Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Халкбанк започна нов едукативен видеосеријал со кој на корисниците им ги приближува најчесто користените банкарски услуги достапни преку мобилен телефон. Серијалот „Халк Финфлуенсер“ содржи 12 кратки видео упатства во кои актерката Дарја Ризова на едноставен начин ги прикажува чекорите за користење на различни функционалности во мобилната апликација на банката. Целта е корисниците полесно да извршуваат трансакции и други банкарски активности ...
Корисниците на апликацијата Myiute отсега ќе можат да купуваат онлајн преку новата платформа iute Market, создадена во соработка со SuperMart Macedonia. Во рамки на новата услуга се достапни стотици производи од различни категории, а купувањето и плаќањето се вршат директно преку апликацијата. Корисниците можат да изберат начин на плаќање што најмногу им одговара, како и да ги искористат своите iutePlus поени за дополнителни поволности. ...
Цената на златото забележа пад во последното тргување, откако наиде на силен отпор околу нивото од 4.100 долари. Повлекувањето се оценува како корективно движење, кое помогна да се намали прекумерната купеност забележана кај техничките индикатори. Цената потоа најде поддршка кај 50-дневниот експоненцијален подвижен просек, што придонесе за ограничување на продажниот притисок. Техничката слика и натаму останува наклонета кон раст. ...
Цената на суровата нафта продолжи да се намалува, откако САД и Иран привремено ги запреа нападите и се отвори простор за продолжување на дипломатските разговори. Нафтата во понеделникот поевтини за повеќе од седум проценти, бидејќи инвеститорите позитивно реагираа на намалувањето на тензиите меѓу Вашингтон и Техеран. Американската војска во петокот ги запре нападите врз Иран по речиси две недели воени операции, додека Техеран во последните ...
Халкбанк АД Скопје ја промовира „Халки“ детската картичка, наменета за децата кои постепено учат како одговорно да располагаат со парични средства. Од банката посочуваат дека картичката може да биде практична за летен камп, за првите мали авантури или за деновите што децата ги поминуваат со бабите и дедовците. Со користењето на детската картичка, најмладите стекнуваат основни навики за управување со пари, додека родителите имаат поголема ...
Прво добрата вест: македонскиот пензиски систем веројатно нема да ги остави идните пензионери сосема без пензии. Лошата вест е дека постои реална опасност тие пензии да бидат значително пониски од она што денес им се ветува. Проблемите не се случиле преку ноќ туку се наталожувале со години, слој по слој. ПИОМ постојано работи со значителна буџетска поддршка. Приносите на приватните фондови остануваат релативно скромни. Голем дел од средствата ...
Од 1 август скопјани ќе плаќаат повисока цена за централното греење, откако Регулаторната комисија за енергетика ги утврди новите цени за корисниците на топлинска енергија во главниот град. Најголемо зголемување е предвидено за корисниците приклучени на системот на „ЕСМ Снабдување“, каде цената на топлинската енергија ќе биде повисока за 5,96 проценти. Поскапување следува и за корисниците на „ЕСМ Енергетика“, односно на таканареченото ...
Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која од полноќ се зголемуваат малопродажните цени на горивата во просек за 4,55 проценти. ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за три денари и ќе се продава по цена од 93 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 исто така поскапува за три денари и новата цена ќе изнесува 95 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ поскапува за 4,50 денари и ќе чини 98,50 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство ...
Меѓународниот експерт за финансиски пазари Патрик Јанг ќе биде еден од говорниците на јубилејната 25. Годишна конференција на Македонската берза, која ќе се одржи од 21 до 23 септември 2026 година во „Metropol Lake Resort“. Јанг ќе одржи специјална презентација на тема „Мал пазар, голема можност: Како малите пазари можат да го поттикнат економскиот раст“. Тој е поранешен главен извршен директор на Трансилванската берза SIBEX и автор на ...
НЛБ Банка Скопје во првите шест месеци од 2026 година остварила нето-добивка од 1.722 милиони денари, што е раст од 7 отсто во споредба со истиот период минатата година. Добивката пред оданочување достигнала 1.979 милиони денари, односно е зголемена за 7,4 отсто на годишно ниво. Нето-приходите од камати изнесувале 2.451 милион денари и биле повисоки за 1,6 отсто, додека нето-приходите од провизии и надоместоци пораснале за 10 отсто, на 833 ...
Американските власти го продолжија до 22 август рокот во кој се дозволени одредени активности поврзани со странските средства на рускиот енергетски гигант „Лукоил“. Одлуката доаѓа во период кога Бугарија повторно го става во фокус прашањето за непречената работа на рафинеријата во Бургас. Продолжувањето беше објавено истиот ден кога бугарскиот премиер Румен Радев телефонски разговараше со американскиот секретар за енергетика Крис Рајт за ...
Прометот на Македонската берза во периодот од 20 до 24 јули 2026 година изнесувал 55,9 милиони денари, односно околу 909 илјади евра, што претставува пад од 40,95 проценти во однос на претходната недела. Во текот на петте трговски дена биле реализирани 223 трансакции, или 145 помалку од претходната седмица, при што биле истргувани вкупно 94.099 акции и обврзници. Најголем дел од неделниот промет повторно бил остварен со акциите на ...
Цените на нафтата нагло се намалија откако Иран сигнализираше дека ќе ги запре нападите доколку Соединетите Американски Држави продолжат со паузата во воените операции, што ги зголеми очекувањата за смирување на тензиите на Блискиот Исток. Фјучерсите на меѓународната референтна нафта „брент“ за испорака во септември паднаа за околу пет отсто и во еден момент се тргуваа по цена од околу 92 долари за барел. Американската ВТИ нафта исто така ...
Цената на златото забележа нов раст во последното тргување, откако доби поддршка околу 50-периодниот експоненцијален подвижен просек и повторно се приближи до важната граница од 4.100 долари. Според техничката анализа, краткорочниот корективен нагорен тренд и натаму доминира, што му дава позитивен импулс на благородниот метал и ја зголемува можноста за тестирање на повисоки ценовни нивоа. Сепак, техничките индикатори укажуваат и на зголемен ...
Рајфајзен банк интернешнл официјално потврди дека доброволната јавна понуда за преземање на Аддико банка успешно го надминала минималниот праг на прифаќање, со што процесот на преземање влегува во завршна фаза. До 24 јули 2026 година биле примени изјави за прифаќање на понудата за вкупно 10.720.331 акција на Аддико банка, што претставува 55,58 отсто од сите акции опфатени со понудата. Со тоа е исполнет клучниот услов предвиден со австрискиот ...
Глобалната економија се очекува да порасне за три проценти во 2026 година, додека во 2027 година растот би можел да забрза на 3,4 проценти, покажува анализата на GlobalData. Иако глобалните прогнози речиси и да не се променети во однос на оние од пред шест месеци, зад вкупната бројка се кријат големи разлики меѓу одделните земји. Според GlobalData, економските резултати во 2026 година сè повеќе зависат од два главни фактори – изложеноста на ...
Илјадници корисници веќе го користат Apple Pay за брзо и безбедно плаќање во продавници, преку апликации и онлајн, информираат од Комерцијална банка. Корисниците на Mastercard дебитни и кредитни картички од Комерцијална банка можат да ги додадат своите картички во Apple Wallet и да плаќаат преку iPhone, Apple Watch, iPad или Mac. За плаќање во продавница, потребно е корисникот двапати да го притисне страничното копче на уредот, да се ...
Глобалниот финтек сектор продолжува забрзано да расте, а вештачката интелигенција сè повеќе го менува начинот на кој се движат, проверуваат и управуваат парите. Во такви услови, CNBC и Statista ја објавија својата листа на 500 водечки финтек компании во светот за 2026 година. Според податоците на McKinsey, финтек индустријата во 2025 година остварила приходи од 650 милијарди долари, што претставува раст од 21 процент во однос на претходната ...
Стопанска банка АД – Скопје најави специјална поволност за своите корисници во текот на овој викенд. Корисниците на VISA или MasterCard кредитни картички на банката ќе можат да подигнат готовина од кој било банкомат на Стопанска банка без провизија. Поволноста важи само во текот на овој викенд, информираат од Стопанска банка преку објава на социјалните мрежи. Стопанска банка АД – Скопје најави специјална поволност за своите корисници во ...
На 24 јули се одбележува Светскиот ден на грижата за себе, ден посветен на потсетувањето дека грижата за сопственото здравје, благосостојба и сигурност треба да биде дел од секојдневието. По тој повод, од Халк Осигурување порачаа дека грижата за себе денес претставува инвестиција во тоа како ќе се чувствуваме утре. „Осигурувањето е еден од начините да се грижиш за себе – преку одлуки што се однесуваат и на денес и на иднината“, наведуваат од ...
Американската администрација од 24 јули воведе нови царини од 10 и 12,5 проценти за стоки од 60 трговски партнери, меѓу кои и од Европската Унија. Како официјална причина за новите мерки се наведува недоволно строгата примена на забраната за присилна работа. Новите царини стапуваат во сила во период кога истекува привремената царина од 10 проценти што администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја воведе на 20 февруари. Потегот ...
Американските берзански индекси забележаа пад во четвртокот, додека цените на нафтата нагло пораснаа поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток. Инвеститорите истовремено ги анализираа кварталните резултати на некои од најголемите светски компании, а Alphabet предизвика дополнителна загриженост поради зголемените инвестиции во вештачката интелигенција. Индексот Dow Jones Industrial Average загуби 506,93 поени, односно 0,97 проценти, ...
Цената на златото се стабилизира по серијата силни падови во последното тргување, откако најде поддршка кај 50-дневниот експоненцијален подвижен просек (EMA50). Ова техничко ниво помогна да се намали продажниот притисок и да се обезбеди одредена стабилност на цената по неодамнешниот пад. Истовремено, индикаторите за релативна сила достигнаа екстремно ниво на препродаденост, што ја зголемува можноста за ограничено краткорочно закрепнување на ...
Европската централна банка ги претстави десетте дизајнерски предлози што влегоа во потесен избор за новата серија евробанкноти и започна јавна анкета во која граѓаните низ Европа ќе можат да го кажат своето мислење. Предлозите се базираат на две теми – „Европска култура“ и „Реки и птици“, а онлајн анкетата ќе биде отворена до 21 септември 2026 година. „Евробанкнотите се повеќе од средство за плаќање – тие се еден од највидливите изрази на ...
Финска во мај 2026 година имала највисока стапка на невработеност меѓу земјите членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), покажуваат податоците на организацијата. Просечната стапка на невработеност во земјите на ОЕЦД во мај изнесувала 4,9 отсто, но разликите меѓу државите остануваат значителни. Во Финска невработеноста достигнала 10,8 отсто, со што земјата се најде пред Шпанија, каде што стапката изнесувала 10,3 отсто. ...
Стопанска банка АД – Скопје организира наградна игра за корисниците на Mastercard картичките, во која главната награда изнесува еден милион денари. Право на учество имаат корисниците кои плаќаат со Mastercard картичките издадени од Стопанска банка, а покрај главната награда, предвидени се и месечни парични награди. Од банката информираат дека корисниците кои плаќаат преку Google Pay и Apple Pay добиваат двојна шанса за учество во наградната ...
Корисниците на Visa Signature картичката од Комерцијална банка АД Скопје имаат можност да користат 6 GB бесплатен интернет во роаминг на годишно ниво. Оваа поволност им овозможува на корисниците да останат онлајн и додека патуваат во странство, да комуницираат и да споделуваат фотографии и други содржини без дополнителна грижа за интернет-конекцијата. Од Комерцијална банка посочуваат дека услугата е дел од поволностите што ги нуди Visa ...
Руската Државна дума го усвои првиот сеопфатен закон за регулирање на пазарот на криптовалути, со кој се овозможува тргување со дигитални средства преку лиценцирани посредници. Употребата на биткоин и на други криптовалути за плаќање стоки и услуги во Русија, сепак, и натаму ќе биде забранета, а рубљата останува единственото законско платежно средство во земјата. Поголемиот дел од одредбите треба да стапат во сила на 1 септември 2026 година. ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2026 година изнесувала 49.544 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во споредба со мај 2025 година, просечната нето-плата е зголемена за 8,2 отсто, додека во однос на април годинава бележи раст од 1,6 отсто. Најголем придонес во годишното зголемување има растот на платите во секторот снабдување со вода, отстранување отпадни води, управување со отпад и ...
Халкбанк АД Скопје ја промовира услугата Smart Cash, која им овозможува на корисниците да подигнат готовина од банкомат и кога ја немаат платежната картичка при рака. Со оваа услуга, корисникот може да подигне пари од банкомат без употреба на физичка картичка, но и да испрати код за подигнување готовина на друго лице. Од Халкбанк посочуваат дека Smart Cash е наменета да овозможи побрз, поедноставен и попрактичен пристап до готовина преку ...