Телефонскиот број на Дежурната амбуланта во Клиничката болница во Штип треба да го знаете доколку имате потреба од итна интервенција. Од денеска почнаа работите на реконструкција на просторот на самиот главен влез во болницата, каде работи Дежурната амбуланта. Како што подолго време се најавува, овој дел од болницата ќе прерасне во Ургентен цената. -Поради реконструкција и изведување на градежни активности во делот од ЈЗУ Клиничка болница ...

Во Гостивар се очекуваат резултатите од анализите на надлежните институции за причината и појавата на зголемен број на заболени со стомачни тегоби. Од синоќа преку владините служби почна дистрибуција на вода за пиење, а кон акцијата се приклучуваат и поединци и компании. Според Ивица Томовски, директор на СОЗР, на дневно ниво во Гостивар ќе се делат по 50 илјади литри пакувана вода. Епидемиолозите вчера пријавија епидемија поради зголемениот ...

Од денеска до 23 јули во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, поради што ќе биде воведен посебен режим на сообраќај во Скопје, соопшти МВР. Посебниот режим на сообраќајот ќе се применува во поширокото централно подрачје на Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски ...

Три лица кои вчера беа пријавени за исчезнати, се пронајдени починати синоќа во превртено возило „Мерцедес” на патот ГП Блаце – Скопје, соопшти МВР. – На 19.07.2026 во 22:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот ГП Блаце – Скопје има превртено возило „мерцедес” со германски национални ознаки. Веднаш се упатени полициски службеници на местото на настанот и е утврдено дека во возилото има три починати лица (едно машко и две женски ...

Тоше Проески отсекогаш бил најголемиот музички идол на младиот пејач Васил Ангелов. Токму затоа, последната епизода од неговиот авторски проект „Under 2 Minutes“ ја посветува на легендарниот македонски пејач, претставувајќи ја песната „Јас не сум виновен“ во сосема ново, современо музичко издание. Станува збор за несекојдневен концепт во кој Васил Ангелов, преку внимателно вклопување на оригиналните вокали на Тоше Проески, создава симболичен ...

Аргентинскиот фудбалер Кристијан Ромеро се најде во центарот на вниманието по церемонијата на доделување медали по финалето на Светското првенство во Њујорк. Видео кое брзо се прошири на интернет го прикажува одбранбениот играч како поминува покрај американскиот претседател Доналд Трамп без да се ракува додека го прима сребрениот медал, што предизвика бројни реакции. Целиот настан беше само еден во низата непријатни моменти за Трамп на ...

Капитенот на Шпанија го прими трофејот од претседателот на САД, Доналд Трамп, и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, но не одлучи веднаш да го подигне. Видеото од церемонијата покажува како во еден момент Родри го погали Трамп и го замоли да се тргне настрана. Rodri educadamente convidando Trump a se retirar pra levantar do troféu Ainda esperou sair de perto KKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKK pic.twitter.com/wtiXXZqzDR — ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за невреме со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во ...

Шпанската репрезентација го освои Светското првенство 2026 година во САД, Канада и Мексико. Во финалето, Шпанија ноќва ја победи Аргентина со 1:0 по продолженија. Феран Торес го постигна единствениот гол во 106. минута, по асистенција на Нико Вилијамс. Двајцата играчи влегоа како резерва за време на натпреварот. По основните 90 минути резултатот беше нерешен 0:0. Шпанија доминираше во текот на сите 120 минути и сосема заслужено го освои ...

Шпанија и Аргентина ќе играат во финалето на Светското првенство во фудбал во 2026 година. Натпреварот ќе се одржи на стадионот „МетЛајф“ во Ист Радерфорд, Њу Џерси, САД. Почетокот ќе биде во 21 часот по македонско време. Шпанија заврши прва во Групата Х со 7 бода. Во првото коло од групната фаза, тимот на Луис де ла Фуенте ремизираше 0:0 со Зелено’ртски Острови, потоа самоуверено ја победи Саудиска Арабија со 4:0 во второто коло, а потоа го ...

Заради зголемениот број на заболени со стомачни тегоби, епидемиолозите од Центарот за јавно здравје пријавија епидемија. Во изјавата која ја дадоа попладнево во тетовскиот центар ги наведоа и причините за овој чекор. Засега не се знае што ја предизвика заразата во Гостивар. – Поради зголемениот број на заболени со гастроентеритис и надминување на лимитот на неделно ниво, Центарот за јавно здравје Тетово, Одделение за епидемиологија Гостивар, ...

Првите пријави до ИЈЗ се доставени утрово, до денес се пријавени вкупно 140 заболени лица на пријава за заразна болест кои делумно се анкетирани, а дел се анкетираат во моментот од страна на епидемиолози од Гостивар и ИЈЗ. Се забележува пораст на стапката на заболени лица преку АЛЕРТ системот и надминување на трешхолдот на неделно ниво за територијата на Гостивар. Ова го истакна денеска за ситуацијата во Гостивар, д-р Драган Кочински, ...

Министерството за здравство соопшти дека надлежните здравствени институции продолжуваат со интензивно следење и истражување на зголемениот број лица со симптоми на гастроентероколит на подрачјето на Гостивар. Во тек се теренски увиди, епидемиолошки анкети и консолидација на пристигнатите пријави, по што Центарот за јавно здравје од Тетово како надлежен треба да донесе соодветна одлука, наведуваат до МЗ. -Во периодот од 18 јули во 08:00 часот ...

На 24 април 2026 година, на многумина им требаше многу сила и храброст да го почнат денот. Стартуваше судењето за трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани, во која беа изгубени 63 млади животи, а над 200 беа повредени. Родителите на починатите деца, во големата судница во скопско Идризово, веројатно за првпат се најдоа очи в очи со сопствениците на дискотеката и сите инволвирани. Повеќе од една година се чекаше судење, кое како што ...

Водата за пиење од гостиварскиот водовод е безбедна, последните резултати на анализите тоа го покажаа, велат од ЈКП „Комуналец“, кои управуваат со градскиот водовод во Гостивар. Првиот човек на претпријатието, Арта Асани во изјава за МИА потврдува дека вчера се направени вонредни контроли и одговорните зедоа мостри од водата. Таа смета дека водата не е загаден. – Се шират разни пропаганди кои со право ги вознемирија граѓаните. Ги уверуваме ...

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против едно лице за – Спречување службено лице во вршење службено дејствие, кривично дело санкционирано според член 382 став 3 од Кривичниот законик. -На 16 јули, на локалитетот “Камени Кукли” во селото Куклица, Кратово, осомничениот 41-годишен британски државјанин го спречил постапувањето на двајца даночни контролори кои вршеле службени дејствија на контрола во однос на претходно ...

Животниот стандард на граѓаните е целосно урнат за само две години владеење на ВМРО, нагласи членката на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветановски. Според податоците од Управата за јавни приходи, најголем дел од работниците дури 50%, земаат плата меѓу 24.000 и 36.000 денари што е под просечната плата во државата. На прес-конференција, Цветановски посочи дека официјалните податоци на УЈП за 2025 година всушност ја покажуваат вистинската ...

Кривична пријава за „несовесно работење во службата“. НККР Свети Николе поднесе кривична пријава до ОЈО Свети Николе против Д.П. (39) од Скопје за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по чл. 383-б ст.1 од Кривичниот законик. -Пријавената Д.П. во периодот од 18.11.2022 до 21.08.2024, во својство на одговорно лице-претседател на Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издеде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека истата е загадена и небезбедна за употреба. По добиено известување од Јавен обвинител од ОЈО Гостивар за спроведување на вонреден инспекциски надзор на пречистителна станица за вода во село Вруток, Општина Гостивар, за испитување на безбедноста и квалитетот на водата за пиење во овој ...

Деменцијата е седма водечка причина за смрт во светот и една од главните причини за инвалидитет кај постарите лица. Болеста влијае врз меморијата, размислувањето и способноста на луѓето да водат самостоен и нормален живот. СЗО препорачува да се сменат животните навики, со што, иако не постои лек за болеста, ризикот за нејзино појавување може да се намали до 45 отсто „Повеќе од 57 милиони луѓе ширум светот живеат со деменција, а секоја година ...

На апарати во критична сосотјба е седумгодишното девојче, кое е единственото преживеано од четиричленото семејство во Молдавија, чие возило се судрило со камион цистерна во Халкидики, Грција. Загинаа мајката, таткото и шестмесечното братче на девојчето, кое останува само, без никој во Хипократовата болница во Солун, да се бори за живот. Засега, според грчките медиуми, никој од родинините не се појавил во Солун, а неизвесно е дали воопшто е ...

Претседателот на Аргентина, Хавиер Милеи изјави дека нема да присуствува на финалето на Светското првенство поради суеверие, продолжувајќи ја традицијата која трае повеќе децении. Ова суеверие датира од Светското првенство во 1990 година, кога тогашниот претседател Карлос Менем ја посети фудбалската репрезентација на Аргентина кратко пред да претрпи шокантен пораз од Камерун (0-1) на отворањето на мундијалскиот турнир во Италија. Менем ...

Незаконска интервенција во водоводната мрежа во Гостивар Зголемениот број на пациенти со дигестивни проблеми Исправноста на водата за пиење во градскиот водовод во Гостивар, се проверува со вонредни контроли за да утврди дали има поврзаност со зголемениот број на пациенти со дигестивни проблеми. Во меѓувреме, од ОЈО на новинарско прашање одговорија дека за незаконска интервенција во водоводната мрежа, по наредба на јавен обвинител се ...

Владата на денешната седница ја донесе Одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати. -Со донесената одлука, рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 21 октомври, со што се обезбедува континуитет во институционалното постапување и навремено преземање на мерки доколку дојде до нарушувања во ...

Со тек на времето се оптоваруваат оските на возилото Се препорачува ротација на гумите за сите сезони по приближно 10.000 до 15.000 изминати километри Гумите за сите сезони (All-weatheр) стануваат сè поголем тренд на возачите. Со нивно користење се намалува потребата за нивна замена двапати во годината. Заштедуваат време и пари за сезонска монтажа, со редовно одржување. Според производителите на гуми, редовната ротација на тркалата меѓу ...

Дрогата била сокриена во кеса под совозачкото место По десетминутна потера му бил пресечен патот и лицето е лишено од слобода Косовскиот државјанин Р.Е. е лишен од слобода, откако на граничниот премин Блаце, при царинска контрола, насилно и противзаконски го преминал преминот со автомобил во кој криумчарел дрога, при што го довел во опасност животот на царинскиот службеник кој го запрел за детална контрола. Против него е поднесена кривична ...

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави дека за прв пат ќе му додели прстени на победникот од финалето во недела помеѓу Шпанија и Аргентина во Ист Радерфорд, пренесува дневник.хр. Во американскиот спорт, вообичаено е тимовите што освојуваат шампионски титули да добиваат прстени за своите достигнувања. Сега, организацијата ФИФА, ја воведува оваа практика за Светското првенство во САД, Мексико и Канада. „Секој прстен ќе биде дел од ...

По години поминати во Лос Анџелес, каде што пишува, создава и соработува со врвни музички професионалци, Боби Андонов отвора ново поглавје во својата кариера со песната „Moment“, односно ново музичко издание на македонски јазик. Светски, а сепак наш – Боби е еден од оние артисти што со својот специфичен вокал, препознатлива боја на гласот, имиџ и музички сензибилитет одамна ги надмина локалните рамки. Неговиот музички пат го однесе до Лос ...

Финалето на Светското фудбалско првенство во кое в недела во Њу Џерси ќе играат Аргентина и Шпанија ќе биде само втор официјален натпревар меѓу двете репрезентации во историјата. Единствениот натпревар досега беше одигран во Бирмингем во групната фаза на Светското првенство во 1966 година, кога Аргентина победи со 2-1. Аргентинците и Шпанците одиграа 13 пријателски натпревари, на кои Аргентина победи шест пати, Шпанија пет пати, а два ...

Словенечкиот судија Славко Винчиќ ќе го суди финалето на Светското првенство помеѓу Аргентина и Шпанија, кое ќе се игра во недела на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси. ФИФА избра еден од најискусните европски судии за одлучувачкиот натпревар на турнирот, а за 46-годишникот од Марибор тоа ќе биде најголемиот натпревар во неговата кариера, пренесува 24сата.хр. Винчиќ дознал за назначувањето од Пјерлуиџи Колина, раководител на судењето на ФИФА и ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.46
50%
1014
weather icon

Белград

20ᴼ / 20ᴼ
3.13
74%
1010
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
2.38
68%
1009
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
1.3
38%
1014
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
2.36
43%
1011
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
0.99
89%
1010
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
0.45
62%
1015
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.84
52%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.34
75%
1015
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
3.58
66%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
1.34
53%
1007
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 21ᴼ
2.16
100%
1015
Currency

61.575

Currency

54.1105

Currency

72.0558

Currency

37.7691

Currency

38.3694

Currency

66.1563

Currency

7.9902

Currency

0.69225

Currency

0.33143

Currency

0.52499

Currency

1.14296

Currency

0.56034

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Рутениум

53852.50

Родиум

263636.12

Цинк

0.00

Платина

50958.93

Калај

53.50

Алуминиум

3.17

Сребро

1870.85

Злато

130265.18

Паладиум

39448.97

Бакар

12.74