Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Двајца мажи се повредени во оружен напад во Арачиново. Според првичните информации од МВР, во 5:45 часот било пријавено дека на улицата „18“ се слушнале истрели, по што полициски екипи веднаш излегле на местото. Било утврдено дека е пукано кон автомобил „шкода“ со скопски регистарски ознаки, во кој се наоѓале И.И. (34) и Ш.И. (42). Двајцата се здобиле со повреди и биле пренесени во болницата „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Полицијата презема ...
Според информациите од Центарот за јавно здравје заклучно со 09.08.2026 година, на територијата на Општина Битола, согласно Планот и Програмата за спроведување на мерки за дезинсекција и стручното мислење на Центарот за јавно здравје – Битола, се реализирани сите предвидени редовни активности, односно три ларвицидни и три адултицидни дезинсекции, извести Општина Битола. „Имајќи ја предвид актуелната епидемиолошка состојба во земјата, односно ...
Општина Центар и оваа година продолжува со поддршката за најмладите ученици и нивните семејства. Петта година по ред, сите првачиња запишани во осумте општински основни училишта ќе добијат бесплатни училишни ранчиња, обезбедени со средства од општинскиот буџет. Градоначалникот Горан Герасимовски вели дека оваа мерка веќе стана убава традиција со која Општината им посакува добредојде на децата кои за првпат седнуваат во училишните клупи. ...
Соопштение на СДСМ: Власта на Христијан Мицкоски повторно ги покажа своите приоритети – луксуз за функционерите, изговори за граѓаните. Директорот на СОЗР, Ивица Томовски, јавно кажа дека идејата за нов владин авион не е повлечена, парите се оставени. Се чека само купувањето. Тоа било за нив „сериозна држава“. За оваа криминална власт „сериозна“ држава не се мери со платите на работниците, со полни фрижидери, со функционално здравство, со ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 13 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, седум управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник, а еден освен без дозвола возел и под дејство на алкохол. Со брзина поголема од дозволената возел и еден странски државјанин. Тој е лишен на ГП Табановце бидејќи преку системот „Безбеден град“ било ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Со новите авиолинии, Македонија станува полесно достапна и за граѓаните и за странските посетители. Вкупно се воведени 28 нови дестинации од аеродромите во Скопје и Охрид. Најголема корист имаат граѓаните, кои сега имаат повеќе директни опции за патување низ Европа и пошироко. Од Скопје се воведени директни летови до Париз, Барселона, Лион, Амстердам, Љубљана, Мадрид, Стокхолм, Келн, Бари, Прага, Ларнака, Неапол, ...
Соопштение на СДСМ: Поминаа цели 6 недели а документ со целосна, јавна и потпишана анализа за водата во Гостивар сè уште нема. Мицкоски и Клековски шират паника со тоа што не го објавуваат документот цели 6 недели. Зошто не се објавува целосен извештај? Што се крие од граѓаните? Неизвесноста и недовербата кај граѓаните така ја создаваат Мицкоски и Клековски. Еден месец даваа противречни изјави, прво за забрани, потоа дека може да се користи ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Модуларните болници беа поставени низ државата за време на ковид пандемијата како „урбана опрема“. За да биде возможно болница да спаѓа во категоријата „урбана опрема“, тогашната влада на СДС и ДУИ го смени Законот за градење по итна постапка, со што се овозможи Министерството за здравство да дава одобренија за нивно поставување. За време на ковид кризата, Венко Филипче беше министер за здравство, а болниците биле ...
Во Македонија сè уште постои нешто што лесно го земаме здраво за готово – отвораме чешма и во најголемиот дел од урбаните средини очекуваме од неа да потече вода што може да се пие. Во свет во кој милиони луѓе зависат од флаширана вода, цистерни или извори оддалечени километри од нивните домови, ова не е мала работа. Тоа е природно и инфраструктурно богатство кое вреди многу повеќе отколку што покажува една сметка за вода. Официјалните ...
Во текот на новата седмица дневната температура ќе опадне за неколку степени. Во попладневните часови, особено во понеделник ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Прогноза за 24.08.2026 Минимална температура: 13°C до 22°C Максимална температура: 31°C до 38°C Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи ...
Денеска, по повод одбележувањето на значајниот јубилеј – 25 години од формирањето на Единицата за брзо распоредување, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на централната свеченост во Битола посветена на четвртвековното постоење и развој на една од најзначајните оперативни единици на македонската полиција. Единицата за брзо распоредување, од своето формирање во 2001 година до денес, помина низ континуиран процес на ...
На 21.08.2026 во 16:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од З.Б.(52) од Скопје, патничко возило „фолксваген тигуан“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.В.(44) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки управуван од С.К.(24) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил ...
На 21.08.2026 во 14:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 56-годишник од Охрид, излетало од патот и се превртело. Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид. На 21.08.2026 во 14:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ...
Седумдесет и тригодишен пациент од Скопско починал на Клиниката за инфективни болести по инфекција со западнонилска треска. Пациентот бил хоспитализиран околу десет дена и имал сериозни придружни заболувања. Со овој случај бројот на смртни исходи поврзани со вирусот се искачува на пет. Претходно беа пријавени 43 случаи, како и прва потврдена заразена мртва птица – гавран во Скопје. Здравствените власти потсетуваат дека најголем ризик од тешка ...
На 21/22.08.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 13 и 17-годишни малолетници од Скопје и лице(19) од Струга затоа што кај нив се пронајдени и одземени тврда кафеава материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци. На 21/22.08.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 13 и 17-годишни малолетници од ...
ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ ОД ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА на Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ: По 5 години и голем број на докази, Абази го заштити Филипче со чување на предметот и доказите во фиоките на обвинителките Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО. Еве зошто Филипче, кој треба да одговара за модуларните болници, Абази директно го заштити. Имено, Артан Етеми, поранешниот економски директор на тетовската болница, кој беше осуден на ...
Високите температури, сушата и силниот ветер повторно создаваат сериозни проблеми со пожарите во Србија, каде што во моментов се активни 39 пожари на отворен простор, пренесуваат српските медиуми. Најтешка е состојбата во Делиблатската Песочара, на територијата на општина Ковин, каде што пожарот зафатил површина од околу 3.000 хектари, претежно ниска вегетација и трева. На дел од територијата е прогласена и вонредна состојба. Активен е и ...
Прес конференција на Лидија Петкоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ: Воздушната поврзаност е важна за секоја модерна и развиена држава. Таа значи полесно патување за граѓаните, повеќе можности за туризмот и бизнисот и поголема отвореност на Македонија кон Европа и светот. Токму затоа Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи на проширување на мрежата на авиодестинации од македонските аеродроми. Од преземањето на одговорноста ВМРО-ДПМНЕ да ја ...
Изјава за медиуми на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче: Денеска сме во посета на тиквешкиот регион, имаме средби со земјоделците, со лозарите кои што сега се наоѓаат среде процес на берба на грозјето и грозјето го спремаат да го продадат. За жал, како и минатата година, истите проблеми, истиот суров и нечовечен однос од страна на премиерот Христијан Мицкоски и целата влада, од министерот за земјоделство кон лозарите, поради тоа што ...
Сончево и многу топло. Попладне претежно во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Според метеоролошката карта, максималните температури ќе се движат од околу 32 до 41 степен, додека утринските ќе бидат меѓу 13 и 20 степени. Најжешко ќе биде во јужните и југоисточните делови, каде што температурата локално ќе достигне 41 степен. ...
Интегрален текст од денешното соопштение на СДСМ: Додека Христијан Мицкоски секојдневно презентира весела математика дека платите се покачени за 72% а пензиите за 325% просечната нето плата се намали за 1.163 денари. Државниот завод за статистика објави дека за само еден месец просечната плата се намалила за 1.163 денари, односно за 2,3 проценти. За падот на животниот стандард на граѓаните и не им треба статистиката, тие ја гледаат дома, во ...
Во јавноста долго време се создаваше впечаток дека проблемот со набавката на мазут бил поврзан со начинот на кој РКМ го снабдувала ТЕЦ „Неготино“. Но, според информациите за исказите на сослушаните претставници и вештачењата во предметот, сликата е поинаква. РКМ се јавила на повикот на ЕСМ под услови кои важеле за сите потенцијални добавувачи. Имало и друга понуда, но таа не била прифатлива поради количините што ги нудела. Она што е особено ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ направи значаен чекор напред во зајакнувањето на сајбер-безбедноста на државата. Како резултат на преземените мерки, Македонија се искачи од 59. на 30. место во светот според Националниот индекс за сајбер-безбедност, со 84,17 поени, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, кое МИА го објавува интегрално. Од партијата посочуваат дека Владата донела нов Закон за безбедност на мрежни и информациски системи, ја ...
Сончево и многу топло време со температури до 41 степен Целзиусов се очекува денеска во Македонија. Во текот на денот ќе има мала до умерена локална облачност, а попладне, особено во планинските региони, ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималните температури ќе се движат од 13 до 21 степен, додека максималните ќе достигнат од 35 до 41 степен Целзиусов. Во Скопје ...
Тетовските противпожарни екипи во текот ноќта водеа битка за локализирање на пожарот кај Церово во Општина Желино, со цел да се спречи негово натамошно ширење кон околината. Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али и командантот на Територијалната противпожарна единица Тетово, Авни Ахмети, беа на терен и директно ја координираа состојбата. Екипите на ТППЕ Тетово беа распоредени на критичните точки околу селото Церово. ...
Скопската полиција синоќа санкционирала 262 возачи во рамки на засилена акциска контрола во сообраќајот, со посебен акцент на мотоцикли, мопеди, трицикли и четирицикли. Од нив, 102 санкции се изречени на возачи на мопеди и мотоцикли, информираат од Министерството за внатрешни работи. Во периодот од 18:00 до 01:00 часот, припадници на Одделението за безбедност на патниот сообраќај и полициските станици од општа надлежност при СВР Скопје ...
На граничните премини Табановце, за влез и излез од државата, и Богородица, за излез од државата, времето на чекање е од 40 минути до еден час, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Од АМСМ додаваат дека е зголемен и интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини. Возачите се повикуваат на внимателно управување и почитување на сообраќајните правила. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...
Денеска (21.08.2026) во 13:15 часот, на Граничен премин Табановце, при излез од Македонија, полициски службеници извршиле проверка на патничко моторно возило „порше“, со холандски национални ознаки управувано од М.А.(35), државјанин на Холандија. При извршената проверка, преку системот „Safe City“ било констатирано дека лицето е евидентирано како сторител на кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно ...
Утре ќе се задржи многу топло време со дневна температура која наместа се очекува да надмине 40 степени. Од недела и во следните денови температурата ќе биде во постепено опаѓање. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Прогноза за 23.08.2026 Минимална температура: 14°C до 22°C Максимална температура: 33°C до 40°C Сончево и ...
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес изјави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја влече Турција во она што го нарече „опасни авантури во Сирија“, откако Израелските одбранбени сили (ИДФ) оваа недела бомбардираа сириска воздухопловна база поради, како што велат, натрупувањето на турски воени сили на таа локација. „Израел нема да дозволи ниту еден ентитет да ја загрози неговата безбедност“, рече Кац во објава на ...