
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Сашко Коцев со сопругата Смиљана присуствуваа на свеченото отворање на 12-тата ликовна колонија „Вевчански видувања“. На настанот во Вевчани, македонскиот пар шармираше во елегантно издание. Смиљана носеше црн фустан и елегантна зелена марама, додека славниот актер се појави во класично црно одело со машна. Сашко ја запроси Смиљана на „Златна бубамара на популарноста“ во 2012 година, а неколку месеци подоцна стапија во брак. Тие имаат едно дете ...
Девојче, кое има тешки изгореници, доби перика направена од косата на мајка си и не можеше да си ја сокрие среќата. Во видеото објавено на TikTok, малата Емили го добива прекрасниот подарок. „Знаеш ли што е ова? Се сеќаваш кога побара перика од косата на мама? Ова е твојата перика од косата на мама“ – ѝ вели мајката на Емили пред да ѝ ја стави периката на главата. @philmyers08 #wigs #burnsurvivor #fyp ♬ original sound - philmyers08 Емили ја ...
Џенифер Лопез и Бен Афлек беа дел од славните гости кои присуствуваа на големата забава на Мајкл Рубин, организирана по повод Денот на независноста на САД. 53-годишната пејачка и 50-годишниот холивудски актер го испочитуваа дрес-кодот на забавата и беа облечени во бели модни стајлинзи. Заедно со нив беше 17-годишната ќерка на Бен – Вајолет. Креацијата која ја носеше Џеј Ло е дело на Ели Сааб, а таа ја искомбинира со чантичка од Валентино. Види ...
Ешли Замбели е мајка на три девојчиња со Даунов синдром, која сега на 23-годишна возраст откри дека и самата го има истото нарушување. Корисничката на TikTok била шокирана кога дознала дека и третото бебе во нејзината утроба ќе има Даунов синдром, па ја советувале и самата да направи испитување. На нејзино големо изненадување, резултатите од тестирањето излегле позитивни на мозаичен Даунов синдром. Ешли ја споделува својата приказна на ...
Моника Белучи и Тим Бартон беа фотографирани фатени рака за рака на вечерно излегување во Лондон. 58-годишната актерка и 64-годишниот режисер за првпат се појавија во јавност по потврдувањето на нивната романса. Тие изгледаа елегантно во црни костуми. Во интервју за новото издание на Elle Франција, убавата Италијанка потврди дека е во врска со Тим. „Она што можам да го кажам е дека пред сè сум многу среќна што го запознав. Тоа беше една од оние ...
Донесовте одлука - сакате да го замените вашиот стар фрижидер со side by side фрижидер кој има две посебни прегради, секоја со своја врата за ладење храна и пијалаци. По консултации со пријателите и семејството, сурфајќи на интернет, решивте дека токму ваков тип на фрижидер ќе одговара на вашите потреби, пред сѐ поради големиот капацитет за складирање. Меѓутоа, освен оваа погодност, при купувањето треба да обрнете внимание и на следните пет ...
Меган Маркл и принцот Хари за првпат се појавија во јавност по предавањето на клучевите од имотот „Фрогмор“ во Виндзор. 41-годишната војвотка на Сасекс и 38-годишниот син на кралот Чарлс беа фотографирани во Калифорнија. Тие беа со широки насмевки и видно расположени иако деновиве е актуелна веста дека кралското семејство одлучило да ги протера од поранешниот дом во Британија во кој отсега ќе живее принцот Ендрју, братот на Чарлс. Меган ...
Кратко време по раѓањето на седмото дете на Роберт Де Ниро, трагедија го погоди неговото семејство. Внукот на славниот актер почина на 19-годишна возраст. Тажната вест ја објави мајката на момчето, актерката Дрена Де Ниро. Таа сподели фотографија од својот прерано починат син Леонардо и во описот напиша: „Мој прекрасен и сладок ангелу. Уште од моментот кога те почувствував во моето стомаче, те засакав толку многу што не може да се опише со ...
Марго Роби ја одушеви Јужна Кореа. За промоција на својот нов филм „Barbie“, 32-годишната актерка блесна во три розови стајлинзи инспирирани од популарните барбики од 60-тите и 80-тите години на минатиот век. На премиерата во Сеул, Марго промени два стајлинзи од Версаче инспирирани од барбиката „Day to Night“ од 1985 година. Најпрво, австралиската актерка блесна во комбинација со светкав корсет од Версаче. На овој настан, Марго дуваше и ...
Кога доаѓа нов член на семејството многу парови влегуваат во дилемата какво име да изберат за новороденчето. Листа од Државниот завод за статистика ни открива кои имиња беа најпопуларни во Македонија во изминатата година. Името Јана, кое убедливо беше на првото место изминатите години, сега се симна на второто место и на врвот застана Софија. Во категоријата машки имиња повторно најмногу се истакна Лука. Дознајте кои имиња се во тренд во нашата ...
Џенифер Лопез ги истакна тонираните нозе на шопинг со семејството. 53-годишната пејачка, која постојано тренира за да остане во топ форма, беше фотографирана фатена за рака со сопругот Бен Афлек, додека зад нив чекореа нивните деца. 17-годишната Вајолет и 11-годишниот Семјуел се деца на Бен од бракот со Џенифер Гарнер. Покрај славниот пар беше и 15-годишната ќерка на Лопез, Еми. Фотографиите се направени во Хемптонс. Џеј Ло деновиве беше видена ...
Јули ќе ни донесе сè што посакуваме – забава, љубов и професионален напредок. Небесните тела се наклонети кон нас за да станеме најдобрата верзија од себеси. Месецот започнува со полна месечина на 3 јули, кога ќе се набљудува и феноменот супермесечина. Ова е одличен ден за преиспитување на досегашните постигнувања во кариерата и кроење на планови за промени доколку се неопходни. Под влијание на Марс, ќе станеме поорганизирани и уредни, а Венера ...
Ева Лонгорија и Хозе Пепе Бастон присуствуваа на забава по повод 15-годишнината на продукциската компанија Bambú во Мадрид. 48-годишната ѕвезда од „Очајни домаќинки“ и 55-годишниот продуцент рака под рака пристигнаа на црвениот тепих на свеченоста. Ева изгледаше одлично во тесен бежов фустан кој ѝ ја истакна фигурата. Ева деновиве беше фотографирана во повеќе светли стајлинзи, а голем впечаток остави на ревијата на Jaquemus која ја следеше од ...
Жена го сподели емотивниот момент кога дозна дека нема повеќе рак. Александра Вилер третпат во животот водеше тешка битка со саркомот, па очигледно е нејзиното олеснување кога ги отвори резултатите од ПЕТ скенот и ја прочита убавата вест. Среќната жена го сними и моментот кога му соопшти на сопругот дека нема повеќе рак. „Последната битка вклучуваше исцрпувачки третмани со хемотерапија и радијација кои го таргетираа ракот во мојата градна ...
Ники Рид и Ијан Сомерхалдер се израдуваа на пристигнувањето на овој свет на нивното второ дете. Славните актери од „Twilight“ и „The Vampire Diaries“ објавија дека добија синче. Ники се породи во вода во домашни услови и сподели само една фотографија со рачето на бебенцето. „Пред неколку недели му посакавме добредојде на нашиот син на ден кој може да се нарече како еден од најубавите во нашите животи. Се роди дома во вода и опкружен со љубов. ...
Наоми Кембел повторно го изненади светот со веста дека доби уште дете. Како за првото дете, така и за второто, 53-годишната манекенка ја чуваше веста во тајност сè до доаѓањето на бебето на овој свет. Кембел со фотографија откри дека доби синче, а на Instagram напиша: „Мое мало миличко, знај дека си неизмерно ценето и опкружено со љубов од моментот кога нè почести со твоето присуство. Вистински дар од Бог! Добредојде момченце. Никогаш не е ...
Летната авантура на Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез во Сардинија продолжува. Славниот пар беше фотографиран од неуморните папараци додека уживаше на луксузна јахта во Сардинија, Италија. 29-годишниот модел носеше црни бикини додека фудбалерот се разладуваше во медитеранските води во црно-бел костим за капење. Заедно со Роналдо и Родригез беа и нивните деца од кои таа сподели и фотографии на Instagram. View this post on Instagram A post ...
Анастазија Макјаниќ негува огромна љубов кон модата и слатките задоволства. Блогерката од Хрватска, која моментално живее на Хвар, освојува со својот летен стил. Таа неодамна откри дека го очекува третото дете, но бременоста и растењето на стомачето воопшто не влијаат на нејзиното изострено чувство за стил. Анастазија знае дека светлите бои и принтовите се идеални за создавање на летни модни погодоци, кои таа умее да ги направи комфорни и удобни ...
Малата Нина Нинковиќ ги собра потребните средства за лекувањето на нејзиниот татко. 11-годишното девојче од Србија со денови продаваше крофни по цена од 100 динари (50 денари). Иако првиот ден продала само 7 крофни, Нина не се откажа и набрзо го освои Балканот со својата приказна. Луѓе од целиот регион се обединија за да ги соберат парите потребни за лекување на Зоран во Москва. „Знаев дека мама и тато во тоа нема да успеат сами, па сакав да им ...
Мадона била пронајдена без свест во нејзиниот дом во Њујорк и итно била пренесена во болница каде била интубирана. Нејзината состојба била толку сериозна што роднините се подготвувале за најлошото. Менаџерот на 64-годишната пејачка ја потврди лошата вест и сподели дека таа имала сериозна бактериска инфекција и дека била хоспитализирана во саботата. Тој објави и дека се одложува нејзината турнеја која требаше да започне на 15 јули. View this post ...
Убавите вести брзо се шират. Малата Ангела ја победи тешката болест и си замина од Детската клиника во Скопје, кадешто се лекуваше. Слатката хероина заедно со своето помало братче Дамјан заѕвони на ѕвончето од болницата за да ја прогласи својата победа. „Нека грми сè од смеа и ѕвончето нека се слушне до крајот на светот, сестрата на Дамјан здрава си оди дома! Ете така вчера Ангела си замина од Клиниката за детски болести!“ „Бравооо, те сакаме ...
Криси Тиген и Џон Леџенд го изненадија светот со веста дека нивното семејство се прошири со уште еден член. 37-годишниот поранешен модел и 44-годишниот пејач му посакаа добредојде на овој свет на нивното четврто дете, синот Рен Александар Стивенс. Бебенцето се роди пред 10 дена од сурогат-мајка, а неговото средно име е инспирирано од нејзиното име – Александра. Парот сподели неодоливи фотографии, а на една од нив Криси ѝ го бакнува стомачето на ...
Принцезата Кетрин присуствуваше на реотворање на музеј во Лондон и како и во многу други пригоди, така и сега измами комплименти со стајлингот. 41-годишната припадничка на британското кралско семејство ја избра креацијата „Ahana“ од лондонскиот бренд Beulah, која во својот плакар ја поседуваат уште три други кралски дами. Истиот летен фустан, данската принцеза Мери го носеше за отворање на изложба во Хилеред. Принцезата Беатрис и Софи Винклмен, ...
Моника Белучи е среќна во новата љубовна врска. 58-годишната актерка за првпат зборуваше за романсата со режисерот Тим Бартон. Во интервју за француското издание на списанието „Elle“, убавата филмска ѕвезда изјави: „Она што можам да го кажам е дека пред сè сум многу среќна што го запознав. Тоа беше една од оние средби кои ретко се случуваат во животот. Го познавам човекот, го сакам и тоа е уште една авантура која започнува. Го сакам Тим и имам ...
Романтични и бајковити венчаници ќе ги освојуваат срцата на клиентките на Оскар де ла Рента оваа година. Новата невестинска колекција на реномираниот моден бренд е инспирирана од грандиозноста и волшебноста на розите. Цветните детали се проткаени во сите модели кои инстантно мамат воздишки. „Од пробната вечера, до олтарот – колекцијата пролет 2024 на Оскар де ла Рента е дизајнирана за да ги инспирира модерните невести за сите прилики“ – пишуваат ...
Анџелина Џоли изгледаше одлично за време на излегување во Њујорк со три од своите шест деца. 48-годишната Оскаровка носеше црна комбинација и кремов мантил додека се шеташе и вечераше во суши ресторан со 19-годишниот Пакс, 18-годишната Захара и 17-годишната Шајло. Џоли покажа дека направила промена во фризурата, односно дека си ја осветлила косата. Славната актерка со моментов води правна битка со поранешниот сопруг Бред Пит за старателство врз ...
Никол Шерцингер не остана рамнодушна на предлогот за брак на Том Еванс. 44-годишната пејачка му кажа „Да“ на 38-годишниот рагбист и сподели фотографии од среќниот момент. „Реков да“ – напиша таа. Том клекна на колено за да ја запроси својата сакана за време на патување во нејзиниот роден крај на Хаваи. Никол изгледаше шармантно во бело-син фустан и шешир. Претходно, атрактивната музичарка сподели фотографии на кои позира во бикини на плажа. Том ...
Иако повеќе не се заедно, Ирина Шајк и Бредли Купер честопати се среќаваат за да поминат време со малата ќерка Леа. 37-годишната манекенка и 48-годишниот актер беа фотографирани додека силно се прегрнуваа во Њујорк. Покрај нив беше нивната 6-годишна ќерка која туркаше дрвена количка. Ирина и Бредли за првпат поттикнаа гласини дека се заедно во 2015 година, но врската ја официјализираа на балот МЕТ во 2016 година. Истата година, Ирина потврди ...
Зухаир Мурад го прошири своето стилско портфолио со нова колекција во која дамите со сигурност ќе си пронајдат барем по неколку фаворити. За креирањето на колекцијата ресорт 2024, либанскиот дизајнер се инспирирал од Џоан Крафорд, која е олицетворение на холивудскиот раскош на бурните 20-ти години на минатиот век и Ракел Велч, која е синоним за филмскиот гламур од 70-тите години. Колекцијата е наречена „Golden Whispers“ (Златни шепотења). Види ...
Тејлор Свифт уште еднаш покажа дека не ги заборава своите фанови, кои себеси се нарекуваат Свифти. 33-годишната пејачка ѝ подари четири билети на девојка која поради несреќа го пропушти нејзиниот концерт пред пет години. Изабела МекКун имала само 8 години кога се одржувала светската турнеја „Reputation“ на Тејлор во 2018 година. За жал, поради тешка несреќа во која се здобила со изгореници на 65% од телото, таа морала да остане 9 месеци во ...