
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Како дел од своите редовни деловни состаноци, менаџерскиот тим на КС Групацијата во чиј составен дел се компаниите Евротип, Голд Слот, КС Сервис, Голд Фелициа и Премиум Сејфти Солушн, одржа средба со цел запознавање со новитетите во своето работење и презентација на идните планови на делување во областите кои се примарни дејности на компаниите. Како компании кои постојано се грижат за кариерниот напредок на своите вработени и нивна постојана ...
Фахрие Евџен го прослави својот 37-ми роденден. Турската актерка, позната по улогата на Неџла во серијата „Кога лисјата паѓаат“, изгледаше атрактивно во тексас фустан на забава со семејството и пријателите. Фахрие позираше со сопругот Бурак Озчивит и нивните две деца покрај балони и позадина во барби стил. На истата забава, убавата ѕвезда и нејзиниот сопруг му организираа и детски роденден на синот Каран, кој наполни четири години во април. ...
Џеси Џеј одлучи да го открие идентитетот на таткото на нејзиното синче. 34-годишната пејачка, која роди „виножито“ бебе на 12 мај, објави фотографија од породувањето со царски рез и потврди дека забремени природно од момчето Чанан Сафир Колман. Славната музичарка и 39-годишниот кошаркар се запознале неколку недели по нејзиниот спонтан абортус во ноември 2021 година, а веста дека е повторно бремена таа ја сподели во јануари оваа година. Еве го ...
Семејството на Брус Вилис споделува спомени со него додека над нив надвиснува неговата дијагноза – фронтотемпорална деменција. Сопругата Ема објави видео од семејна авантура во Дизниленд, а фановите непрекинато испраќаат пораки за поддршка. Во приватната снимка, популарниот актер е насмеан и во одлично расположение до малата ќерка за време на возење во популарниот забавен парк во Калифорнија. View this post on Instagram A post shared by Emma ...
Принцезата Кетрин однесе гламур и елеганција на кралската свадба на принцот Хусеин од Јордан и Раџва Ал-Сеиф. На свадбената церемонија во палатата Захран во Аман, 41-годишната припадничка на британското кралско семејство блесна во нежна розова креација од Ели Сааб, впечатливи обетки и златна чантичка. Таа беше фотографирана додека се упатуваше на церемонијата со принцот Вилијам. Подоцна, за вечерниот банкет, Кетрин го промени својот фустан и ...
Шакира и Луис Хамилтон се во фокусот на папараците и медиумите, па виорат гласините дека има романтичен момент во нивните односи. 46-годишната пејачка му даде поддршка на славниот тркач на Ф1 Гран При на Шпанија, со што ги подгреа шпекулациите за врска. Славната Колумбијка објави фотографија од нејзиниот престој во Барселона, а тоа беше повод за многу дискусии на фановите онлајн. Многумина се убедени дека таа и Луис се повеќе од пријатели. Тие ...
Принцот Хусеин од Јордан стапи во брак со саканата Раџва Ал-Сеиф. Кралската свадба се одржа пред 1.700 гости во палатата Захран во Аман. Новата јорданска принцеза блесна во прекрасна венчаница од модниот волшебник Ели Сааб, надополнета со долг превез и дијамантска тијара. Тим од 20 лица помина 3 месеци создавајќи ја романтичната креација. Во својот свадбен изглед, Раџва додаде бели балетанки од брендот d'Orsay. Подоцна, среќната невеста се ...
Во согласност со корпоративната политика на Веро за поттикнување активности кои придонесуваат за поздрава и почиста животна средина, на 1 јуни започна голема летна наградна игра „Даруваме и животната средина ја чуваме“ со богат фонд на еко награди. Главната награда која ќе заврши во рацете на најсреќниот потрошувач е електричен мотор C-VIBE. Наградната игра ќе трае до 14 јули, а во неа може да учествуваат сите полнолетни потрошувачи на Веро. Со ...
„Алумил“, една од најсовремените компании за производство на алуминиумски системи, вчеравечер свечено го отвори новиот изложбен салон во Скопје. Голем број гости, претставници на бизнис-елитата, клиенти и соработници имаа можност во релаксирана атмосфера да се запознаат одблизу со изложените примероци на алуминиумски системи од богатото портфолио на компанијата. Овој простор ќе овозможи додадена вредност за потрошувачите кои ќе имаат можност на ...
Оваа донација, најголемиот европски дрогериски ланец ја реализираше со донирање на бебешки креветчиња за ЈЗУ Општа болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар. Компанијата dm drogerie markt која гордо го носи епитетот на една од општествено најодговорните компании, оваа година го одбележува Меѓународниот ден на децата со донација на 15 бебешки креветчиња во вредност од повеќе од 300.000 денари во ЈЗУ Општа болница ,,Д-р Ферид Мурад’’ во Гостивар. На ...
По две години неуморна потрага по нов дом, Џенифер и Бен Афлек купија грандиозна куќа во Беверли Хилс. Славниот пар се раздели со 60 милиони долари за да го поседува домот од соништата. Имотот се протега на 4.300 m2. Во куќата се сместени 12 спални соби и 24 бањи, а во дворот се наоѓаат и голема гостинска куќа, прекрасен базен и кошаркарско игралиште. Имотот бил огласен со цена од 75 милиони долари, но Бен и Џенифер платиле 15 милиони долари ...
Јуни традиционално ни ги буди љубопитството и желбата за дружење. Контактирањето со многу лица ќе нè усреќува повеќе од вообичаено, па ќе ги зачестиме друштвените средби во актуелната сезона на близнаците. Огнениот Марс и романтичната Венера ќе се здружат во лав, што значи дека страста ќе виори околу нас и ќе нè поттикнува да бидеме посмели на љубовен план. А тоа е невозможно да не резултира со жешки средби кои ќе ни го растреперуваат и срцето и ...
На Џенифер Гарнер не ѝ пречи да се дружи со децата на Џенифер Лопез и покрај тоа што таа е во брак со нејзиниот поранешен сопруг Бен Афлек. 51-годишната актерка ја одведе ќерката на Џеј Ло, Еми, заедно со ќерка си Серафина во Дизниленд и имаа забавен „женски“ ден. Тие се возеа на ролеркостер во „најсреќното место на Земјата“. 15-годишната Еми и 14-годишната Серафина се зближија во 2021 година, откако нивните родители ја обновија врската од пред ...
Ана Ивановиќ ужива во семејна идила. Поранешната српска тенисерка беше фотографирана на прошетка со трите деца само две недели по породувањето. Папараци фотографиите ја прикажуваат Ана како ја турка количката и го носи во рацете новороденото бебенце, додека покрај неа трчаат и се возат на тротинети поголемите синови Леон и Лука. Шарматната сопруга на Бастијан Швајнштајгер на 9 мај објави дека им се роди трето дете. На фотографиите направени на ...
Во супер атмосфера и со многу позитивна енергија во саботата се одржа Dragonball турнир како дел од фестивалот на јапонска култура Нихон-џи, на кој годинава Божиновски часовници и накит беше горд спонзор. Покрај турнирот, на фестивалот посетителите имаа можност да се запознаат со специјалната колекција на Swatch посветена на Dragonball. Погледнете ја оваа навистина несекојдневна колекција на часовници која моментално може да ја купите со 30% на ...
Здравко Чолиќ вчера наполни 72 години. Балканската музичка ѕвезда доби специјална честитка од поголемата ќерка Уна. 21-годишната девојка на Instagram објави нивна заедничка фотографија, а во описот напиша: „Среќен роденден на најдобриот татко! Моја гордост, те сакам“. Уна на популарната социјална мрежа ја следат повеќе од 42 илјади фанови. Чолиќ е роден во 1951 година во Сараево. Од мали нозе тој покажувал интерес за музиката, а првата музичка ...
Меган Фокс и Машин Ган Кели навидум ги оставија љубовните драми зад себе. Популарниот пар со заедничко излегување им потврди на фановите дека е далеку од разделба. 37-годишната актерка и 33-годишниот музичар беа фотографирани во Лондон на промоцијата на неговата нова колекција прстени во соработка со Стивен Вебстер. Повикувајќи се на анонимни извори, странските медиуми известуваат дека парот напорно работи на врската, но дека ги одложи плановите ...
Почина Драги Христов. Победникот на првото македонско реално шоу, познат по прекарот Драги Шпага, издиша за последен пат на 52-годишна возраст. Тој боледуваше од рак на белите дробови и се соочуваше со сериозни здравствени компликации. Драги победи во шоуто „Тоа сум јас“ кое се одржуваше во 2004 година и освои автомобил. pic.twitter.com/1vxGQPNrCW — Dragispaga (@Dragispaga) December 27, 2015 pic.twitter.com/IRXXKCphLX — Dragispaga (@Dragispaga) ...
Да се патува со мали деца не е лесно, а мајките многу добро го знаат тоа. Сепак, Кејси Хаф потсетува дека вреди да се помине низ сите предизвици поврзани со подготовките и остварувањето на патувањата, за да се создадат заеднички спомени со децата. Како мајка на три мали деца, популарната авторка честопати споделува свои гледишта и искуства со останатите родители, потсетувајќи ги дека не се сами во нивните секојдневни борби. Хаф вели дека ...
Сиа откри своја голема тајна. Пејачката, која го крие своето лице со перики, сподели со јавноста дека е во аутистичниот спектар. За време на гостувањето во „Rob Has a Podcast”, Сиа изјави: „Јас сум во спектарот и се опоравувам или што и да е. Има многу работи“. „Никој не може да те знае и да те сака кога си полн со тајни и живееш со срам. Дури кога ќе седнеме во соба полна со непознати лица и ќе им ги кажеме нашите најдлабоки, најтемни, ...
Хајди Клум и Том Каулиц уживаат во волшебната Франција. Славниот пар одмараше на јахта, а со љубовните потези ги забрза активираните прсти на папараците. Најновите фотографии ги прикажуваат како си разменуваат бакнежи на јахта и безгрижно се забавуваат. 49-годишниот модел и 33-годишниот музичар се префрлија на релаксација по неколкуте нејзини ангажмани за време на Канскиот филмски фестивал на француската ривиера. Славната двојка заплива во ...
Ал Пачино набрзо ќе го добие првото дете со Нур Алфала. Претставник на 82-годишниот актер потврдил за TMZ дека неговата девојка 29-годишна девојка е во осмиот месец од бременоста. Пачино има уште три деца со две други жени. Парот беше фотографиран минатиот месец во Лос Анџелес. Веста дека легендарниот холивудски актер ќе добие принова одекна само неколку недели по раѓањето на бебето на неговиот долгогодишен колега Роберт Де Ниро. Пачино е татко ...
Остварувањето на сонот за убава фигура повеќе не го одложувајте ниту еден ден. Од атрактивно тело ве делат само упорноста за вежбање и секојдневното квалитетно потење. Фитнес ѕвездата Мери Браун креираше тренинг кој не само што ќе ве облее со пот, туку и ќе согори голем број калории и ќе го стопи оној слој масни наслаги кој толку многу ве фрустрира. Очекувајте да ви се забрза срцето и да ве „печат“ мускулите, но задоволството кое ќе го ...
Среќата не познава возрасна граница. Бабички од Бразил го забавуваат светот со видеата кои ги создаваат за социјалните мрежи, а во кои заразно се смеат на филтрите за селфи. Во и Тита чекорат во деветтата деценија од животот, но не дозволуваат годините да им ја уништат страста кон животот. Двете сестри освоија милиони интернет корисници со својата харизма и среќа, прославувајќи се не само во нивната татковина, туку и низ светот. Обидете се да не ...
Температурите надвор растат, а заедно со нив расте нашата желба за полесна облека и модни експерименти. Керол Кари е модна зависничка и пејачка која умее да привлече внимание со стилот и која ја следат илјадници фанови од целиот свет. Убавата Бразилка од мали нозе живее во Португалија, градејќи кариера не само во музичкиот свет, туку и во модниот. Погледнете дел од нејзините стилски предлози за топлите денови кои доаѓаат: Нема слични статии. ...
Жерар Пике и Клара Чиа Марти го посетија концертот на бендот Coldplay во Барселона. 36-годишниот поранешен фудбалер и неговата 24-годишна девојка беа фотографирани од папараците додека се упатуваа кон стадионот „Estadi Olímpic Lluís Companys“. Клара и Жерар се запознаа по нејзиното вработување во канцеларија во неговата компанија Kosmos. Тие јавно ја објавија својата романса во август минатата година, неколку месеци по разделбата на Пике и ...
Маја Гроздановска-Панчева прослави голем јубилеј. Македонската пејачка со вечера со семејството и пријателите го одбележа 50-тиот роденден. Маја објави фотографии со најблиските, а на едната од нив позира со сопругот Дарко и двете ќерки Марија и Надица. View this post on Instagram A post shared by Maja Grozdanovska Pancheva (@grozdanovskapancheva) Минатиот месец, Маја со ќерките го придружуваше Дарко на промоцијата на докуметарниот филм за ...
Селин Дион ја откажа светската турнеја „Courage“ поради неизлечивата болест со која се соочува. 55-годишната музичка дива, која страда од Синдром на вкочанета личност, претходно ги одложуваше концертите, но сега објави дека е најдобро да откаже сè додека не биде подготвена да се врати на сцената. „Жал ми е што повторно ќе ве разочарам сите. Напорно работам за да си ја вратам силата, но турнеите знаат да бидат многу тешки дури и кога си на 100%. ...
Што претставува инконтиненцијата, за каква состојба станува збор? Проф. д-р Васил Илиев:- Континенцијата претставува физиолошка, нормална функција на полнење на бешиката, која меѓу две празнења е комплетно сува, односно не доаѓа до истекување на урина. Инконтиненција е спротивното, односно кога доаѓа до губење на урина, не по желба, туку станува збор за неволно, неконтролирано мокрење поради разни причини (подмочување). Ова е сложен термин. ...
Тинејџерка која се бори со ракот доби голема поддршка од група пријатели. Во знак на солидарност со болната девојка, неколкумина момци си ги избричија главите и ја изненадија. Се разбира, таа не можеше да си ги задржи солзите на прекрасниот гест. „Никој не се бори сам! Ако имате пријатели, имате сè“ – пишува во видеото. NO ONE FIGHTS ALONE: Teen fighting cancer is surprised by her group of friends when they show up to her house after shaving ...