Издавање на монета од две евра со кирилични букви и натпис „Бугарска азбука“ од страна на Народната банка на Бугарија најавено за средината на годинава, засега е стопирано. На издавањето на монетата, која ќе биде во тираж од еден милион парчиња, се противи земја членка на ЕУ. Која, засега не се соопштува, додека најчесто се посочува кон Словачка. Имено, Словачка веќе издаде свои евромонети со ликови од Светите Кирил и Методиј. Во ...

Американските сили соопштија дека онеспособиле уште еден танкер во Оманскиот Залив, откако, според тврдењата на Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ), го прекршил поморскиот режим на блокада кон Иран, обидувајќи се да превезува иранска нафта. Станува збор за танкерот „М/Т Џалвир“, кој плови под знамето на Гвинеја Бисао. Според ЦЕНТКОМ, американски воен авион испукал две ракети „Хелфајр“ кон машинскиот простор на бродот, откако екипажот наводно ...

Поранешниот градоначалник на Карпош и лидер на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски, на 2 јули ќе треба да се јави во затворот ,,Скопје” во Шуто Оризари за одлежување на казната затвор. „Судија за извршување на санкции од кривичниот суд Скопје, на осудениот С.Ј му издаде упатен акт за издржување на едногодишната казна затвор и истиот е упатен да се јави во Затвор Скопје на 2 јули 2026 година“, информираат од Кривичниот суд во Скопје. Пред ...

Во период од 9 до 11 јуни во Домот на Армијата во Скопје, се одржа Втората конференција за заедничка обука за оклопните борбени возила „Страјкер”. На конференцијата учествуваа претставници од Соединетите Американски Држави, (Националната гарда на Вашингтон, Армијата на САД за Европа и Африка, 7. Aрмиска команда за обука и 2. Коњички полк), претставници од Република Бугарија, Американската воена група во Република Северна Македонија и ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема нови барања од Бугарија за деблокада на интеграцијата на државата во ЕУ истакнувајќи дека тие барања се уште од 2022 година и оти, како што наведе, чекале три години да ги слушне цела Европа и светот, како и граѓаните што биле жртви на манипулативната политика на поединци. Останува оптимист и посочува дека разговараното на неговата средба со германскиот канцелар Фридрих Мерц и со францускит ...

Над 14,5 милиони денари биле исплатени спротивно на законските одредби во системот на социјална заштита во текот на 2024 година, покажува најновиот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР), кој нотира низа пропусти, недоволни контроли и сериозни слабости во работењето на надлежните институции. Според ревизорскиот извештај, 235 корисници истовремено користеле пензија и права од социјална заштита, иако тоа е спротивно на законските ...

Во криза и инфлација, банките и натаму нижат профит и според податоците на Народна банка за 2025 година вкупната добивка е близу 304 милиони евра, или 21 милион евра повеќе во однос на 2024 година. Само од провизии и надоместоци банките оствариле 118 милиони евра нето-приходи, што во однос на 2024 година е зголемување за 2,7 проценти или заработиле околу 3 милиони евра повеќе. Гувернерот на Народната банка Трајко Славески повика со закон да ...

Драматични повици за интервенција и најава дека во Итната помош се носи човек, кој беше изваден од вила во чад во штипската населба Кадидере, упати пожарникарот Александар Горѓиевски. Според информациите чади покривот од вилата, во чија близина се уште неколку други вили, кои засега не се во опасност. Првично, изгледа дека овој случај не е врзан со големиот пожар што избувна вчера попладне по удар на гром и кој доцна вечерта беше ставен под ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху остро му возврати на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, откако турскиот лидер ги осуди израелските воени активности во регионот и оцени дека тие претставуваат закана и за Турција. Во својата реакција, Нетанјаху го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“ и го обвини за „геноцид врз Курдите“, поддршка на палестинското движење Хамас, репресија врз сопствениот народ и затворање на политички противници. ...

Силна бура предизвика неколку проблеми во општините Горишница, Жетале и Подлехник во среда вечерта. Најлошо беше во општина Жетале, каде што пожарникарите реагираа на поплавени подруми, надојдени потоци, паднати дрвја и свлечиште. Во Горишница, дождовницата го поплави подрумот на станбена зграда, а пожарникарите од Противпожарната служба на Горишница испумпаа приближно 20 кубни метри вода. Повеќе интервенции беа регистрирани во Добрина, каде ...

Иранските власти оценија дека најновите американски воздушни напади сериозно го поткопале постојното примирје и го довеле во прашање продолжувањето на мировните напори меѓу Техеран и Вашингтон. Според иранското Министерство за надворешни работи, американските акции претставуваат јасно кршење на договореното примирје и дополнително ги усложнуваат дипломатските разговори. Портпаролот на иранската дипломатија изјави дека продолжувањето на ...

Секој во животот заслужува втора шанса за среќа, бидејќи најважна е љубовта. Кога љубов има се има… Љубовта која се роди меѓу пејачката Анета Љумакоска и музичарот Рубин Размоски пред неполн месец се круниса со брак. Заедно низ животот, заедно приватно, а заедно и професионално, бидејќи се во ист бенд. И веднаш по склопување на бракот тие заедно настапија на последното издание на Фолк фест „Валандово“, каде за Канал 77 прв пат прозборија за ...

Синоќа, во текот на вечерта беше активен голем ридски пожар во близина на Штип. Претпоставките се дека пожарот настанал од удар на гром, а пламените јазици зафатија голема површина над штипските викенд населби Плуждино и Новакова Чешма. Во гаснењето на пожарот покрај штипската територијална противпожарна единица, учествуваа и доброволните противпожарни друштва од Кочани и Свети Николе. „По наредба на штипскиот градоначалник Иван Јорданов ...

Без официјална потврда, албанските медиуми информираат дека поранешниот селектор на македонската сениорска фудбалска репрезентација, Благоја Милевски потпишал договор со тетовска Шкендија и е новиот тренер на клубот. Милевски според пишувањата, најавил дека ќе донесе репрезентативец во редовите на Шкендија, додека во меѓувреме наводно се преговара со Аријан Адеми за да биде дел од тимот. Засега и клубот и Милевски не се огласија за потврда. ...

За добивањето на новите лични документи – пасоши, лични карти и возачки дозволи граѓаните за период од пет години пларите 44 милиони повеќе односно вкупно 7 милиони евра, покажа најновото истражување на јавните набавки на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Најголем дел од 73-те милиони евра што ги платиле граѓаните е за добивање пасош, дури 60 милиони евра за 5 години. Документите ги изработува фирма која победила на тендер пред 21 ...

Земјотрес со јачина од 3,0 степени според Рихтеровата скала утринава беше почувствуван во охридско-струшкиот регион, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според официјалните податоци, потресот е регистриран во 5:36 часот, а неговиот епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани–Охрид–Струга. Од Сеизмолошката опсерваторија соопштија дека земјотресот бил почувствуван од жителите на Охрид ...

Министерството за надворешни работи извршило целосно авансно плаќање на четири авионските летови со избивањето на кризата во Иран, со кои беа вратени 590 патници од кои 521 македонски државјани. Со авансното плаќање, забележува анализата на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) МНР директно го крши лимитот од 20% предвиден со закон, притоа без соодветна банкарска гаранција. Процесот на набавка е спорен бидејќи преку сомнителни процедури ...

Со огромна огнена топка што се гледа од речиси сите делови на Штип се борат пожарникарите и доцните вечерни часови, откако пожар изби поладнето по 17 часот, во близина на Плуждино и се движи кон Кадидере. Гори треба и нискостеблеста шума. Покрај штипските пожарникари, се највува помош и од колегите од околните градови, на терен се и вработени во јавните пртетпријатија со целокупната механизација. Попладнето се наоблачи во Штип, немаше дожд, ...

По средбата во Софија меѓу претседателките на Македонија и Бугарија станува јасно дека внесувањето на Бугарите во Уставот не е единственото барање на бугарските власти. Бугарите имаат и услови поврзани со протоколите за историската комисија – изјави денеска во Софија претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по билатералната средба со шефицата на бугарската држава Илијана Јотова на маргините на самитот на шефови на држави и влади на ПСЈИЕ. ...

Пратеникот од Кочани Миле Лефков, градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски и пратеникот Зоранчо Јованчев, се тројцата нови членови на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, избрани на вечерашната седница на Централниот комитет. На седницата се избрани и нови претседатели на над 30 општински комитети во Четвртата и Петтата изборна единица и тоа: ИЕ4 1. Росоман – Ѓорѓи Крстевски 2. Демир Капија – Андон Дрнев 3. Неготино – Павлинче Честојнова 4. ...

Плодни дискусии за претставите избрани во официјалната селекција се случуваат на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. „Амадеус“ на Турскиот театар и „Случајната смрт на еден анархист“ на Театарот од Штип го привлекоа вниманието и на публиката во гледалиштето, но и на разговорите. Целата актерска екипа, како и режисерот Андреј Цветановски учествуваа на тркалезната маса што во чест на претставата „Амадеус“. Уметничката дириекторка на ...

Претставата на Македонскиот народен театар „Страв и надеж“ во режија на Татјана Мандиќ Ригонат ќе биде изведена вечерва во 20 часот на големата сцена на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, на шестиот ден на МТФ „Војдан Чернодрински“. Улогите ги толкуваат: Сашко Коцев, Сашка Димитровска, Александар Микиќ, Дарја Ризова, Наталија Теодосиева, Никола Ристановски, Тони Михајловски, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела Павловска. ...

Мај 2026 година беше вториот најтопол месец досега, според податоците на Коперникус. Глобалната просечна температура беше 15,81℃, 0,55 степени над просекот од 1991 до 2020 година. Во исто време, просечната температура на површината на океанот достигна 20,90℃, што е втора највисока температура досега забележана за месец мај. Научниците веруваат дека овие податоци се уште еден показател дека во наредните месеци може да се развие особено силен ...

Петтото издание на фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ ќе се одржи од 8-15 јули во Дојран, Струмица и Гевгелија. На денешната прес конференција за деталите, програмата, гостите и новитетите информираа директорот на фестивалот, Јани Бојаџи, селекторот, Златко Гелески и извршниот директор, Дејан Милошевски. -Оваа година по петти пат фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ останува доследен на тоа да е ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските сили продолжуваат да трпат огромни загуби на фронтот, при што секој месец, според него, гинат или се сериозно ранети повеќе од 30.000 војници. Тој нагласи дека ваквите бројки се резултат на интензивните борби долж линијата на фронтот, каде што, како што тврди Киев, руската армија спроведува масовни офанзивни операции со висока цена во човечки животи. Зеленски посочи дека, според ...

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, преку објава на социјалните мрежи соопшти дека, преку писмено пратеничко прашање, побарал увид во Меморандумот за соработка во енергетиката што министерката за енергетика, Сања Божиновска, го потпишала во Вашингтон, во април годинава. Но, како што вели наместо копија од документот, од Министерството за енергетика добил одговор со „нејасни формулации за можни ограничувања, меѓународни обврски и заштита на ...

На денешната прес-конференција, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, откри дека федерацијата понудила финансиска поддршка за реновирање на стадионот во Тетово, но тоа било одбиено од Шкендија. „Шкендија од Тетово не регистрираше нов стадион за новата сезона, иако нивниот стадион се реновира. Најавивме поддршка од 700.000 евра за изградба на трибини во Тетово. Сепак, на состанок со претставник на раководството ...

На 08.06.2026 во 13:50 часот, Полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.Т.(33) од село во општина Карбинци. Тој се сомничи дека во периодот од јануари до март 2026 година, додека престојувал во домот на едно семејство во светиниколско село, вршел полови дејствија, ја соблекувал и допирал по телото нивната малолетна ќерка, при што ѝ пренел и заразна болест, што е потврдено од Институтот за судска медицина Скопје при преглед на ...

Собранието денеска ја констатираше оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи, со што официјално престана неговиот мандат во Владата. Фетаи ја поднесе оставката на почетокот на месецов, наведувајќи дека одлуката е донесена по внимателно размислување и дека во актуелните околности тоа е најсоодветниот чекор. Тој тогаш порача дека функцијата ја напушта со „чиста совест“, оценувајќи дека во изминатиот период придонел кон реформите во областа на ...

Евроамабасадорот Михалис Рокас, при неговата денешна посета на Штип, на новинарско прашање, за став за Акцискиот план за малцинствата и коментар за ставот на Бугарија изјави дека за него имаше две јавни консултации кои што беа одржани, а исто така свој придонес имаше и Советот на Европа. „Се разбира дека ова подлежи понатаму на проценката која што ќе се направи од страна на Европската комисија. Меѓутоа, нема никаква сомнеж дека ние сме на ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
0.69
89%
1015
weather icon

Белград

13ᴼ / 12ᴼ
3.13
91%
1020
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
0.94
77%
1021
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.76
88%
1015
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
6.28
91%
1014
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 9ᴼ
0.31
91%
1022
weather icon

Атина

27ᴼ / 23ᴼ
1.34
43%
1012
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.22
84%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.61
88%
1015
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
4.02
85%
1011
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
3.13
66%
1019
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
3.26
86%
1013
Currency

61.635

Currency

53.453

Currency

71.3681

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Бакар

12.52

Злато

131337.93

Кобалт

45.39

Платина

53756.05

Алуминиум

3.48

Паладиум

39545.42

Сребро

2072.63

Калај

51.97

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00