Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Лионел Меси ја предводеше Аргентина до убедлива победа од 3-0 против Алжир на стартот од Светското првенство во Канзас Сити, но натпреварот остана во сенка на една контроверзна судиска одлука. Актуелниот светски шампион рутински ги освои трите бода благодарение на фантастичниот хет-трик на својот капитен. Сепак, главна тема по натпреварот е моментот кој лесно можеше целосно да го промени текот на средбата. По половина час игра при резултат ...
Поради подобриот рејтинг на својот противник во 1. квалификациско коло за Лигата на шампионите, финскиот Купс, македонскиот шампион Вардар ако ги мине Финците ќе го преземе носителското место за следната рунда натпревари. Ждрепката за 2. квалификациско коло за ЛШ е денеска од 12 часот во Нион, а Вардар ќе биде меѓу носителите пред истата, на тој начин во втората рунда натпревари избегнувајќи противници како Црвена Звезда, Лех Познањ, Динамо ...
Натпреварот меѓу Ирак и Норвешка на Светското првенство беше обележан со необичен инцидент кој накратко предизвика неверица на стадионот во Бостон. За време на полувремето, цевката за наводнување на теренот пукна, поради што водата почна да избива со голема сила врз тревната површина, претворајќи дел од игралиштето во еден вид гејзер. Организаторите и службите задолжени за одржување на стадионот веднаш реагираа за да го санираат дефектот и да ...
Лионел Меси уште еднаш покажа колку му значи дресот на Аргентина, бидејќи не успеа да ги скрие своите емоции во историската ноќ. Капитенот на светскиот шампион ја затресе мрежата веќе во 17. минута од натпреварот, кога и донесе предност на својата репрезентација против Алжир на почетокот од Светското првенство. Меси ја прифати топката на средината од теренот, се упати кон голот на противникот, а потоа со моќен удар од далечина го совлада ...
Фудбалерите на Австрија стигнаа до премиерна победа на Светското првенство откако славеа против дебитантот Јордан со 2-1 во меч од групата Ј на Мундијалот кој се игра во САД, Канада и Мексико. Првата шанса во натпреварот ја имаа Јорданците преку Ал Факури во 17. минута. Само три минути подоцна Австрија стигна до водство од 1-0 откако неверојатен погодок постигна Романо Шмид. Јордан само две минути подоцна имаше нова страна, но фортуната не ...
Фудбалерите на актуелниот светски шампион Аргентина со победа над Алжир од 3-0 ја стартуваа одбраната на титулата во меч од Ј групата од Мундијалот кој се игра во САД, Канада и Мексико. Натпреварот почна возбудливо. По само пет минути игра Лионел Меси ја затресе мрежата на Лука Зидан, но поради мал офсајд неговиот гол беше поништен. Само три минути подоцна и Алжирците беа лишени од прослава на гол, бидејќи погодокот на Чаиби исто така беше ...
Фудбалерите на Норвешка славеа против Ирак со 1-4 во деби натпреварот за двете репрезентации како дел од групата И на Светското првенство кое што се игра во САД, Канада и Мексико. Водство за Норвежаните од 0-1 донесе кој ако не друг Ерлинг Халанд со неговиот гол во 29. минута. До изненадувачко изедначување 1-1 Ирачаните стигнаа со погодокот на Хусеин во 39. минута. Iraq 0-1 Norway – Erling Haaland 29' byu/977x insoccer Iraq [1]-1 Norway – ...
Фудбалерите на Франција славеа со 3-1 против Сенегал во премиерниот меч за двете репрезентации како дел од групата И на Светското првенство кое што се игра во САД, Канада и Мексико. Првата голема шанса на мечот ја имаше Сенегал откако Николас Џексон во 25. минута ја погоди стативата. До крајот на првиот дел Сенегал имаше уште една шанса откако во шестата минута од судиското продолжение од непосредна близина Исмаила Сар биеше над голот на ...
Фудбалската репрезентација на Франција поведува со 1-0 против Сенегал во премиерниот меч за двете селекции како дел од групата И на Светското првенство кое што се игра во САД, Канада и Мексико. Франција игра одлично второ полувреме, а сето тоа го материјализираше со голот на Килијан Мбапе во 66. минута. Ова за ѕвездата на Реал Мадрид беше 57 гол во дресот на галските петли и со тоа се израмни со Оливие Жиру на вечната листа. France [1] – 0 ...
Натпреварот меѓу фудбалските репрезентации на Португалија и ДР Конго, закажан за оваа среда во Хјустон, се наоѓа под сериозен знак прашалник поради најавата за силно невреме кое се заканува да го погоди градот. Наместо спортска еуфорија, во Тексас расте напнатоста по предупредувањето од Националниот центар за урагани на САД за доаѓањето на првата тропска бура оваа сезона, која со себе носи опасни ненадејни поплави и обилни дождови. ...
Голема ВАР дилема ни носи мечот меѓу Франција и Сенегал на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Франција не доби пенал откако Садио Мане стартуваше врз Килијан Мбапе. Дури ситуацијата се гледаше и со ВАР, а главниот судија Алирез Пагани беше повикан да ја погледне ситуацијата уште еднаш, Австралиецот не сакаше да ги послуша сугестиите па на крајот досуди гол аут за Сенегал. France penalty shout against Senegal 58' byu/West_Agent4651 ...
Фудбалските репрезентации на Франција и Сенегал играат без голови 0-0 во премиерниот меч на шампионатот кој се игра во САД, Мексико и Канада како дел од групата И. Првата голема шанса на мечот ја имаше Сенегал откако Николас Џексон во 25. минута ја погоди стативата. До крајот на првиот дел Сенегал имаше уште една шанса откако во шестата минута од судиското продолжение од непосредна близина Исмаила Сар биеше над голот на Мањан. Nicolas Jackson ...
Фудбалскиот клуб Силекс направи одличен гест за своите симпатизери пред почетокот на настапите во квалификациите за Конференциската лига. Со цел да обезбеди што поголема поддршка на трибините, раководството на клубот соопшти дека за сите навивачи од Кратово ќе биде организиран бесплатен превоз и бесплатни влезници за првиот домашен натпревар кој ќе се одигра во Скопје. Силекс денеска го дозна својот противник за првото квалификациско коло. ...
Шпанската фудбалска репрезентација се смета за еден од фаворитите на овогодинешното Светско првенство, но, во најдобар случај, млакиот почеток не остава многу простор за оптимизам. „Црвената фурија“, како актуелен шампион на Европа, играше против Зеленортски острови во првото коло, но не ја оправда улогата на фаворит одигрувајќи реми без голови 0-0. Со ова продолжи серијата лоши игри на Шпанија на светските првенства, која трае откако беа ...
Панатинаикос даде сериозна понуда за Жељко Обрадовиќ, а првиот човек на клубот, Димитрис Јанакопулос, не штеди средства за да стигне до трофејниот тренер. Како што објавува „Моцарт Спорт“, Зелените се подготвени да му понудат на Обрадовиќ тригодишен договор со вкупна вредност од пет милиони евра. Многу грчки медиуми веќе објавија во текот на денот дека трофејниот тренер се враќа на местото на најголемиот успех. Панатинаикос официјално ја ...
Зеленортски острови шокантно освоија бод ремизирајќи 0-0 против Шпанија во нивното деби на Светското првенство во првото коло од Групата Х. Херој на тој натпревар беше 40-годишниот голман Јосимар Дијас, попознат како Возиња. На натпреварот против Шпанија, тој имаше седум одбрани. Тој целосно го воодушеви фудбалскиот свет и тоа се почувствува на социјалните мрежи. Пред натпреварот, тој имаше само 50 илјади следбеници, што му доликува на член ...
Мирбелис Пинеда, ентузијаст за фитнес и дигитален креатор, која ја следат милиони луѓе на социјалните мрежи под името Ешли Каролина, го украде шоуто на отворањето на Светското првенство во фудбал. Атрактивната бринета, која често споменува дека има мексикански и венецуелски корени, дојде на стадионот за да ја поддржи мексиканската репрезентација на натпреварот против Јужна Африка. Сепак, присутните на трибините очигледно беа повеќе фокусирани ...
Судијата Адам Махадмех од Јордан го судеше натпреварот помеѓу Шпанија и Зеленортски острови, кој го донесе најголемото изненадување на Светското првенство и заврши без голови. Јорданецот сигурно ќе биде запаметен бидејќи беше актер на едно од најголемите изненадувања во историјата на Светското првенство, а интересно е што има силна врска со Сараево и Босна и Херцеговина. Махадмех поседува пасош на Босна и Херцеговина и течно го зборува ...
Македонските фудбалски претставници Шкендија и Силекс ги дознаа своите противници за првото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА, по денешната ждрепка во Нион. Тетовска Шкендија ја имаше улогата на носител и доби лесен ривал. Тетовци ќе ги одмерат силите со екипата на Европа од Гибралтар. Првиот натпревар Шкендија ќе го игра на гостински терен, додека реваншот е закажан пред домашната публика. Кратовски Силекс немаше многу ...
Португалскиот стратег Рубен Аморим е официјално именуван за нов шеф на стручниот штаб на италијанскиот гигант Милан. Аморим пристигнува на „Сан Сиро“ со богато педигре изградено низ португалскиот и англискиот фудбал. Тренерската кариера ја започна во 2018 година, по завршувањето на успешните играчки денови во Бенфика и португалската репрезентација. По епизодите во Каса Пиа и Брага, тој во 2020 година го презеде Спортинг Лисабон, каде што ...
Она што беше најавувано сега е официјално. Нема повеќе пречки за центарот на Лејкерс, Џексон Хејс, да игра за Словенија, бидејќи доби пасош од таа земја. Јасно е дека Лука Дончиќ, кој игра за Лејкерси со Хејс, веројатно имал одлучувачко влијание врз овој „трансфер“. Кошаркарската асоцијација на Словенија објави дека Хејс добил словенечки пасош во амбасадата на земјата во Вашингтон, и дека центарот на Лос Анџелес Лејкерс нема да игра за ...
Се случи првиот инцидент на годинешното Светско првенство 2026 пред натпреварот од првото коло, меѓу навивачите на Аргентина и Алжир. Инцидентот се случи на Тајмс Сквер во Њујорк, каде што имаше физички конфликт меѓу фановите на двата тима. Натпреварот меѓу Аргентина и Алжир на програмата е престојнава ноќ, од 03 часот наутро по средноевропско време. Il y a eu des débordements entre les supporters algériens et argentins à Times Square ...
Лионел Меси (38) ќе го одигра својот 200-ти натпревар за Аргентина против Алжир (3 часот наутро – среда, 17 јуни), на отворањето на Светското првенство за „гаучосите“. Денеска е ден за ѕвездите на СП на кое ќе се појават првпат и Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд. Големиот јубилеј за Меси, пак, доаѓа речиси 21 година по неговото деби за репрезентацијата на 17 август 2005 година во пријателски натпревар против Унгарија. Потоа, како 18-годишник, ...
Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер го опиша непријатниот повик со селекторот Томас Тухел, кога дознал дека нема биде дел од репрезентацијата на Англија за настап на Светското првенство. Изоставувањето на 33-годишниот стопер беше едно од најголемите изненадувања во англиската репрезентација и на Мундијалот. „Да бидам искрен, селекторот разговара со сите. Тоа беше доста непријатен повик. Ми рече дека не може да ми даде вистинска ...
Македонскиот шампион Вардар ќе игра против финскиот шампион Купс во 1. квалификациско коло од Лигата на шампионите, одлучи денешната ждрепка во Нион. „Вардарци“ ќе бидат домаќини на првиот натпревар, а реванш дуелот ќе се одигра во Финска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА Македонскиот шампион ...
Повремениот македонски репрезентативец Бојан Илиевски повеќе нема да биде дел од Струга ТЛ. „По завршувањето на договорот со овој фудбалер, проценивме дека тој даде доволно на тимот, кој сега ќе се фокусира повеќе на нови сили, прифаќајќи ги новите таленти што ги имаме во тимот. Клубот сака да му изрази благодарност на Илиевски за неговата посветеност и придонес дадени со дресот на Струга ТЛ во текот на двете сезони во кои беше дел од нас“ – ...
Унгарската ракометна федерација му врачи отказ на селекторот Чема Родригез по неуспехот да го однесе националниот тим на Светското првенство 2027. Иако Родригез имаше договор до 2028 година, сепак одлучено е за предвремен прекин на соработката, откако ИХФ неодамна ја скрати и последната надеж на Унгарците, со помош на „вајлд карта“ да играат на светскиот шампионат. „Чема Родригез работеше за националниот тим седум години, од кои повеќе од ...
Бразилскиот фудбалер Нејмар не тренираше со репрезентацијата откако е подложен на нови лекарски прегледи, по повредата на листот на десната нога. Одредени медиуми објавија дека постои можност Нејмар да им се придружи на соиграчите во подготовките за натпреварот со Хаити на Светското првенство, но играчот на Сантос мораше да помине дополнителни прегледи. Бразилската фудбалска конфедерација сè уште не ги објави резултатите од прегледот. Нејмар ...
Еден од најдобрите фудбалери на Струга ТЛ, Бесмир Бојку го продолжи договорот со клубот за уште две години, до 30 јуни 2028 година. „Благодарение на волјата на двете страни, договорот е реализиран многу брзо, така што Бојку продолжува да биде дел од новиот проект на тимот под водство на тренерот Бледи Шкемби“ – информираат од Струга Тл. Бојку се приклучи на стружани во летото 2021 година. Од тогаш одигра цели 133 натпревари во сите ...
Иранската репрезентација по само еден натпревар на СП 2026 ќе остане без еден од најдобрите свои фудбалери, Мехди Тораби, кој повеќе нема важечка дозвола за повторен влез во САД. Тораби кој во јавноста го привлече вниманието со тоа што „пукаше кон публиката“ по прославата на головите на дуелот против Нов Зеланд, имал виза со само еднократна важност. Тој ја искористил за мечот против Нов Зеланд (2-2), а Американците сега не сакаат да му ...