Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за последните податоци за градежништвото рече дека доколку се погледнат сите параметри ќе се дојде до заклучок дека градежништвото има раст за 30 процени во делот на издадени одобренија за градење. Економијата е еден од главните приоритети на оваа влада. Како дел од економијата и градежништвото, се разбира. И кога ќе ги погледнете ...

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција рече дека граѓаните во моментов не бараат предвремени парламентарни избори, туку очекуваат продолжување на реформите и на процесите што ги спроведува актуелната Влада. Одговарајќи на новинарско прашање за можноста за предвремени избори, Мицкоски посочи дека коалицијата што ја предводи има четиригодишен мандат добиен од граѓаните. „Граѓаните не сакаат избори, граѓаните сакаат реформи ...

Според Националниот индекс за сајбер-безбедност, кој го подготвува естонската Академија за е-управување, Македонија е рангирана на 30 место во светот, од вкупно 155. Со 84,17 поени, ова е напредок од 29 позиции во однос на претходното рангирање, кога бевме на 59 место во 2023 година, изјави Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. „Овој резултат е показател дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ гради сериозен и поорганизиран ...

Заштита на македонските национални интереси, потенцијалот на дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија и заштита на граѓаните кои живеат надвор од границите на нашата држава се трите стратешки национални интереси, кои денеска ќе им бидат презентирани на членовите на Амбасадорскиот совет, информираше министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Пред одржувањето на Амбасадорскиот совет ...

На 19.08.2026 во 17:40 часот во Берово, полициски службеници од ОВР Берово го лишија од слобода Љ.М.(62) од с.Русиново, беровско. Претходно, тој со патничко возило „форд“, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило и во ограда од двор на куќа. При преземање мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,62 промили алкохол во крвта. Извршен е увид, за настанот е известен јавен обвинител и по негово ...

СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.Б.(59) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „проневера во службата“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“, К.С.(60) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Ј.Д.(41) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „прикривање“ и ...

Биткоинот најде одредено олеснување по месеци притисок за продажба. Криптовалутата скокна за речиси 6 проценти на повеќе од 69.000 долари, враќајќи се на ниво што не го достигнала од почетокот на јуни. Скокот се случи веднаш откако Министерството за финансии изјави дека ќе ги удвои купувањата на постари, долгорочни државни обврзници. „Пазарот го протолкува ова како тивка форма на квантитативно олеснување, потег што го ослабува доларот и ги ...

Од почетокот на годинава заклучно до јуни од наплата на патарина во државава инкасирани се рекордни 1.919.775.277 денари (над 31 милиони евра), во споредба со минатата 2025 година наплатени се 21.891.532 денари повеќе, информираа за МИА од Јавното претпритијатие за државни патишта (ЈПДП). Најфреквентна наплатна станици е Тетово по што следуваат Петровец, Романовце, Глумово, Миладиновци, Желино, Гостивар, Стоби, Кадрифаково, Преод, Сопот, ...

Државниот испитен центар ги објави прелиминарните резултати од августовскиот испитен рок од полагањето на државната матура. Освен на интернет-страницата http://www.matura.gov.mk, резулатите се објавени и на огласните табли во училиштата. Учениците кои сметаат дека е направен превид при вреднувањето на тестот имаат право да поднесат приговор до Училишната матурска комисија. Во согласност со упатството на Државниот испитен центар, приговорот, ...

ОВЕН Доколку денеска не се чувствувате најдобро, подобро е да избегнувате важни состаноци и разговори. Вашите емоции можат да ве одведат на погрешен пат и може да реагирате несоодветно во некои ситуации. Не преземајте дејствија што не се добро осмислени. Оставете ги важните одлуки за подоцна, кога ќе бидете посигурни во вашите проценки. Не плашете се да воспоставувате нови контакти. БИК Денеска е важно да ја задржите смиреноста и да не ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Утринската температура ќе се движи од 13 до 21 степен, а дневната од 33 до 39 степени, соопши Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен ...

Белгија е подготвена да разгледа можност Украина да ги користи замрзнатите руски средства, но бара ризикот од таквата одлука да го преземат заеднички сите земји членки на ЕУ. „Белгија не може сама да го преземе ризикот да мора по 10 или 15 години да ги враќа тие средства на Русија“, изјави белгискиот министер за надворешни работи Максим Прево при посетата на Киев. Во ЕУ се замрзнати околу 210 милијарди евра руски имот, а најголемиот дел од ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп го одложи воведувањето царини од 50 отсто за одредени стоки од Канада, додека се финализираат документите за договорот меѓу двете земји. Царините требаше да стапат во сила во 00:01 часот по источноамериканско време, но Трамп соопшти дека нивната примена се одложува до крајот на 21 август, пренесе„ Си-Ен-Ен“. Трамп наведе дека бил постигнат договор меѓу САД и Канада, но оти се уште престои финализацијата ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп спроведува активности за проценка на лојалноста на сојузниците во НАТО пред да одлучи дали ќе ги намали воените ресурси што ги обезбедува за Алијансата. Како што објави „Блумберг“, Белата куќа испратила до земјите-членки на НАТО документ со прашања чија цел е да се утврди колкава е нивната поддршка за политиката на Трамп. Во прашалникот се опфатени теми за кои постојат несогласувања ...

САД воведоа санкции за јапонската судијка Томоко Акане, која е претседателка на Меѓународниот кривичен суд (МКС), беше објавено денеска на веб-страницата на Министерството за финансии на САД. Тој потег претставува најнова ескалација во кампањата на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп против МКС со седиште во Хаг, основан од меѓународната заедница во 2002 година за гонење на воени злосторства, геноцид и злосторства ...

Од јануари до крајот на јули во Хрватска се издадени околу 106.000 дозволи за престој и работа на странски државјани, што е за 7,5 проценти помалку во споредба со истиот период лани. Во исто време, бројот на дозволи за нови вработувања е речиси преполовен, додека бројот на продолжувања на постојните и сезонските дозволи е зголемен. Директорот на Хрватската служба за вработување, Анте Лончар, изјави за ХРТ дека во Хрватска моментално се ...

Според ново научно истражување објавено во списанието „JAMA Internal Medicine“ во кое биле опфатени над 500 различни професии, најголема стапка на смрт од рак поради преголема радијација има кај стјуардесите, а веднаш по нив се и пилотите. За потенцијален причинител научниците го издвојуваат космичкото зрачење на кое екипажот е подложен во текот на летањето. – На површината на Земјата атмосферата делува како природен заштитен штит кој ...

Има трема Ако му се допаѓате на момчето самата ваша појава ќе предизвика трема и нервоза кај него. Типичните знаци се смеење или лутење без причина, испотени дланки, нервозни движења, врткања … Момците сакаат да ги контролираат своите емоции. Ако тоа баш не им оди така лесно кога се во ваша близина значи дека „има нешто“. Се приближува Ако момчето е заинтересирано за вас ќе забележите дека додека зборува или едноставно стои до вас неговото ...

Заборавете на несоницата: Со овој воен трик ќе заспиете за миг! Војниците од американската армија користат еден едноставен трик со кој полесно заспиваат, дури и во најтешките услови. Тајната на лесното заспивање е опишана во книгата „Релаксирај се и победи: Шампионски перформанс“, која најпрво беше издадена во 1981 година, но се популаризираше во последните неколку години преку интернет продажба на онлајн-книжарниците. Се верува дека тајната ...

Секој знак на хороскоп има причина зошто ја раскинува љубовната врска и што најмногу им пречи. Овен – посесивност Не можете да ја поднесете посесивноста на партнерот затоа што сте исклучително независни и сакате да имате свој живот надвор од вашата врска. Исто така, сакате да имате ваш простор и слобода и нема да толерирате некој што ве гуши, дури и ако ве гуши со љубов. Бик – непочитување Премногу сте горди и имате исклучително високи ...

Дали некогаш сте помислиле дека занимањето на жената има врска со привлечноста? Според истражувањето на една страница, треба да бидеме свесни дека и професијата има врска со привлечноста. Еве како се изјаснија мажите: Модели / Телевизиски личности „Жените кои работат во овој бизнис се многу барани. Бев несреќно оженет со тв личност три години, нејзините смени беа турбулентни, таа беше повеќе отсутна отколку дома“, се впечатоците на еден од ...

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.(52) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка на двајца ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Т.Д.(55) и З.Д.(54) од Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. Пријавените, во континуитет, од 2019 до 2026 година, со закани присилиле 66-годишен жител на Гостивар и неговиот 41-годишен син да им предадат изработено злато со вкупна тежина од 43 килограми и 800 грама, при што незаконски, противправно и своеволно им ...

Осумгодишно дете од селото Велебрдо вчера било донесено во скопскиот клинички центар за укажување лекарска помош, по што од болницата ја алармирале полицијата. -На 18.08.2026 година во 14:33 часот во СВР Тетово од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив било донесено осумгодишно дете од с.Велебрдо за укажување лекарска помош, кое се здобило со повреди во пределот на раката од барутни честички, информира СВР ...

Еден месец СДС бега од вистината, а таа е дека заедно со Лимани ја делат локалната власт, а со тоа и одговорноста за Гостивар. СДС не побара одговорност од Лимани, а уште помалку ја призна сопствената политичка одговорност како негов партнер во локалната власт, изјави Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да понесат одговорност за кризата во Гостивар, тие и натаму го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за локалниот проблем. Поради ...

Формирана е комисија за надзор над случајот со родилката од случајот во Штип, а ќе се вклучат и двајца странски стручњаци, информираше денеска министерот за здравство Сашо Клековски, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција. Министерот беше прашан кога ќе биде готов извештајот за родилката која останала парализирана по втор царски рез, дали има лекарска грешка или не. – Јас ја формирав комисијата за стручен надзор. ...

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница донесе повеќе одлуки и акти поврзани со подготовката и спроведувањето на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври 2026 година. Комисијата едногласно го усвои Упатството за спроведување јавен увид во Избирачкиот список, со кое се уредуваат начинот, условите и постапката за проверка и ажурирање на избирачките податоци. Образложувајќи ја ...

На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во официјална дводневна посета на Република Македонија престојува заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Н.Е. г. Петр Мацинка. Во фокусот на средбите во Охрид беа натамошното зајакнување на билатералните односи и потврдувањето на континуираната чешка поддршка за европската интеграција на земјата. ...

Вообичаено не реагирам на секоја прес-конференција на опозицијата. Но очигледно дека новата хистерија на СДС, по таа со скопската вода, е оваа за комарците. Без проблем, јас и за ова сум спремен да дебатирам. Само пред неколку дена видовме што значи неодговорно пласирање информации кога се создаде непотребен страв околу безбедноста на водата во Скопје, реагира градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Денес повторно гледаме обид една ...

Град Скопје ги известува граѓаните дека во раните утрински часови на 20 и 21 август ќе се реализира авионска дезинсекција против комарци, а од 23 до 26 август ќе се реализира терестична дезинсекција на подрачјето на градот. Како што стои во соопштението, терестичната дезинсекција ќе се одвива во периодот од 22 до 3 часот наредниот ден. – Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58