Почитувани корисници на услугите на зона А4, Ве известуваме утре (сабота) 24.05.25 во периодот од 07 до 15:30 часот да не ги паркирате возилата на дел од зоната А4 почнувајќи од свртувањето на улица 11-ти Октомври со Јорго Османо до Широк сокак (до споменикот Ангел). Заради манифестацијата која ќе ни ја приредат воените оркестри на АРМ и САД и нормалното одвивање на сообраќајот во центарот на градот но и подготвителните активности за одржување ...

ИЗВЕДУВАЧИТЕ НА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ НА УЛИЦАТА „БУРСА“ И УЛИЦАТА КАЈ „БЛИС“ НА СОПСТВЕН ТРОШОК ГИ ПОДГОТВУВААТ ЗА ПРЕАСФАЛТИРАЊЕ УЛИЦИТЕ Како што најави градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, дека инсистира на спроведување на решенија на проблемите, од денес започнаа активностите за отстранување на оштетениот коловоз и подготовка за повторно асфалтирање на улицата „Бурса“. Активностите на оваа улица ќе се изведуваат од денес до ...

СЕ ФИНАЛИЗИРА ИЗГРАДБАТА НА НОВАТА ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО ПОРАНЕШНАТА КАСАРНА Општина Битола активно работи на реализацијата на еден од најзначајните инфраструктурни проекти за најмладите граѓани — изградба на нова детска градинка во просторот на поранешната касарна АРМ. Со преземање на одговорен и посветен пристап, веднаш по стапувањето на функцијата, градоначалникот Тони Коњановски иницираше детални анализи на состојбата на теренот, при што беа ...

РЕАКЦИЈА НА СДСМ БИТОЛА ЗА ПАЛЕЊЕТО НА ВОЗИЛО ВО БИТОЛА СДСМ Битола најостро го осудува опожарувањето на возилото на поранешниот кандидат за градоначалник на Битола од нашата партија, Христо Кондовски. Овој насилен чин влева страв кај граѓаните за нивната личната безбедност, а на само неколку месеци пред локалните избори, и несигурност за интегритетот на процесот. Очекуваме брза и ефикасна истрага, а сторителите да бидат изведени пред правдата. ...

СВР Битола соопшти - На 19.05.2025 во 19.55 часот во с.Лавци, битолско, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода М.К.(33), Д.П.(38) и Д.М.(36), сите од Битола. При претрес во домот на М.К.(33) во с.Лавци, извршен со судска наредба, во кој беа затекнати и Д.П. и Д.М., пронајдени и одземени се дигитална вага со остатоци од марихуана, семки од растението канабис, 41 стаклена тегла со изртена габична материја, тегли, шишиња и шприцеви ...

Во пожар што се случи ноќеска, дваесет минути по полноќ, изгореа три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата „Леринска“ во Битола. Огнот најпрво избувнал во „тојота“, а како што велат очевидци со кои разговараше „Апла“ слушнале силен тресок пред да избувни огнот. Ветрот го разнесол пламенот на останатите два автомобила што биле оставени на паркингот -„пасат“ и дачија“. „Во 24 и 20 часот имавме дојава за пожар. Упатено беше едно ...

Уникатна поставка на факсимили од роднокрајни писатели во Библиотеката Денес библиотеката НУУБ "Св.Климент Охридски" Битола во своите простории ги опфати 24 факсимили на роднокрајни писатели-членови на ДПМ. -Како дел од проектот „20 роднокрајна средба на битолските писатели од Македонија“ денес трајно е зачувана и поставена збирката на факсимили во делот пред роднокрајниот оддел на библиотеката. Оваа збирка е единствена и уникатна во целата наша ...

По врнежите од дожд во изминатите денови поголема колина на вода е насобрана во пристапниот пат кон маркетот „Кам“ во Новиот пазар во Битола. Битолчани за „Апла“ реагираат дека отежнат е пристапот со возила до маркетот и другите продавници во приземјето. Од ЈП „Пазари“ Битола за „Апла“ изјавија дека работат на расчистување на ситуацијата и дека денеска ќе биде надмината ситуацијата. -Момнетално сме ангажирани на тој проблем, во саботата црпевме ...

Вандали искршиле интерактивна табла во ОУ „Тодор Ангелевски“ во Битола, со фрлање на тврд предмет преку прозорецот од училницата. Фотографиите денеска ги објави наставникот по германски јазик Димитар Пипилевски. Според него таблата е добиена како награда за училиштето. -Најпрво, честитки до сторителот-морону, родителите твои го платиле ова, објави Пипилевски и додава дека „оваа табла беше една во градот, а само три (сега две) во државата. ...

Изминатиот викенд Битола и РК Еурофарм Пелистер беа домаќини на Ф4 завршниот турнир за шампион на Македонија во пионерска конкуренција. Нашите млади надежи, пионерите на РК Еурофарм Пелистер, завршија на второто место, а она што радува е дека спортската сала "Боро Чурлевски " беше исполнета, а ракометна Македонија има иднина. Им честитам на шампионите на Македонија во пионерска конкуренција, ракометарите на ГРК Охрид и на третопласираните РК ...

Анета Ѓоргиевска советник на ВМРО-ДПМНЕ ВО Советот на Општина Битола обвинува дека И ЖИТЕЛИТЕ НА ЛИСОЛАЈ СЕ ЖРТВИ НА НЕГЛАСАЊЕТО НА СДСМ, ПОИНАКУ И ЛЕВИЦА ВО СОВЕТОТ. 7 ПРОЕКТИ ВО ВИСИНА ОД 1 МИЛИОН ЕВРА БЕА ОДОБРЕНИ ОД ЕВРОПСКА ИНВЕСТИЦИОНА БАНКА ЗА ОПШТИНА БИТОЛА. ЖИТЕЛИТЕ НА ЛИСОЛАЈ остануваат без водоснабдителен систем, затоа што СДСМ, ЛЕВИЦА И ПОИНАКУ не гласаа и затоа што никогаш не им е приоритет во интересот на граѓаните. Јавно ги ...

На 18.05.2025 во 02.18 часот, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода Д.К.(27) од с.Јанковец, ресенско. При сообраќајна контрола во с.Јанковец е сопрено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека не поседува возачка дозвола и дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2.38 промили алкохол во крвта. Тој е исклучен од сообраќај и по целосно ...

Голем дел од Македонија рано утрово остана без електрична енергија поради неочекуван прекин во снабдувањето што започна нешто околу 5 часот. Граѓани од бројни градови и региони, меѓу кои Кичево, Прилеп, Битола, Охрид, Штип, Струмица, Кочани, Крушево, Скопје, Гевгелија и Куманово, пријавија прекин на струјата преку социјалните мрежи. Некои скопски населби добија струја околу 6 часот, а други региони околу 7 часот, но на многу места снабдувањето ...

Тројца протестанти против депонија во Пелагонија се вклучуваат во заедничка општинска комисија за подготовка на предлог актите за меѓуопштинска соработка за формирање на регионална депонија, за да имаат директно увид во се што ќе се случува со реализацијата на овој проект. Во заедничката комисија, тројцата граѓани ќе учествуваат заедно со двајца административни работници од Општина Битола. Овој предлог беше ставен на дневен ред и едногласно ...

Главната цел на нашата Влада е инвестирање во зелена енергија, во зелена агенда, односно отворање на обновливи извори на енергија, посебно коишто ќе бидат во сопственост на ЕСМ, односно на Македонија, вели пратеничката Силвана Ангелевска. Новиот Закон за енергетика ќе овозможи безбедност и сигурност во снабдувањето со електрична енергија како и премин кон обновливи извори на енергија, инвестирање во зелена агенда, а со тоа и можност за посветла ...

Фатен на дело крадец, украденото вратено на сопственикот На 17.05.2025 во 01.10 часот на ул.„Македонски Гемиџии" во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Е.Б. од Прилеп. Тој бил затекнат при извршување кражба во плац на правно лице, по што украденото било вратено на сопственикот. Лицето било задржано во Полициска станица Битола, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ...

Почитувани, Ве известуваме дека на ден 19.05.2025 (понеделник), поради технички зафат на водоводната мрежа, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улица Довлеџик (од бр.2 до бр.190), ул. Охридска (потег од ул. Васко Каранѓелевски до ул. Стив Наумов), ул. Булевар 1ви Мај (потег од ул. Васко Каранѓелевски до ул Стив Наумов), населба Баир (од над Илинденска до ул Христијан Карпош) и ул. Широка. Со намален притисок ќе биде Стрежевската ...

Почитувани, Ве известуваме дека на ден 19.05.2025 (понеделник), поради технички зафат на водоводната мрежа, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улица Довлеџик (од бр.2 до бр.190), ул. Охридска (потег од ул. Васко Каранѓелевски до ул. Стив Наумов), ул. Булевар 1ви Мај (потег од ул. Васко Каранѓелевски до ул Стив Наумов), населба Баир (од над Илинденска до ул Христијан Карпош) и ул. Широка. Со намален притисок ќе биде Стрежевската ...

Вработен на позицијата раководител на сектор во Општина Битола е дел од предистражна постапка на Основното јавно обвинителство Битола, откако во медиумите се пласираа информации дека луксузната вила со базен во селото Дихово била на вработен во општината. Ова следуваше по големата акција на Општина Битола за утврдени незаконитости и дивоградби во Потпелистерието, селото Дихово и населбата Довлеџик во Битола, акција спроведена непосредно по ...

СВР Битола информира - На 15.05.2025 во 18.00 часот на локален пат од с.Слепче кон манастир Св.Јован Претеча, демирхисарско, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода Н.Б.(35) и И.Ч.(39), двајцата од Република Бугарија. При преглед на патничко возило „форд транзит“ со бугарски национални ознаки, во кое биле двајцата, Н.Б. на земја фрлил пакување во кое имало марихуана и бела грутчеста материја. Лицата биле задржани во ...

ИНСТИТУЦИИТЕ МОРА ДА ПОСТАПУВААТ СОГЛАСНО ЗАКОНИТЕ - ПРИВРЕМЕНА СУСПЕНЗИЈА НА ВРАБОТЕНО ЛИЦЕ ВО ОПШТИНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА НА ПОЗИЦИЈА РАКОВОДИТЕЛ НА СЕКТОР Почитувани, Како градоначалник на Општина Битола, многу пати досега јавно сум истакнал дека почитувањето на законските регулативи и принципите на транспарентност и одговорност се темел на работењето на локалната самоуправа. Тој став не е само декларативен, туку доследно се применува и во ...

Осум монодрами од исто толку држави во Европа и две македонски монодрами се селектирани за 26 издание на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола. Фестивалот свечено ќе биде отворен в сабота со претставата „Д (Како Дездемона )“ во режија и кореографија на Рисима Рисимкин, а до 23 мај на повеќе сцени ќе настапат актерки и актери што ќе конкурираат за наградата Гран при и други фестивалски признанија. -Фестивалот годинава има поголема ...

Приведен малолетник кој уценувал маж во Битола Денеска (15.05.2025) полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола во координација со Основното јавно обвинителство- Битола лишија од слобода 16-годишник од с.Бистрица, битолско, кој во повеќе наврати уценувал 34-годишен маж од Битола, заканувајќи му се дека доколку не му даде пари ќе објави експлицитни фотографии што ги добил од оштетениот откако во комуникацијата преку ...

Советничката на ВМРО-ДПМНЕ, Марица Тодоровска обвинува дека и жителите на улица "7-ма Бригада" се жртви на негласањето на СДСМ, Поинаку и Левица во Советот. 7 ПРОЕКТИ ВО ВИСИНА ОД 1 МИЛИОН ЕВРА БЕА ОДОБРЕНИ ОД ЕВРОПСКА ИНВЕСТИЦИОНА БАНКА ЗА ОПШТИНА БИТОЛА. Ова е улицата 7- ма Бригада на која треба да биде извршена комплетна реконструкција на водоводот и канализацијата, ако СДСМ, ДУИ И ПОИНАКУ гласаа во Советот и ако се водеа исклучиво од ...

Основното јавно обвинителство Битола отвори истрага против лице осомничено за повеќекратно продавање марихуана и овозможување нејзина употреба на малолетници, од кои некои имале само 14 години. Случајот се однесува на дејствија извршени во текот на 2024 и 2025 година. Како што соопштуваат од Обвинителството, лицето се сомничи за продолжени кривични дела поврзани со неовластено производство и продажба на наркотични дроги, како и овозможување ...

Наставникот кој ги инспирира идните лидери: Признание за претприемнички дух и посветеност кон младите Џуниор Ачивмент Македонија која е една од 123-те организации членки на Junior Achievement Worldwideи е посветена на финансиска едукација и претприемничкото образование во средните училишта во земјава, годинава ја додели наградата „Наставник на годината“ на Фанија Наумовска - наставник во СОУ Гимназија „Јосип Броз-Тито“ која со својата визија, ...

Втор претрес денеска во демирхисарско, пронајдена дрога и оружје, лишено од слобода едно лице Денеска (14.05.2025), полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Демир Хисар го лишиле од слобода М.Ш.(33) од Битола, со привремено живеалиште во с.Ракитница,демирхисарско . Врз основа на наредба од Основен суд Битола, извршен бил ...

Денеска (14.05.2025), полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Демир Хисар го лишиле од слобода М.С.(62) од с.Обедник, демирхисарско. Врз основа на наредба од Основен суд Битола извршен бил претрес во домот и помошните простории кои ги користи М.С. во с.Обедник, при што биле пронајдени и одземени четири пушки, еден пиштол и 158 ...

АД ЕСМ, како општествено-одговорна компанија, и оваа година продолжува со поддршката на најдобрите студенти од техничките факултети, доделувајќи 15 стипендии за студенти од два државни универзитети. Проверете ги условите за пријавување на конкурсите за стипендии на следните линкови: ?️ Факултет за електротехника и информациски технологии, Скопје – 5 стипендии ?️ Машински факултет, Скопје – 5 стипендии ?️ Факултет за применети науки и ...

СИНПЕКС слави 35 години – толку години носиме машини што ја движат иднината Ве покануваме да бидете дел од таа иднина сега, за да ја создаваме заедно новата која доаѓа … 35 ГОДИНИ СИНПЕКС. 35 ГОДИНИ ВИСТИНСКА РАБОТА Ништо овде не е случајно. Ни времето. Ни машините. Ни луѓето. 35 години сме тука – на нивите, на градилиштата, на патиштата. Со вас. Со оние што не бегаат од работа, туку ја почитуваат. Затоа ве повикуваме на првиот роденденски саем ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.54
48%
1016
weather icon

Белград

29ᴼ / 28ᴼ
3.09
45%
1016
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
1.54
42%
1017
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
4.12
34%
1016
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.26
39%
1013
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 29ᴼ
1.54
56%
1018
weather icon

Атина

32ᴼ / 28ᴼ
2.24
37%
1015
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
3.09
57%
1017
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
3.09
33%
1016
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 27ᴼ
4.12
39%
1012
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
7.72
41%
1017
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
5.14
38%
1015
Currency

61.525

Currency

53.6163

Currency

71.9023

Currency

34.7962

Currency

39.1219

Currency

65.4569

Currency

7.45638

Currency

0.68288

Currency

0.37007

Currency

0.52495

Currency

1.35672

Currency

0.62017

Алуминиум

2.56

Иридиум

142633.96

Кобалт

42.99

Никел

14785.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.35

Сребро

1169.00

Злато

108316.04

Бакар

9.69

Паладиум

3343.68

Платина

40695.48

Родиум

176025.34

Цинк

2.60