Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Забраната за употреба на мобилни телефони во средните училишта во Франција ќе стапи на сила на почетокот на учебната 2026 година, објави денес претседателот на земјата, Емануел Макрон. „Заштитата на децата од опасностите што ги претставуваат екраните не може повеќе да чека. Училиште без телефони значи враќање на мирот неопходен за учење“, додаде францускиот претседател на платформата Икс. Оваа мерка, која ја иницираше претседателот на ...
На почетокот од новата сезона, Јувентус би можел да остане без еден од најважните напаѓачки адути. Повредата на Кенан Јилдиз за време на натпреварот со Фрозиноне сериозно ги загрижи челниците на торинскиот клуб, а доколку дополнителните прегледи го потврдат најлошото сценарио, турскиот репрезентативец би можел да биде надвор од теренот дури два месеци. Јилдиз го повреди левото стапало за време на натпреварот, поради што веднаш беше упатен во ...
Денес, Стејт департментот ја отстрани Сирија од листата на држави што спонзорираат тероризам, објави Министерството за финансии на САД. Овој потег првично беше најавен претходно оваа година, со услов претходно да се изврши верификација во Конгресот, објавува Ројтерс. Статусот на држава спонзор на тероризам подразбира ограничувања за странска помош од САД, извоз на одбранбена опрема и одредени финансиски трансакции. Текстот Стејт ...
Комо ќе донесе големо засилување во нападот, откако постигна договор за трансферот на напаѓачот на Фиорентина, Мојзе Кин, тврдат италијанските медиуми. Според информациите на „Газета дело Спорт“, зделката треба да вреди вкупно 45 милиони евра. Комо е подготвен веднаш да издвои 40 милиони, додека преостанатите пет милиони би биле исплатени преку бонуси. Фиорентина претходно одби понуда за својот напаѓач вредна околу 30 милиони евра, но Комо ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во телефонско интервју за „Канал 14“ изјави дека Иран се обидел да убие еден од неговите двајца синови, објавија денес израелските медиуми. „Иран се обиде да убие еден од моите синови“, рече Нетанјаху, без да даде дополнителни детали, објави „Тајмс оф Израел“. Тој додаде дека затоа обезбедувањето што го добиваат неговите синови не е луксуз, бранејќи го договорот постигнат со агенцијата за внатрешна ...
ДОМ бара да се стопира нетранспарентната постапка за дата-центарот во пресрет на утрешното гласање на советот во Пехчево. „Недозволиво е за проект со потенцијално сериозно влијание врз водата, енергијата, природата и локалната заедница да се одлучува зад затворени врати, без доволно информации, јасни анализи и вклученост на експертите граѓаните. Како што истакнавме во неколку наврати, дигиталниот развој не смее да биде изговор за ...
Кристофер Нкунку се враќа во РБ Лајпциг, објави Фабрицио Романо. Германскиот клуб постигна договор со Милан за позајмица на францускиот напаѓач, а договорот ќе вклучува опција за откуп за нешто помалку од 30 милиони евра. Нкунку претходно ги договори личните услови и сакаше да се врати во клубот каде што го помина најдобриот период од својата кариера. Французинот играше за Лајпциг од 2019 до 2023 година и во 172 натпревари постигна 70 гола и ...
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за мерки за обезбедување на безбедноста на критичната инфраструктура поради растечките закани за време на конфликтот. Според документот, мерките се однесуваат на објекти од енергетскиот комплекс, индустријата, телекомуникациите, комуналната, транспортната и логистичката инфраструктура, вклучувајќи ги транспортните и логистичките центри, како и објекти од енергетскиот сектор, вклучувајќи ги и ...
Велика Британија треба да ги декласификува строго доверливите информации за ракетната технологија за да ѝ дозволи на Украина да ги произведува британско-француските крстосувачки ракети со долг дострел „SCALP“, познати во Британија како „Storm Shadow“, на нејзина територија. Одлуката треба да му помогне на Киев да ја зголеми својата способност за напад на воени цели стотици километри зад руските линии, пишува CNN. Франција и Украина ...
Повеќе од 27,5 тони УХТ млеко од Косово, наменети за продажба во македонски маркет, биле запрени на граничниот премин „Блаце“, откако лабораториските анализи покажале присуство на афлатоксин над максимално дозволените концентрации. Станува збор за две пратки со вкупна тежина од 27.520 килограми млеко, кои биле задржани од инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство. По земањето мостри и извршените лабораториски испитувања ...
Денеска, градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски изврши посета и увид во состојбата и условите во градинките „Орце Николов“ во Карпош 2 и „Мајски цвет“ во Тафталиџе. Притоа, првиот човек на Општината разговараше со раководствата и вработените, каде беа разгледани просторните услови, инфраструктурата и секојдневното функционирање на објектите, како и предизвиците со кои се соочуваат тие. Целта на денешната средба беше согледување ...
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денес во Киев изјави дека Европската унија ги зела предвид моменталните финансиски потреби на Украина и дека останува фокусирана на исплатата на средствата во рамките на заемот од 90 милијарди евра наменет за поддршка на таа земја. Кошта го изјави ова на прес-конференција во Киев, по самитот одговарајќи на прашањето дали е можно да се забрза распределбата на средствата од заемот планиран за ...
Град Скопје, во соработка со Општина Кисела Вода, вечерва спроведува редовна акција за дезинсекција. Како што извести градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, третманот ќе ги опфати критичните подрачја, со цел навремена заштита на граѓаните и спречување на масовното размножување на комарците. „Прскањето ќе се реализира во периодот од 22:00 часот, па сè до целосното опфаќање на критичните места на општината, при што со ...
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски, објави денес дека цела демократска Европа постојано стои зад независна Украина. Сикорски, кој го претставува премиерот Доналд Туск, изјави дека досега на состанокот во Киев на земјите сојузници на Украина, зборувале и францускиот претседател Емануел Макрон, украинскиот претседател Володимир Зеленски и италијанската премика Џорџа Мелони. Меѓународната група држави што ја поддржуваат ...
Летото влегува во својата завршница исто како и битолското културно лето „Бит Фест“, но и реализацијата на големите спортски училишни инфраструктурни проекти кои изминативе месеци со голема динамика се градеа. За „Бит Фест“ на утрешната прес конференција ќе се направи рекапитулација на содржините за сечиј вкус кои културно го раздвижија градот, а фестивалот ќе биде заокружен со јубилејниот концерт на битолската група „Фолтин“, известува ...
Соединетите Американски Држави ќе ги удвојат царините за канадските возила од 2027 година, објави денес американскиот претседател Доналд Трамп. Во исто време, тој ја обвини Отава дека „ги краде Соединетите Американски Држави со години“. Соопштението дојде откако преговорите за трговски договор не успеаја, пишува „Euronews“. „На 1 јануари 2027 година, царините за сите автомобили, камиони (големи и мали), автоделови и челик ќе бидат зголемени ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека „Иран доживува целосен колапс“, само неколку часа пред да ги објави деталите за новите американски економски санкции против Техеран. Тој ја даде оваа изјава на социјалната мрежа откако американскиот министер за финансии Скот Бесант претходно најави „економски ден Д“ против Иран за денес, осврнувајќи се на сојузничкото истоварување во Франција во 1944 година. Трамп претходно најави ...
Утре претпладне времето ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, во вечерните часови во делови во котлината ...
Осумгодишно девојче од американската држава Луизијана починало откако се заразило со ретката амеба Naegleria fowleri, позната како „амеба што го јаде мозокот“. Се верува дека ја добила инфекцијата додека пливала во езеро недалеку од нејзиниот дом, објавува CNN. Лилијан Смарт, од Растон, северна Луизијана, починала за време на викендот во болница, кратко по прославата на својот осми роденден. Нејзините родители претходно рекле дека ...
Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека утре без водоснабдување ќе останат · Поради изведување на водоводен приклучок на улицата 2 бр.2 Козле, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица 2 и дел од улицата Козле-висока зона, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со активностите; · поради дефект на приклучна цевка ф-2“ на улицата Мирче Ацев бб, прекинато водоснабдување ќе имаат ...
Премиерот на Велика Британија, Енди Барнам, вети континуирана поддршка за Украина и покрај „скандалозните закани“ со кои се соочува неговата земја од Русија, пред состанокот на европските сојузници на Киев за да се разговара за нивната воена поддршка. Со состанокот на земјите-членки на „Коалицијата на подготвените“, кој се одржува по повод 35-годишнината од независноста на Украина, копретседателуваат Велика Британија, Франција и Германија. ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.08.2026 заврши со благ раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.236,21 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се зголеми за 18,82 поени, односно за 0,20%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,77 поени, без дневна промена, односно 0,00 поени и 0,00%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека се уредува пешачката зона долж целиот кеј на Вардар. Кејот, како што вели, е едно од најпосетените и најомилените места на скопјани. „Тука се спортува, се рекреира, се создаваат пријателства и се минуваат драгоцени семејни моменти. Затоа, неговото уредување не е само обврска, туку наша одговорност кон секој граѓанин. Започнавме голема акција за целосно уредување на пешачката зона, на ...
Над 5,6 милиони евра се инвестираат во капитални проекти во општина Струга преку поддршката од Министерството за транспорт, информира вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски. Средствата се насочени кон реализација на повеќе проекти поврзани со изградба и унапредување на булевари, улици и комуналната инфраструктура во Струга. Како што посочи Николоски, преку Министерството за транспорт се гради булеварот ...
Техеран денес повторно ја предупреди членката на НАТО, Бугарија, да не дозволува нејзината територија да се користи за израелски или американски воени операции против Иран, велејќи дека го задржува правото да го нападне изворот на каков било напад. „Немаме проблем со бугарскиот народ. Сепак, јасно ставивме до знаење дека секоја акција што според меѓународното право претставува поддршка за американско-израелската воена агресија против Иран, ...
Утре Советот на Општина Пехчево ќе гласа за иницијатива за изградба на дата-центар на пет парцели во Панчарево. За ваков објект, кој потенцијално може да биде огромен потрошувач на електрична енергија и вода, јавноста не знае речиси ништо: нема објавен инвеститор, нема податок за потрошувачката на струја, нема податок за потрошувачката на вода, нема информација за потребната инфраструктура, нема анализа за економската корист, нема јавна ...
Режимот на Киев ја отвори Пандорината кутија со напади врз руската цивилна инфраструктура и сега се соочува со одмазда секој ден, а тоа ќе продолжи и во иднина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред новинарите. Одговарајќи на прашање за нападите со беспилотни летала врз магацините на Озон, тој рече: „Ве упатувам повторно на интервјуто на претседателот Путин од саботата. Тој јасно рече дека Украина се обидува да ја нападне ...
Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со амбасадорот на Република Полска во Република Северна Македонија, Мариуш М. Бримора, на која беа разменети мислења за актуелните состојби и приоритетите во областа на правосудството, како и за можностите за натамошно унапредување на соработката меѓу двете земји. Во фокусот на средбата беа законите од Реформската агенда, со посебен акцент на унапредувањето на владеењето на правото, ...
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, вели дека Џани Инфантино не траба да заборави дека е Европеец. Дополнително, Чеферин го нарече планот на неговиот колега од ФИФА „полош од Суперлигата“. Порано овој месец, ФИФА го отфрли планот на Инфантино за основање нова подружница, која би управувала со комерцијалните права и правата за билети за сите натпреварувања на ФИФА, при што 21 отсто би биле продадени на приватна инвестициска компанија. ...
„Секоја најавена „мерка“ на Мицкоски за намалување на цените завршува со ново поскапување. Дизелот надмина 100 денари за литар. Ова е четврто поскапување за еден месец што ќе повлече и нови поскапувања на храната, транспорто, услугите. Четири пати поскапување, четири нови удари по џебот на граѓаните, додека Мицкоски си беше на екскурзија“, велат од СДСМ. „Со дизел над 100 денари ударот нема да остане само по џебот на граѓаните на бензинските ...