Досега не им е исплатена платата за месеците март и април а за неколку дена би требало да ја добијат платата за мај. Вработените изразија разочарување! Иако официјално штрајкуваат, на работа одат без да ги завршат работните обврски, а од синдикатот велат дека не можат да одат на лекар бидејќи немаат здравствено осигурување. „Ова е катастрофа. Во технички штрајк сме, сметката ни е блокирана“, вели претседателот на синдикатот на „Македонски ...

Од Европската Унија утрово пристигна информација дека Фондот за државите од Западен Балкан одреди рок до 17-ти јуни да има отворен повик за поднесување на проекти кои ќе бидат финансирани со европски пари, а целта е подобрување на регионалната соработка помеѓу државите. Во меѓувреме земјите од опкружувањето се подготвуваат и за проектите наменети од програмите за раст на Западен Балкан, а тој фонд тежи шест милијарди евра. Фондот за Западен ...

Самиот факт што извозот во Европската Унија доживеа пад што е споредлив со падот за време на пандемијата, значи при вонредни услови, укажува дека станува збор за сериозна појава, која има потенцијал да прерасне во проблем. А со оглед на обемот на размена што Македонија го има со Унијата, падот на увозот во земјите на ЕУ ќе има значително сериозен одраз врз состојбата на нашата економија Поаѓајќи од фактот што македонскиот извоз во Германија ...

Во последните години познати економисти ширум светот често зборуваат за забрзана дедоларизација, односно намалување на употребата на доларот како валута во прекуграничните трансакции. Војната во Украина, која резултираше со исклучување на руските институции од SWIFT, дополнително ја сврте Русија кон јуанот и обидот повеќе да се користи рубљата. Но, што вели официјалната статистика? Во последниот тригодишен извештај на Банката за меѓународни ...

Ефикасното управување со ресурсите и намалување на отпадот се главните принципи на кои се заснова зелената (цирукларна) економија. Една од главните цели, како економски модел, што би ја заменува линеарната економија е обнова на екосистемите и воведување иновации што ќе влијаат на промена на однесувањето на општеството. И додека линеарната економија се сведува на профит со искористување на природните ресурси, особено они небновливи) врз ...

– Компанијата Амфенол Технолоџи Македонија од Кочани денеска го регистрираше вработувањето на триилјадитиот работник, со што двојно го надмина очекуваниот број на работници од почетокот на формирањето. Последна во евиденцијата на вработени во една од најголемите компании во Источниот регион е 25-годишната Моника Стојанова од Кочани, на која на пригодна свеченост ѝ беше доделено признание и парична награда. -Остручена сум во областа на ...

Стартапот за вештачка интелигенција xAI на Илон Маск објави дека собрал 6 милијарди долари во кругот на финансирање од Серија Б, во кој стартапот влегува во фаза на забрзан раст или скалирање. Во финансирањето, меѓу другото, учествуваат фондовите „Valor Equity Partners“, „Andreesen Horowitz“, „Sequioa Capital“ и саудискиот милијардер Ел Валид бин Талал. Компанијата „xAI“ постигна значителен напредок во изминатата година, во ноември го објави ...

Банките од еврозоната мора да го прилагодат начинот на кој управуваат со ризикот бидејќи се соочуваат со предизвици од крајот на ултра ниските каматни стапки до појавата на нетрадиционални конкуренти кои можат брзо да го украдат пазарниот удел, рече главниот супервизор на Европската централна банка. Банките од еврозоната се справија со неодамнешниот пораст на инфлацијата и каматните стапки со извонредна леснотија и во голема мера ги избегнаа ...

Четириесет до педесет денари по килограм чини патот на доматите од Струмица до Скопје. Доматите кои струмичките земјоделци ги продаваат од 20 до 25 денари, на скопските пазари достигнуваат цена од 60 до 70 денари… Четириесет до педесет денари по килограм чини патот на доматите од Струмица до Скопје. Доматите кои струмичките земјоделци ги продаваат од 20 до 25 денари, на скопските пазари достигнуваат цена од 60 до 70 денари, што кажува дека ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,16 % во однос на одлуката од 20.5.2024 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,492%, кај дизелот има ...

Турската централна банка ја задржа основната каматна стапка непроменета на состанокот во четвртокот втор месец по ред. Ова е знак дека раководството на финансиската институција смета дека нејзината политика е доволно строга дури и пред инфлацијата да достигне прогноза од близу 75%, пишува Bloomberg. Комисијата за монетарна политика, предводена од гувернерот Фатих Карахан, ја остави каматната стапка на 50%, што е во согласност со очекувањата на ...

Забрзувањето на зголемувањето на платите во еврозоната на почетокот на годината не е причина за загриженост за идниот правец на инфлацијата, изјави членот на Управниот совет на Европската централна банка Марио Сентено на 25 мај на конференција во Рејкјавик. Падот на реалните плати по руската инвазија на Украина, која ги погоди потрошувачките цени, се очекува да се компензира во наредните години, изјави шефот на португалската централна банка. И ...

Европа прави залихи на кафе за да ги избегне тешкотиите што би можеле да настанат на почетокот на следната година со стапувањето во сила на регулативата на Европската унија за борба против уништувањето на шумите, објави Меѓународната организација за кафе (ИЦО). Залихите во земјите производители се при крај бидејќи увозниците брзаат со испораките пред новиот закон со кој ќе се забрани увозот на земјоделски производи произведени на обновено ...

Продуктивна употреба на заемите и зголемување на ефикасноста во реализацијата на јавните расходи треба да биде во фокусот на идната влада, велат експертите по најавите на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ и мандатар Христијан Мицкоски за задолжување од една милјарда евра под поволни услови од друга влада. Иако тој не открива детали под кои услови ќе се земе заемот и од каде, за стручната фела нема ништо неочекувано во најавата да се земе заем. Многу ...

Милијардерот Илон Маск вели дека човечките работни места ќе ги преземе вештачката интелигенција, но дека тоа „не мора да е лоша работа“. Милијардерот и технолошки иноватор Илон Маск вели дека вештачката интелигенција „ќе ни ги земе сите работни места“, но тоа не е нужно лоша работа. „Веројатно никој од нас нема да има работа“, изјави сопственикот на “Tesla” за вештачката интелигенција на конференцијата во четвртокот. Говорејќи на интернет на ...

Доаѓа момент во животот кога сфаќате дека можете и сами да бидете успешни и да го остварите својот сон, раскажува Селими, жена претприемач. Повеќе од 30 жени кои оделе на обуки за квалификација и преквалификација на возрасни кај нас веќе се самостојни и отвориле свој бизнис, вели Блажевска, сопственичка на центар за убавина. „Предизвиците и потребите на жените претприемачки“- меѓународна конференција на која се разменуваа искуства во областа на ...

Извозот на стоки од еврозоната падна во март најмногу од летото на пандемијата 2020 година, а увозот, исто така, нагло се намали, покажаа податоците на Европскиот завод за статистика. Извозот на стоки од 20-члената економија е намален во март за 9,2 отсто во однос на истиот период лани, пресмета Еуростат, најсилниот од август 2020 година. Во февруари речиси стагнираше, а во јануари порасна за 0,6 отсто, објави Хина. Извозот на стоки во ...

Синдикатот реагира, за сите работници да се исплаќаат трошоци за превоз Како што информираат од ССМ, како заштитници на правата на работниците, тие од новиот состав на Владата ќе побараат враќање на превозот до и од работното место и хранарината. Според нив логично е да се покрене иницијатива и обичниот работник да зема патни трошоци, а не само пратениците да бидат привилегирани. Револтот доаѓа оттаму е што пратениците наплатиле 1.124.915 евра ...

Покачувањето на цените не престанува, главно кај прехранбените производи и пијалоците. Ден по објавувањето на истражувањето на Сојузот на синдикати, дека профитните маржи на трговците се меѓу 35-50%, реагираа и од Комората на северо западна Македонија. Дурим Зеќири од оваа комора ги повикува компаниите да не ја искористуваат вакуум просторот во непримената на Законот за нелојална трговска пракса што почнува во септември. „Оценуваме дека овде ...

Американскиот министер за финансии Џенет Јелен во вторникот изјави дека САД и Европа мора да одговорат на кинеската индустриска политика на „стратешки и обединет начин“ за да го одржат производството на двете страни на Атлантикот. Зборувајќи за важноста на американско-европскиот сојуз, Јелен во Франкфурт рече дека вишокот на индустриски капацитет на Кина ги загрозува и американските и европските компании, како и индустрискиот раст на земјите во ...

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) на 26.04.2024 год. објави јавен повик за финансирање под инструментот за поддршка „Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации“. На јавниот повик може да се поднесат иновативни предлог-проекти за финансирање во максимален износ до 325.000 евра по проект. Крајниот рок за аплицирање е 04.06.2023 год. Износ на грант ФИТР обезбедува финансиска поддршка во форма на кофинансиран грант во ...

Музиката како уживање за публиката и како страст на младите музички таленти е тоа што го прави Гитарскиот фестивал во Крушево вистински музички спектакл и кој Комерцијална банка со задоволство го поддржува оваа година. Како докажан поддржувач на музичката култура во земјава и особено на создавањето нови талентирани музичари, Комерцијална банка обезбеди поддршка за 15-то јубилејно издание на Гитарскиот фестивал, во организација на друштвото за ...

Цената на биткоинот повторно се искачи над 70.000 долари во последните денови, приближувајќи се до својот историски максимум, додека втората најпопуларна криптовалута етериум скокна за дури 29% на речиси 4.000 долари, додека пазарот на криптовалути се подготвува за „клучното“ гласање во Вашингтон. оваа недела. Високиот раст на цените на биткоинот и на етериумот доаѓа откако Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC) побара итно ажурирање од ...

Следејќи ја потребата на државите од Западен Балкан за побрза економска интеграција и зголемување на безбедноста во регионот, членките на Европската Унија одобрија фонд за реформи и раст на регионот. Станува збор за амбициозен потфат кој Европската Унија го планира за Балканот. Фонд од 6 милијарди евра се одвоени како дел од пакетот, од кои 2 милијарди евра неповратни средства, а 4 милијарди евра во облик на кредити. Новиот план се потпира на ...

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, изјави за RTÉ дека постои „голема веројатност“ за намалување на каматните стапки на ЕЦБ во наредните недели „доколку податоците што ги добиваме за инфлацијата го зајакнат нивото на доверба што го имаме. ” Управниот совет на ЕЦБ ќе се состане за да донесе заклучок за какво било намалување за нешто повеќе од две недели. Во интервју за Prime Time, г-ѓа Лагард беше запрашана дали ...

Клаус Шваб, основачот на Светскиот економски форум (СЕФ), ќе поднесе оставка од функцијата извршен претседател, пишува Фајненшл тајмс. 86-годишникот помина повеќе од половина век на чело на познатата светска деловна конференција. Шваб претседаваше со годишниот собир во швајцарскиот ски-центар Давос откако го основаше во 1971 година, претворајќи го во исклучително профитабилно претпријатие, во сопственост на добротворна фондација, со годишни ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март годинава, изнесувала 40.496 денари, и е за 16 отсто повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (21.9 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (21.3 %) ...

Тренд на раст и кај банкарските кредитирања и кај граѓанските банкарски депозити Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 9,3 отсто, поради повисоките депозити на двата сектора, со поизразен придонес на депозитите на секторот „домаќинства“. А вкупните кредити, на годишна основа, бележат раст од 6,8 отсто, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, кое е поизразено кај секторот „домаќинства“. Официјалните ...

Американскиот министер за финансии Џенет Јелен ги повика земјите од Европската унија да се приклучат на напорите на САД за ограничување на кинескиот извоз на зелена технологија и предупреди дека презаситеноста од евтини кинески производи може да го загрози опстанокот на фабриките ширум светот. Америка и нејзините западни партнери мора да одговорат на „обединет начин“ на растечката производствена моќ на Кина или ќе ги стават на ризик сопствените ...

Кинеската влада и кинеската централна банка ја објавија најголемата програма за поддршка на најпроблематичниот пазар во кинеската економија – пазарот на недвижности. Директните и индиректните инјекции во неликвидни станови, вклучително и во четирите најголеми градови во Кина, се очекува да изнесуваат вкупно десетици милијарди долари, вклучително и купување на социјални станови и намалување на барањата за хипотека. Очекуваниот директен резултат ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
1.03
30%
1021
weather icon

Белград

28ᴼ / 27ᴼ
4.12
43%
1022
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
45%
1020
weather icon

Софија

25ᴼ / 24ᴼ
4.12
38%
1025
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.18
32%
1023
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 25ᴼ
0.51
62%
1020
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
7.6
41%
1020
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
54%
1021
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
1.54
27%
1021
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 24ᴼ
2.06
41%
1024
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
2.06
40%
1022
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
6.17
50%
1023
Currency

61.53

Currency

52.3207

Currency

70.6068

Currency

34.5173

Currency

37.9773

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.59409