба, изгледот на пакувањето и условите во кои се чува. Месото, рибата, ...

Романија беше принудена да го затвори последниот работен реактор во својата единствена нуклеарна централа откако сушата предизвика нивото на реката Дунав да падне на рекордно ниски нивоа – редок потег што веднаш ќе влијае на снабдувањето со електрична енергија во соседна Молдавија. Сушата и рекордно ниските нивоа на вода ги продлабочија стравувањата од енергетска криза низ цела Европа, која се соочува со нов летен топлотен бран. Дунав погоден ...

Министерството за внатрешни работи испитува 13 лица во врска со случајот на ширењето на лажните информации на социјалните мрежи за наводно загадување на водата за пиење во Скопје. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика на МВР, со лицата извршил службен разговор, а сите изјавиле дека информациите ги објавиле или споделиле откако претходно виделе слична објава на социјалните мрежи или слушнале од друго лице. Притоа, никој од ...

Спасени се куќите во селата Богомила во Чашка и Лознани во Палагонија, ќаде во изминатите 24 часа се водела битка со пожари. Низ целата земја активни беа над 40 пожари, од кои повеќето се изгаснати, но остануваат активни уште шест. Како што вели Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, тие не загрозуваат населени места ниту пак может да зафатат квалитетна шума, иако вчерашниот ден бил еден од најтешките во сезоната ...

Основното јавно обвинителство Скопје денеска, на 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, поднесе обвинение против осум лица за злоупотреби во „Државна лотарија“, меѓу кои, според описот на нивните функции, се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот генерален директор на компанијата Перпарим Бајрами. Обвинителството ги товари сите осуммина како соизвршители на кривичното дело злоупотреба на службената ...

Оригиналниот мировен договор од 1913 година не содржи тајна клаузула; не споменува независна Македонија по 100 години; не содржи никаква одредба поврзана со името „Македонија“ во иднина. Дополнително, самиот текст на фотографијата користи современ македонски стандарден јазик, кој не постоел во времето кога договорот бил потпишан, што претставува јасен анахронизам и силен доказ дека станува збор за современ фалсификат, пишува Вистиномер. ...

Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ја остварува својата духовна и пастирска мисија кон сите православни христијани на својата канонска територија, без каква било условеност од нивната национална, политичка, културна или етничка припадност, одговори Светиот архијерејски синод на МПЦ-ОА на изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека српската црква е иста и во Скопје. „Длабоко свесна за својата историска улога и ...

„Од минатото треба да извлечеме поуки и да градиме држава во која различностите нема да бидат причина за поделби, туку реалност со која управуваме мудро, одговорно и во рамките на институциите“, напиша денеска премиерот Христијан Мицкоски, по повод годишнината од Охридскиот рамковен договор. Тој вели дека договорот е дел од нашата понова историја и од политичката и институционалната реалност на државата, како и дека е важно на овој документ ...

Тројца мигранти од Судан се пронајдени во камион, помеѓу стока која требало да се царини. Како што информираат од Царинската управа, царински службеници од царинарницата во Скопје откриле три лица од Судан кога правеле детална контрола на стока која била пријавена за увозно царинење. Стоката, со потекло од Кина, била натоварена во пристаништето во Солун по што камионот бил пломбиран со грчка пломба. Трите лица ја скинале сајлата во предниот ...

АНАЛИЗА | 25 ГОДИНИ ОД ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР Дваесет и пет години од Охридскиот рамковен договор: рамката е изградена, но целосната слика недостига На дваесет и петгодишнината од Охридскиот рамковен договор во Северна Македонија, јазот повеќе не е меѓу текстот на договорот и правниот поредок. Тој е меѓу правниот поредок и административната и буџетската практика. Во секој од петте столба на договорот се повторува истиот образец: се ...

Идните бруцоши ќе можат да аплицираат за 8.851 место на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје во академската 2026/2027 година. Првиот рок за пријавување е на 18 и 19 август, а учебната година на 23 факултети на Универзитетот ќе започне на 1 октомври. Конечната ранг-листа ќе биде објавена на 27 август, а запишувањето на примените кандидатите ќе биде на 3 и 4 септември. Вториот рок за пријавување за упис на УКИМ ќе биде на 10 и 11 ...

Андреј Рајатоски, здружението „Млади од семејна разновидност“ и „Зелени Пионери“ се добитниците на Наградите за младинско учество за 2026 година, по повод Меѓународниот ден на младите – 12 Август, со кои се оддава признание на младите, младинските организации и поединците кои со својата активност, иницијативи и посветеност придонесуваат за позитивни промени во заедницата. Во категоријата „Младински организации, организации на млади и чадор ...

Украина има само една десетина од пресретнувачките ракети што итно ѝ се потребни од Соединетите Држави за да ги спречи зголемените руски балистички ракетни напади, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Си-Ен-Ен. Руските балистички напади брзо се зголемија во последните недели, погодувајќи го главниот град Киев особено силно, бидејќи Москва ги искористува речиси нула залихи на украински ракети пресретнувачи ...

Сопственикот на Фејсбук и Инстаграм, компанијата Мета денеска изјави дека отстранила повеќе од 750.000 сметки за кои се сомнева дека ги поседуваат Австралијци под 16 години, откако е воведена првата забрана во светот за тинејџерски сметки и вети повеќе мерки во услови на можна регулаторна интервенција. Компанијата соопшти дека деактивирала 462.000 сомнителни сметки на Инстаграм и 294.000 сомнителни сметки на Фејсбук од непосредно пред ...

Иран и САД остануваат во конфликт околу напорите за постигнување договор за траен крај на војната во Заливот, според висок ирански извор, кој рече дека нема напредок во разговорите за оживување на привремениот договор договорен во јуни и дефинирање временска рамка за негово спроведување. Коментарите дојдоа откако американскиот претседател Доналд Трамп упати уште една критика кон иранските лидери, задавајќи уште еден удар врз надежите за ...

68-годишен маж од прилепското село Беровци е пронајден мртов со прострелна рана во пределот на градниот кош, информира Министерството за внатрешни работи. Случајот бил пријавен на 11 август во 07:33 часот во СВР Битола. Според пријавеното, А.В. од село Беровци го пронашол својот татко С.В. (68) починат во нива во атарот на селото. Лекар од Итната медицинска помош од Прилеп констатирал смрт. Во возилото била пронајдена ловечка пушка, со ...

Водата во Скопје е исправна за пиење. Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје-Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство и Градот Скопје денеска излегоа со демант на информациите кои од утрово се проширија низ социјалните мрежи дека водата од градскиот водовод во Скопје е загадена со бактеријата ешерихија коли. Неофицијално дознаваме дека дезинформациите за бактеријата во скопската вода се ...

Августовска жега, врвулица низ центарот на Гостивар и на секој чекор натписи со предупредувања на македонски и на албански јазик: „Водата не е погодна за пиење“. Дваесет и седум дена по воведувањето на забраната, водата од градскиот водовод сè уште не смее да се пие ниту да се користи за подготовка на храна. Иако секојдневно се земаат примероци за проверка, резултатите не се кажуваат јавно. Во овој град, една чаша вода секој ден е причина за ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35