
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



ИСТАНБУЛ (АА) - Првиот технички состанок меѓу Туркије и Израел за механизмот за спречување конфликти, чија цел е да се избегнат „несакани инциденти“ во Сирија, се одржа вчера во Азербејџан, соопшти турското Министерство за национална одбрана, јавува Анадолу. Министерството денес додаде дека Израел мора веднаш да ги прекине своите „провокативни напади“, кои го загрозуваат територијалниот интегритет на Сирија и ја дестабилизираат нејзината ...
Буенос Аирес (АА) - Пензионерите, синдикатите и социјалните организации одржаа марш пред зградата на Националниот конгрес во Буенос Аирес, главниот град на Аргентина, со барање за зголемување на пензиите и подобрување на условите за живот, известува Анадолу. Генералната конфедерација на трудот, една од најголемите работнички конфедерации во земјата, им се приклучи на демонстрациите, протестирајќи поради владините политики на штедење. - За денес ...
АНТАЛИЈА (АА) - Новите подводни снимки го откриваат фасцинантниот мистичен изглед на францускиот воен брод „Париз 2“, кој потона во Првата светска војна во близина на Кемер, во јужната турска област Анталија, јавува Анадолу. Овој брод, стар еден век, се наоѓа на длабочина од 30 метри, долг е 50 метри и широк осум, со вкупна тежина од 551 бруто-тон. Бидејќи бил опремен за борба, структурата на бродот сè уште ги чува шесте противвоздушни топа и ...
СКОПЈЕ (АА) – Преку воведување механизми да не се дозволи билатерални спорови да бидат пречка за остварување на колективната и заедничка цел, порача денес претседателот на Владата на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, пренесува Анадолу. Во Собранието на Северна Македонија денес се одржува редовниот годишен состанок на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО, во кој членуваат шефовите и заменик-шефовите на националните ...
ТИРАНА (АА) - Албанскиот премиер Еди Рама денес при посетата на Индустрискиот парк Тирана заедно со министерот за економија, култура и иновации Бленди Гонџа разговараше со претставници на стопанството и со вработени за стратегијата и политиката за вработување, а во таа пригода беше истакнато дека Албанија доживува важен момент на развој, особено во воената индустрија, јавува Анадолу. На разговорот присуствуваше и Арјета Пуца, чија компанија го ...
САРАЕВО (АА) – Со положување цвеќе и одавање почест, на Мостот на Суада и Олга одбележана е 33-годишнината од почетокот на опсадата на Сараево, најдолгата опсада на еден главен град во современата историја на војување, јавува Анадолу. Градоначалникот на Сараево, Предраг Пухариќ, рече дека со одбележувањето на Денот на опсадата на Сараево на 5 април, се негува културата на сеќавањето. Потсети дека Суада Дилберовиќ и Олга Сучиќ, убиени на денешен ...
Министерот за правда на Северна Македонија, Игор Филков, денеска се состана со неговиот колега од Црна Гора, Бојан Божовиќ. Двајцата министри потпишаа заедничка изјава за соработка во областа на владеењето на правото и независноста на судството. „Двете држави имаат многу сличности во процесот на реформи, особено во полето на евроинтеграцијата, и од таа причина на средбата се разменети искуства и практики кои ќе помогнат во надминувањето на ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Делегациите на САД и Русија вторпат се сретнаа во Истанбул за да разговараат за активностите на амбасадите, известува Анадолу. Во рамките на консултативната средба на која САД и Русија ќе разговараат за активностите на амбасадите, американската делегација пристигна во Генералниот конзулат на Русија во Истанбул во 09:45 часот по локално време (08:45 по средноевропско време). На средбата руската делегација ќе ја предводи Александар ...
АНКАРА (АА) – Новата царина од 84 отсто што Кина ја воведе како реципрочен одговор на зголемените царини на американскиот претседател Доналд Трамп за кинескиот увоз, стапи на сила денес, додека тензиите во трговската војна меѓу двете најголеми светски економии продолжуваат да ескалираат, јавува Анадолу. Во низата контрамерки, како одговор на првиот бран американски царини, Кина воведе реципрочна царина од 34 отсто кон САД. Откако Трамп ги ...
ДАКАР (АА) - Силниот ветер создаде високи бранови на крајбрежјето на Дакар, главниот град на Сенегал, известува Анадолу. Националната агенција за цивилно воздухопловство и метеорологија (АНАЦИМ) на Сенегал издаде предупредување во кое се наведува дека силните ветрови покрај крајбрежјето на земјата може да создадат џиновски бранови. АНАЦИМ препорача да се избегнуваат активностите на море. На некои места во Дакар височината на брановите достигнаа ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес соопшти дека Соединетите Американски Држави (САД) „веднаш“ ќе ги зголемат царините за кинески увоз на 125 отсто бидејќи ескалацијата на трговскиот спор меѓу Вашингтон и Пекинг се интензивира, иако тој им понуди „маслиново гранче“ на десетици други земји, јавува Анадолу. „Врз основа на недостигот на почит што Кина го покажа кон светските пазари, ја зголемувам царината што ја наплаќаат Соединетите ...
Густ облак прав ја зафати Југоисточна Туркије денес значително намалувајќи ги видливоста и квалитетот на воздухот во турските области Мардин, Шанлиурфа, Ширнак, Адијаман и Сирт, јавува Анадолу. Бурата, која донесе ситни честички од соседните сушни региони, започна во раните утрински часови и се засили во некои области, покривајќи ги возилата, зградите и историските објекти со дебел слој песок. Во подрачјето на Артуклу во Мардин, прозорците, ...
САНТО ДОМИНГО (АА) - Бројот на загинати при уривањето на покрив на ноќен клуб во карипската држава Доминиканска Република се зголеми на 184, известува Анадолу. Хуан Мануел Мендез, директор на Центарот за итни операции (ЦОЕ), сподели нови информации во врска со инцидентот во ноќниот клуб „Џет сет“ во Санто Доминго. Мендез информираше дека бројот на загинати во ноќниот клуб се зголемил на 184. Акциите за пребарување и спасување сè уште не се ...
Израелската полиција вечерва насилно ги растури протестите во Западен Ерусалим на кои се бараше да се стави крај на израелската геноцидна војна во Појасот Газа, пренесува Анадолу. Десетици левичарски активисти од движењето „Слободен Ерусалим“ протестираа на плоштадот „Париз“ во градот против војната во Газа, објави израелскиот јавен сервис КАН. Полицијата ги одзеде транспарентите што ги носеа демонстрантите, на кои имаше пароли „Стоп за војната“ ...
Израелската армија работи на фрагментирање на Појасот Газа и спроведување план за присилно преселување на Палестинците од енклавата, изјави вечерва израелскиот министер за одбрана Израел Кац, јавува Анадолу. Кац ги посети израелските сили на Коридорот Мораг, кој ги дели градовите Рафа и Кан Јунис во јужна Газа. „Армијата постигнува значајни цели: евакуација на (палестинското) население, уништување на инфраструктурата, сегментирање на Газа во ...
Командантите на Израелските воздухопловни сили денес се заканија дека ќе истераат речиси 970 лица, пилоти, офицери и војници доколку не ги повлечат своите потписи од писмото со кое се бара прекин на војната во Газа, објавија израелските медиуми, пренесува Анадолу. Израелскиот дневен весник „Хаарец“ објави дека „околу 970 припадници на воздухопловните сили, некои во активна резервна служба, го потпишале писмото со кое се спротивставуваат на ...
Обединетите нации (ОН) денес соопштија дека израелските власти од 18 март одбиле најмалку 68 отсто од нивните обиди за координирање на влезот на хуманитарна помош во Појасот Газа, јавува Анадолу. Повикувајќи се на Канцеларијата за координација на хуманитарни прашања (OCHA), портпаролот на ОН, Стефан Дужарик, за хуманитарните операции во Газа рече дека се „сериозно ограничени“. „Тоа се должи на проширувањето на воените операции, како и на ...
Во снежните предели на Тромсе, град сместен длабоко во арктичкиот круг, одгледувањето ирваси и понатаму претставува основа на културниот и економскиот живот на домородниот самиски народ, јавува Анадолу. Снимките направени од Анадолу прикажуваат локална фарма за ирваси, каде што овие величествени животни – централни за животот на народот Сами повеќе од илјада години – продолжуваат да напредуваат под грижата на своите одгледувачи. Ирвасите имаат ...
Словенија останува силен поддржувач на Северна Македонија на нејзиниот евроинтеграциски пат, порача денес претседателката на Државниот збор на Република Словенија, Уршка Клакочар-Зупанчич, по средбата со претседателот на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши, пренесува Анадолу. Гаши денес во Скопје ги пречека претседателката на словенечкото Собрание и придружната делегација со високи државни почести, а по средбата беше одржана и заедничка ...
Франција можно е да ја признае државата Палестина „во јуни“ за време на меѓународната конференција со која копретседава заедно со Саудиска Арабија, изјави францускиот претседател Емануел Макрон, пренесува Анадолу. „Мора да се придвижиме кон признавање и тоа ќе го направиме наредните месеци“, рече Макрон во интервјуто емитувано на Франс 5. Тој истакна дека планираната конференција за имплементација на дводржавното решение за ...
Демохристијаните и социјалдемократите се согласија да заземат построг став за нерегуларната миграција во нивниот коалициски договор, соопшти денес идниот германски канцелар Фридрих Мерц, јавува Анадолу. На заедничката прес-конференција во Берлин со коалициските партнери Мерц рече дека договорот ќе воспостави „силна“ влада „способна да преземе акција“ како одговор на зголемените домашни и меѓународни предизвици. „Ќе започнеме нов правец во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес го повтори својот наратив за преземање на Гренланд, истакнувајќи дека територијата на Арктикот е суштинска за „меѓународната безбедност“ во услови на руска и кинеска активност во регионот, јавува Анадолу. „Потребен ни е Гренланд... за меѓународната безбедност. Мораме да го имаме Гренланд“, рече Трамп говорејќи на церемонијата во Овалната соба за новата американска обвинителка на Њу Џерси, Алина Хаба. ...
Повеќе од половина од Американците имаат неповолни гледишта за Израел, според неодамна објавената анкета направена откако Израел ја продолжи својата опсежна офанзива во опколениот Појас Газа, јавува Анадолу. Севкупно, 53 отсто од возрасните Американци изразуваат одредени или многу негативни ставови за Израел, што е нагло зголемување од 42 отсто што ги имаа во март 2022 година, кога последен пат беше поставено ова прашање, покажува истражувањето ...
Туркије, како членка на НАТО и кандидат за членство во Европската Унија, е нераскинлив дел од процесот со својата одбранбена индустрија и дипломатски капацитет, рече турскиот потпретседател Џевдет Јилмаз, по разговорите во Париз за мирот и безбедноста во Украина. Во изјава за Анадолу, Јилмаз, кој го претставуваше претседателот Реџеп Таип Ердоган на самитот, рече дека средбата е клучна не само за Украина, туку и за „безбедноста и иднината на ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес ја потврди отвореноста на Европската Унија (ЕУ) за трговија и инвестиции, порачувајќи им на американските бизниси дека блокот сака да ги зајакне трансатлантските односи, пренесува Анадолу. Во објавата на X по нејзините разговори со Американската стопанска комора во ЕУ (AmChamEU), Фон дер Лајен ја нагласи важноста на одржувањето непрекинат и силен синџир на снабдување меѓу ЕУ и ...
Украинскиот претседател Влaдимир Зеленски денес рече дека Киев официјално добил нов предлог-договор од Соединетите Американски Држави (САД) за клучните минерали, велејќи дека тој значително се разликува од претходно предложената рамка, објави новинската агенција Интерфакс-Украина, пренесува Анадолу. Обраќајќи се на прес-конференција, Зеленски истакна дека договорот, кој формално беше доставен до неговиот кабинет, ќе се спореди со претходните ...
МОСКВА (АА) - Марија Захарова, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, изјави дека утре во Истанбул ќе се одржат преговори со САД и додаде: „Состанокот ќе се одржи за да се отстранат пречките што ги отежнуваат дипломатските активности меѓу двете земји“, известува Анадолу. Захарова зборуваше за односите со САД на нејзиниот неделен брифинг што се одржа во Москва. Изјавувајќи дека на дневен ред е прашањето за повторна средба ...
АТИНА (АА) - Работници и државни службеници во Грција денес започнаа 24-часовен генерален штрајк, барајќи итна владина акција против растечките трошоци за живот што сè повеќе ги оптоваруваат домаќинствата во земјата, јавува Анадолу. Штрајкот е организиран од Генералната конфедерација на грчките работници и Конфедерацијата на јавни службеници, со поддршка од синдикатот ПАМЕ, поврзан со Комунистичката партија на Грција (ККЕ). Во Атина и во други ...
ТАШКЕНТ (АА) - Претседателот на турското Собрание, Нуман Куртулмуш, денес ја истакна потребата од нов глобален економски систем заснован на правда и еднаквост, предупредувајќи дека секој систем од кој имаат корист само малкумина, води кон слабеење на државите и води кон конфликти и војни, јавува Анадолу. Куртулмуш ги даде овие изјави на 150. Генерално собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ) во Ташкент, Узбекистан, во време кога глобалниот ...
АНКАРА (АА) - Претседателот на Туркије и претседател на Партијата за правда и развој (АК партија), Реџеп Таип Ердоган, денес зборуваше на состанокот на парламентарната група на неговата партија во турското национално Собрание, известува Анадолу. Турскиот претседател во своето обраќање ја истакна сѐ поголемата улога на Туркије во светот и додаде дека глобалните сили сѐ повеќе признаваат дека секој меѓународен план веројатно нема да успее без ...