Бенџамин Шешко, словенечкиот напаѓач од редовите на Лајпциг ова лето имаше слатки маки да ја одбере средината во која ќе настапува во сезоната 2025/26. За услугите на младиот голгетер кој минатата сезона постигна 21 гол се бореа и Арсенал, Манчестер Јунајтед и Ливерпул, но неговата одлука е кариерата да ја продолжи во Њуксал Јунајтед. Клубот од северот на Англија изрази голема желба да го ангажира како наследник на Александар Исак па нема да ...

Адебола Лукман делува решено да се пресели во редовите на Интер летово, но тој трансфер нема да се реализира доколку „нероаѕурите“ не ја исплатат суматна која Аталанта инсистира од стартот на преговорите за Нигериецот – во висина од 50 милиони евра. Одличниот крилен офанзивец ги одби сите останати понуди, јасно ставајќи до знаење дека преселба на „Џузепе Меаца“ му е единствена желба при изборот на нов клуб. Сепак, преговорите одат потешко од ...

Раководството на ТФТ е најактивно кога станува збор за формирање на ростерот за новата натпреварувачка сезона. Актуелниот вицешампион на Македонија паралелно со ангажманот на нови странски засилувања успева да ги задржи и домашните играчи од моментниот состав, па така по Тома Стојановски, денеска нов договор со ТФТ потпиша и Виктор Ташовски. Плејмејкерот си замина од Тафталиџе пред една година и потпиша за Пелистер, но набрзо ја увиде грешката, ...

Олимпик Марсеј продолжува со ангажман на врвни засилувања со кои „сино-белите“ од Велодром ќе се обидат да му парираат на ПСЖ во француското првенство, но и достојно да се претстават во Лигата на Шампионите. Откако Олимпик го потврди враќањето на Обамејанг, денеска официјализираше уште еден одличен трансфер, потпишувајќи договор со Игор Паишао. Станува збор за 25-годишен бразилски играч за врска кој доаѓа од редовите на Феенорд, а најдобра ...

Раководството на Црвена Звезда е решено да состави моќен тим не само за пласман, туку и за добри резултати во Лигата на Шампионите. Арнаутовиќ е веќе потпишан, во завршна фаза се и преговорите со Тадиќ, а српскиот гигант во меѓувреме договори уште едно големо засилување комплетирајќи го трансферот на Махмуду Баџо. Овој 20-годишен фудбалер од Гамбија доаѓа од словачкиот шампионат каде ги бранеше боите на Дунајска Стреда. Турски Бешикташ беше ...

Партизан продолжува со формирањето на ростерот за наредната сезона, „црно-белите“ планираат да доведат најмалку уште едно врвно засилување, но и разговараат со играчите од актуелниот ростер за нивната улога во тимот. Во фокусот се најде бековската линија, каде по ангажжманот на Шејк Милтон од НБА-лигата стана јасно дека Обрадовиќ има премногу адути за исто место во тимот и дека некој ќе мора да си замине. Тоа речиси сигурон ќе биде Ифе Лундберг, ...

Џејмс Милнер потпиша нов договор со Брајтон и ќе стане трет фудбалер што со наполнети 40 години ќе заигра во Премиер-лигата, а ветеранот реши летово да го смени и бројот на дресот што ќе го носи на грбот. Причина за ваквиот потег е желбата на Милнер да го носи дресот со број 20 во чест на Диого Жота, поранешниот соиграч од Ливерпул кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа минатиот месец. „Кога слушнав дека Балеба го менува бројот и ...

Фудбалерите на Струга ТЛ стигнаа до рутински триумф од 3-0 над Охрид, во генералката што поранешниот првак ја имаше во пресрет на стартот на новата сезона закажан за следниот викенд. Тренерот Бледи Шкемби имаше можност да ги види на дело своите избраници, задоволен од она што стружани го прикажаа на денешниот дуел. Ласана Диако беше фудбалерот што го отвори резултатот во првото полувреме, а во вториот дел меѓу стрелците се запишаа и Компаоре и ...

Интер Мајами и Лео Меси продолжуваат да преговараат за продолжување на договорот. Соработката на Аргентинецот со клубот од МЛС истекува на крајот од 2025 година. Продолжувањето е сè уште во фаза на преговори, но намерите на двете страни се јасни. Желбата на Меси е да остане во Мајами, така што, покрај освојувањето трофеи со клубот, ќе биде во полна форма за Светското првенство во 2026 година, што би било негово шесто по ред, а ова е нешто што ...

Микал Бриџис, американскиот бек и во следните четири години ќе го носи дресот на Њујок Никс откако договори продолжување на соработката со нов договор вреден 150 милиони долари во овој период. Бриџис е еден од најважните кошаркари на оваа франшиза во походот кон шампионскиот трофеј. Минатата сезона бележеше просек од 17.6 поени, 3.7 асистенции и 3.2 скокови по натпревар. Бриџис е познат по тоа што нема пропуштено натпревар во колеџ и НБА ...

Челси ова лето ќе стигне до двоцифрен број на засилувања. По најавените трансфери на Јорел Хато и Чави Симонс се очекува да биде реализиран и трансферот на отпишаниот талент на Манчестер Јунајтед, Алехандро Гарначо. Аргентинскиот фудбалер кој потекнува од младинската школа на Манчестер Јунајтед беше трансфер цел на „сините“ и во минатото, но тогаш преговорите не беа успешни. Сега околностите се други, за 21-годишникот повеќе нема место на „Олд ...

Добро е познато колку Новак Ѓоковиќ го сака фудбалот, а сега официјално стана дел од „најважната споредна работа на светот“. Како што објавија светските медиуми, најдобриот тенисер на сите времиња стана ко-сопственик на францускиот второлигаш Ле Ман. Српскиот тенисер често се гледа на фудбалски натпревари низ цела Европа и светот, а познато е и дека има „свој“ клуб во речиси секоја голема лига. Навива за Црвена Звезда, но ги следи и Милан во ...

Работите почнаа да се движат кога станува збор за намерата на НБА да го базира своето натпреварување на Стариот континент. Конкретен чекор беше направен со средбата на првиот човек на најсилната лига во светот, Адам Силвер, со претставниците на најтрофејниот европски клуб, Реал Мадрид. Како што објавува „Атлетик“, средбата се одржала во Париз. Ова е само една во низата средби со потенцијални инвеститори и клубови кои би учествувале во новиот ...

Американскиот кошаркар Девонте Греам официјално е нов член на КК Црвена звезда. Греам има 30 години и е поранешен студент на престижниот Универзитет во Канзас, а во НБА играше за Шарлот Хорнетс, Њу Орлеанс Пеликанс и Сан Антонио Спарс. Тој ќе биде огромно засилување за Црвена Звезда, која претходно ги доведе Ебука Изунду, Хасиел Риверо, Чима Монеке, Сами Оџелеи, Џордан Нвора, Тајсон Картер, Огњен Радошиќ и Стефан Миљеновиќ. Крадењето авторски ...

Селекторот и кошаркарите побараа поддршка, а нема сомнежи дека кумановци ќе ги исполнат овие барања. Како што информираат од КФСМ распродадене се сите карти за утрешниот меч на Македонија против Репрезентацијата на Романија. Македонија на овој меч ќе биде поддржана од околу 5.000 навивачи колку што е капацитетот на реновираната сала во Куманово, потврдуваат од КФСМ. Македонската кошаркарска репрезентација во Куманово се враќа во 26 години, а ...

Повратникот во Првата македонска фудбалска елита, Македонија Ѓорче Петров продолжува со составување на тимот за новата сезона. Лавовите денеска и официјално како ново засилување го промовираа Клинтон Осеи. 23-годишниот офанзивец минатата сезона во дресот на Воска спорт постигна седум голови, а претходно настапуваше за Козармислени и МТК Будимпешта. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и ...

Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига започнува во петок, 8. август, со две големи пресметки. Во Тетово, Шкендија и Шкупи 1927 од 17:00 часот ќе ги одмерат силите во една од дерби пресметките од воведното коло во Прва МФЛ. Само неколку часа подоцна, во Скопје, Вардар и Пелистер, вечните ривали, ќе се сретнат на Националната арена „Тодор Проески“. Почетокот е закажан за 20:00 часот. РАСПОРЕД – 1. КОЛО (2025/26): петок, 8. август ...

Сопругата на Синиша Михајловиќ, Аријана зборуваше за последните моменти на славниот српски фудбалер и тренер. Синиша долго време се бореше со леукемија, но не успеа да се избори со злобната болест. „Во последните месеци, лекарите веќе кажаа: Синиша нема да преживее. Го знаев тоа. Но, немав храброст да му кажам. Разговарав само со нашите пет деца. Никој друг. Дури ни со мајка ми. Заедно решивме да не му ја кажеме вистината. Не сакавме да му ја ...

Шведскиот напаѓач Александар Исак нема да го напушти Њукасл ниту за 120 милиони фунти. Њукасл одби понуда од 120 милиони фунти, или речиси 140 милиони евра, испратена до нив од Ливерпул, објави инсајдерот Дејвид Орнштајн. Наместо да ја прифати понудата, Њукасл му понуди на 25-годишниот напаѓач нов договор со клаузула за трансфера што може да се активира следното лето, но тој остана цврст во својата одлука да го напушти клубот. Негова желба е да ...

Актуелниот шампион на Премиерлигата, Ливерпул денеска ги претстави пред јавноста дресовите за домашните натпревари за новата сезона 2025/26. На социјалните мрежи се појавија фотографии кои наидоа на големо воодушевување на навивачите на „црвените“ со коментари еден ова еден од најдобрите дресови во историјата.  Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е ...

Лука Модриќ одговори на прозивките на Барселона која објави видео во кое се вели дека последната асистенција на хрватскиот фудбалски магионичар за Реал Мадрид е до фудбалерот на каталонскиот клуб, Џулс Кунде во финалето на Купот на Кралот, грешка во 116. минута од средбата која беше пресудна за загубениот трофеј. Според шпанските медиуми одговорот на прозивките на Барселона бил преку приватни пораки со Дани Карвахал, доскорешниот соиграч во Реал ...

Кошаркарскиот клуб Соколи една победа го делеше од долгопосакуваниот пласман во елитата на македонската кошарка завршувајќи ја минатата сезона на третото место. Штипјани во новата сезона ќе имаат доста потешка задача да се пласираат на прволигашката сцена со оглед на најавеното намалување на бројот на прволигашки места, но за успех во амбициите во новата сезона ќе имаат шампионски сјај со засилувања од овосезонскиот освојувач Маџари. Станува ...

Зоран Балдовалиев е поставен за спортски директор на АП Брера. Тој со своето искуство и професионализам се очекува да придонесе во остварување на целите за новата сезона која почнува на 8. август. Балдовалиев кој потекнува од струмичката фудбалска школа, во својата играчка кариера има настапувано во повеќе клубови во земјава и странство со кои има добри конекции. „Се заблагодарувам на раководството за укажаната чест да бидам спортски директор. ...

Ливерпул ова лето веќе потроши 300 милиони евра за засилувања по мерка на Арни Слот. На „Енфилд“ во новата сезона ќе играат Флоријан Вирц, Хуго Екитике, Милош Керкез и Џереми Фримпонг. Новитет ќе биде и грузискиот голман Ѓорѓи Мамардашвили кој беше ангажиран минатото лето, но остана на позајмица во Валенсија. Англискиот клуб преку видео ги објави броевите со кои ќе настапуваат новите фудбалери и тоа на генијален начин „закачувајќи“ ги нивните ...

Трансферот на Јорел Хато, младиот холандски стопер од редовите на Ајакс е комплетиран и останува уште фудбалерот да ги помине медицинските прегледи кои се закажани за денеска пред официјално да биде претставен како нов фудбалер на клубот од „Стемфорд Бриџ“. Овој трансфер ќе го чини Челси околку 40 милиони евра и ќе биде седмиот ова лето и воедно третиот најскап, бар за кратко бидејќи наскоро се очекува и трансфер да реализира Чаби Симонс. ...

Кошаркарската репрезентација на Македонија е подготвена за почетокот на новиот претквалификациски циклус, во кој ќе води битки со Романија и со Унгарија за едно од првите две места во групата кои ќе значат пласман во главните квалификации. „Црвено-жолтите“ влегуваат во овој циклус со нов селектор, но и со сериозно променет играчки ростер, неизбежната смена на генерации се реализираше токму летово, па селекторот Илиевски ќе има полни раце работа ...

Македонските кошаркари по двонеделните подготовки се подготвени за новиот предизвик, со подмладен состав да стигнат до победа над Романија на стартот од новиот квалификациски циклус. Адем Мекиќ како еден од најискусните во нашиот табор најави добра игра, барајќи од публиката во салата и од целокупната јавност сепак да покаже трпение за овој подмладен состав. „Нималку лесен противник за нас утре, но ова е нова слика, една подмладена ...

Драмата околку заминувањето на Џејдон Санчо од Манчестер Јунајтед продолжува. Договорот на англискиот репрезентативец истекува на крајот на следната сезона па „црвените ѓаволи“ мораат да го продадат „отпишаниот“ фудбалер ова лето доколку сакаат да вратат барем дел од парите потрошени за негов ангажман. Манчестер Јунајтед постигна договор за трансфер вреден 15 милиони евра во Јувентус, но договорот пропадна по преголемите финансиски барања на ...

Поранешниот соигач на Никола Јокиќ во Денвер, Демаркус Казанс откри интересна приказна поврзана со српската кошаркарска ѕвезда кој размислувал да се повлече од кошарката пред потпишување на нов богат договор со клубот од Колорадо. Како што вели Американецот, Јокиќ размислувал да одбие нов договор од Денвер вреден 273 милиони долари по крајот на сезоната 2022/23 и да се пензионира. „Ако некогаш имате шанса само да разговарате со него, и тој ви ...

Анте Ребиќ и официјално е најголемото засилување на Хајдук откако хрватскиот репрезентативец доцна синоќа беше претставен како нов играч на сплитските „бели“. Тој пристигна заедно со новиот директор Иван Ракитиќ на „Пољуд“ да го бодри тимот во квалификациите од Конференциската лига, гледаше во живо како неговиот нов тим по продолженија се пласираше во следната рунда (таму го чека Динамо Тираа), а по завршувањето на овој драматичен дуел ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
59%
1023
weather icon

Белград

15ᴼ / 15ᴼ
3.09
65%
1023
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
52%
1024
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
62%
1024
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
5.18
60%
1022
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
0.51
78%
1024
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
3.6
53%
1021
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
63%
1022
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
59%
1022
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
1.54
64%
1019
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 13ᴼ
6.69
64%
1023
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
67%
1022
Currency

61.6217

Currency

53.013

Currency

70.6306

Currency

34.3259

Currency

37.8165

Currency

66.0719

Currency

7.45118

Currency

0.65636

Currency

0.3488

Currency

0.526

Currency

1.27085

Currency

0.59728