Цената на златото се најде под засилен негативен притисок, откако во последното тргување забележа серија остри и последователни загуби, покажува анализата на Economies.com. Негативните сигнали од индексите на релативна сила дополнително го засилија надолниот тренд, додека цената падна под нивото на поддршка што го обезбедува 50-периодниот експоненцијален подвижен просек, односно EMA50. Според анализата, ваквото движење ги намалува шансите за ...

Универзална Инвестициона Банка АД Скопје ќе изврши исплата на полугодишна камата на имателите на перпетуални обврзници од втората емисија, со ИСИН MKBLBA200029 и шифра UNIPO2. Каматата е со каматна стапка од 5% на годишно ниво, а исплатата е предвидена за 31 август 2026 година. Право на исплата ќе имаат лицата кои ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на перпетуалните обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност заклучно со ...

Вреднувањето на трудот, мотивацијата и создавањето позитивна работна средина остануваат во центарот на деловната филозофија на финансиското друштво Flex Credit. Компанијата, која брои над 450 вработени, официјално додели повеќе од 30 ваучери за патување за своите најдобри колеги кои остварија исклучителни резултати во изминатиот период. Наградите им беа врачени на вработени од различни сектори – од тимовите во филијалите ширум државата, преку ...

За промоција на земјоделски кредит, Халкбанк создаде реклами обложени со четки што добитокот може да ги користи за чешање. Чешањето е природна потреба кај добитокот и важен дел од неговата благосостојба. Редовното чешање ја подобрува циркулацијата и придонесува животните да бидат поздрави и поспокојни, а подобрата благосостојба на добитокот значи и подобра продуктивност. Токму од овој едноставен факт произлезе The Scratching Ad ‒ новата ...

Стопанска банка АД – Скопје ја информираше јавноста преку соопштение на Македонската берза дека Хрисула Кутуди е реименувана за Генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Банката, со нов четиригодишен мандат. Реименувањето следува по одлуката на Надзорниот одбор и добиената согласност од Извршниот одбор на Народната банка. Кутуди ја извршува функцијата на чело на Стопанска банка од септември 2025 година, кога ја наследи ...

Стопанска банка АД – Скопје ја информираше јавноста дека Зорица Божиновска – Лазаревска е именувана за независен член на Надзорниот одбор на Банката, со мандат од четири години. Именувањето е донесено согласно одлуката на Собранието на акционери на Стопанска банка, по добиената согласност, односно Решението на Извршниот одбор на Народната банка. Со новото именување, Божиновска – Лазаревска ќе има улога во работата на Надзорниот одбор во ...

Од 27 септември компаниите во Европската унија ќе се соочат со построги правила за таканаречениот „greenwashing“, односно користење неосновани тврдења дека одредени производи или услуги се еколошки, зелени или климатски неутрални. Според новата европска регулатива, компаниите повеќе нема да можат да користат општи ознаки како „зелен“, „добар за животната средина“ или „климатски неутрален“ доколку за тие тврдења немаат соодветни докази. Тоа ...

Според извештај на Galaxy Research, повеќе од 115 милиони долари во криптовалути биле украдени во голем безбедносен инцидент што ги погодил хардверските паричници Coldcard Mk3. Напаѓачите, според објавените информации, искористиле ранливост во фирмверот на уредите, со што успеале да добијат неовластен пристап до биткоини кои биле чувани во паричниците подолг период. Најголем дел од погодените средства наводно не биле поместувани повеќе од ...

Во Европската унија се отвора спор околу начинот на кој треба да се намалат даноците на електричната енергија, во време кога Брисел се обидува да ја забрза електрификацијата и преминот кон почисти извори на енергија. Германија ја критикува Европската комисија поради намерата даночните промени да ги спроведе преку законодавството за пазарот на електрична енергија, наместо преку европските даночни правила. Берлин смета дека на тој начин се ...

Комерцијална банка АД Скопје ги потсетува клиентите на важноста од редовно ажурирање на личните податоци во банката, со цел непречено користење на банкарските производи и услуги. Од Банката посочуваат дека секоја промена на телефонскиот број, електронската пошта, адресата на живеење или личната карта треба навремено да биде пријавена. „Променет телефонски број или е-mail можеби изгледа како мала работа, но токму тие податоци се важни за да ги ...

Халкбанк АД Скопје информира дека во рамки на понудата „Cashless Bitola“, бизнисите покрај Halk Mobi POS без надомест, добиваат и Visa Business Debit Card без годишна членарина во првите 12 месеци од нејзиното издавање. Од банката ги повикуваат заинтересираните бизниси да се пријават во филијалата на Халкбанк во Битола и да ги искористат поволностите што ги нуди програмата. Понудата е достапна до пополнување на предвидените места. Халкбанк ...

Nvidia поседува речиси 123 милиони акции во SpaceX, удел чија моментална вредност се проценува на околу 17 милијарди долари, покажуваат податоците од регулаторната пријава на компанијата до американската Комисија за хартии од вредност и берзи. На крајот на јуни, акциите што ги поседувала Nvidia биле проценети на речиси 21 милијарда долари, но нивната вредност се намалила по падот на цената на акциите на SpaceX по излегувањето на компанијата ...

Цената на златото го продолжи растот во последното тргување, поддржана од стабилното задржување над нивото од 4.380 долари, кое обезбеди дополнителен позитивен импулс за благородниот метал. Според анализата на Economies.com, краткорочниот тренд и натаму е нагорен, а цената се движи долж линија на раст која го поддржува понатамошното поскапување. Дополнителна поддршка доаѓа и од 50-периодниот експоненцијален подвижен просек, ЕМА50, кој ...

Goldman Sachs ја зголеми 12-месечната цел за европскиот берзански индекс STOXX 600 од 660 на 695 поени, што е околу шест проценти над неговото последно ниво на затворање. Истовремено, американската инвестициска банка ја зголеми прогнозата за растот на добивката на европските компании во 2026 година од 10 на 15 проценти. Аналитичарите на Goldman Sachs ја опишуваат Европа како „скриен победник“ на пазарите, пред сè благодарение на силните ...

Растот на цените на нафтата повторно внесе нервоза на глобалните финансиски пазари, при што акциите се под притисок, а приносите на државните обврзници растат поради обновените стравувања од инфлација. Цената на нафтата „брент“ повторно се искачи над 90 долари за барел, откако тензиите меѓу САД и Иран повторно се засилија. Поради тоа, берзите во азиско-пацифичкиот регион се движеа во негативна територија, додека фјучерсите на американските и ...

Инфлацијата во Македонија во јули се намали на 2,3%, што претставува значително забавување во однос на претходните месеци – во јуни изнесуваше 3,4%, а во април високи 5,7%. Сепак, пониската инфлација не значи дека производите поевтинеле. Таа покажува дека цените сега растат со побавно темпо, додека поскапувањата од претходните години и натаму се вградени во цените на храната, домувањето и останатите основни трошоци. Според Државниот завод за ...

Подемот на вештачката интелигенција предизвика силен раст на технолошкиот сектор и ги крена берзанските вреднувања на нивоа што потсетуваат на периодот на „dot-com“ балонот, а економисти предупредуваат дека евентуален пад на американските технолошки акции би можел сериозно да се одрази и врз еврозоната. Во анализа објавена на блогот на Европската централна банка се наведува дека вреднувањата на американскиот пазар на акции, мерени преку ...

Од 18 август 2026 година ќе важат новите цени на нафтените деривати во земјава, според објавениот ценовник. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 91,5 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 93,5 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 98 денари за литар. Маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе се продава по цена од 98,5 денари за литар. Новата цена на мазутот М-1 HC ќе изнесува 43,726 денари за килограм. ...

Биткоинот се тргува околу 63.500 долари и на прв поглед пазарот изгледа мирно, но податоците за приливите покажуваат дека интересот на институционалните инвеститори повторно се засилува. Американските спот биткоин ЕТФ-фондови привлекле повеќе од 14.000 биткоини во период од пет дена до 7 август, што е најсилниот прилив од мај, изјави Јусуф Фахро, партнер во ARP Digital, во анализа за CoinDesk. Според него, во третиот квартал досега се ...

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини до 100 отсто за увоз на дронови и делови за дронови, со цел да се поттикне домашното производство во сектор кој има сè поголемо значење во современото војување. Производителите од Европската Унија ја избегнаа највисоката царинска стапка и за нив ќе важи царина од 15 отсто. За компаниите од Обединетото Кралство стапката ќе изнесува 10 отсто. Вашингтон ја образложува одлуката со потребата од ...

Тргувањето на Македонската берза значително ослабе во периодот од 10 до 14 август, при што вкупниот промет на официјалниот пазар изнесуваше 40,5 милиони денари, односно околу 658 илјади евра. Во споредба со претходната недела, прометот е намален за 53,78 отсто. Во текот на неделата биле реализирани 214 трансакции, преку кои се истргувале 3.819 акции и 1.843 обврзници. Најголем промет оствариле акциите на Комерцијална банка Скопје, со 13,5 ...

Највисоките животни трошоци не значат автоматски и најдобар квалитет на живот. Податоците на Numbeo за 2026 година покажуваат значителни разлики меѓу светските метрополи, при што дел од европските градови успеваат да понудат висок животен стандард по пониска цена од најголемите глобални финансиски центри. Меѓу градовите што се издвојуваат со поволен однос меѓу трошоците и квалитетот на живот е Прага. Чешката престолнина има релативно висок ...

Цената на златото ја започна неделата со нов раст, откако во текот на последното тргување го проби клучното ниво на отпор од 4.380 долари. Според анализата на Economies.com, растот е поддржан од тоа што цената продолжува да се движи над 50-периодниот експоненцијален подвижен просек (EMA50), кој обезбедува позитивен моментум. Златото претходно најде поддршка токму околу ова ниво, по што започна посилен нагорен бран. Краткорочниот тренд и ...

Американските стратешки резерви на нафта паднаа под 300 милиони барели, првпат откако беа наполнети во раните 1980-ти години, а експерти предупредуваат дека натамошното празнење може да ја загрози инфраструктурата во која се складира суровата нафта. Според податоците на американското Министерство за енергетика, резервите се намалуваат поради ослободувањето на 172 милиони барели како одговор на нарушувањата во снабдувањето предизвикани од ...

Американските берзански индекси ја започнуваат новата недела без јасен правец, откако индексот S&P 500 минатата недела забележа трет последователен неделен раст и повторно достигна рекордни нивоа. Фјучерсите на Dow Jones Industrial Average во понеделникот наутро паднаа за 59 поени, односно 0,11 отсто, додека оние на S&P 500 пораснаа за 0,1 отсто. Технолошкиот Nasdaq 100 бележеше нешто посилен раст од 0,35 отсто. Мешано расположение ...

Европа се соочува со сè поголеми економски последици од екстремните горештини, кои веќе влијаат врз енергетиката, земјоделството, транспортот и туризмот. Според проценка на холандската банка „Triodos“, жешкото лето годинава би можело да ја чини европската економија околу 180 милијарди евра, или приближно еден отсто од БДП. Најголемиот удар се очекува преку намалената продуктивност на трудот, но проблемите се чувствуваат и во производството на ...

АД ЕСМ ја ангажираше кинеската компанија POWERCHINA Jiangxi Electric Power Construction за изградба и управување со нови соларни фотоволтаични капацитети со вкупна моќност од 30 мегавати во Северна Македонија, објави Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Според известувањата на ЕБОР, ЕСМ кон крајот на јуни потпишала два договори со кинеската компанија, а завршувањето на проектите е предвидено до 13 август 2027 година. Првиот договор, ...

Европската унија сè поинтензивно работи на намалување на зависноста од странски платежни системи како Visa и Mastercard, а паралелно со развојот на дигиталното евро се поврзуваат и приватни европски системи за плаќање. Според податоците на Европската централна банка, Visa и Mastercard учествуваат со околу 61 отсто во картичните плаќања во еврозоната и во речиси сите прекугранични трансакции. Загриженоста во Брисел е дека големата зависност од ...

Албанија има најсилна сајбер-заштита во светот, покажуваат податоците од Националниот индекс за сајбер-безбедност (NCSI), кој ја оценува подготвеноста на државите да спречат и да одговорат на сајбер-напади. На ранг-листата што ја изработува естонската Академија за е-управа се опфатени 155 држави и територии, а Албанија го освои првото место со 98,33 од максимални 100 поени. Со овој резултат, балканската земја зад себе остави некои од ...

На европските берзи во петокот претпладне се тргуваше претпазливо, и покрај растот на Волстрит претходниот ден и новото рекордно ниво на американскиот индекс S&P 500. Индексот STOXX 600, кој ги следи водечките европски компании, околу 9:30 часот беше речиси непроменет во однос на претходниот ден. Лондонскиот FTSE се намали за 0,12 отсто, на 10.758 поени, додека германскиот DAX порасна за 0,55 отсто, на 26.445 поени. Парискиот CAC забележа ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Родиум

295786.87