Американската морнарица собори ирански дрон кој се движел кон американски носач на авиони во Арапското Море, што ги вознемири пазарите на нафта среде зголемени тензии меѓу Вашингтон и Техеран. Американски борбен авион F-35C го собори дронот во самоодбрана, откако беспилотното летало „агресивно се приближило“ до носачот на авиони „Абрахам Линколн“ со „нејасна намера“, соопшти Централната команда на САД (CentCom) во вторникот. Ниту еден ...

Продажбата на технолошките акции ги повлече берзите од речиси рекордните нивоа, при што акциите продолжија да паѓаат додека цената на нафтата скокна поради нови геополитички ризици. Златото и среброто се искачија по историскиот пад. Биткоинот падна на најниско ниво од изборната победа на претседателот Доналд Трамп. Падот кај производителите на софтвер го оптовари тргувањето, откако автоматизациската алатка на „Антропик“ (Anthropic) ги ...

Биткоинот падна на најниското ценовно ниво откако Доналд Трамп повторно ја презеде Белата куќа пред нешто повеќе од една година, бришејќи ги добивките што ги оствари водечката криптовалута по изборната победа на крипто-наклонетиот американски претседател. Најголемата криптовалута според пазарна вредност го продолжи речиси четиримесечниот пад, спуштајќи се под 74.424,95 долари – најниската цена во 2025 година. Токенот падна на тоа ниво на 7 ...

Главниот извршен директор на „Енвидија“, Џенсен Хуанг, изјави дека масовната изградба на капацитети за вештачка интелигенција, која моментално го оптоварува електричниот систем на многу места, на крајот ќе доведе до поевтина енергија. Инвестициите за зголемување на електричниот капацитет – заедно со користењето на ВИ во производство и дистрибуција на енергија – со тек на време ќе помогнат да се намалат трошоците, рече Хуанг на конференција ...

Волстрит веќе подолго време е скептичен кон акциите на софтверските компании, но расположението неодамна премина од мечкино во апокалиптично, бидејќи трговците масовно ги продаваат акциите од целиот сектор поради страв дека вештачката интелигенција ќе предизвика големи нарушувања. „Ние го нарекуваме ‘SaaSpocalypse’, апокалипса за акциите на компаниите за софтвер,“ рече Џефри Фавуца од трговскиот оддел за акции во „Џефрис“. „Тргувањето е во ...

Трговците на Волстрит ги задржаа акциите близу нивните историски највисоки вредности, при што чувствителните индустриите имаа добивки врз основа на очекувања дека солидните резултати ќе продолжат да го поттикнуваат пазарот. Инвеститорите што купуваат при пад го предводеа закрепнувањето на златото и среброто по историскиот удар на распродажба. Доларот го запре растот. Околу 350 акции во индексот S&P 500 пораснаа, но индексот остана ...

Европската унија ќе предложи партнерство за критични минерали на САД со цел да се намали влијанието на Кина, обидувајќи се да ја обликува иницијативата на администрацијата на Трамп за склучување глобални договори оваа недела. ЕУ е подготвена да потпише меморандум за разбирање со САД за развој на „Патоказ за стратешко партнерство“ во рок од три месеци, според лица запознаени со прашањето. Партнерството има за цел заеднички да најде начини за ...

Компанијата „Волт Дизни“ соопшти дека Џош Д’Амаро ќе го наследи Боб Ајгер како главен извршен директор на забавниот гигант, со што завршува тригодишната потрага по замена за долгогодишниот лидер. Д’Амаро, кој има 28 години искуство во компанијата, ќе го преземе местото на Ајгер почнувајќи од 18 март, соопшти компанијата со седиште во Бурбанк, Калифорнија, во вторникот. Како раководител на дивизијата „Дизни икспириенсис“ (Disney Experiences) ...

Претседателот на Федералните резерви во Ричмонд, Том Баркин, изјави дека минатогодишните намалувања на каматните стапки помогнаа да зајакне пазарот на труд, а официјалните лица сега се обидуваат да ја намалат инфлацијата до целта на централната банка. „Ги гледам овие намалувања како вид на осигурување за поддршка на пазарот на труд додека ја завршуваме последната милја за да ја доведеме инфлацијата до целта,“ рече Баркин во вторникот. ...

Турција планира да биде домаќин на разговори на високо ниво меѓу САД и Иран в петок, со цел да се намалат тензиите меѓу двете земји. На состанокот во Истанбул ќе присуствуваат американскиот пратеник Стив Виткоф, зетот на претседателот Доналд Трамп - Џаред Кушнер, и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, дознава „Блумберг“. Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан очекува да се приклучат и некои регионални сили, велат ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека бара отштета од 1 милијарда долари од Универзитетот „Харвард“ по објавувањето на извештајот на „Њујорк тајмс“, кој сугерира дека неговата администрација се откажала од барањето од 200 милиони долари, поврзано со наводни неправилности на оваа престижна институција. „Овој случај ќе продолжи додека не се оствари правдата“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут. Тој тврди дека „Харвард“ „го ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека бара оштета од 1 милијарда долари од Универзитетот Харвард по објавувањето на извештајот на „Њујорк тајмс“ кој сугерира дека неговата администрација се откажала од барањето од 200 милиони долари, поврзано со наводни неправилности на оваа престижна институција. „Овој случај ќе продолжи додека не се оствари правдата“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут. Тој тврди дека Харвард „го ...

Францускиот парламент го усвои буџетот за 2026 година откако премиерот Себастијен Лекорну преживеа две гласања за недоверба во понеделникот, ставајќи крај на неколкумесечните политички превирања што ја разнишаа довербата на инвеститорите во земјата. Предлогот за цензура поднесен од пратениците на радикалната левица во Националното собрание доби 260 гласа, што е помалку од потребните 289 за да се собори малцинската влада и да се отфрли ...

Поранешниот претседател Бил Клинтон и неговата сопруга, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, ќе се појават пред конгресниот комитет што го истражува озлогласениот финансиер Џефри Епстајн, изјавија нивните адвокати во понеделникот. Оваа недела беше планирано гласање во Домот за да се осудат Клинтонови за кривично дело непочитување на судот доколку продолжат да ги игнорираат поканите во истрагата за Епстајн и неговите активности. ...

Илон Маск ги спојува „Спејс екс“ (SpaceX) и „Екс еј-ај“ (xAI) во договор што ја вреднува проширената компанија на 1,25 билион долари, додека најбогатиот човек во светот се обидува да ги финансира своите сè поскапи амбиции во областа на вештачката интелигенција и вселенските истражувања. Преземањето на „Екс еј-ај“ беше објавено во соопштение на веб-страницата на „Спејс екс“, потпишано од Маск, со што се потврди претходниот извештај на ...

Илон Маск ги спојува „Спејс екс“ (SpaceX) и „Екс еј-ај“ (xAI) во договор што ја вреднува проширената компанија на 1,25 билиони долари, додека најбогатиот човек во светот се обидува да ги финансира своите сè поскапи амбиции во областа на вештачката интелигенција и вселенските истражувања. Преземањето на „Екс еј-ај“ беше објавено во соопштение на веб-страницата на „Спејс екс“, потпишано од Маск, со што се потврди претходниот извештај на ...

Волстрит го започна февруари со добивки на акциите, бидејќи солидните фабрички податоци го зајакнаа оптимизмот за корпоративна Америка, додека загубите на златото и среброто се ублажија по драматичниот пад во петокот. Приносите од обврзниците се зголемија заедно со доларот. Добро утро, ви пишува Владимир Николоски од дигиталната редакција на „Блумберг Адрија“. Подолу петте вести што ги издвоивме за почеток на денот. Во банките чуваме ...

Опкружен со повеќе од еден век автомобилска историја во Музејот на Мерцедес-бенц во Штутгарт, тениската легенда Роџер Федерер возеше целосно црна лимузина од класата С на сцената, осветлен од камери и придружен од инспиративна музика, додавајќи допир на ѕвездено достоинство на најновиот обид на германскиот производител да ја одбрани својата луксузна круна. Покрај појавувањето на Федерер, премиерата вклучуваше кратко појавување и од ...

Документарниот филм „Меланија“, кој светска премиера имаше на 30 јануари, ги следи 20-те дена непосредно пред инаугурацијата на Доналд Трамп за претседателскиот мандат, фокусирајќи се на подготовките на првата дама, Меланија Трамп, за влез во Белата куќа и нејзиниот поглед на улогата што ќе ја преземе по вторпат. „Амазон студиос“ за правата на филмот плати рекордни 40 милиони долари, дури тројно повеќе од другите учесници - „Дизни“ и ...

Пазарот на криптовалути бележи подлабок пад на цените; биткоинот се тргува под 80.000 долари, што е нешто помалку од 40 проценти од својот врв од 126.200 долари минатиот октомври (златото исто така нагло падна, но многу помалку од биткоинот). Тој изгуби околу 14 проценти од својата вредност за само пет дена, бидејќи цената падна од околу 90.000 долари на сегашните 77.800 долари. Што се случува на пазарот и дали сега е вистинското време да ...

Вкупните депозити во Македонија заклучно со декември 2025 година достигнаа 661,2 милијарди денари (10,7 милијарди евра) што е зголемување за 10,1 проценти во однос на истиот месец претходната година и убедлив рекорд. Со тоа продолжува повеќегодишниот тренд на континуиран раст на депозитите кај македонските банки кој главно е поттикнат од штедењето на домаќинставата. Индикативно е дека штедењето во изминатиов период расте и покрај разгорената ...

Волстрит го започна февруари со добивки на акциите, бидејќи солидните фабрички податоци го зајакнаа оптимизмот за корпоративна Америка, додека загубите на златото и среброто се ублажија по драматичниот пад во петокот. Приносите од обврзниците се зголемија заедно со доларот. Криптосветот почна да се опоравува, а биткоинот скокна. Економски чувствителните сектори ги предводеа добивките, бидејќи податоците покажаа дека производствената ...

САД и Индија постигнаа трговски договор со кој се намалуваат царините за индиските стоки, објави американскиот претседател Доналд Трамп, со што се деескалираат тензиите меѓу двете земји. Трамп изјави во понеделникот дека ќе ја намали царината од 25 проценти за индиските стоки на 18 проценти откако премиерот Нарендра Моди се согласи за време на телефонски разговор да престане да купува руска нафта. Трамп, исто така, ја отстранува ...

Бирото за статистика на трудот на САД нема да го објави извештајот за работните места во јануари во петок, како што беше закажано, поради делумното затворање на владата. „Објавувањето ќе биде презакажано по продолжувањето на владиното финансирање“, изјави Емили Лидел, помошник-комесар во БЛС. „Поради делумното затворање на федералната влада, Бирото за статистика на трудот ќе го суспендира собирањето, обработката и дисеминацијата на ...

Фјучерсите за какао го продолжија падот на најниско ниво од ноември 2023 година, бидејќи врвните производители се борат да најдат доволно купувачи за своето производство. Најактивниот договор падна за дури 5,4 проценти и се тргуваше под 4.000 долари пред да ги намали загубите. Фјучерсите се намалени за повеќе од 30 проценти оваа година поради загриженоста за уништување на побарувачката и потенцијалот за поголем од очекуваниот вишок. ...

Трезорските обврзници во повеќето рочности се зголемија, поттикнати од побарувачката за засолништа откако падот на скапоцените метали се прелеа на други пазари. Приносите на американскиот 10-годишен долг паднаа за еден базичен поен на 4,23 проценти, бидејќи фјучерсите на Nasdaq покажаа пад од 0,6 проценти на технолошкиот индекс во понеделникот. Тоа се случи откако инвеститорите продадоа секакви ризични средства по продолжениот пад на ...

Илон Маск е во напредни преговори за спојување на „Спејс екс“ (SpaceX) и „Екс еј-ај“ (xAI), според луѓе запознаени со ова прашање, бидејќи милијардерот брзо се движи кон консолидирање на својата империја. Ракетната и сателитската група и фирмата за вештачка интелигенција ги информирале некои од своите инвеститори за плановите, рекоа луѓето, барајќи да не бидат идентификувани бидејќи информациите се приватни. Тие би можеле да објават договор ...

Британската платформа „Онлифанс“ (OnlyFans), најпозната по својата содржина за возрасни, е во преговори за продажба на 60 проценти од акциите на инвестициска фирма во договор што би ја проценил компанијата на околу 3,5 милијарди долари, според лице запознаено со ова прашање. „Архитект Капитал“, со седиште во Сан Франциско, влезе во ексклузивни разговори со сопственикот на „Онлифанс“, „Феникс Интернешнл“ (Fenix International Ltd), и бара ...

Германската економија денес се движи во тесен коридор меѓу стагнацијата и благото закрепнување. Рецесијата формално е зад неа, но враќањето на растот нема сила што би го променило целокупниот сентимент во Европа. Токму во тој простор, меѓу политичкиот оптимизам и економската реалност, книгата „Капут: крајот на германското чудо“ (Kaput: The End of the German Miracle) од Волфганг Минхау добива на тежина. Не затоа што најавува колапс, туку затоа ...

Рекордниот раст на златото беше нагло прекинат со остар пад што не е виден во последните десет години, а пресвртот се случи во петокот, откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе го номинира Кевин Ворш за следен претседател на Федералните резерви (ФЕД). Падот на цената на скапоцениот метал продолжи во понеделник, со ефекти на прелевање на пошироките пазари и отворено прашање: дали ова претставува можност за купување? ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
87%
1017
weather icon

Белград

4ᴼ / 1ᴼ
8.23
80%
1011
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
92%
1007
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
1.54
71%
1019
weather icon

Сараево

-5ᴼ / -5ᴼ
0.36
93%
1021
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
1.03
96%
1006
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
1.34
87%
1018
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1012
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
100%
1013
weather icon

Букурешт

-2ᴼ / -3ᴼ
3.09
78%
1021
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
96%
1011
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 3ᴼ
2.57
93%
1022
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Родиум

339190.38

Калај

49.78

Паладиум

56617.46

Бакар

12.10

Злато

159322.70

Платина

83354.78

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Алуминиум

3.06

Сребро

3663.67

Цинк

3.37

Иридиум

221848.72