Во Собранието денеска се одржа Сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, посветена на одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина. На сесијата се обратија потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, амбасадорката на Украина, Лариса Дир, пратеникот Оливер Спасовски, како претставник на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, амбасадорот на Франција, ...

Манчестер Сити, во финишот на преодниот рок, одлучи да направи решителен чекор кон реализација на трансферот на Енцо Фернандес. Доколку информациите од Англија се точни, тоа значи дека „граѓаните“ се подготвен да ги исполни барањата на Челзи. Неофицијално, станува збор за сума од 140 милиони евра. Ако се реализира, ова би бил вториот најскап трансфер во историјата на Премиер лигата, веднаш зад трансферот на Александар Исак од Њукасл во ...

Летото влегува во својата завршница исто како и битолското културно лето „Бит Фест“, но и реализацијата на големите спортски училишни инфраструктурни проекти кои изминативе месеци со голема динамика се градеа. За „Бит Фест“ на утрешната прес конференција ќе се направи рекапитулација на содржините за сечиј вкус кои културно го раздвижија градот, а фестивалот ќе биде заокружен со јубилејниот концерт на битолската група „Фолтин“. Кога зборуваме ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини бележи стабилна реализација на наплатата на концесиските надоместоци за експлоатација на минерални суровини, што е резултат на унапредувањето на системот на наплата и засилениот институционален надзор врз исполнувањето на обврските од концесиските договори. Во вториот квартал од 2026 година по основ на концесиски надоместоци се наплатени 299.461.897 денари, што претставува ...

Мирисот на чад којшто се чувствува во некои делови во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден, некаде во атарот на село Бојане, пожар којшто од тетовска страна, сега полека се префрла кон скопската страна, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Пожарот е на тешко пристапен терен, а на негово гаснење работат пожарникарите од Тетово, како поддршка на скопските пожарникари, кажа Ангелов и додаде дека очекува во попладневните часови да ...

Возачот на Мерцедес, Кими Антонели, ќе добие сосема нов погонски агрегат на Големата награда на Италија, што значи дека ќе стартува последен, без оглед на резултатот што ќе го постигне во квалификациите. Лидерот во генералниот пласман веќе го искористи дозволениот број мотори за оваа сезона, па Мерцедес одлучи да ја отслужи казната во Монца. Возачите имаат на располагање четири погонски агрегати во текот на сезоната, но поради проблеми со ...

ВЛЕН со нова политичка реакција во која го поврзува актуелниот случај со Артан Груби со позиционирањето на Бујар Османи во рамките на ДУИ, обвинувајќи го поранешниот министер за надворешни работи дека подолго време молчел за својот поранешен сопартиец. Од ВЛЕН велат дека денес изразот „пеењето на Бујар Османи“ добива ново значење, бидејќи, како што наведуваат, Артан Груби се соочува со правдата, додека Османи „го чека моментот да го направи ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска одржа координативна средба со директорите на сите општински основни училишта, на која беа разгледани последните подготовки пред почетокот на новата учебна година. На средбата беше потврдено дека училиштата се подготвени за стартот на учебната година и за пречекот на учениците на 1 септември, а особено на првачињата кои за првпат ќе седнат во училишните клупи. „Подготвени сме за ...

Бразилскиот репрезентативец, поранешен играч на Монако и Ливерпул, Фабињо, сезонава ќе го носи дресот на Трабзон. Фабињо во Трабзон дојде како слободен играч, откако му истече договорот со Ал Итихад. Бразилецот ќе ја обнови соработката со Мохамед Салах, кој две недели претходно потпиша две годишен договор со Трабзон. Фабињо и Салах беа дел од тимот што ја освои Лигата на шампионите во 2019 година и Премиер лигата една година подоцна. Foto/ ...

Летото можеби завршува, но моментите што ги поврзуваме со него не мора да завршат. Филмската вечер е можност да останете надвор малку подолго, да споделите храна, да се дружите по празниците и да поминете вечер без постојано да гледате на часовникот. Додека сите се враќаат од летните одмори и повторно се навикнуваат на секојдневните обврски, филмската вечер е одличен повод за повторно дружење со пријателите, семејството и соседите. Таа може ...

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денес ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје, каде се сретна со медицинскиот персонал вклучен во справувањето со епидемијата од западнонилска треска. – Системот е подготвен и здравствените работници ја имаат нашата целосна поддршка во справувањето со западнонилската треска како јавноздравствен предизвик. При денешната посета на овие установи направив увид во ...

Јонг-Ву Сеол ја напушта Црвена звезда, репрезентативецот на Јужна Кореа договорил трансфер во Бундеслигата. Црвена звезда потврди дека Саол ќе се пресели во Аугсбург, а обештетувањето ќе биде 4.000.000 евра. Преку бонуси, Звезда може да добие уште 1.500.000 евра, а тука се и десет проценти од следниот трансфер. Сеол пристигна во Звезда пред две години за 1.500.000. Ќе биде запаметен како еден од подобрите странски фудбалери што го носеле ...

Меланија Трамп откри необично хоби од детството во Словенија: Љубовта кон брзите автомобили ѝ ја пренел нејзиниот татко Првата дама на САД, Меланија Трамп, откри малку познат детал од своето детство во Словенија, раскажувајќи дека уште како девојче развила голема љубов кон автомобилите, автомобилските трки, дизајнот и брзината благодарение на нејзиниот татко. Меланија, која има 56 години, за тоа зборуваше во ретко интервју во живо за време ...

„Филипче на денешната прес-конференција, ги повтори трите постулати на СДС, а тие се ширење на лаги, манипулации и дезинформации. Впрочем, тоа го прави на секое негово појавување во јавноста“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Венко Филипче. „Очигледно е дека Филипче нема допир со реалноста, а тоа е поради неговата дружба со аболицираниот криминалец Заев, на неговата милионска јахта во Грција, кој му диктира што да кажува пред ...

Фудбалскиот клуб Партизан преживува тежки моменти. Во неделата, доживеа чпора од Младост во Лучани (3:1) и по шест рунди во првенството се наоѓа на претпоследното место на табелата. Црно-белите, во првите пет натпревари веќе забележаа три порази. Ден по новиот дебакл во Суперлигата, ФК Партизан излезе со вонредно соопштение. „Во врска со моменталната состојба и резултатите во домашното првенство, се одржа состанок на кој присуствуваа ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека компаниите во земјава се соочуваат со сериозни проблеми поради неплатениот поврат на ДДВ, при што државата должи близу 200 милиони евра, а дел од компаниите се принудени да затвораат и да отпуштаат работници. „Мицкоски нема ниту еден резултат. Нема никакви резултати во економијата, во образованието, во земјоделството, во социјалата. Едноставно, сè во државата е застанато. Луѓето немаат пари. ...

Собранието на Република Северна Македонија демантира дека обезбедува или плаќа приватно здравствено осигурување за пратениците и вработените во Собраниската служба, откако во повеќе медиуми беа објавени информации дека институцијата набавува ваков вид осигурување. Од Собранието велат дека станува збор за неточно и манипулативно претставување на фактите и појаснуваат дека јавната набавка се однесува на систематски, односно превентивни ...

Автобус што превезувал ученици од Германија се судри со комбе, па се преврте, рано утрово во источна Холандија, при што осум лица беа повредени и однесени во болница, соопшти холандската полиција. „Неколку лица се здобиле со сериозни повреди и се однесени во болница“, соопшти полициската управа на покраината Гелдерланд на социјалните мрежи. Неколку други лица се здобиле со полесни повреди во несреќата. Повеќе од 50 лица во автобусот Во ...

„Во Македонија граѓаните добиваат сметка за струја секој месец и броилото мора секогаш да им е отчитано секој месец. Кога нема отчитување, фактурата може да биде изработена врз основа на претпоставена потрошувачка, а вистинската состојба да се порамнува подоцна. Значи, ЕВН може да не знае точно колку струја сте потрошиле, но сепак, паушално, по претпоставка, да ви фактурира одреден износ“, велат од партијата Левица. „Токму овој апсурд ДПМНЕ ...

Поддршката од Министерството за транспорт за општина Струга е повеќе од 5,6 милиони евра во капитални инвестиции во булевари, улици и комунална мрежа, истакна заменик претседателот ан Владата и министер за транспорт Александар Николоски при работната посета на општина Струга. Тој заедно со градоначалникот Менди Ќура извршија увид во изградба на неколку нови улици во градот, проекти што се реализираат со поддршка на Владата преку ...

Норвешката фудбалска ѕвезда Ерлинг Халанд одлучи да се раздели со една од своите најпрепознатливи карактеристики – долгата руса коса. Напаѓачот на Манчестер сити, кој има 26 години, во неделата, на 23 август, објави видео на Инстаграм во кое ја покажа целосната трансформација и новата кратка фризура. Во видеото Халанд најпрво седи на стол со долгата коса која му паѓа преку рамениците. Потоа ја покрива камерата со раката, а кога повторно ја ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска порача дека обединувањето на опозицијата може да биде само околу јасни проевропски политики и Фронтот за вистина и правда, а Левица прво треба да се откаже од своите проруски политики и од Христијан Мицкоски. „Гледаме дека и прокси партијата на Христијан Мицкоски, тоа е Левица, се согласува за избори и повикува на некакво обединување на опозицијата. Обединувањето може да биде само со и зад ...

Барселона убедливо победи на гостувањето кај Елче во второто коло од Ла Лига, актуелниот првак победи со 5:0 (2:0). Каталонците поведоа во 14-та минута, кога Рафиња беше прецизен од пенал и им донесе водство на гостите. Елче се обиде да одговори, но Барселона успеа да зададе уште еден удар до крајот на првото полувреме. Во третата минута од судиското продолжение, Рафиња му асистираше на Карим Адејеми, кој ладнокрвно го погоди долниот десен ...

Владата има целосно разбирање за македонските транспортери, преземаме активности за изнаоѓање решенија преку билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Тој додаде дека Македонија наскоро ќе склучи нови договори со земји членки на Шенген зоната и на тој начин самостојно го решава проблемот. „Имаме целосно разбирање за транспортерите и се ...

Украина денес ја слави 35-годишнината од својата независност. Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, по повод ова изјави дека неговата земја е подготвена да ја заврши војната, но дека нема да се согласи со непроменетите услови на Москва. „Нема да им дозволиме да преземат иницијатива и да ја измамат Европа и целиот свет убедувајќи ги дека Украина само треба да се откаже од Донбас и дека сè наскоро ќе заврши. Немаме илузии. Не им ...

Шекил О’Нил и три децении по премиерата сè уште има посебна наклонетост кон филмот „Kazaam“, семејната музичка комедија од 1996 година која со текот на времето доби статус на култен филм меѓу многу миленијалци. Поранешната НБА-ѕвезда, која денес има 54 години, во филмот го играше Kazaam – џин стар 5.000 години кој излегува од магичен бумбокс и му исполнува три желби на 12-годишно момче. Во разговор за PEOPLE, додека зборуваше за својата нова ...

Денес времето претпладне ќе биде сончево и топло. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Послаби услови за краткотрајно невреме ќе има и утре попладне и кон крајот на денот, најави УХМР. Во Скопје, денес попладне и утре во вечерните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и ...

Французинот Артур Фис и Американката Коко Гоф, ги освоија титулите во поединечна конкуренција на Мастерсот во Синсинати. Во машка конкуренција, во изминатите три години турнирот го освојуваа Ѓоковиќ, Алкараз и Надал. Фис, со најголемиот успех во кариерата им се приклучи на великаните. Францускиот тенисер, во финалето го победи Американецот Френсис Тијафо со 6:3, 1:6, 6:0. Ова беше првото финале во историјата на Мастерс турнирите во кое играа ...

Норвешка ќе продолжи да експлоатира нафта и гас во Баренцовото Море, без оглед на фактот дека Европската Унија поддржува мораториум за арктички извори на енергија. Министерот за енергетика Терје Асланд, исто така, во едно интервју изјави дека Норвешка повеќе не се смета себеси за зелена батерија на Европа, објави „Ројтерс“. По руската инвазија на Украина во 2022 година, Норвешка стана најголемиот снабдувач на природен гас во Европа. Денес, ...

Општина Битола, во соработка со Институт Охрид, ги повикува младите на возраст од 15 до 29 години да се пријават за учество во проектот ЛАПСИ – Локални активни платформи за социјални иновации. Од нашата општина ќе бидат избрани 30 млади лица кои ќе имаат можност да учат, да ги истражуваат локалните предизвици, да разменуваат идеи и заеднички да развиваат конкретни предлози и решенија за подобрување на својата заедница. Програмата се ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42