Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Вашингтон наскоро би можел повторно да ги воведе санкциите за извозот на руска нафта, кои беа ублажени со цел да се помогне во стабилизирањето на глобалните енергетски пазари по нарушувањата предизвикани од војната во Иран. – Тоа ќе можеме да го направиме многу побрзо, бидејќи нафтата сега тече – рече Трамп на самитот на Групата седум во Франција, прашан за санкциите. „Во позиција сме ...

Претседателот на Русија, Владимир Путин не доби официјална покана од украинскиот претседател Володимир Зеленски да присуствува на Самитот на Г7, изјави портпаролот на Кремљ. -Во моментот нема официјални канали за комуникација помеѓу Киев и Москва, изјави Дмитриј Песков, при тоа повторувајќи дека Зеленски би можел да дојде во Москва на преговори. Тој наведе и дека сè уште не се одредени датуми за посета на Москва од страна на претставникот на ...

На 16.06.2026 во 13:00 часот во ОВР Крива Паланка, од Јавната здравствена установа Крива Паланка е пријавено дека на место викано „Пољана“ во с.Огут, кривопаланечко, има починато лице. По преземени мерки било констатирано дека се работи за С.Ј.(52) од Крива Паланка, вработен во ЕВН, кој починал додека извршувал работни задачи. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за ...

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека во петок и сабота треба да се одржат средбите со коалициските партнери од ВРЕДИ и ЗНАМ на кои ќе се разговара за најавената владина реконструкција. Како што изјави денеска Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања, соработката на ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ продолжува како досега. – Во петок и сабота се закажани средбите со коалициските партнери од ВРЕДИ и ЗНАМ. Инаку, сега не сме пред избори, сега сме во ...

На 17.06.2026 во 00:55 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Н.П.(36) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички го нападнал неговиот 66-годишен татко. На 16.06.2026 во 11:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода С.К.(54) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата мајка и оштетил дел од ...

Венецијанската комисија објави, по повод промените во збирот судски закони, дека институциите на Србија презеле сериозни чекори во многу, многу краток временски период со цел да ја усогласат законската рамка со препораките од Итното мислење. Комисијата експлицитно наведува дека српските власти брзо започнале со усогласување на законската рамка со препораките на Комисијата. Дополнително, беше оценето дека Србија покажала суштински кооперативен ...

На 16/17.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Е.Р.(21), А.Ј.(37), М.Н.(29), М.Р.(23), Р.С.(44), И.О.(24) сите од Скопје, А.Б.(19) од с.Сопиште, скопско, А.Б.(43), Р.Ш.(48), А.Н.(42) сите од с.Катланово, скопско, К.А.(41) од с.Челопек, тетовско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ...

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара во текот на денешниот ден да биде закажана јавната расправа за Предлог-законот за игри на среќа која, според нив, не се одржува поради СДСМ. – Повторно СДСМ против СДСМ и нивното бегање од соочување со вистината. Иако бараа јавна расправа за Законот за приредување на игри на среќа, сега сакаат да ја обструираат, не закажувајќи ја јавната расправа. На нивно барање, поддржавме јавна расправа на која ...

Она кое што го води денеска опозициската СДСМ, која го донесе Преспанскиот договор, е на отворена сцена да испраќа пораки кои што се полни со конструкции и лаги, истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање. -Она кое што исто така е факт и ние не смееме да го заборавиме е дека тогашните евробирократи ни ветуваа дека ќе имаме големи придобивки од потпишувањето на тој договор – бесплатно и поквалитетно здравство, ...

Министерот за надворешна работа и надворешна трговија Тимчо Муцунски оствари средба со претседавачот и членовите на Заедничкиот комитет за прашања поврзани со Европската Унија на двата дома на ирскиот Парламент. Изразив благодарност за силната и принципиелна поддршка што Ирска ја дава на политиката на проширување на Европската Унија и на нашиот европски пат, објави тој. Разговаравме за актуелната состојба во процесот на евроинтеграција, при ...

ОВЕН Денеска ќе се чувствувате во форма и полни со енергија, што ќе ве насочи кон активности на отворено или во градинарство. Сепак, може да наидете на отпор од вашите најблиски, кои ќе сакаат да ви дадат насоки. Обидете се да бидете отворени за нивните идеи за да избегнете непотребни компликации. БИК Денеска може да бидете во искушение да се вратите на старите, штетни навики, што ќе ве врати на патот на напредувањето и развојот. Доколку ...

Килијан Мбапе напиша нова страница во историјата на францускиот фудбал. Напаѓачот на Реал Мадрид постигна два гола во победата од 3:1 на отворањето на Светското првенство против Сенегал и стана рекордер на Франција со вкупно 58 гола. До денес, Оливие Жиру беше на врвот на листата на најдобри стрелци на сите времиња со 57 гола. На стадионот „Метлајф“ во близина на Њујорк, 27-годишниот Мбапе за прв пат ја пронајде мрежата во 66-тата минута за ...

Селекторот на Иран, Амир Галеноеи, капитенот Мехди Тареми и играчот од средниот ред Мохамад Мохеби ги критикуваа ФИФА и американските власти откако им беше наредено веднаш да го напуштат Лос Анџелес по ремито 2-2 со Нов Зеланд во понеделник вечерта. Иранците тврдат дека таквиот третман ги нарушил нивните планови за закрепнување и подготовките за продолжување на натпреварувањето на Светското првенство. Селекторот Галеноеи рече дека третманот ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен Целзиусов. Во Скопје ќе биде ...

Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките во земјава да остане на истото ниво од 2%. Одлуката е донесена врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, според податоците заклучно со првиот квартал од 2026 година. Оваа стапка ќе важи од третото тримесечје на 2027 година и се оценува дека таа е соодветна на тековните макрофинансиски услови ...

Денеска ВМРО-ДПМНЕ одбележува 36 години. По тој повод голем народен собир ќе се одржи на стадионот „Младост“ во Струмица од 20 часот. Пораката на прославата е „Македонија забрзува. Наша обврска“. Оваа порака ја истакнува посветеноста на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, институциите и на граѓаните за забрзување на реформите за да се надминат застоите од минатото и заеднички да се изгради просперитетна Македонија. Денеска ВМРО-ДПМНЕ ...

Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, ВМРО-ДПМНЕ денеска одбележува 36 години постоење. По овој повод на стадионот „Младост“ во Струмица ќе се одржи голем народен собир. Собирот ќе почне во 20:00 часот, а партијата ги повикува сите членови, симпатизери, поддржувачи и граѓани кои веруваат во напредокот, работата и љубовта кон татковината, да дојдат и заеднички да покажат дека Македонија има сила, енергија и народ кој верува во ...

Во врска со кривичното дело „предизвикување општа опасност“, извршено на 15.06.2026 година, кога беа опожарени две дипломатски возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, СВР Скопје во целост го расчисти случајот. Вчера (16.06.2026), Одделението за криминалистички работи – Центар и Бит Пазар поднесе кривична пријава по итна постапка против И.Д.С.(44) од Скопје, поради основано сомнение дека го сторил наведеното ...

Постојат многу фобии во светот кои се смешни на прв поглед, но ако размислиме подобро, ќе разбереме дека луѓето кои ги имаат имаат сериозни проблеми. Верувале или не, некои се плашат од капење (ablutofobija) и дожд (ombrofobija). Постојат и такви кои имаат фобија од сексуален однос (koitofobija), некои дури и избегнуваат ракување (kirofobija). Постојат и такви кои се плашат од деца (pedofobija), некои се плашат од птици (ornitofobija), а оние ...

Размислете за ова! Познатиот психотерапевт Стивен Хокинг не се предаваше дури и кога беше парализиран! Тој ги советуваше луѓето да ја споредуваат депресијата со црна дупка Корона пандемијата имаше влијание и на менталното здравје на луѓето. Можеби овие денови се чини дека сè се одвива некако неуспешно: ви се лоши, имате проблеми на работа, вашиот партнер не ве разбира … Тажните мисли ја зафаќаат целата свест и веројатно се прашувате: „Зошто ...

Летото е време на море, плажи и долги денови на отворено. Сончевата светлина го подобрува расположението и му помага на вашето тело да произведува витамин Д, но прекумерната изложеност на УВ зраци може да има последици кои не се само естетски. Изгореници, забрзано стареење на кожата и зголемен ризик од рак на кожа се меѓу најчестите. За да вратите само убави спомени и здрав тен од вашиот одмор, експертите препорачуваат неколку едноставни, но ...

Според податоците од новата студија, ако сте утрински тип на личност, веројатно имате намален ризик да страдате од длабока депресија. Сепак, треба да се има предвид дека, на пример, луѓето кои рано стануваат може да имаат други здравствени или животни однесувања што го намалуваат ризикот од депресија – здраво јадење или редовно вежбање. Сите овие фактори, како и многу други, може да го објаснат намалениот ризик од депресија. Покрај тоа, ...

Познато е дека сите ние сме различни, што е сосема во ред, но науката успеа да навлезе во суштината на проблемот и има објаснување. Иако нема дефинитивен одговор на оваа дилема, неодамнешното истражување покажа дека повеќето од нас поминуваат во просек 18 месеци од животот помирувајќи се со раскинувањата. Ова понатаму значи следново, 3 значајни паузи носат по 6 месеци тага. Зад оваа студија стои „OnePoll“, кој нуди и објаснување за ова ...

Универзумот слуша сè. И, ако повторувате нешто често, ќе стори како што барате … Универзумот му дава шанса на секој човек да биде среќен. Другата работа е дека едно лице прави сè самостојно за да не почувствува среќа: се плаши, се крие, не верува во сопствената сила итн. Еден од најголемите уништувачи на среќата е познато – човекот живее во својата мала кутија од која не сака да излезе. Тој сонува за среќа, зборува за среќа, но носот му е ...

Американскиот претседател Доналд Трамп на маргините на самитот на Г7 на брегот на Женевското Езеро изјави дека „никогаш не му било грижа за промена на режимот“ во Иран, иако верува дека тоа сепак се случило. – Никогаш не ми беше грижа за промена на режимот … но претпоставувам дека сега имате промена на режимот – рече Трамп денеска по средбата со катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани. На почетокот на војната на 28 февруари, Трамп ги повика ...

Шведскиот парламент со тесно мнозинство од 174 гласа „за“ и 172 „против“, доцна синоќа го изгласа контроверзниот закон за „добро владеење“, како и таканаречениот „закон за задолжително пријавување“. Новата регулатива ќе се применува за идните баратели на азил, но и ретроактивно за сегашните жители, предвидувајќи дека секој што покажува „лошо однесување“, како неплатени долгови, даночни измами или поврзаност со екстремисти, не може да остане ...

Велика Британија ќе испорача збогатен ураниум за потребите на украинските нуклеарни електрани и ќе воведе нови економски мерки против Русија, изјави британскиот премиер Кир Стармер пред почетокот на самитот на Г-7 во Франција. Според Стармер, Лондон ја засилува поддршката за Украина преку прекинување на финансиските текови што ја финансираат војната на рускиот претседател Владимир Путин и преку гарантирање на енергетската безбедност на Киев. ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека воената кампања на Израел против Иран го спречила Техеран во блиска иднина да дојде до нуклеарно оружје и ја отстранила егзистенцијалната закана за еврејската држава, пренесе ДПА. – Ја спасивме државата Израел од заканата од нуклеарно уништување – рече Нетанјаху. Без обемните воени операции спроведени заедно со САД, „Иран веќе ќе поседуваше нуклеарни бомби“, изјави израелскиот премиер, ...

Комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос, во реакција околу дебатите за проектот за развој во областа Зврнец и Сазан, и загриженоста што ја изразија еколошките организации, наведува дека е во постојан контакт со премиерот Еди Рама и Владата и оти добиле гаранции дека овој проект ригорозно ќе ја почитува правната рамка на Европската Унија, во врска со заштитените подрачја и грижата за животната средина. „Европската комисија е ...

Според Џеф Безос, четвртиот најбогат човек во светот, вештачката интелигенција нема да предизвика масовно уништување на работни места. Наместо тоа, верува дека веќе живееме на почетокот на така наречени „златни времиња“. – Мојата компанија „Прометеус“ користи вештачка интелигенција за трансформација на производството и инженерството. Оние кои непромислено заклучуваат дека сите работни места ќе исчезнат се оние кои едноставно не се во право. ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
2.58
30%
1019
weather icon

Белград

31ᴼ / 30ᴼ
2.68
49%
1020
weather icon

Загреб

32ᴼ / 32ᴼ
2.78
35%
1020
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
3.22
41%
1022
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
2.99
36%
1020
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 29ᴼ
1.34
55%
1021
weather icon

Атина

28ᴼ / 27ᴼ
5.81
35%
1019
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
2.99
42%
1020
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
3.19
39%
1020
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 28ᴼ
1.34
39%
1020
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 31ᴼ
1.34
35%
1020
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
6.13
64%
1020
Currency

61.6417

Currency

53.7211

Currency

71.0707

Currency

37.6717

Currency

37.9349

Currency

66.5663

Currency

7.93737

Currency

0.73503

Currency

0.33311

Currency

0.52522

Currency

1.15679

Currency

0.56962

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Сребро

2087.39

Рутениум

48965.59

Паладиум

39866.93

Кобалт

45.39

Платина

53498.84

Бакар

12.73

Злато

133769.08

Алуминиум

3.40

Иридиум

253540.09

Калај

53.45