Здружението „Бадникови поворки“ ја информира јавноста дека и оваа година, на 6 јануари 2026 година, ќе се одржат Бадниковите поворки, како најголема народно-културна и духовна манифестација во земјава, посветена на радосното и достоинствено најавување на Христовото Рождество – Божик. Годинава, Бадниковите поворки ќе се одржат во рекордни 80 градови и населени места низ Македонија, како и во македонската дијаспора во Словенија, Италија, ...

Под влијание на циклонска активност и на серија на влажни воздушни бранови од запад и од југозапад во Македонија во текот на оваа недела времето ќе биде променливо со чести и повремено пообилни врнежи од дожд и тие повремено ќе бидат проследени и со засилен ветер од јужен правец. Локално за време на овој период ќе наврне позначително количество на дожд (над 30 литри на метар квадратен дожд а во западните предели локално над 50 литри на метар ...

Губењето на пчелите не значи само помалку цвеќиња во нашите градини. Тоа предизвикува низа последици што се чувствуваат низ цели екосистеми и синџирот на исхрана – вклучувајќи нè и нас. Пчелите се одговорни за опрашувањето на околу една третина од светското производство на храна и се клучни за животот каков што го познаваме денес. Па што би значело за светот ако тие едноставно исчезнат? Алармот одамна е вклучен Научниците со децении ...

Јагуарите се препознатливи по жолто-портокаловото крзно и уникатните шари со точки. Тие живеат во помали, изолирани шумски подрачја низ Јужна, Централна и делови од Северна Америка. Според Црвената листа на IUCN, јагуарите се класифицирани како „речиси загрозени“ и се најголемите мачки во Америка, како и единствениот жив претставник на родот Panthera на овој континент. Пред околу еден век, јагуарите биле многу почести – нивното живеалиште се ...

Пов влијание на циклонска активност со центар западно и северозападно од нас, односно некаде над Италија за време на викендов времето во Македонија ќе биде променливо облачно со засилен до повремено силен ветер од јужен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час и истиот ќе предизвика температурите да бидат во пораст, што значи дека ни следува затоплување на времето. Во западните предели ќе има повремени локални ...

Мобилните телефони се меѓу најлесните електронски уреди за рециклирање, а сепак огромен број од нив завршуваат во фиока или – уште полошо – во ѓубре. Просечниот корисник менува паметен телефон на секои две до две и пол години. Иако денешните уреди траат подолго од порано, тие сепак придонесуваат за сè поголем проблем со електронски отпад. Мобилните телефони, како и повеќето електронски уреди, содржат токсични материи – како олово, жива, никел ...

Искачување на активен вулкан не е за секого. Теренот е тежок, температурите нагло се менуваат, а секогаш постои и ризик од ерупција. Сепак, во најголем дел од случаите опасноста е строго контролирана, а глетката – лава што се слева кон океанот или се издига во воздух – е нешто што ретко се заборава. Лавата, жешката растопена карпа што излегува од вулканите, е еден од највпечатливите природни феномени – секако, ако се гледа од безбедна ...

Виена – Новогодишниот концерт на Виенската филхармонија ќе се се одржи на 1 јануари 2026 година, за прв пат под диригентската палка на маестро Јаник Незе-Сеген во Златната сала на Музиквераин во Виена. Новогодишниот концерт во 2026 година ќе се емитува во над 150 земји и ќе го следат околу 50 милиони телевизиски гледачи ширум светот. Кој е маестро Јаник Незе-Сеген? Меѓународно признатиот канадски диригент Јаник Незе-Сеген е музички директор ...

Под влијание на почеток на циклонска активност со центар западно и северозападно од нас, односно некаде над Џенова но и на ладна воздушна маса која ни е присутна од север во петок (2 Јануари) особено во западните предели ќе имаме врнежи од дожд и од снег на пониските места (градовите) додека на повисоките населени места и на планините ќе има врнежи само од снег и таму ќе се формира снежна покривка од над 15 сантиметри. Повремено врнежи од ...

Дали некогаш сте биле на место каде навистина нема човечки звуци? Без сообраќај во далечина, без авиони над глава, без постојано зуење. Такви места денес се сè поретки, бидејќи бучавата стана една од најраспространетите, а најмалку забележани форми на загадување. Бучавата не им пречи само на луѓето – таа има сериозни последици и врз животинскиот свет. Всушност, за многу животни, прекумерниот шум може да значи губење на ориентација, стрес, па ...

Температурите на новогодишното утро ќе бидат во интервалот од -13 до -4 степени, односно -15 степени во повисоките места, прогнозира Славчо Попоски во нова објава. Метеопрогнозерот предидува и засилен ветер од северен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час. „Задолжително понесете капа, шал и нараквици за да се заштитете од многу ладното време кое го очекувам за Нова година“, вели Попоски. временска прогноза ...

За околу 250 000 ученици во основните и средните училишта денеска почнува зимскиот распуст. На настава ќе се вратат на 20 јануари 2026 за почетокот на второто полугодие. Во вториот дел од учебната 2025/2026 година ќе продолжи процесот за оптимизација на училишната мрежа и воведување едносменска настава со која досега се опфатени 200 училишта. На крајот на учебната година, во јуни, матурантите ќе полагаат државна матура по нов концепт, ...

Територијата на Македонија од вечерва и на дочекот на новата 2026 година, како и по полноќ 31 декември 2025 година/ 1 јануари 2026 година и на 1 јануари 2026 година наутро ќе биде под влијание на многу ладен бран од север и истиот ќе услови да имаме многу ниски температури на воздухот кои ќе бидат проследени со повремено засилен ветер од северен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час. Вечерва и во текот на ноќта ...

Иако океаните покриваат околу 70 проценти од површината на Земјата, повеќе од 80 проценти од нив и понатаму се слабо истражени или целосно непознати. И покрај огромниот технолошки напредок што започна уште во 1960-тите години, длабокото море долго време претставуваше голем предизвик за научниците. Денес, меѓутоа, со помалку пречки од кога било досега, низ светот се вложуваат сериозни напори за подлабоко и подетално истражување на океанските ...

Новата година не е само огномет и одбројување до полноќ. Во многу земји таа е обвиена со стари верувања, симболи и необични обичаи кои имаат една цел – да донесат среќа, здравје и успех во наредните 12 месеци. Во Шпанија, традицијата на јадење 12 зрна грозје на полноќ датира од почетокот на 20 век. Се верува дека секое зрно претставува еден месец, а доколку успеете да ги изедете сите навреме, годината ќе биде успешна. Слични обичаи постојат и ...

Фондот на ПИОМ ги известува сите корисници на пензија дека целосно се обезбедени потребните средства за исплата на пензиите за месец декември 2025 година. Како институција одговорна за исплата на пензиите и обезбедувањето на правата од пензиското и инвалидското осигурување и социјанта сигурност на пензионерите, Фондот навремено ги заврши сите подготовки за непречена реализација на исплатата на пензиите. За оваа намена се обезбедени средства ...

Саудиска Арабија денеска го бомбардираше јеменскиот пристанишен град Мукала поради, како што наведува, испорака на оружје наменета за сепаратистичките сили на Јужниот преоден совет, која пристигна во Јемен од Обединетите Арапски Емирати, соопштија денеска саудиски воени извори. Во воено соопштение објавено од државните медкуми се вели дека бродовите што пристигнале во Мукала од емиратското пристаниште Фуџаира ги имале исклучени уредите за ...

Во Алмати, Казахстан, се планира изградба на пешачки мост што се разликува од сè што сме навикнале да гледаме. Наместо уште еден студен и непријатен надвозник, овој мост изгледа како место каде што човек би застанал со мерак. Проектот е дело на архитектонското студио „Атриум“ од Москва, а идејата е мостот да не служи само за преминување, туку и како простор за одмор, прошетка и уживање. Ова е важна тема, бидејќи ако сакаме повеќе луѓе да ...

Игор Станоески, познат под уметничкото име Иги Мен, е еден од ретките автори на домашната сцена што подеднакво уверливо се движи низ повеќе уметнички светови. Академски образуван скулптор и сликар, но и активен музичар, композитор, аранжер, текстописец и продуцент, Станоески со години гради препознатлив мултимедијален израз. Роден е на 2 јули 1986 година во Скопје. Своите први чекори во ликовната уметност ги прави во Средното училиште за ...

Времето денеска ќе биде претежно сончево, со мала до умерена облачност, при што утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот се очекува и засилен, повремено силен ветер од северен правец, наместа со брзина и над 60 km/h, соопштуваат од УХМР. Во Скопје, времето е сончево, со мала до умерена облачност, со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се спуштат и до осум степени под нулата, а најниска ...

Со светската слава се здоби со филмот „И Бог создаде жена“ од 1956 година, а во следните две децении се сметаше за секс симбол. На почетокот на 70-тите години, таа се повлече од глумата и се посвети на политичкиот активизам, каде што нејзината страсна борба за правата на животните се претвори во коментари за етничките малцинства и отворена поддршка за француската крајна десница, што ѝ донесе низа пресуди за поттикнување расна омраза, пишува ...

„Координирано, самоорганизирано движење на јато чавки“ – можеби звучи како научен термин, но самата појава е подеднакво впечатлива колку што можете да замислите. Чавките се мали до средно големи птици со кратки опашки и зашилени глави, со сјајни црни пердуви прошарани со нијанси на виолетова и зелена. Кога се во огромен број, тие создаваат феномен при кој илјадници птици се собираат и се движат како една единствена маса низ небото. Тие не ...

Поради силен ветер Жичницата на Водно во Скопје денеска нема да работи. Од Јавното собраќајно претпријатие, во чија надлежност е управувањето со Жичницата, велат во објавата на ФБ дека јачината на ветерот ги надминува дозволените граници за објектот да може да функционира непречено и безбедно. ,,Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, Жичницата ќе продолжи со ...

Населеното место Хум, коешто важи за најмалиот град во Европа, чува векови историја, традиција, како и автентичниот дух на Истра. Со сѐ тоа, овој хрватски град со само 30 жители, воодушевува генерации посетители. Хум првпат се споменува во пишаните извори во 11. и 12. век, кога играл важна улога како феудално упориште. Неговата историја може да се прочита веднаш на влезот: Градот е опкружен со силни камени ѕидови, додека масивната градска ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата првин ќе ги разгледа заклучоците што ќе ги донесе Советот на Град Скопје во врска со иницијативата за дислокација на цементарницата „Усје“, по што ќе постапи во рамки на своите надлежности. Тој посочи дека барањата за засилени инспекциски контроли и постојан надзор веќе се применуваат и не претставуваат пречка за институциите. Во однос на можната дислокација, Мицкоски нагласи дека од аспект на ...

Два златника и прстен од византискиот период, стари околу 1.400 години, се пронајдени на археолошкиот локалитет Хирканија, во Јудејската Пустина, околу 17 километри југоисточно од Ерусалим, на територијата на денешниот Западен Брег, соопшти Одделението за археологија при Цивилната управа на ЦОГАТ (COGAT). Манастирот Хирканија бил напуштен кон крајот на 8. или почетокот на 9. век од нашата ера, додека пак артефактите датираат од периодот меѓу ...

Три нови странски инвестиции во вкупна вредност меѓу 110 и 120 милиони евра најави премиерот Христијан Мицкоски. Според планот, влезот на германски, грчки и турски капитал ќе отвори над 1.500 нови работни места. Новите капацитети ќе бидат фокусирани во автомобилската индустрија, високите технологии и фармацевтскиот сектор, а ќе се градат на локации во Тетово и во индустриските зони во Скопје. Мицкоски потенцираше дека Владата води силен ...

Намалена видливост во сообраќајот поради магла од 50 до 100 метри утрово има на планинскиот превој Ѓавато и во Крушево, соопшти Автомотосојузот на Македонија. Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по влажни коловози, а неговиот интензитет на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Диспечерско-информативниот центар на ЈП ...

Во услови на забрзана урбанизација, зелените површини во градовите стануваат сè поважен елемент за здравјето и благосостојбата на граѓаните. Паркoвите, дрворедите, зелените кровови и малите урбани градини не се само естетски додаток, туку имаат и значајна еколошка и општествена улога. Зошто зеленилото е важно Истражувањата покажуваат дека присуството на дрвја и растенија придонесува за подобрување на квалитетот на воздухот, бидејќи тие ...

Викендов (27 и 28 декември) од североисток во Македонија ќе ни пристигне многу ладен воздух и ќе предизвика локално да првејува слаб снег особено што е важно е тоа дека ќе дува силен ветер од северен правец кој повремено и локално ќе биде доста силен и ќе достигнува брзина од над 80 км/час. Токму поради очекуваниот силен ветер кончено очекувам расчистување на воздухот во котлините во Македонија. Во Скопје и околината исто така викендов ќе ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
49%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
65%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
57%
1015
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
51%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.75
81%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 4ᴼ
1.54
66%
1016
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
1.34
70%
1011
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
58%
1012
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
40%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
80%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
4.63
56%
1017
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
88%
1009
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Платина

61858.04

Родиум

353658.21

Кобалт

3.86

Рутениум

56199.51

Алуминиум

3.19

Цинк

0.00

Калај

43.91

Паладиум

44753.84

Сребро

2179.44

Иридиум

258288.78

Злато

144593.23

Бакар

10.65