
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Производителите на житни култури кои сакаат да ги складираат и веднаш да не ги продаваат пченицата и јачменот од годинешниот род имаат право на финансиска помош. Висината на поддршката изнесува 100 проценти од трошоците за чување на реколтата … Финансиската поддршка за складирање и оваа година може да ја користат евидентираните земјоделци со пријавени површини со пченица и со јачмен кои ја имаат дадено кај регистриран сопственик на силоси од ...
Со зголемената потреба за сезонски работници, Хрватска и ова лето ќе биде популарна дестинација за многу Македонци кои бараат подобри работни услови и плати. Со зголемената потреба за сезонски работници, Хрватска и ова лето ќе биде популарна дестинација за многу Македонци кои бараат подобри работни услови и плати. Во последните години, бројот на издадени дозволи за работа во Хрватска за граѓаните од Македонија значително се зголеми, ...
Не се отвора никаков простор за зголемување на цената на топлинска енергија за граѓаните. Во ниеден случај нема да дојде до поскапување на цената на топлинска енергија за домаќинствата, може да дојде само до намалување, истакна првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски. Дали ќе има субвенции или ќе нема, во текот на јуни ќе ја донесеме одлуката. Можевме и сега да носиме популистички одлуки кога ја намаливме цената за недомаќинствата, но се решивме ...
Комерцијална банка информира дека склучи договор за продажба на имотот на комбинатот Еуроникел индустри од Кавадарци со друштва основани од холандската холдинг компанија Polynickel Holding BV, која е дел од групацијта Yildirim Group. За финална реализација на купопродажниот договор останува уште да се исполнат сите правни и регулаторни предуслови. Во истовреме, Банката со групацијата Yildirim склучи договор за продажба и на имотот на фабриката ...
Етиопија ќе усвои закон кој им дозволува на странците да поседуваат недвижен имот како дел од поширокиот план на земјата за отворање на економијата и привлекување инвестиции, најави етиопскиот премиер Абиј Ахмед. Ахмед изјави за државната телевизија дека владата на Етиопија го финализира новиот закон со кој на странците им се дозволува да поседуваат недвижен имот, иако не кажа кога законот ќе биде доставен до парламентот на одобрување, пренесе ...
Поради надминување на дозволената количина на пестициди, Холандија повлече од пазарот замрзнати вишни со потекло од Србија, објави RASFF – европскиот систем за брзо предупредување и информирање за храна. Станува збор за пестицидот диметоат, кој, како што се наведува, бил откриен во поголема количина од дозволената. Според податоците од РАСФФ, контролата на овошјето ја вршел самиот производител. Во примерокот земен на 6 март, откриени се ...
Во Македонија, најновите статистички податоци покажуваат дека недвижнините поскапуваат со висока стапка од 20,6 отсто. Најверојатната причина за сегашниот раст е тоа што од 2020 година земјата веќе е во формални преговори за влез во ЕУ и дури сега се забележува како место за инвестирање. Истото важи и за Албанија, која е следна во рангирањето по поскапување Денешното издание на бугарски „24 Часа“ потсетува дека, покрај становите во Скопје, ...
Регулаторната комисија за енергетика, донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,33% во однос на одлуката од 22.3.2024 година. Од 26.3.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 85,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 87,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 77,00 (денари/литар) Масло за ...
Предизборие, период во кој политичарите уживаат додека зборуваат за економијата. Кампањата се уште не започната, а од говорите како на власта така и на опозицијата може да се слушнат ветувања и најави дека животот во Македонија ќе биде рај. Повисоки плати и пензии, развој на стопанството помогнат од државата, капитални инвеатиции, подобро здравство, модерно образование, поефикасна администрација, ова се само дел од убедувањата на потенцијалните ...
Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, со колумна повика на мораториум на вработувањата во јавната администрација и на кратење на бројот на институциите што се на товар на буџетот на државата. -Просечна стапка на економски раст помала од 2% во периодот од 1992 година до денес. Стапка на раст која е убедливо најниска споредено со сите земји од поширокиот регион. РАЗОЧАРУВАЊЕ! Континуиран раст на задолжувањето на државата во целиот ...
Депозитите се основен извор на финансирање на банките и следствено банките имаат разновидна понуда на депозитни производи којашто ги има предвид различните потреби на клиентите. Во финансискиот систем во земјава постепено се зголемува и понудата на нови инвестициски алтернативи. „Да имаме предвид дека финансискиот систем се развива, постепено се збогатува и се отвораат нови инвестициски алтернативи за граѓаните. Една од нив е граѓанската ...
Децата во градинките и оваа година ќе добиваат бесплатно домашно свежо овошје. Дистрибуцијата ќе почне од 15-ти јуни и ќе заврши до 15-ти декември 2024 година. За оваа намена се обезбедени 40 милиони денари … Свежи кајсии, праски, сливи, круши и јаболки и оваа година бесплатно ќе добиваат децата во градинките. Дистрибуцијата ќе трае од 15-ти јуни до 15-ти декември годинава. Парите во висина од 40 милиони денари се обезбедени преку Програмата за ...
Санкциите наметнати од Западот кон Русија од почетокот на војната немаа сериозно влијание врз трговијата на Москва, покажа анализата на белгискиот тинк-тенк „Bruegel“. Загубата на увозот и извозот во развиените земји на Запад се компензира со економиите во развој, покажуваат податоците. Од историскиот преглед на трговските односи меѓу Русија и ЕУ, јасно е дека во периодот 1999 – 2014 година трговските односи значително се продлабочиле. Во ...
Централните банки се соочуваат со зголемен политички притисок да ги намалат каматните стапки среде годината во која се очекуваат избори во многу земји во светот. Сепак, одборите на централните банки мора да ја задржат својата независност на одлучување. На ова предупреди Кристалина Георгиева, директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Според неа, централните банки кои се понезависни се поуспешни во контролирањето на инфлацијата и ...
На девизните пазари и минатата недела порасна вредноста на доларот во однос на кошничката валути, вторпат по ред, додека инвеститорите ги анализираа одлуките и пораките од седниците на голем број големи централни банки. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела порасна за 0,3 отсто, на 103,78 поени. Истовремено, вредноста на доларот во однос на европската валута се зголеми ...
Ако имате 10.000 евра и сакате да ги инвестирате во нешто што ќе ви донесе приход, можете да размислите за започнување сопствен бизнис. Но, каков бизнис можете да започнете со оваа сума? Кои се најдобрите начини да го искористите вашиот капитал? Според експертите кои ги анализираат различните опции за започнување бизнис со 10.000 евра, постојат неколку идеи кои можат да ви бидат корисни, вели „Денар“. Секој има свои предности и недостатоци, ...
„Посветено работиме за да ја финализираме подготовката на апликацијата за Единствената област за плаќањa во евра – СЕПА“, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за регионалната новинска агенција Сињуз (SeeNews). Гувернерката посочи дека нашата земја направи голем исчекор кон членството во СЕПА, со усвојувањето на новиот Закон за платежни услуги и платни системи, како и 26 подзаконски акти донесени од ...
Во текстилната индустрија во Прилеп пристигнаа девет работници од Непал, а се очекуваат уште десетина. Увозот на работна сила е во почетна фаза, но го отвора прашањето за состојбите со домашната понуда на пазарот на трудот. Прилепските стопанственици наведуваат три причини за увозот на работна сила. -Едната е дека што до овој момент тие немаат доволно квалификувана работна сила на домашниот пазар на трудот. Дуалното образование не ги даде ...
Плата за живот, а не минималец, за да има социјална правда и доволно средства за егзистенција на работниците и нивните семејства. За да се прехрани едно четиричлено семејство, за разлика од синдикалната кошничка која во моментот достигна 60.000 денари, нашите пресметкит се дека оваа сума не е доволна и се потребни минимум 72.300 денари за да се помине месецот, порачуваат од „Гласен текстилец“. Кристина Ампева од „Гласен текстилец“ денеска ...
Руската централна банка ја задржа основната каматна стапка непроменета на 16 отсто. Ова се случи на редовниот состанок за монетарната политика на институцијата. Се посочува дека инфлацијата во земјава и понатаму е висока – во февруари таа изнесуваше 7,7%, а се уште е рано да се забележат трајни дезинфлаторни процеси. Домашната побарувачка продолжува да го надминува производствениот капацитет. Проблемите на пазарот на трудот се интензивираат. ...
Ова е нивното највисоко ниво во последните 16 години Банката на Англија, централната банка на Велика Британија, ги задржа каматните стапки на највисоко ниво во последните 16 години, иако инфлацијата во земјата падна на најбавната стапка во повеќе од 2 години, забележа Њујорк Тајмс. На нивниот последен состанок (21 март), креаторите на политиката на централната банка ја оставија основната стапка на 5,25% петти последователен состанок, еден ден ...
Со новото усогласување, минималната плата за 2024 година бележи пораст од 3.613 денари во бруто износ, односно 2.392 денари во нето износ Минималната плата која досега изнесуваше 20.175 денари, отсега ќе изнесува 22.567 денари во нето износ, односно 33.352 денари во бруто износ, информираше денеска Министерството за труд и социјална политика (МТСП) по седницата на Економско социјалниот совет (ЕСС). Со новото усогласување, минималната плата за ...
Глобaлната недела на парите ја донесе „Финансиската училница“ на Комерцијална банка на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје. Студенти од групата на професорот д-р Сашо Арсов имаа можност да се информираат и едуцираат за значењето на парите за нивната финансиска иднина и за начините како да си обезбедат финансиски успешна иднина. По повод Глобалната недела на парите, која светот оваа година ја одбележува под мотото „Чувајте ги парите, ...
Зголемувањето на учеството на жените во работната сила ќе овозможи повисок економски раст, којшто целосно ќе ги надомести загубите предизвикани од пандемијата. ММФ проценува дека кај брзорастечките и економиите во развој, БДП може да се зголеми за околу 8% во наредниот период од 5 години, доколку се зголеми стапката на учество на жените во работната сила за 5,9 п.п. Намалувањето на јазот помеѓу учеството на мажите и жените во работната сила е ...
Климатскиот инвестициски фонд (CIF/КИФ) го одобри Инвестицискиот план на Македонија за забрзана енергетска транзиција од јаглен кон чиста енергија во вредност од 85 милиони евра. Финансирањето е дел од инвестициската програма за забрзана транзиција на јаглен од 2,2 милијарди американски долари, прва од ваков вид мултилатерална платформа која поддржува транзиција од фосилните горива и кон чиста енергија со концесиски финансии. Со одобрување на ...
Минималната плата за месец март која ќе биде исплатена во април ќе изнесува 22.567 денари во нето износ и ќе забележи пораст од 3.613 денари во бруто износ, односно 2.392 денари во нето износ во однос на минималната плата за 2023 година, утврдено е денеска, 22 март, на седницата на Економско социјалниот совет (ЕСС) која се одржа во Влада. На денешната втората седница на ЕСС се разгледуваа повеќе точки меѓу кои и утврдувањето на висината на ...
Според истражувањето, најголемите предности на сезонската работа се стекнувањето нови знаења и вештини (68% од испитаниците), запознавањето нови луѓе (61%) и платата која вообичаено е значително повисока отколку во случајот со цела година. Има и престој на море (45%) и интересноста и атрактивноста на работата (44%), а само шест проценти од луѓето сметаат дека сезонската работа нема предности, несоодветно сместување и премалку плата и одвоеност ...
Економската активност во Еврозоната е намалена, но со оглед на тоа што инфлацијата има опаѓачки тренд кој ги поддржува реалните приходи, постојат услови за нејзино постепено закрепнување во следниот период, се оценува во Изјавата од денешниот Евросамит одржан на маргините на средбата на шефовите на држави или влади на земјите членки на ЕУ. – Остануваме обединети во нашата цврста определба да ја зголемиме отпорноста и конкурентноста на нашите ...
Идната Влада уште во првите 100 дена да направи уште една корекција со што минималната плата би достигнала износ од 450 евра, за мартовското покачување ставот на ССМ е дека не е доволен. Ваквите барања на синдикалците произлегоа пред почетокот на состанокот на Економско социјалниот совет. На денешната втората седница на ЕСС се разгледуваа повеќе точки меѓу кои утврдување на висината на минималната плата, за што од мтсп информираат дека: „По ...
Регулаторната комисија за енергетика, одлучи да ги зголеми малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48%. Според одлуката, малопродажната цена на бензинот „еуросупер -95“ се зголемува за 2,00 ден/лит, додека цените на останатите горива не се менуваат. Така од полноќ бензинот „еуросупер-95“ ќе се продава по цена од 85,00 денари/литар, „еуросуперот-98“ ќе има цена од 85,50 денари/литар,додека дизелот ќе се продава по цена од 76,00 ...