Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Центарот за јавно здравје прогласија епидемија на западнонилска треска во повеќе делови од Скопје. Досега се регистрирани 26 случаи. Епидемијата е прогласена во Кисела Вода, Гази Баба и Бутел, како и во приградската Илинден. Од регистрираните случаи, 25 се од Скопје, а еден е од Велес. Поголемиот дел од заболените се мажи постари од 60 години, кои претежно работеле земјоделски и градинарски работи во ...
Милиони луѓе низ Шпанија и Исланд денеска се подготвуваат да бидат сведоци на целосно затемнување на сонцето, патувајќи во области каде што реткиот астрономски настан може целосно да се набљудува. Фасцинацијата на луѓето со затемнувањата е добро документирана. Историски гледано, ненадејното затемнување на небото често се толкувало како знак, космичка борба или знак на божествена моќ. Современите набљудувачи на небото сакаат да го доживеат ...
Пожарникарите и жителите на јужен Либан ја обвинија израелската војска за подметнување пожари во регионот, додека шумските области изгореа во пожари предизвикани од израелското бомбардирање. Еколошките групи соопштија дека пожарите во последните недели се дел од долгогодишната израелска практика за таргетирање на природната средина на Либан, објави Гардијан. Во вторник, израелската војска фрли ракети во пошумена област надвор од Кјам, во ...
Една четвртина од учениците на возраст од 15 до 16 години во земјава се коцкале за пари во последните 12 месеци, или 34 отсто од момчињата и 16 отсто од девојчињата. Младинската група на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА Млади, заедно со Иницијативата „Фрли ја коцката!“, по повод Меѓународниот ден на младите преку герила акција во Скопје го изразија својот револт од сè поголемата присутност и нормализација на ...
САД и јеменските Хути, кои се поврзани со Иран, објавија одделни напади врз бродови, додека изгледите за завршување на војната со Иран се чини дека се намалуваат. Техеран изјави дека Ормускиот теснец ќе остане затворен доколку Вашингтон не ги прифати неговите услови. Нападите, во Оманскиот Залив што води кон теснецот и на влезот во Црвеното Море – и двете витални точки за глобалните резерви на нафта – доаѓаат во време кога војната не покажува ...
Спасувачките екипи пребаруваа планини од урнатини во западна Колумбија, за да можат да најдат преживеани кои се уште се заробени под зградите што се урнаа во силниот земјотрес за кој се проценува дека одзеде најмалку 250 животи. Земјотресот со магнитуда од 7,4 степени, најразорниот што ја погоди Колумбија овој век, го разурна пределот каде што се одгледува кафе во понеделникот, оставајќи станбени блокови, домови, училишта и здравствени центри ...
Претседателот Доналд Трамп потврди дека тајно ги заменил авионите додека го напуштал самитот на НАТО во Турција минатиот месец поради можна закана. „Јас се потпирам на Тајната служба и војската. Тие сакаа да одам со друг лет, друг авион“, им рече Трамп на новинарите. „Само морам да го правам она што го велат.“ Откритието доаѓа по извештаите дека Трамп се качил на Ер Форс Уан на 8 јули пред телевизиските камери, пред да се скрие во камион за ...
ПЕТ ПЕТ ПЕТ пет „Оваа состојба е последица на системски пропусти акумулирани низ подолг период, за што актуелното раководство веднаш по констатираната сосотојба презема мерки за надминување на проблемот“, тврдат од министерството. Од Министерството, исто како и ПЕТ УИ вчера, велат дека овластен сервисер веќе работи на дефектот, но не се знае кога ПЕТ скенерот повторно ќе почне да работи. Дополнуваат дека се свесни за тежината на ...
Обемот на врсничко насилството не расте, но загрижува фактот што расте бруталноста во дел од пријавените случаи. Во последните три учебни години, просечно се пријавуваат по околу 50 случаи на врсничко насилство годишно во училиштата, а една од главните причини е семејното насилство, како и недостигот од соодветна грижа за децата во дел од семејствата. Министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешната панел-дискусија на тема ...
Украина и Русија продолжија со напади во текот на ноќта а Володимир Зеленски ја обвини Москва за употреба на севернокорејски ракети, објави Би-Би-Си. Украинскиот претседател рече дека нападите во Запорожје, во кои загинаа најмалку шест, а беа повредени најмалку 19 лица вклучувале балистички ракети од сојузникот на Русија. Во Воронеж, во јужна Русија, магацините што му припаѓаат на онлајн трговецот „Вајлдберис“ беа погодени од Украина. ...
Употребата на камени алатки не е способност својствена само за луѓето и нашите изумрени предци. Некои мајмуни исто така избираат соодветни камења и ги користат за да дојдат до храна што не можат лесно да ја отворат со забите или рацете. Меѓу нив се брадестите капуцинери (Sapajus libidinosus), јужноамерикански мајмуни кои ставаат јаткаст плод врз рамен камен што служи како наковална, а потоа удираат со друг камен како со чекан за да ја скршат ...
Во Крушево се одржува Европско првенство во параглајдинг, во кое учествуваат 130 пилоти од 38 земји и се натпреваруваат за европската титула. Настанот ќе трае до 19 август, и е едно од најзначајните натпреварувања во дисциплината Параглајдинг крос кантри. Главното полетување се одвива од Мечкин Камен, додека слетувањето и завршувањето на натпреварувачките задачи се одвиваат на повеќе слетувалишта во поширокото подрачје, во зависност од ...
Според Владата, состојбата со задолжувањата е под контрола и во рамките на планот. Според дел од економистите, продлабочениот буџетски дефицит и зголемениот дефицит на тековната сметка на државата се сигнал дека без задолжувања, економијата и јавните финансии не можат да функционираат, пишува Порталб. Според податоците од Министерството за финансии, за една година, долгот на државата кон домашните кредитори е зголемен за скоро 540 милиони ...
Апелацискиот суд на САД дозволи илјадници тужби против Мета, Гугл, ТикТок и Снапчет поради тврдењата дека ги дизајнирале своите производи да бидат зависност за младите корисници. Апелацискиот суд на САД со седиште во Сан Франциско ја отфрли жалбата на Мета и ТикТок кои бараа да се поништи пресудата на понискиот суд со која се бараше од нив да се соочат со повеќе од 3.000 тужби поднесени во федералниот суд, велејќи дека компаниите се жалеле ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги укажува на сериозноста на содржината на коментарите објавени на официјалната Фејсбук страница на новинарот и колумнист Ерол Ризаов, во кои се упатуваат сериозни закани, повици за физичко насилство и навреди по основа на етничка припадност. „Во дел од коментарите се содржани повици за физичко пресметување со новинарот, вклучително и пораки со кои се повикува на негово елиминирање и смрт. ...
Европската централна банка (ЕЦБ) ѝ одобри пристап на Народната банка до зголемена репо-линија на Евросистемот (ЕУРЕП), со максимален износ од 50 милијарди евра. По завршувањето на техничкиот процес на приклучување, Народната банка ќе може да има брза достапност до девизна ликвидност што ќе ѝ овозможи полесно да се справи со потенцијалните шокови за финансирање и зголемената побарувачка на ликвидност во евра. „И покрај тоа што девизните ...
Американскиот претседател Доналд Трамп одговори на условите на Иран за мировен договор со свои барања Иран да плати отштета за луѓето убиени во војни, напади и протести, што веројатно ќе ги комплицира напорите за повторно отворање на Ормускиот теснец. Предлогот на Трамп, кој претходно не беше покренат, беше одговор на барањата на Техеран за отштета и укинување на санкциите. Иранските барања беа во голема мера во согласност со условите на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша наредба со која се бара помалку вакцини за деца, а исто така препорачува и поделба на вакцините против заушки, мали сипаници и рубеола (ММР). „Пред децении, децата примаа само мал дел од вакцините потребни денес“, рече Трамп. „Во тие времиња, луѓето беа многу поздрави и секако високите стапки на аутизам што сега се забележуваат не постоеја.“ Претседателот долго време фрла сомнеж врз безбедноста ...
Повеќе од 100 луѓе загинаа откако силен земјотрес ја погоди западна Колумбија, во кој се срушија згради, се оштетија болници и инфраструктура и стотици луѓе се заробени под урнатините. Земјотресот се случи само неколку дена откако Абелардо де ла Есприеља положи заклетва како претседател, туркајќи ја новата администрација во својата прва голема криза, со сè уште свежи сеќавања на разорните двојни земјотреси во соседна Венецуела во јуни. ...
Силни експлозии го потресоа реонот на воениот погон „Емко“ во близина на селото Белица во Бугарија, откако првичните извештаи сугерираа дека камион се запалил, а пожарот зафатил магацин за муниција. Во инцидентот нема повредени, а околу 300 работници се евакуирани од погонот. Бугарските медиуми јавуваат дека пожарот е ставен под контрола без да предизвика сериозна штета. „Причините за инцидентот се разјаснуваат, но поверојатно се внатрешни“, ...
Цената на дизелот се намалува за осум, а на бензините за четири денари. Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад информира дека од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за четири денари за литар и ќе се продаваат за 87, односно 89 денари за литар. Малопродажната цена на дизел горивото се намалува за осум денари за литар и од утре ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска изрази сериозна загриженост поради директните закани по животот, повиците за насилство и етнички заснованите навреди упатени кон новинарот и колумнист Ерол Ризаов, преку коментари на објава на неговата официјална Фејсбук-страница која води до неговата колумна за Независен.мк со наслов „Додека умира надежта за поубаво утре“. ЗНМ побара Министерството за внатрешни работи детално да го ...
Повеќе од еден милион луѓе беа преместени на безбедно место низ источна Кина, бидејќи моќниот тајфун Делфин се приближи до копното поради стравувања дека поројните дождови ќе предизвикаат поплави и лизгање на земјиштето. Венжоу, крајбрежен град во покраината Жеџијанг, соопшти дека преместил повеќе од 900.000 луѓе и отворил повеќе од 1.500 засолништа за итни случаи. Во соседниот Фуџијан, 98.900 луѓе беа преместени од области со висок ризик. Во ...
Единствениот ПЕТ-скенер во земјава и натаму не работи поради проблем со опремата потребна за да функционира. Од Универзитетскиот институт за позитронско-емисиона томографија за „Мета“ велат дека овластениот сервисер работел на отстранување на дефектот. Ова снимање е важно кај онколошките пациенти бидејќи открива и лоцира тумори, утврдува дали и каде се проширил ракот и дали терапијата има ефект, што им помага на лекарите да одлучат како да ...
„Пратеници.мк“ е нова дигитална платформа која им овозможува на граѓаните, новинарите, истражувачите и организациите на граѓанското општество полесен пристап до отворените податоци за работата на Собранието. Интерактивниот панел ги претвора сложените и технички формати на собраниските отворени податоци во прегледни и лесно пребарливи информации. Корисниците можат да ги следат пратеничките прашања, активностите на пратениците, работата на ...
Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија денеска реагира на знамето кое беше употребено во музичко-сценски настан „Силно светнал ден“, што се одржа во Охрид како дел од програмата за одбележување на 35-годишнината од независноста на Македонија. Од партијата посочуваат дека погрешеното македонското знаме е срам и ново понижување кое доаѓа од власта на премиерот Христијан Мицкоски. „На официјална државна прослава за 35 години од ...
Рекордните горештини и суши ова лето во Европа, за кои научниците велат дека се влошени од глобалното затоплување, предизвикаа хаос во производството на енергија, превозот и системите за јавно здравје на континентот, додека оваа сезона на шумски пожари е на пат да биде најголемата досега. За секој во Европа кој сè уште мислеше дека климатските промени се проблем за идните генерации, жешките топлотни бранови од ова лето ја доведоа во реалноста ...
Јеменските Хути, кои се поврзани со Иран, ја нападнаа рафинеријата Џазан на „Сауди Арамко“, два дена откако кралството потпиша одбранбен договор со Турција и Пакистан како одговор на растечката регионална нестабилност од војната меѓу САД и Израел против Иран. Алијансата со сунитските муслимански сојузници на САД, Турција и Пакистан, има за цел да го зајакне колективното одвраќање од каков било чин на агресија и предвидува дека вооружен напад ...
За да се прослават 30 години од излегувањето на култната пукачка игра „Quake“ направено е големо ажурирање на играта наречено „Dawn of the Machine“ со многу новитети, нова приказна, нови чудовишта и нови оружја за користење како и 19 нови нивоа за играње со сосема нови мапи. Ова е направено од страна на групираните девелопери од „id Software“ во коолаборација со студиото наградувано за изработка на видеоигри „Machine Games“ и е достапно како ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрли планот од 15 точки на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа, наведувајќи дека нема да се случи повлекување на војската сè додека Хамас не биде „вистински“ разоружан. Одборот за мир на Трамп минатиот месец соопшти дека постигнал договор за „целосно разоружување“ на Хамас и другите вооружени групи во Газа. Но, Хамас изјави дека предавањето на неговото тешко оружје зависи од тоа Израел да ...