Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Франција е во тага по веста за смртта на тренерот на Брест, Ерик Рој кој почина денеска на 58-годишна возраст. Оваа шокантна вест ја објави неговото семејство на социјалните мрежи. Рој беше тренер на Брест од 2023 година, а го предводеше тимот и до Лигата на шампионите. Беше прогласен за менаџер на годината во Лига 1 во 2024 година. Рој се бореше со рак на панкреас три и пол години, и го криел својот здравствен проблем. Како играч беше дел од ...
Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во претседателската резиденција ги прими машката и женската кадетска училишна ракометна репрезентација, кои освоија медали на Светското училишно ракометно првенство што се одржа во Скопје. Младите ракометари и ракометарки уште еднаш покажаа дека македонскиот спорт има иднина, а нивните успеси беа препознаени и од највисоко државно ниво. Претседателката на Македонија, ...
Тајрик Џонс ќе мора да плати огромни 100.000 евра за своето учество во големиот инцидент по завршувањето на финалето во грчкиот плејоф, кога центарот на Олимпијакос пред соблекувалните физички го нападна противничкиот кошаркар Кендрик Нан. За среќа, беше спречен уште посериозен инцидент, но комисијата за спречување на насилство во спортот во Грција се реши за жестоки казни, па така Џонс ќе мора да плати 100.000 евра, а Кендрик Нан 50.000 евра ...
Лионел Меси го одигра својот најдобар мундијалски натпревар постигнувајќи го својот прв хет-трик на светските шампионати, но ТВ-камерите го уловија големиот ас како плаче по првиот погодок на мечот со Алжир. „Точно е, плачев… Искрено, нема врска со спортот. Зад мене се тешки и компликувани денови, но благодарен сум им на сите во националниот тим што ми помогнаа во овој тежок период“, прокоментира Меси веднаш по натпреварот. Аргентинските ...
Португалија вечерва ќе го игра својот премиерен меч на овој мундијал против Конго, а Кристијано Роналдо веднаш ќе постави нов рекорд на светските шампионати. Легендарниот голгетер со настапот од самиот почеток ќе стане највозрасен играч во поле (голманите не се земаат во предвид) што стартувал еден мундијалски меч. Роналдо денеска има 41 година и 132 дена, повозрасни од него биле Ел Хадари од Египет и Мондрагон од Колумбија, но овие двајца се ...
Српскиот селектор Душан Алимпијевиќ го објави списокот од 18 кошаркари кои ќе бидат дел од подготовките и потоа ќе настапат во квалификациите за Мундобаскет 2027. Она што е најважно за Србија, на списокот се наоѓа извонредниот Никола Јокиќ, кому друштво ќе му прави и Никола Јовиќ од Мајами хит, како и неколку ѕвезди од Евролигата… Капитенот Богдан Богдановиќ нема да може да му помогне на српскиот национален тим во овој циклус, а Алимпијевиќ ...
Барселона неколку дена по освоениот трофеј во Лигата на Шампионите успеа повторно да ги израдува фановите, овојпат со потпис на важен првотимец. Тимотеј Нгесан ќе продолжи да ги брани боите на каталонскиот гигант до јуни 2029 година откако беше постигнат договор за продолжување на соработката. Левиот бек имаше договор со Барселона и за наредната сезона, но каталонците инсистираа на уште подолга соработка и задржување на францускиот ас како ...
Македонскиот првак Вардар испрати апликација за од следната сезона да биде дел од Лигата на Шампионите, потврди попладнево ЕХФ објавувајќи ја листата од клубови со загарантирано место во ЛШ, како и листата на екипи кои испратија апликации за да бидат дел од елитното европско натпреварување. Лигата на Шампионите од следната сезона се проширува на 24 клубови, со што сериозно се зголемуваат шансите на Вардар како двократен европски првак да биде ...
Лео Меси продолжува да испишува фудбалска историја откако на својот шести мундијалски настап, на првиот меч на СП 2026 стигна до хет-трик притоа уривајќи бројни рекорди. Комплименти за изданието на аргентинскиот генијалец пристигнуваат од сите страни, а во центарот на вниманието се најде онаа на Бразилецот Роналдо. Според „феноменот“, ова издание на Меси е најдобар доказ дека Аргентинецот е најдобар фудбалер на сите времиња, за крај на ...
Англија вечерва (22 часот) го почнува настапот на овој светски шампионат, прв ривал е одличната селекција на Хрватска, а селекторот Томас Тухел подготви два големи изненадувања во составот за пресметката со „коцкестите“. Според информациите објавени од англиските медиуми, Тухел е подготвен на клупата за резерви да ги пресели Марк Гехи и Букајо Сака, кои беа гледани како сигурни стартери за овој светски шампионат. Англискиот селектор сепак има ...
Денис Шрудер би можел да го промени клубот по 13. пат во својата НБА кариера ова лето. Според информациите презентирани од познатиот НБА инсајдер Брајан Виндхорст, Кливленд Кавалирс ја разгледуваат можноста да се разделат со искусниот германски плејмејкер со цел да ги намалат трошоците и да ослободат простор во буџетот. „Последното што го слушнав е дека Кавалирс се обидуваат да ги намалат трошоците. Верувам дека ја истражуваат можноста за ...
Пред секој натпреварувачки ден… ви нудиме интересни статистички податоци поврзани со претстојните средби… и препорака зошто треба да уживате во овој фудбалски спектакл токму во еден од најдобрите ресторани и ланџ барови во Скопје – „ЗОНА АЗУРИ“. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!? Конго е без постигнат гол во првото полувреме на последните четири натпревари. Португалија имаше десет меча со најмалку еден постигнат гол на СП, серија што беше прекината со ...
Маркус Рашфорд ја помина минатата сезона на позајмица во Барселона, со која ја освои Ла Лига. Англичанецот импресионираше на позајмица во Каталонија, но не е доволно евтин за Барселона, па не се очекува дека ќе игра во Ла Лига следната сезона. Друга причина што не оди во прилог е доаѓањето на Ентони Гордон во Барселона. Тој и Рашфорд играат на истата позиција, па не се очекува Барселона да има две засилувања на левото крило. Па се очекува ...
Тетовска Шкендија, која ја имаше улогата на носител, во ждрепката за квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, го доби денеска и противникот за 2. квалификациско коло. Ако Шкендија го мине првиот ривал во Конференциската лига, екипата на Европа од Гибралтар, тогаш во 2. квалификациско коло од Конференциската лига ќе се соочи со словенечката екипа Браво. Кратовски Силекс, пак, како што е познато во првото коло од Конференциската лига низ ...
Додека тече Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико, ЕКИПА.МК низ краток серијал ќе ве потсети на единствените четири македонски имиња кои досега во историјата биле дел од мундијалите – Благоје Видиниќ, Кирил Дојчиновски, Дарко Панчев и Вујадин Станојковиќ! Македонија, преку четири свои фудбалски имиња е присутна на три светски шампионати досега низ 96-годишната историја на Мундијалите. На две светски првенства е присутна меѓу ...
Хаос во швајцарскиот табор на Светското првенство 2026, по неуспешниот резултат на дуелот против Катар. Јавниот притисок е навистина голем врз Швајцарците и нивниот тренер Мурат Јакин, а ниту капитенот Гранит Џака не ги олеснува работите со своите изјави. Туку, како што пренесува швајцарски „Блик“, ги отежнува. По нерешениот резултат против Катар, наместо чувство на оптимизам, кај Швајцарците преовладува чувство на разочарување. Многу играчи ...
Македонија ја продолжува низата победи на Европското училишно првенство во баскет 3х3, овојпат совладувајќи го домаќинот Србија. Во супердраматичен и неизвесен натпревар, македонските кошаркари покажаа карактер, ладнокрвност и огромно срце, славејќи против силниот српски состав со 17-16! Дамјан Данев, Григориј Ѓорѓевиќ, Дамјан Стојановски и Филип Алексовски продолжуваат да ја воодушевуваат публиката со својата борбеност и перфектна тимска ...
Шкендија за време на своите подготовки во Терме Чатеж, Словенија, од 16 до 30 јуни, договори и одигрување на четири контролни натпревари со квалитетни противници. Тренерот Артим Положани ќе го има својот прв тест на 19 јуни против словенечки Копер, додека четири дена подоцна, на 23 јуни, Шкендија ќе се соочи со хрватскиот гигант Хајдук Сплит. На 27 јуни, црвено-црните ќе се соочат со Целје, последниот шампион на Словенија, додека последниот ...
ЕКИПА и Моцарт во заеднички проект за овој фудбалски мундијал. Секој ден ќе избираме по една интересна понуда за секој од натпреварите што ќе бидат на програмата на СП 2026, и тоа од „специјалите“ што ги нуди Моцарт. Aнглија игра максимално трпеливо и дисциплинирано, Хрватска исто така не делува така импресивно во навалната линија. Затоа, на ова „дерби на колото“ се очекува цврст фудбал без премногу погодоци. Играта во Моцарт за 0-2 гола и ...
Српскиот кошаркарски стратег Жељко Обрадовиќ, според последните информации од Грција, и дефинитивно потпишал договор со Панатинаикос! Како што објави израелскиот новинар Арале Вајсберг, приказната меѓу Жељко Обрадовиќ и Панатинаикос заврши на најдобар можен начин за „зелените“. Според него, најодликуваниот европски стручњак потпишал договор и се враќа на клупата на атинскиот гигант. Како што претходно беше објавено, раководството на ...
Капитенот на Хрватска, Лука Модриќ во моментов се наоѓа на Светското првенство 2026, откако стави крај ова лето на епизодата во Милан. Легендарниот Давор Шукер, пак, зборувајќи за шпанската „Марка“ околу иднината на Лука Модриќ и ја откри неговата нова адреса од ова лето. „Тукушто ме прашаа каде ќе продолжи Модриќ, во Милано или Мадрид. Мислам дека нешто ќе се случи со Реал“ – вели Шукер, а потоа на директно прашање дали навистина се враќа во ...
Македонскиот шампион Вардар доби релативно лесна ждрепка за 2. квалификациско коло во Лигата на шампионите, ако најпрво ја мине првата квалификациска пречка. Во второто квалификациско коло, Вардар би играл со подобриот од пресметката од 1. квалификациско коло меѓу азербејџанскиот шампион Сабах и ТНС од Велс. Но, најпрво „вардарци“ ќе мора да го минат финскиот шампион Купс во 1. квалификациско коло. Првиот натпревар се игра во Скопје на 7/8 ...
Португалецот Бернардо Силва и официјално е нов играч на Реал Мадрид. По девет сезони во Манчестер Сити, Бернардо Силва го смени клубот, па во следните две сезони ќе го носи дресот на славниот Реал Мадрид, каде што пристигна на експресно инсистирање на Жозе Мурињо. Денеска, „кралскиот клуб“ објави дека португалскиот репрезентативец и официјално го потпишал договорот. 👋 ¡Bienvenido, @BernardoCSilva ! 👋 pic.twitter.com/FYU1TiqJAS — Real Madrid ...
Португалија се уште не го започна своето патување на Светското првенство во Северна Америка, а веќе пристигнаа вести во врска со завршувањето на Светското првенство. Бројни англиски медиуми објавуваат дека Роберто Мартинез, актуелниот селектор на Португалија, ќе ја напушти клупата на репрезентацијата од Пиринеите по Светското првенство. Мартинез пристигна на клупата на Португалија во 2023 година, а со таа репрезентација ја освои Лигата на ...
Фудбалерите на актуелниот светски шампион Аргентина со победа над Алжир од 3-0 ја стартуваа одбраната на титулата во меч од Ј групата од Мундијалот кој се игра во САД, Канада и Мексико. И повторно, по којзнае кој пат во прв план беше Лионел Андрес Меси кој ги постигна сите три гола за неговата репрезентација и со тоа урна голем број рекорди. Со хет-трикот против Алжир, Меси се изедначи со Мирослав Клосе на вечната листа на стрелци на ...
Лео Меси настапи на својот шести фудбалски мундијал, дваесет години по своето деби на светските шампионати. За ветераните секое ново учество е успех сам по себе, но за Лео тоа никогаш не било случај, а рано утрово Меси уште еднаш ја покажа својата величина, и тоа на најголемата сцена. Хет-три со кој го мина Пеле, се израмни со Клосе и урна уште низа рекорди со кои Лео го потврди она што многумина веќе подолго време го знаеме – дека е ...
Томас Тухел изјави дека се чувствува како дома во Англија, иако се уште не е подготвен да ја пее националната химна. Германскиот стратег, кој се подготвува да ја предводи Англија до своето прво Светско првенство, рече дека чувствува дека се уште не го заслужил правото да ја пее „Боже, чувај го кралот“, но јасно стави до знаење дека сака да ја освои нацијата и да го води тимот до слава ова лето. Тухел разви силна врска со земјата што го ...
Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден… Килијан Мбапе стигна до бројката од 58 погодоци во дресот на Франција, со што стана најдобар стрелец во историјата на „триколорите“. Тој стана и стрелец број 1 на мундијалите за Французите (со 14), уривајќи го рекордот на Жист Фонтен, кој сите 13 погодоци ги постигна на еден светски шампионат. На ...
Тренерот на Јувентус Лучано Спалети, лично ја одобрил идејата за ангажман на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, пренесуваат италијанските медиуми. Искусниот стратег има огромна доверба во квалитетите на македонскиот „дијамант“ уште од нивното заедничко време во Наполи, каде што соработуваа и ја освоија историската титула во Серија А. Спалети смета дека Елмас би бил идеално засилување поради неговата поливалентност на теренот, со оглед ...
По вчерашното дознавање на противниците за стартното коло, македонските претставници Шкендија и Силекс денеска точно во 14:00 часот во Нион ќе ги добијат и потенцијалните ривали за второто квалификациско коло во Лигата на Конференции. Утринава Европската фудбалска куќа (УЕФА) го скрати списокот на екипи и ги формираше мини-групите пред извлекувањето. Шкендија, која во првата рунда се соочува со тимот на Европа, ја очекува својата група на ...