Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
text size Кога дојдовме да ја преземеме „тојота ајго Х ГР спорт хибрид“ (Toyota Aygo X GR Sport Hybrid), веднаш на стартот останавме импресионирани од бројката што нè дочека на возачкиот екран. Просечната потрошувачка на 100 километри изнесуваше 3,7 литри, што е неверојатно за тест-автомобил кој сигурно не бил поштеден од тешката новинарска нога на педалата за гас. Втората работа што нè воодушеви се маневарските способности на градскиот ...
text size Нафтата скокна над 95 долари, продолжувајќи го месечниот раст на цената од 30 отсто, бидејќи САД и Иран ја намалија веројатноста за разговори, а нарушувањата во глобалните залихи и понатаму се зголемуваат. Растот ги испрати фјучерсите на брент на нивоа последен пат забележани на почетокот на јуни, пред привремениот мировен договор кој сега се распадна. Иран соопшти дека во моментов нема преговори и дека е можен само размена на ...
text size Европската централна банка (ЕЦБ) в среда и четврток ќе одлучува за клучните каматни стапки, а со тоа и за трошоците на задолжувањето во наредните месеци. Инфлацијата во еврозоната во јуни забави од 3,2 на 2,8 отсто, но поради повторното заострување на ситуацијата на Блискиот Исток, цените на нафтата повторно почнаа да растат, што би можело да ги засили инфлаторните притисоци. ЕЦБ сака среднорочно да ја одржи инфлацијата на два ...
text size Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно. Вашата претплата е успешна. Компанијата која стои зад ЧетГПТ во објава во вторникот наведе дека моделите, за време на процената на нивните сајбер-способности, провалиле во системот на компанијата „Хагинг фејс“, која хостира модели на вештачка интелигенција и бази на податоци. Како што беше соопштено, моделите, меѓу кои биле ГПТ 5.6 Сол (GPT-5.6 Sol) и уште еден ...
text size Нарушувањата во поморскиот сообраќај низ клучните тесни поморски премини на Блискиот Исток се интензивираат додека војната меѓу САД и Иран продолжува, при што бродовите во Црвеното Море преземаат невообичаени маневри, а видливиот сообраќај низ Ормускиот Теснец нагло опадна. Во Црвеното Море, најмалку еден брод направил полукружно свртување и тргнал кон север, кон Суецкиот Канал, додека други ги прекинале своите патувања, ...
text size Ако сакате да ја задржите можноста за работа од дома или хибриден модел на работа, најдобро е да не работите за нарцисоиден шеф. Во постпандемискиот период менаџерите ги користеа речиси сите омилени корпоративни фрази - иновации, соработка, организациска култура, менторство, продуктивност и учинок - за да го оправдаат враќањето на вработените во канцелариите пет дена во неделата. Иако дел од тие аргументи имаат смисла, ново ...
text size Производителите на генерички лекови ќе имаат две години да го префрлат производството во САД или ќе се соочат со увозна царина од 100 отсто од август 2028 година, изјави претседателот Доналд Трамп, заканувајќи се на снабдувањето со евтини лекови од кои зависат милиони Американци. Целта на мерката е производството на генерички фармацевтски производи да се врати во САД, а компаниите што нема да изградат производствени капацитети во ...
text size Војната на Соединетите Американски Држави против Иран досега чинела околу 37,5 милијарди долари, изјави американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, изнесувајќи ја најновата официјална проценка за конфликтот, кој, според него, сè уште не покажува знаци на скорешно завршување. Хегсет ја соопшти процената на сослушување пред Комитетот за апропријации на американскиот Сенат, посветено на барањето на администрацијата на претседателот ...
text size Русија повеќе не е подготвена да врати дел од окупираните територии на Украина како дел од каков било договор за завршување на војната и планира да ги задржи како тампон-зони, според лица блиски до Кремљ. Рускиот претседател Владимир Путин останува решен со сила да воспостави целосна контрола врз источниот украински регион Доњецк, а отсега ќе ги задржи и деловите од регионите Суми и Харков во близина на границата со Русија како ...
text size Откорнати дрвја, кровови и настрешници предизвика невремето кое вчера попладне го зафати Скопје, што е само потсетување дека климатските промени се реалност која што ќе мораме да ја прифатиме и на која ќе мораме да се приспособиме. Поради невремето проследено со силен ветер, се евидентирани повеќе од 1.000 повици од граѓани, а освен материјални штети има и повредени лица. Добро утро , ви пишува Владимир Николоски од дигиталната ...
text size Добро е познато дека Белградската берза е меѓу најмалку ликвидните пазари во регионот. Полугодишните пресеци покажуваат дека нејзината позиција во 2026 година е уште понеповолна: индексот BELEX15 падна за 5,21 процент од почетокот на годината, рангирајќи го меѓу најслабите берзански индекси во светот. Во таква средина, не е изненадувачки што вишокот пари во Србија сè уште е првенствено насочен кон банкарски заштеди или пазарот на ...
text size Во македонската јавност во изминатиов период активно се води дебата околу стабилноста на пензискиот систем во земјата, главно поради тоа што од година во година се повеќе се зголемуваат трансферите од државниот буџет до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ФПИОМ) без кои не би била можна редовна исплата на пензиите на осигурениците кои го оствариле правото на пензија. Во оваа дебата често се полемизира околу оправданоста на ...
text size Авиокомпанијата „Визер“ ја прошири својата база на Меѓународниот Аеродром Скопје со седми авион, што според Владата и „ТАВ Македонија“ претставува значаен чекор за натамошен развој на воздушниот сообраќај, зголемување на поврзаноста на земјата и раст на бројот на патници. „Седми авион ќе биде дел од базата на ‚Визер‘ во Скопје. Ова е големо достигнување и нешто со што многу национални авиокомпании не можат да се пофалат. Затоа ...
text size Казахстан е принуден да престане со испорака на сурова нафта до својот главен извозен терминал на рускиот брег на Црното Море, бидејќи серијата напади врз танкери веќе го загрозува извозот на земјата која е без излез на море а сместена во Централна Азија. Терминалот на Каспискиот конзорциум за пренос на нафта (ЦПЦ - од англиски: Caspian Pipeline Consortium) во близина на руското пристаниште Новоросијск требаше да престане да ...
text size Оваа пролет, кога Илон Маск го постави Мајкл Николс на чело на „Екс еј-ај“ (xAI), неговата компанија за генеративна вештачка интелигенција, целта беше јасна: да се достигне четботот Клод на компанијата „Антропик“. Секој пат кога Клод ќе објавеше ажурирање, Маск сакаше сопствениот четбот на „Екс еј-ај“, Грок, да биде во чекор со него. Тој сакаше корисниците на „Антропик“ да преминат на Грок кога сакаат да разговараат со четбот или ...
text size Трката за преземање на австриската банка „Адико“ влегува во најнапнатата фаза. Австриската „Рајфајзен банк интернешнл“ - РБИ (Raiffeisen Bank International - RBI) соопшти дека заклучно со 20 јули примила изјави за прифаќање на понудата за вкупно 10.703.509 акции, што претставува 55,5 отсто од акциите на „Адико“ што се предмет на понудата. Со тоа, понудата на РБИ го надмина минималниот праг на успешност поставен на 55 отсто. Во ...
Додека деловната култура во последните децении го афирмираше краткото спиење и долготрајната работа, новата генерација лидери вложува илјадници евра токму во одмор и во она што некогаш се сметаше за губење време. Често се истакнува податокот дека последиците од недоволното спиење ја чинат глобалната економија стотици милијарди долари годишно преку загуба на продуктивност, отсуства и намалена ефикасност на работното место. Дополнително, се ...
Цената на нафтата Брент би можела да надмине 120 долари за барел до четвртиот квартал доколку продолжат нарушувањата во Ормуз, оценува „Голдман сакс груп“ (Goldman Sachs Group Inc.), иако тоа не е основното сценарио на банката. „Ескалацијата на Блискиот Исток и намалувањето на проценетите испораки од Персискиот Залив на помалку од 45 отсто од нивото пред војната повторно ги зголемија цените на нафтата“, наведуваат аналитичарите предводени ...
Сојузната судијка Арасели Мартинез-Олгин привремено го запре преземањето на компанијата „Ворнер Брос. Дискавери“, вредно 110 милијарди долари, од страна на „Парамаунт Скајденс“, оценувајќи дека таа трансакција најверојатно би ги прекршила американските антимонополски закони. Судијката во понеделникот им наложи на компаниите за 14 дена да го одложат финализирањето на договорот. „Парамаунт“ и „Ворнер Брос.“ планираа трансакцијата да ја ...
Администрацијата на Доналд Трамп најави дека ќе воведе нови царини од 50 отсто за дел од канадските производи, обвинувајќи ја Канада за неправеден третман на американскиот алкохол, автомобили и млечни производи, со што дополнително ги засили трговските тензии меѓу двете соседни земји. Меѓу производите што ќе бидат опфатени со новите царини се млекото, хокеарската опрема, пивото и иверицата, но не и клучниот увоз на суровини како ...
Воениот конфликт меѓу Соединетите Американски Држави и Иран продолжува да ескалира, откако двете страни десетти ден по ред извршија меѓусебни напади, додека дипломатските посредници интензивно се обидуваат да воспостават нов прекин на огнот. Во меѓувреме, јеменската милитантна група Хути се закани со поморска блокада во Црвеното Море, што дополнително ја зголемува загриженоста за безбедноста на глобалните енергетски рути. Американската ...
„Фолксваген“ (Volkswagen AG) е во напредни преговори со групацијата „ЏСВ“ (JSW Group) за продажба на удел во својата индиска подружница, велат извори запознаени со разговорите, додека германскиот производител на автомобили бара партнер што ќе внесе свеж капитал и ќе помогне во зајакнувањето на неговото работење на третиот најголем автомобилски пазар во светот. Двете страни работат на можен договор во наредните недели, според кој „ЏСВ“ ќе ...
Еден сопственик на бродови се обидува да ги убеди екипажите да пловат низ Ормускиот Теснец нудејќи им дополнителна шестмесечна плата доколку се согласат да минат низ овој клучен нафтен коридор, ставајќи ги морнарите пред тежок избор меѓу голема финансиска награда и ризикот по сопствениот живот. „Синокор“ (Sinokor Group), најголемиот светски сопственик на супертанкери, им испратил таква понуда на своите морнари за двонасочно патување, ...
Владата вчера донесе одлука за намалување на акцизите за нафтените деривати, но и покрај тоа, цената на дизелот и на бензинот од полноќ значително се покачија– дизелот за дури шест денари за литар, а бензините за три денари за литар. Ова е второ последователно поскапување на дериватите, откако минатиот понеделник, РКЕ ги зголеми цените за 5,50 денари за дизелот и 1,50 денари за суперот. Од Владата рекоа дека доколку не ги намалеле акцизите, ...
Првите шест месеци перформансите на акциите котирани на Македонската берза не ги задоволија инвеститорите, ако ја гледаме вредноста на индексот, особено во споредба со претходните две години. После одличната 2024-та, кога МБИ10 порасна за неверојатни 67 отсто, во 2025 следеше стагнација, односно пад на индексот од 1,43 отсто. Трендот продолжи засилено и во актуелнава 2026, кога МБИ10 забележува пад од 5,3 отсто во првите шест месеци, или ...
Од своето основање во 2001 година Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ) со седиште во Љубљана, Словенија, има ангажирано повеќе од 30.000 јавни службеници, поддржал над 120 институции, спровел повеќе од 2.000 настани за учење низ регионот на југоисточна Европа и Турција, а иницијативите поддржани од ЦЕФ придонеле за посилно управување со реформите и напорите за пристапување кон ЕУ во опфатените земји. Го искористивме Годишниот ...
Федералните резерви со децении беа последната линија на одбрана на финансискиот систем. За време на големите кризи, нивниот одговор се движеше од намалување на каматните стапки и купување државни обврзници до историската одлука за купување ЕТФ-ови (фондови со кои се тргува на берза) кои следат корпоративни обврзници за време на пандемијата. Затоа, денес се поставува прашањето дали во некоја идна криза Федералните резерви би можеле да купат и ...
Кинеските здравствени власти одобриле повеќе нови лекови за третман на канцер од нивните американски колеги во последните неколку години, според студија објавена во понеделник, која покажува дека инвестициите во кинеската биотехнолошка индустрија ја зголемуваат нејзината конкурентност на глобално ниво. Помеѓу 2020 и 2025 година, Националната администрација за медицински производи на Кина одобрила за продажба 94 нови лекови против рак во ...
Енди Бернам вети „нов економски модел“ за Велика Британија, обидувајќи се да ги увери сонародниците дека неговото стапување на функцијата како нивен седми премиер за малку повеќе од една деценија ќе стави крај на политичката нестабилност во земјата. Бернам вети во своите први обраќања како премиер во понеделник дека ќе преземе итни мерки за намалување на трошоците за живот, вклучително и објаснување како да се финансираат тие мерки. Тој го ...
Добивката падна од 820 милиони евра и беше пониска од очекувањата на аналитичарите, кои во анкетата на „Блумберг“ во просек прогнозираа околу 624 милиони евра. Компанијата наведе дека поради конфликтот дошло до пад на интересот на патниците и до подоцнежни резервации поради загриженоста околу снабдувањето со авионско гориво. Како прв голем европски авиопревозник кој ги објави резултатите за овој период, „Рајанер“ даде увид во тоа како ...