Иранската новинска агенција Фарс, повикувајќи се на неименуван извор, објави дека Техеран непосредно пред објавата на рамковниот договор со САД, внесена е одредба за наплата на поморските услуги во Ормуска Теснина. Во последните моменти од преговорите, текстот на меморандумот за разбирање беше променет за јасно и експлицитно да се нагласи прашањето за иранско-оманскиот суверенитет над Ормуска Теснина, објави Фарс, агенција блиска до ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Каја Калас денеска го поздравија постигнатиот договор меѓу САД и Иран за прекин на воените дејствија. Во соопштението објавено од Европската комисија, Фон дер Лајен оцени дека договорот треба да овозможи итно повторно отворање на Ормуската Теснина. Таа изрази очекување дека договорот ќе придонесе и за ...

Голманот на германската репрезентација Мануел Нојер напиша нова страница во историјата. На возраст од 40 години и 79 дена, тој стана најстариот германски фудбалер кој играл на големо натпреварување, без разлика дали станува збор за Светско или Европско првенство. Со ова го сруши рекордот што го држеше легендата на германскиот фудбал, Лотар Матеус. Матеус имаше 39 години и 91 ден на натпреварот против Португалија на Европското првенство во ...

Електричните тротинети за изнајмување ќе бидат забранети во Брисел од 2027 година, соопштија денеска градските власти. Одлуката е донесена како одговор на сè поголемиот број несреќи, на зголеменото попречување на другите учесници во сообраќајот и на злоупотребата на електричните тротинети за криминални цели. Во 2025 година, 666 лица биле повредени во Брисел во несреќи во кои учествувале електрични тротинети, што претставува зголемување за ...

Советот на Основниот суд во Приштина денес донесе одлука за притвор на петмина Срби уапсени под обвинение за сторени воени злосторства за време на конфликтот кон крајот на 90-тите години. Нивните адвокати оценија дека обвинителството „им припишува колективна вина“, објавија косовските медиуми. Обвинителот на Специјалното обвинителство на Косово, Илир Морина, објави дека полицијата, во соработка со обвинителството, уапсила петмина пензионирани ...

Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја отфрли жалбата на поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, кој тврдеше дека неговите основни човекови права биле загрозени за време на кривичната постапка пред Судот на Босна и Херцеговина, неофицијално беше потврдено за порталот Klix. Одлуката на судот во Стразбур ги исцрпи сите правни механизми што одбраната можеше да ги користи на меѓународно ниво. Ваквиот епилог следеше ...

Според податоците на Институтот за статистика (ИНСТАТ), во однос на пазарот на труд, во Албанија присутен е нов феномен. Сега доминираат активни пензионери, а не млади луѓе. Во третата доба, пензионирањето не ги спречува да продолжат да обезбедуваат дополнителни средства, објавија медиумите. Во периодот 2019-2025 година, бројот на активни пензионери на пазарот на трудот се зголемил на околу 177 илјади, додека во исто време околу 144 илјади ...

Мојот став е ист како оној на Владата, силно го осудуваме овој кривично правен настан. И она кое што можам да го кажам е дека лицето кое што е сторител на овој кривично правен настан е обезбедено и во моментот трае распит за да ги видиме мотивите што и како придонело да се случува ова кое што се случи во текот на денот, да видиме што го инспирирало ова лице да го направи тоа што го направи, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата во ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро го осуди инцидентот што се случил денеска, при кој биле опожарени возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Од Министерството информираат дека Министерството за внатрешни работи веќе презема соодветни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот. -Министерството за надворешни работи и надворешна ...

Владата најостро го осудува вандалскиот и недозволив чин на опожарување на возила со дипломатски статус во непосредна близина на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Ваквите постапки претставуваат напад врз принципите на безбедноста, дипломатските односи и меѓународното право и не смеат да имаат место во демократска држава, велат преку соопштение од владата на Република Македонија. Надлежните институции веќе преземаат интензивни мерки ...

Српската полиција соопшти дека привеле во Врање државјанин на Македонија под сомнение за продолжено кривично дело измама. Осомничениот С.К (1970) се товари дека од 4 до 13 јуни годинава им се јавил на тројца граѓани од областа на Врање на нивните фиксни телефони, претставувајќи се како лекар од Македонија, и им кажал дека нивни блиски членови на семејството наводно се тешко повредени, со што ги довел во заблуда и подоцна отишол на нивни ...

ОВР Прилеп, до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава против Д.В.(34) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. На 02.06.2026, пријавениот со запалива течност предизвикал пожар на патничко возило „мазда“ сопственост на М.А.(48) од Прилеп, при што возилото било делумно опожарено. Пожарот бил изгаснат од екипа на ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави оти по постигнатиот договор меѓу САД и Иран и падот на цените на нафтата на светските берзи, очекува во моментот цените на бензините да се движат во рамките на половина денар или исти за дизел-горивата и околу денар и пол до два денари зголемување кај бензините, при што тука треба да се има предвид дека сегашната одлука Регулаторната комисија за енергетика се базира на движењата од минатата недела, ...

Претходната Влада беше во очајна состојба. Беше подготвена да коленичи и да прифати бел лист хартија да потпише за да остане на власт, истакна денес премиерот Христијан Мицкоски. -Граѓаните тоа го препознаа, ги казнија, ги пратија во опозиција. На следните избори ќе ги пратат и на политичките маргини и ќе бидат политичари за кои меморијата брзо ќе избледе и никогаш да не ни се повторат, рече Мицкоски. Посочи дека актуелната Влада ќе продолжи ...

Минатата недела 120 милиони денари префрлени кон домашните компании како дел од унгарскиот кредит кој го зема земјава. -Од почетокот до денеска зборуваме за вкупна сума од 230 милиони евра. Ние како влада не само што поддржуваме странски инвестиции, ја поддржуваме и домашната економија. Каматната стапка на кредитот е од 1,95 проценти, со грејс период од 3 години до 12 години рок на отплата. На тој начин очекуваме барем двојно повеќе износот ...

Вчера околу 17:20 часот, полициски службеници ја лишиле од слобода В.М. (42) од Прилеп, со престој во Тетово. Подоцна, околу 18:30 часот, во селото Сараќино, бил приведен и Б.С. (37) од истото село. Како што соопшти полицијата, претходно во 16:00 часот во СВР Тетово било пријавено дека околу 15:30 часот жена била забележана како физички го малтретира своето тримесечно бебе. Очевидци пријавиле дека таа го удира во асфалт своето тримесечно бебе ...

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска се обрати на работниот состанок посветен на поддршката за подготовка на плански документи за локален економски развој, организиран во рамки на Ресурсниот центар за поддршка на општините. Во своето обраќање, министерот Перински истакна дека Министерството за локална самоуправа преку Ресурсниот центар продолжува да развива конкретни механизми за поддршка на општините, со цел јакнење на ...

ОВЕН Денеска може да добиете вредни совети од искусна личност која ќе ви помогне појасно да ја видите иднината. Слушајте внимателно и применувајте ги нивните совети со мудрост и претпазливост. Грижете се за вашето здравје со балансирана исхрана и игнорирање на стресните ситуации. БИК Денеска ќе имате сила да ги завршите сите задачи што се одложени. Избегнувајте неактивност и дајте го најдоброто од себе. Вечерта, обрнете внимание на вашето ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните од западен, кој наместа повремено ќе засилува, а долж Повардарието и во источните делови од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од ...

Собранието денеска треба да ја продолжи 104. седница на која на дневен ред се останати неколку точки. Пратениците треба да гласаат за Предлог за избор на член на Судскиот совет на Република Северна Македонија што го избира Собранието. Комисијата за прашања на изборите и именувањата на пленумот му предлага изборот да биде извршен помеѓу Артим Ислами, дипломиран правник со положен правосуден испит од Струга и Феузи Џафери, дипломиран правник со ...

ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција го обвини претседателот на СДС, Венко Филипче, дека станал најгласен промотор на бугарските барања и на политиката за внесување на Бугарите во Уставот. Од партијата оценуваат дека СДС е целосно изгубена на политичката сцена и дека нема ниту јасна стратегија, ниту визија, ниту конкретен план за развој на државата. Според ВМРО-ДПМНЕ, единствената политика што денес ја нудат Филипче и неговата партија е слугување на ...

На 14.06.2026 во периодот од 16:00 до 24:00 часот на подрачјето на Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај и Единицата за полициски станици од општа надлежност при СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во сообраќајот. Притоа, беа преземени вкупно 219 мерки, од кои – 66 мерки за управување мотоцикл без кацига, шест мерки за возење со несоодветна категорија, 15 мерки за возење велосипед со помошен мотор без положен ...

На 13.06.2026 во периодот од 17:00 до 23:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола во сообраќајот на подрачјата на Куманово и Тетово со цел санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли, четирицикли и електрични тротинети кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата во Куманово изречени се вкупно 43 мерки за сторени сообраќајни ...

Добро е познато колку лошо пушењето влијае на општото здравје на секоја индивидуа. Прочитајте ги чекорите подолу кои ќе ви помогнат да го напуштите овој порок засекогаш. Одредете датум кога ќе се откажете од пушењето Држете се до тој датум. Осигурете се дека датумот не е премногу далечен за да не ја изгубите мотивацијата да се откажете од пушењето за тоа време. Бидете што е можно зафатени На тој начин ќе имате многу помалку време да ...

Жена од јужна Германија роди близнаци по третпат. Ќерките на Јасмин Ритнер – Јулија Ања Валентина и Естефанија Лорена Мари се родени на 27 мај, објави болницата којашто се наоѓа во Фирт на „Инстаграм“. „Еднаш е посебно. Двапати е извонредно. Трипати по ред е тешко да се поверува“, се вели во објавата. Ритнер и нејзиниот сопруг Андреас ги пречекаа близнаците Даниел и Емилио во летото 2023 година, а потоа и Симоне и Анастасија една година ...

Стрелецот Родените во овој знак се авантуристи кои веруваат дека животот треба да се живее со полни гради. Наместо да штедат енергија за иднината, тие сакаат да патуваат, да истражуваат и да уживаат во секој нов предизвик што им го носи денот. Риби Родените во овој хороскопски знак исто така често живеат во свој свет, водени од емоции и интуиција. Тие повеќе се фокусираат на своите чувства и соништа отколку на конкретни планови, па затоа ...

Постојат парови кои се чини дека се лудо вљубени и после деценија љубов. Но, пред да претпоставите дека се преправаат, треба да знаете и дека постојат приказни во кои мажите и натаму се „луди“ по своите партнерки како првиот ден. Постојат парови кои се чини дека се лудо вљубени и после деценија љубов. Но, пред да претпоставите дека се преправаат, треба да знаете и дека постојат приказни во кои мажите и натаму се „луди“ по своите партнерки ...

Познато е дека вештачката интелигенција на крајот ќе извршува се повеќе и повеќе работи кои луѓето ги работат денес и ќе ги замени на нивните работни места. Но, денес оваа технологија е толку развиена (и овој развој постојано и брзо напредува) што веќе може доста добро да ги имитира личностите на луѓето, така што вештачката интелигенција може да се користи и за создавање близнаци со вештачка интелигенција, т.е. човечки клонови. Како што ...

Започнете го овој процес на чистење на телото после празниците. За да може дебелото црево подобро да ги извршува своите функции, неопходно е да се одржи неговата нормална состојба. Сосема е можно да се исчисти дебелото црево и да се елиминира непријатноста дома. Процесот на детоксикација може брзо да се заврши со помош на природни производи. Едноставен домашен рецепт ќе ви помогне во тоа. Состојки: Лимон Магдонос Јаболков оцет Цимет Една ...

Стрелец Уште еден огнен знак кој не може да го замисли животот без секс. Стрелците не гледаат на прељубата како на неморален чин, туку како на спорт кој едноставно мора да го играат од време на време. Припадниците на овој знак обично се грижат за својот физички изглед, а познати се по својот шарм на кој ретко кој може да им одолеете. Вага Поради својата неодлучност и прекумерната желба да остават добар впечаток, Вагите многу лесно се впуштат ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
2.58
30%
1019
weather icon

Белград

31ᴼ / 30ᴼ
2.68
49%
1020
weather icon

Загреб

32ᴼ / 32ᴼ
2.78
35%
1020
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
3.22
41%
1022
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
2.99
36%
1020
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 29ᴼ
1.34
55%
1021
weather icon

Атина

28ᴼ / 27ᴼ
5.81
35%
1019
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
2.99
42%
1020
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
3.19
39%
1020
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 28ᴼ
1.34
39%
1020
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 31ᴼ
1.34
35%
1020
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
6.13
64%
1020
Currency

61.6417

Currency

53.7211

Currency

71.0707

Currency

37.6717

Currency

37.9349

Currency

66.5663

Currency

7.93737

Currency

0.73503

Currency

0.33311

Currency

0.52522

Currency

1.15679

Currency

0.56962

Кобалт

45.39

Паладиум

39866.93

Цинк

0.00

Алуминиум

3.40

Рутениум

48965.59

Платина

53498.84

Иридиум

253540.09

Злато

133769.08

Бакар

12.73

Родиум

257205.97

Калај

53.45

Сребро

2087.39