Божикната песна ,,Три цареви од Персија”, запишана од Марко Цепенков беше дел од репертоарот на божиќен концерт во Романија, традиционално посветен на романски и балкански песни. Концертот, емитуван во живо на романската национална телевизија за Божиќ на 25 декември 2024 година беше збогатен со оваа песна, која Романците ја преработиле, но ја отпејале на изворен македонски јазик. ,,Три цареви од Персија”, каланда, или божиќна песна, пред ...

Универзитетското студентско собрание соопшти дека Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ повторно ќе биде отворена 24/7 откако 1.700 студенти потпишаа петиција за продолжено работно време. Студентите се жалеа дека од 8 јануари читалната работела само до 22 часот, што за повеќето од нив претставува проблем во пресрет на испитната сесија и ги ограничува нивните можности за учење. Студентите потпишаа онлајн петиција, Универзитетското ...

Со почетокот на новата година словенечкиот град Нова Горица и германскиот Кемниц ја презедоа титулата европски престолнини на културата за 2025-та, со што во следните 12 месеци тие ќе бидат домаќини на повеќе културни настани, изложби и перформанси со кои ќе биде истакнато заедничкото богатството на европски култури. Како што соопшти денеска Европската комисија, дополнителна димензија на овие активности ќе им додаде и фактот што годинава се ...

Историјата на „василопитата“ е еден настан, кој се случи во IV век во градот Кесарија Кападокиска, во Мала Азија. Во тоа време, Свети Василиј Велики беше епископ на Кесарија и живееше во единство со неговите сограѓани, со љубов, разбирање и помагање еден на друг. Еден ден, кога Јулијан Отстапникот, нечесен цар и гонител на Христијаните, сакаше да оди за Персија и да војува со Сасанидите, тој помина близу Кесарија. Тогаш Св. Василиј, кој добро ...

Православните христијански верници во земјава денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик. Одбележувањето на Бадник во Скопје ќе почне пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“. Кум на годинашното одбележување е Радомир Макеларски, кој ќе го понесе ќупот за Бадник 2025, а здравичар е Атанас Петров, кој на платото пред ...

Жителите на населбата Колтук во Тетово поминаа околу 12 часа без електрична енергија, поради дефект на тамошната трафостаница. Од компанијата Електродистрибуција ДООЕЛ информираат дека дефектот е саниран, по што е продолжено со снабдувањето,а како причина наведуваат преоптовареност на мрежата. -Вчера околу 19 часот настанал дефект на нисконапонски кабел од дистибутивната трафостаница во населбата „Колтук” во Тетово поради преоптоварување на ...

Поради институционалниот ќорсокак на локалната самоуправа, Град Скопје и Секторот за внатрешни работи (СВР), крстосницата на булеварот „Васко Карангелевски“ и улицата „Коста Новаковиќ“ во општина Аеродром е без вертикална сообраќајна сигнализација и претставува опасност за сите учесници во сообраќајот, особено загрозувајќи ја безбедноста на 1.400 ученици од ООУ „Љубен Лапе“ кои секојдневно ја поминуваат. Од Општина Аеродром, на чија ...

Нова година – симбол за нов почеток, нови 365 дена кои ни претстојат. Новата година е најраспространетиот празник кој се одбележува, најчесто со забави, огномети, големи собири на плоштадите низ светот. Меѓутоа начинот, а и датумот на Нова година варира кај различни култури и народи. Постојат неколку видови на Нова година низ светот: Ова е најраспространетата Нова година која е на 1 јануари. Вечерта на 31 декември за дочек на Новата година се ...

Вчера, на Фесјуб страната на Зоолошка градина Скопје беше споделено дека се родиле две бебиња пингвини. Како што велат од таму, парот Џонатан и Лила се родителите на двете пингвинчиња кои се исплиле 23-ти и 26-ти ноември. Полот на пингвите се уште не се знае, ќе се утврди подоцна преку пердув или преку крв да се направи днк анализа. Во првите 20 дена за бебињата се грижеа родителите пингвини, а оттогаш зоонегователите секојдневно се во ...

Декември ја обви Македонија во снежна прекривка. Освен планините и повисоките места, со снег се прекриени и повеќето градови. Како што информираат УХМР најмногу снег има на Попова Шапка, 68 сантиметри, Маврово 60 сантиметри, а Крушево 25 сантиметри снежна прекривка. Во продолжение можете да погледнете дел од нашите зимски убавини, снегот кој точно пред Нова година ја разубави и зголеми празничната атмосфера. Попова Шапка Маврово Пониква ...

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска во рамки на традиционалното доделување годишни признанија свечено додели награди за најдобриот полицаец, пожарникар и крводарител на град Скопје за 2024 година, базирано на остварените резултати и избрани од нивните работни колективи, информираат од Град Скопје. – За своите заслуги и за хуманата, храбра и пожртвувана работа, признанија добија – Васко Тодевски од СВР Скопје Одделение за ...

Католичките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божик. Традиционално, во државава централната прослава по повод празникот се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде синоќа имаше божикна полноќна света литургија. Бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов на проповедта на литургијата упати честитка до ...

Екипи на зимската служба на Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“- Скопје во текот на изминатата ноќ почнале со активностите за чистење снег и фрлање сол на сите булевари и критични точки во градот. Од ЈП „Улици и патишта“- Скопје денеска соопштија дека е интервенирано со фрлање 45 тони индустриска сол на сите критични црни точки и на поголемите булевари и улици во градот со седум специјални возила на Град Скопје. – Се чистеа првите снежни ...

Амбасадата на Грција во Северна Македонија започнува серија проекции на грчки филмови со наслов „Ајде да се запознаеме“. Целта на проекциите, како што нагласуваат од амбасадата, е да се претстават современите грчки филмови кои се многу сакани во Грција, но и во странство. Серијата на проекции „Ајде да се запознаеме“ ќе започне со повеќепати наградуваниот филм „Мала Англија“ (2013, 2h12) на Пантелис Вулгарис, еден од најзначајните грчки ...

Во Белград минатата недела беше отворена изложбата „Украина, Љубов и Војна“ која е инспирирана од истоимената книга издадена од организацијата Фото Евиденција. Изложбата е организирана од Фондацијата за отворено општество која е меѓу првите фондации кои ја поддржале Украина уште од 1991 година, кога Украина стана независна држава и кога новооснованата украинска демократија имала потреба од зајакнување. Во изјава за Трн.мк извшрната директорка ...

Со 28 гласа „за“, ниту еден „против“ и еден „воздржан“, советниците на Град Скопје доцна вечерва ја изгласаа Одлуката за утврдување на вредност на надомест за извршени услуги во линискиот превоз на патници, по критериумот – остварен километар. Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески на почетокот ја истакна целата хронологија на случувањата по ова прашање и за одржаната 16-та вонредна седница на Советот каде се расправаше. -По ...

Со 28 гласа „за“ и два „против“ Советот на Град Скопје на денешната седница го донесе буџетот на Град Скопје за 2025 година. За Предлог-буџетот беа поднесени 42 амандмани од повеќе политички партии, а по координацијата на советничките групи со претседателот на Советот Трајко Славески и градоначалничката Данела Арсовска дел од амандманите беа самостојно повлечени од предлагачите, а дел одбиени поради технички неправилности. Предложениот Буџет ...

На македонскиот поштенски пазар првпат се воведени пакетомати, уреди кои на корисниците им овозможуваат самопослужување со преземање на својата пратка во кое било време во рок од 72 часа. Во Скопје се веќе поставени на седум локации, а во Битола на една. – Оваа иновација им овозможува на корисниците да изберат локација на пакетомат која ним најмногу им одговара, за пратката да извршат уплата преку електронско банкарство (доколку имаат обврска ...

Католичките верници и дел од православните христијани кои времето го сметаат по Грегоријанскиот календар денеска го слават Бадник, во пресрет на Божик, раѓањето на Исус Христос. Во државава централната прослава по повод празникот ќе се одржи во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје. Светата божикна литургија ќе ја предводи бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов. Божик утре го слават и Грчката, Бугарската, ...

Водата од системот на Град Скопје е санитарно исправна и граѓаните може непречено да ја користат, покажал вчерашниот вонреден мониторинг што го извршил Секторот за санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ по прекинот на водоснабдувањето во саботата. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), мониторингот опфатил девет клучни места: Автокоманда, Сингелиќ, Маџари, Ново Лисиче, Центар, Драчево, Пржино, Ѓорче ...

Барателите на азил во нашата земја се соочуваат со голем број на предизвици кои значително го отежнуваат нивниот престој во нашата држава. Еден од клучните предизвици е тоа што тие не можат да пристапат до пазарот на труд и да засноваат работен однос во текот на нивната постапка за признавање на право на азил. Неможејќи самостојно да си обезбедат средства за егзистенција но и финансиска стабилност за нив и за нивните семејства, тие често ...

Институтот за јавно здравје на Македонија (ИЈЗ) издаде препораки за граѓаните во врска со најавениот недостиг на вода во наредниот период во Скопје. П͟р͟е͟п͟о͟р͟а͟к͟и͟ ͟з͟а͟ ͟г͟р͟а͟ѓ͟а͟н͟и͟:͟ 1.Складирање на вода – Складирајте доволно вода во чисти садови за пиење, готвење и хигиена. Потребни се најмалку 4 литри вода по лице на ден. – Ако имате пристап до флаширана вода, набавете ја за овој период. – Наполнете канти, кофи или големи садови со ...

Во Скопје на плоштадот Македонија е поставена Божиќната пештера, известуваат од Бадникови Поворки. Тие велат дека ова е највеличествената и најимпозантната божиќна пештера во регионот. Пештерата е создадена од вајарот Зоран Тошески и неговата сопруга Македонка како и цел тим на волонтери. А, скопските општини и градовите низ Македонија веќе започнаа со подготовки за претстојните Бадникови поворки, најмалите ги изработуваат ѕвезди и ја ...

Скопје утрово е најзагаден град во Европа, покажуваат податоците на специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот „IQAir“. Индексот на загаденост во Скопје достигна 163, што е висока вредност. Прв на листата на најзагадени градови во светот е Делхи во Индија, а по него се Лахор во Пакистан, Акра во Гана, Багдад во Ирак, Кабул во Авганистан, Дака во Бангладеш, Вухан и Ченгду во Кина, Ханој во Виетнам, а на десетто место е ...

Хрватската поп-ѕвезда Миа Димшиќ го објави спотот за темата „Општествени правила“ (Društvena pravila) – песна создадена во соработка со македонскиот виртуоз на гитарата, Влатко Стефановски. Видеото е снимено во Скопје и зрачи со урбана естетика, којашто заедно со стиховите на Миа, поттикнува на размислување за општествените норми. Режијата е на Ива Чаиса од „Кроатија рекордс“ (Croatia Records), а зад камерата се најде и нашиот Александар ...

Само од јануари до октомври годинава, општините на пејачи и на други забавувачи потрошиле 961 илјада евра. До крајот на 2024 година, се очекува дека сумата ќе надмине еден милион евра. Лани, за оваа намена се потрошени 1 милион и 11 илјади евра, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации за исплатите за трошоците на општините за забавни манифестации. Најскапо платена, годинава, е Северина, за која Крива Паланка издвоила 25 ...

Родители на ученици од ООУ „Љубен Лапе“ и жители на Аеродром утрово одржаа мирен протест пред училиштето со барање да се реши проблемот со небезбедната крстосница на улиците „Васко Каранѓелески“ и „Коста Новаковиќ“. Тие велат дека е сериозно загрозена безбедноста на учениците, родителите, жителите во оваа област, но и на останатите учесници во сообраќајот. Поради големиот број сообраќајни незгоди на улицата „Васко Карангелески“, во близина на ...

На завршниот настан на овогодинешната кампања „Денови за донирање“ се прославија достигнувањата и учеството на повеќе од 3.000 граѓани и компании во активности во рамки на кои беше донирана вредност во износ од над 3.000.000,00 (три милиони) денари. Донациите сѐ уште се пребројуваат, а поддршката и средствата се наменети за граѓански организации со значајно влијание. Со кампањата се поддржува и донаторскиот фонд на Конект кој годинава ...

Балканот, според многумина, е „татковината“ на дивоградбите и веќе никој од ова поднебје не се изненадува, на пр., од надградени тераси коишто се среќаваат скоро на секој чекор, пишува порталот „Крстарица“. Во таа смисла, се посочува новото такво „архитектонско чудо“ – своевиден „пентхаус“, поточно стан којшто некако „виси“ до врвот од зграда, снимен во соседна Бугарија. Според познавачите, покрај очигледните естетски пропусти, тука се ...

Легендарен киоск, стар над 100 години, којшто се наоѓа на улицата „Клаиќева“ во Загреб, Хрватска, доби нов изглед. Трафиката, имено, сјае од стари разгледници со луѓе собрани пред загрепската катедрала во народна носија, плоштадот „Бан Јелачиќ“, коњи пред катедралата… За што всушност се работи? Музејот на Градот Загреб ги повика граѓаните да подарат стари новогодишни честитки коишто ги чуваат дома. „Испишани или не – тие се вредни сведоштва ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
47%
1015
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
1.79
61%
1016
weather icon

Загреб

10ᴼ / 10ᴼ
4.63
46%
1016
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
4.12
54%
1018
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
4.66
84%
1018
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 8ᴼ
1.03
61%
1016
weather icon

Атина

12ᴼ / 11ᴼ
3.6
67%
1011
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
0.0
47%
1013
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
35%
1013
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
7.72
73%
1017
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
4.12
53%
1018
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 8ᴼ
4.63
88%
1011
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Сребро

2179.44

Платина

61858.04

Паладиум

44753.84

Родиум

353658.21

Злато

144593.23

Кобалт

3.86

Рутениум

56199.51

Калај

43.91

Цинк

0.00

Иридиум

258288.78

Бакар

10.65

Алуминиум

3.19