Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, информирајќи за Реформската агенда, истакна дека и во јунскиот извештај повторно ќе бидеме први од земјите од Западен Балкан и се очекува во јули да добиеме и дополнителни средства и на овој начин покажуваме дека заслужуваме да бидеме дел од Европа без да имаме пред нас билатерални спорови и други спорови кои се однесуваат на прашања кои немаат ...
„Во овој ребаланс на Буџетот капиталните инвестиции се зголемени од 39 милијарди денари, колку што претходно беа предвидени, на цели 47 милијарди денари и тоа се должи токму на реализација на капитални проекти во сите институции, од автопатските секции, преку програмата за финансирање на општините каде дополнително се обезбедени околу 2 милијарди денари, преку обезбедени дополнителни пари за пречистителни станици како скопската, битолската, ...
„Тоа кое што е важно е да се каже дека голема е разликата, како ние ја амортизиравме кризата и како голем дел од соседите ја амортизира кризата. Се согласувам дека беше историски најголема, се согласувам дека ефектите и резултатите беа жестоки и се согласувам дека кај нас овие 3 ипол месеци поминаа би рекол многу едноставно, бидејќи ние во ниту еден момент не создадовме паника, не очајуваме, не правевме панични прес-конференции, туку напротив ...
Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, на денешната седница за пратенички прашања побара одговори од министерот за одбрана Владо Мисајловски за сериозни недоследности и сомнежи во работењето на Министерството за одбрана. Петровска побара одговор зошто по две години мандат нема зголемување на основните плати за вработените во Министерството за одбрана и Армијата, зошто со ребалнсот се кратат пари за министерството. Воедно, Петровска побара ...
Сопшштение на СДСМ: Кога Христијан Мицкоски нема одговори и нема резултати, стандардно се враќа на она што најдобро го знае – закани, напади и дефокус од реалните проблеми. Од собраниската говорница, Мицкоски повторно го спомена Харис Џиновиќ и Дубаи, и му се закани на претседателот на СДСМ Венко Филипче дека „кога граѓаните ќе ве видат зад решетки“. Ова е веќе познат и исцрпен наратив. Сите случаи и постапки против социјалдемократите кои ...
Во текот на сесијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, која се одржува во Стразбур и на која учествуваат Иванка Василевска, во својство на заменик-шеф и членовите Беким Ќоку и Бисера Костадиновска Стојчевска, една од темите која предизвика големо внимание беше заштитата на демократијата од нарушувањата предизвикани од вештачката интелигенција. Во своето обраќање на оваа дебата, Иванка Василевска истакна дека вештачката ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова синоќа во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга се обрати на отворањето на 65. Струшки вечери на поезијата. За неа, Струга е град што живее во ритамот на поезијата и место каде што со децении се среќаваат светските поетски гласови и љубителите на убавата реч, нарекувајќи го „најпоетскиот град на планетата“, каде песните создаваат култура и трајни духовни вредности. Во своето обраќање, таа ...
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во повеќе делови од земјата се очекуваат локални врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Нестабилноста ќе биде најизразена во ...
Полскиот премиер, Доналд Туск, изјави дека убиството на рускиот уметник кој го критикуваше претседателот Владимир Путин има обележја на политичко убиство. Роберт Кузовков, познат под псевдонимот Семјон Скрепецки, беше застрелан од блиску во близина на неговиот дом во источниот полски град Бјала Подласка во понеделникот. „Сè укажува на политичко убиство. Но, мора да почекаме докази или поконкретни индикатори. Бидејќи ако е тоа случај, ако ...
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин “Богородица” има зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на ...
Во пресрет на вечерашното отворање на „Струшките вечери на поезијата“, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими Луис Гарсија Монтеро, директор на Институтот „Сервантес“ и истакнат шпански поет, придружуван од Рафаел Сориано Ортиз, амбасадор на Шпанија во Скопје. Во својство на покровителка на фестивалот, таа истакна дека шпанската поезија има посебно место во неговата историја, потсетувајќи на учеството на Рафаел Алберти во 1978 ...
џ„Првите чекори кон енергетската транзиција во Општина Центар започнаа уште во 2023 година со формирање на ТД ‘Енергија Центар’ , првото општинско енергетско претпријатие во државата. Така ја започнавме нашата локална стратегија за енергетска независност и самоодржливост,“ рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во обраќањето на тркалезната маса „Зајакнување на конкурентноста“, во организација на Finance Think. Тој нагласи ...
Соопштение на ДОМ: Демократска обнова на Македонија (ДОМ) изразува сериозна загриженост за најновата пресуда на Вишиот управен суд со која се поништува одлуката на Владата за престанок на важењето на одлуката за спојување на концесиите за рудникот Иловица. Ова е само уште една потврда за длабоката институционална недоследност и правната нестабилност во управувањето со минералните суровини во државата кој укажува на потенцијално менување на ...
Министерството за европски прашања беше домаќин на состанокот на високо ниво со кој започна Мониторинг мисијата на Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) во Северна Македонија, со учество на претставници на Европската комисија, Делегацијата на Европската Унија, меѓународните финансиски институции, ресорните министерства и институциите задолжени за спроведување на проектите. Во своето воведно обраќање, Првиот заменик-претседател на ...
Со детската ликовна работилница „Ѕвездена ноќ“, инспирирана од творештвото на Винсент ван Гог, во сабота 6 Јуни, пред Општина Центар ќе започне прославата по повод 40-годишнината на скопскиот Ван Гог Бар – едно од најпрепознатливите урбани собиралишта во градот. Прославата ќе биде официјално отворена во 12:00 часот од менаџерот Никола Грујоски и сопственикот Коста Димитров, по што ќе следува креативна работилница наменета за најмладите ...
Руската армија изврши воздушен напад врз Киев синоќа. Русите го нападнаа украинскиот главен град со балистички ракети и дронови во неколку одделни бранови, објавува „Киев Индепендент“. Првите моќни експлозии одекнаа низ главниот град околу 1:30 часот по локално време. Новинарите на „Киев Индепендент“ од терен потврдија дека се слушнале детонации, додека локалните власти наскоро издадоа соопштение во кое се наведува дека Русија испукува ...
Намалувањето на придонесот на САД во кризните сили на НАТО стапи на сила веднаш, потврди денес генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, додавајќи дека другите сојузници го зголемуваат своето учество за да ги пополнат празнините што ги остави потегот на САД. „Вчера прашањето беше: дали е ова веднаш или не? Тоа е веднаш“, изјави Руте пред новинарите пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел. „Сепак, малку сум неодлучен да го ...
На 23.06.2026 во 18:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Рилски Конгрес“ во Скопје, по претходно недоразбирање во сообраќајот, едно лице кое управувало патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки удрило во мотоцикл управуван од Г.Н.(29) од скопско, кој паднал од ударот, а откако се подигнал, според пријавеното, возачот на возилото „пежо“ го придвижил возилото и неколку пати удрил во мотоциклот, како и во патничко возило ...
Министерството за правда го објави Предлогот на Законот за кривичната постапка на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), со што започнува јавната консултација за едно од најзначајните законски решенија во областа на правосудството. Предлог-законот содржи решенија за унапредување на одредбите што се однесуваат на конфискацијата, правата на жртвите на кривични дела, мерките за пронаоѓање и обезбедување лица и предмети, ...
Министерството за дигитална трансформација и ФИНКИ денес официјално го означија почетокот на проектот „Везилка“ – првиот Национален центар за вештачка интелигенција во Македонија, кој ќе претставува клучна национална инфраструктура за развој на знаење, иновации и примена на вештачката интелигенција. Проектот се реализира како стратешко партнерство меѓу Владата, Министерството за дигитална трансформација, академската заедница и Европската ...
„Пред две години затекнавме катаклизма. Запревме понатамошен пад и со одговорно и посветено работење сега веќе го подигнуваме квалитетот на образованието и ја раздвижуваме науката“, истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешната прес-конференција во Владата, на која презентираше отчет за двегодишната работа на Министерството за образование и наука. Јаневска нагласи дека во изминатите две години се ...
Изјава на премиерот Христијан Мицкоски: „Почитувани присутни, Дами и господа, Постојат проекти чија вредност не се мери само преку инвестицијата што ја носат или инфраструктурата што ја создаваат, туку преку нивната способност да ја променат насоката во која се движи едно општество. Проектот „Везилка“ е токму таков проект. Тој претставува вложување во иднината, во потенцијалот на македонските научници, истражувачи, студенти и компании, но и ...
На 23.06.2026 во 19:30 часот на ул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода лице(26) од с.Желино и лице(25) од Тетово. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „опел астра“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 26 годишникот. и по извршени проверки било констатирано дека го управува возилото без возачка дозвола. При обид за негово лишување и одземање на ...
На 24.06.2026 во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 17-годишник од с.Порој, тетовско. Претходно, во периодот од 03:00 до 04:00 часот на ул.„Ѓоце Стојчевски“ во Тетово, полициски службеници забележале патничко возило „џип“ со битолски регистарски ознаки како се движи во спротивна насока. Возачот не застанал на даден знак за запирање, туку со голема брзина го свртел возилото и продолжил да бега низ повеќе тетовски ...
Халкбанк АД Скопје, НУ Завод и Музеј – Битола и Военото аташе при Амбасадата на Република Турција во С.Македонија вчера потпишаа Протокол за соработка со кој започнува реализацијата на проектот за уредување и ревитализација на Лапидариумот во комплексот на НУ Завод и Музеј – Битола. Протоколот го потпишаа Фатих Шахбаз, Главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје, Ондер Арикан, Капетан и Воено аташе при Амбасадата на Република Турција во С. ...
На ден 23.06.2026 г. сообраќајот на патниот правец Прилеп- Битола близу железничката пруга Лознани е спроведен времен режим на сообраќај, сообраќајот ќе се одвива со пренасочување од магистралниот кон регионалниот пат заради изведување на градежни работи на терен, соопшти АМСМ. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини ...
Ќе се задржи нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Температурите ќе останат високи, но во делови од земјата ќе бидат малку пониски во споредба со претходните денови. Минималните температури ќе се движат од 13 до 20 степени, а максималните од 27 до 35 степени. Најтопло ќе биде во ...
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска оствари работна посета на Општина Ранковце, каде што се сретна со градоначалникот Даниел Павловски, членовите на Советот и општинската администрација. На средбата се разговараше за актуелните предизвици со кои се соочува Општина Ранковце и можностите за нивно надминување преку поддршката што ја обезбедува Министерството за локална самоуправа. Посебно внимание беше посветено на ...
Каде оди ЕУ со двојните аршини? Специјални барања само за Македонија, а за другите може со полесно Македонија одамна не е само кандидат за Европската унија. Македонија стана тест за тоа дали ЕУ навистина има принципи или само правила што се менуваат според политичката потреба на моментот. Кога Брисел зборува за проширување, зборува за вредности, демократија, владеење на правото, борба против корупција и функционални институции. Тоа се ...
На прв поглед, тоа е само каса во маркет. Лента што се движи, производи што поминуваат еден по еден, звук од скенер, сметка што излегува и редица луѓе што брзаат. Но зад таа каса седи човек што секој ден гледа многу повеќе од цени и баркодови. Продавачката на каса гледа живот. Гледа кој купува со леснотија, а кој брои денари до последно. Гледа кој зема што сака, а кој враќа производ назад затоа што сметката станала повисока од очекуваното. ...