Драгана Мирковиќ ретко споделува приватни моменти на социјалните мрежи, но сега одлучи да им дозволи на обожавателите да ѕирнат во специјален момент за нејзиното семејство. 55-годишната фолк пејачка објави фотографии од гламурозната прослава за 21-виот роденден на нејзината ќерка Мануела. На фотографиите од бајковитата роденденска забава, Драгана позира со славеничката Мануела, синот Марко и сопругот Тони Бијелиќ. „Бајка за мојата принцеза. ...

Никогаш не сте престари за да се грижите за себе, за да влезете во форма и за да си го подобрите здравјето. Оваа порака секојдневно ја испраќа Џоан МекДоналд. Инспиративната бабичка, која започна да вежба на 70-годишна возраст, ги потсетува сите луѓе, а особено оние од постарата генерација, дека вредат и дека не треба да се откажуваат прерано од животот. Џоан тежела 90 килограми кога го започнала своето патување. Таа имала бројни здравствени ...

Принцот Луи присуствуваше на церемонијата „Trooping the Colour“ за роденденот на кралот Чарлс и повторно стана хит. 5-годишниот син на принцезата Кетрин и принцот Вилијам го украде вниманието со своите неодоливи и смешни гримаси. Малото момче се возеше во кочија заедно со принцезата Кетрин, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и кралицата Камила, а потоа го следеше воздушниот спектакл од балконот на Бакингемската палата заедно со семејството. Малиот ...

Кога се прават испитувања за генетски промени? Честопати кога станува збор за пациенти кои имаат неуспешни бремености и кај кои се направени ин витро постапки или имаат спонтани абортуси, треба да се види причината која што довела до ваквата ситуација. Обично кај пациентите бараме да направат кариотип, со цел да се види дали има некакви генетски промени во составот и во бројот на нивните хромозоми. Исто така, имаме пациенти кај кои што веќе е ...

Со големата церемонија „Trooping the Colour“ беше одбележан првиот роденден на кралот Чарлс по неговото застанување на британскиот трон. Како и секогаш, пристигнувањето на кралското семејство во Бакингемската палата беше следено од насобраната голема публика. Принцезата Кетрин пленеше во дамска зелена комбинација која се состоеше од палто-фустан од Andrew Gn, шешир од Philip Treacy и салонки од Aquazzura. Ова е прва ваква церемонија за Кетрин по ...

Кортни Кардашијан е бремена со своето четврто дете. 44-годишната ѕвезда од „The Kardashians“ го очекува првото заедничко дете со сопругот Тревис Баркер. Среќната вест Кортни му ја соопшти на Тревис сред негов концерт со Blink-182 во Лос Анџелес. Таа се појави во публиката со транспарент на кој пишуваше „Тревис, бремена сум!“. View this post on Instagram A post shared by Kourtney Kardashian Barker (@kourtneykardash) До пред повеќе од една година, ...

Антониа Гиговска со нетрпение ги одбројува деновите до породувањето, а со фотосесија ја овековечи трудничката фигура. Македонската музичка ѕвезда сподели мини албум со фотографии кои го ставаат во фокусот нејзиното стомаче заедно со пораката: Бремена во 36-та недела. Малечко мое, Се ближи крајот. Поминавме многу заедно, а тек што нè чека. Бројам ситно да те гушнам. Знаеш дека сме посилни од сè! Знам дека ќе бидеш мојот борец, мојот силен, мојот ...

Дејвид Бекам е навистина посветен татко. Тој постојано ја разгалува ќеркичка Харпер и негува многу блисок пријателски однос со неа. Дуото татко-ќерка се забавуваше на концертот на Хари Стајлс во Лондон. На трибините на стадионот Вембли, 48-годишниот поранешен фудбалер и 11-годишното девојче пееја и уживаа во музиката на Стајлс. Бекам објави видео со Харпер во кое ја пеат песната „Late Night Talking“. Иако многумина го искоментираа нивниот бакнеж ...

Во Фиренца се одржа ревија која ги собра најголемите модни ѕвезди. Ирина Шајк, Меј Маск, Вини Харлоу, Стела Максвел, Наташа Поли, Ешли Грем и Ева Херцигова беа меѓу моделите кои дефилираа на модното шоу на LuisaViaRoma, кое оваа година се одржа во соработка во британскиот Вог. На плоштадот Микеланџело во шармантниот италијански град беа презентирани архивски креации од 50 различни брендови создадени во изминатите 50 години. Нема слични статии. ...

Вини Харлоу е инспирација за многу девојки со витилиго. Токму таа ја мотивираше Шахад Салман да посака да ги направи првите чекори го модниот свет. Девојката од Мека сега самоуверено ги покажува белите дамки на кожата предизвикани од витилиго и смело се обидува да придонесе кон промена на стереотипите за убавина. Шахад вели: „Многу е важно да ги предизвикуваме стереотипите, но важно е и да имаме самодоверба. Тоа е една од моите најсилни страни. ...

Џеси Џеј е среќна што зачекори во светот на мајчинството и се одушевува на чудото кое може да го направи женското тело. Славната пејачка сподели фотографија на која позира 11 дена по породувањето, за да пренесе порака до новите мајки да го слават своето тело. Прочитајте ја нејзината порака: Го пишувам ова за мене и за секоја друга личност на која ѝ треба да го прочита ова. Твоето тело беше дом за некој да живее 9 месеци. Твоите органите беа ...

Ал Пачино во деветтата деценија од животот повторно заплива во родителските води со раѓањето на ЧЕТВРТОТО дете. Легендарниот актер објави дека неговата девојка Нур Алфала се породи преку нивниот претставник за јавноста, кој соопшти: „Потврдувам дека Ал Пачино и Нур Алфала добија син, кој се вика Роман Пачино“. 83-годишниот актер и неговата 29-годишна партнерка пред два дена беа фотографирани додека се упатуваа на вечера во Вест Холивуд. Пачино ...

Со вкупен награден фонд од 4,306,975.00 денари „Нептун“ отпочна наградна игра со која што заедно со своите верни купувачи и клиенти ќе го прослави големиот роденден - 30 години постоење. Главна награда е стан во комплексот East Gate Living, а дополнително, компанијата ќе доделува и 87 неделни, како и седум месечни награди. Роденденската награда ќе трае до 24 декември 2023 година. Како и секогаш, „Нептун“ и овој пат се придржува до своето ...

Во една болница во Вирџинија се случува вистински „бејби бум“. Дванаесет вработени на одделот за неонатологија и наонатална интензивна нега беа бремени во исто време. Две од нив се породија, а 10 сè уште ги носат бебенцата во своите утроби. Среќните трудници и мајки позираа заедно за фотосесија во болницата во која работат. „Ова е најголем број трудници во еден оддел во историјата на болницата. Пет од нив за првпат стануваат мајки“ - изјавил ...

Ајдин Османовиќ и неговиот професор Јасмин Брашњиќ се на мисија да ја зачуваат традиционалната музика од заборав и да им ја доближат на младите. 12-годишното момче од Босна и Херцеговина со силни емоции ја отпеа македонската песна „Многу мерак имам бабо“ и повторно освои бројни комплименти. „Нашата желба е традиционалната народна музика на сите народи и народности да ја оттргнеме од заборав и да ја претставиме пред светот на некој наш начин во ...

Половина година по преселувањето во Ријад, Џорџина Родригез го сними првиот моден едиторијал за саудиското издание на „Harper’s Bazaar“. Девојката на Кристијано Роналдо позираше во креации од брендови како Alberta Ferretti, Faraz Manan и Wolford. Во интервјуто, таа изјавила дека живеењето во земја со различна култура ѝ помогнало да созрее уште повеќе како личност. „Патувањето и живеењето во нови култури, особено живеењето во земји кои се толку ...

Никогаш не е предоцна за да си ги следите соништата. Баба од Бразил привлече големо внимание откако одби да седи дома за да ги чува внуците и наместо тоа избра да патува низ светот. Своите авантури таа ги документира на Instagram. Јосефа Феитоса немала шанси да ги посети омилените земји, бидејќи цел живот им го посветила на трите деца. Но, кога дошол моментот да замине во пензија, таа не го направила она што се очекувало од неа – да се грижи за ...

Ѕвездите на „Asteroid City“ се собраа во Њујорк за премиерата на долгоочекуваниот нов филм на Вес Андерсон. За свеченоста во Големото јаболко, дамите Марго Роби и Скарлет Јохансон избраа елегантни стајлинзи во црна и бела боја. Роби шармираше во црно-бела креација со плисирано здолниште од високата мода на Schiaparelli која ја искомбинира со класични салонки. Јохансон со насмевка позираше во бел фустан со набори од колекцијата ресорт 2024 на ...

Тамара Калиниќ му кажа „ДА“ на Филипо Теста. Српската блогерка, која соработува со најпопуларните светски брендови, се вери со шармантниот Италијанец кој исто така е дел од модната индустрија. Познатата модна ентузијастка доби романтично изненадување за време на патувањето со кое ја славеше со саканиот годишнината од врската. Иако фановите уште пред да замине на изненадното патување ѝ предвидуваа дека ќе заврши со прстен на раката, таа беше ...

„Алкалоид“ АД Скопје, како општествено одговорна компанија, постојано тежнее кон поздрав свет и кон супериорен квалитет на производите и на услугите, a чиј императив се грижата за здравјето и заштитата на секој човек, високо позиционирани во корпоративната деловна стратегија. И оваа година хуманиот однос спрема секој човек и спрема заедницата го покажа со нова крводарителска акција на вработените во компанијата, реализирана по повод ...

Детските срца знаат искрено да сакаат. Добродушно девојче си ја скрати долгата и убава коса, за да ѝ подари перика на својата помала другарка која се бори со рак. „Третоодделенка ја донираше својата коса за да се направи перика за нејзината помала другарка боја се бори со рак. Малата Џулија веќе две години е болна од рак и низ сето тоа минува со насмевка на лицето. Неодамна, нејзината добра пријателка Светлана одлучи да ѝ даде подарок“ – стои во ...

Во семејството на Еминем имаше нов повод за славење. Неговата посвоена ќерка Алаина Мари Скот заплива во брачните води. 30-годишната девојка се омажи со долгогодишниот партнер Мет Молер на церемонија во Детроит. Таа објави фотографии од свадбата на Instagram. Среќната невеста носеше венчаница од дизајнерката Катерина Бочи. Алаина е ќерка на сестрата на поранешната сопруга на Еминем, која беше зависничка од дрога и почина во 2016 година. Во 2004 ...

Тијана Дапчевиќ е горда мајка на полуматурант. 47-годишната музичарка сподели фотографии на Instagram од важниот ден за синот Вук и напиша: „Замина детето на полуматура. Среќно сине, те сакаат мама и тато“. На една од фотографиите, Тијана позира со среќниот полуматурант и со сопругот Милан. Не е тешко да се забележи сличноста меѓу мајката и синот. Тијана и Милан се во брак повеќе од две децении. Вук е нивното единствено дете. View this post on ...

Дани Димитровска започнува со промовирање на нова музика. Македонската пејачка ја објави првата песна од новиот албум насловена „Има љубов во нас“. „Страдаме во илузија дека сме немоќни, неспремни, зли и сурови. Љубов е лекот. Секој сам може да им стави крај на војните во себе, да биде лек за овој свет и секогаш свесен дека има љубов во нас. Ние сме љубов. Ти си љубов. Јас сум љубов!“ – вели Дани за својот најнов сингл. Композитор и текстописец ...

Големото реотворање на реновираната дрогерија, од компанијата го најавија за 15 јуни, а по тој повод се најавени попусти од -15% на апсолутно сѐ! Попустите ќе траат 3 дена, од 15.6 до 17.6.2023 година. Полека, но сигурно се ближи денот на повторното отворање на дрогеријата на dm на Бит-пазар. Дрогеријата на dm на Бит-пазар, која се отвори во 2013 година по десетгодишното работење, на почетокот на месец мај беше затворена заради реновирање. По ...

Постпородилната депресија е тема за која не се зборува доволно и која многу често не е разбрана. Маж си постави мисија да го промени тоа и да ја зголеми свеста кај луѓето за овој проблем со кој се соочуваат дел од родилките и нивните семејства. Откако неговата сакана Аријана си го одзеде животот 9 дена по раѓањето на близначиња, Тајлер Сјутон започна отворено да зборува за предизвиците со кои таа се соочувала. Аријана се породи предвреме на 22 ...

Слободно може да се рече дека Џени Пекам е омилената дизајнерка на принцезата Кетрин. Сопругата на принцот Вилијам редовно носи креации кои излегуваат од ателјето на британската креаторка. Златна креација во која Кетрин блескаше на премиерата на „No Time to Die“ во 2021, сега стана моден избор и на Иванка Трамп. Ќерката на Доналд Трамп шармираше во истиот фустан, но во тиркизна нијанса, за прославата на Бар мицва на нејзината ќерка Арабела. Ова ...

Главниот јапонски град беше најновата дестинација за семејна забава на Дејвид и Викторија Бекам. Славниот пар отпатува во Азија заедно со синот Круз и ќерката Харпер. Преку нивните најнови фотографии, тие пренесоа до фановите дел од авантурите во Токио кои вклучуваа дружење со гејши, дегустирање на локални специјалитети и уживање во необичната архитектура. „Беше многу убаво што сум пак во Јапонија со семејството и што учиме за културата и се ...

Џенифер Греј беше специјална гостинка на овогодишното доделување на театарските награди „Тони“. 63-годишната ѕвезда од „Dirty Dancing“, која влезе во улога на Бејби, ја истакна витката фигура во елегантна црна креација. Таа доби бројни комплименти за одржаниот изглед. На свеченоста, Џенифер му додели награда за животно дело на својот татко Џоел Греј. Во „Dirty Dancing“, Греј глумеше со Патрик Свејзи, кој почина во 2009 година од рак на ...

Данијела Мартиновиќ ја промовираше својата книга „Tuširanje duše“. Хрватската пејачка организираше прекрасен настан во природа во Загреб, на кој заблеска во жолт фустан со цветови. На овој посебен ден, 51-годишната музичка ѕвезда ја доби поддршката од новиот партнер Јосип Плавиќ и нејзината мајка Ивка. „Многу е тешко да се опишат нијансите и распоните на состојбите низ кои поминав додека ја создавав оваа книга, но она што е важно да се нагласи - ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
94%
1014
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
59%
1014
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
43%
1016
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
64%
1015
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
3.74
79%
1014
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 18ᴼ
2.06
90%
1017
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
2.06
64%
1011
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
57%
1013
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
50%
1014
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
4.12
53%
1014
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
1.79
45%
1015
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
5.14
69%
1011
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.4012

Currency

34.3134

Currency

38.0818

Currency

65.2285

Currency

7.33049

Currency

0.65711

Currency

0.35837

Currency

0.52536

Currency

1.289

Currency

0.60048