Светските глечери се во лоша состојба, при што речиси 40% од нивната вкупна маса е веќе осудена на пропаст, дури и ако глобалните температури веднаш престанат да растат, открива нова студија. Истражувачите проценуваат дека глечерите на крајот ќе изгубат 39% од својата маса до 2020 година, тренд кој е веќе неповратен без оглед на тоа што следи и веројатно ќе придонесе за 113 милиметри глобално зголемување на нивото на морето. Загубата ќе се ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека во Србија се случил организиран обид за „вистински државен удар“, бидејќи биле вклучени речиси сите државни институции – од јавниот медиумски сервис до полицијата, најавувајќи дека „некои избори во 2026 и 2027 година ќе бидат неизвесни“. – Војската учествува во пучот и мора да има насилство, а пучот е преку институциите, рече Вучиќ во разговор со студенти кои се во Пионирски парк. ...

Вулканот Етна еруптираше на Сицилија, испраќајќи огромен облак од чад и пепел на небото над италијанскиот остров. Снимките споделени на социјалните мрежи покажуваат луѓе како трчаат по падините на најголемиот и најактивен вулкан во Европа, додека над нив се крева густ столб од чад. Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија соопшти дека вулканот доживува моќни стромболски ерупции – еден вид ерупција со „зголемен интензитет“. ...

Пушењето цигари на глобално ниво е еден од водечките причинители на болести како и за предвремените смртни случаи, кои потенцијално би можело да се спречат. Ризиците од пушењето тутун се познати и преку процесот на горење на тутун и чадот од цигарите се ослободуваат 60 хемиски супстанции за кои се знае дека се канцерогени. Токму овие хемикалии предизвикуваат болести, а според Светската здравствена организација, откажувањето од пушењето го ...

Клиника Жан Митрев и Кошаркарската федерација на Република Македонија потпишаа договор за официјална медицинска соработка за сезоната 2025–2026, со што Клиниката станува официјален медицински партнер на македонските кошаркарски репрезентации. Предмет на оваа стратешка соработка е обезбедување на професионална здравствена грижа,редовни дијагностички и специјалистички прегледи, спортска медицина за сите селекции под капата на КФСМ, сениорската ...

Финансиско планирање и контрола, управување со финансии, анализа и толкување на извештаи, донесување инвестициски одлуки, стратегии за финансирање, управување со ризици и ESG–известување се главните теми опфатени со обуката „Од бројки до одлуки“, која започна во Стопанската комора на Северна Македонија. Оваа обука е прва од ваков тип, наменета за малите и средни претпријатија (МСП) и сметководствени практики. Програмата ја организира Институтот ...

Под мотото „Каде брзаш? Не брзај за да стигнеш!“ стартува кампањата за безбедност во сообраќајот на ОКТА, Министерството за внатрешни работи (МВР) и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП). Целта на кампањата е подигнување на свеста во јавноста за важноста на поголемото внимание на сите учесници во сообраќајот. Во рамките на кампањата ќе бидат преземени низа активности кои на иновативен начин ќе информираат, ...

Над 3.300 учесници во седум града се обединија во солидарност, собирајќи речиси 1,5 милиони денари донации на настани организирани во текот на месец мај по повод 9 мај – Денот на Европа. Оваа година, одбележувањето на Денот на Европа беше посветено на поддршка на жртвите и повредените од трагедијата во Кочани преку низа активности што ги организираше Делегацијата на Европската Унија и мрежата Јуроп хаус. Во знак на поддршка, граѓаните трчаа на ...

Меѓународниот Аеродром Скопје од први јуни се поврза со уште три градови во Турција. Авиокомпанијата АJet изминатиов викенд почна да лета до Анкара, Чукурова, Дијарбакир, три нови дестинации за одмор, соопшти аеродромскиот оператор ТАВ Македонија. Сезонските летови од Скопје до Анкара и до Дијарбакир ќе се одвиваат еднаш неделно, додека летовите на Ajet до аеродромот Чукурова два пати недела, а до сите три дестинации ќе се лета од први јуни до ...

Премиерот Христијан Мицкоски изрази загриженост пред објавувањето на извештајот за Македонија во Европскиот парламент идната недела, особено поради најавата дека европратеник ќе поднесе амандман со кој, како што рече, се негира посебноста на македонскиот народ. Тој откри дека во изминатите месеци соработувале со известувачот за Македонија, Томас Вајц, со цел во текстот јасно да биде нагласена посебноста на македонскиот јазик и идентитет. Во ...

По апелот на Националниот парк „Шар Планина“ за донации од пченка и јаболка за прихрана на мечките, Македонското еколошко друштво (МЕД) остро реагираше, предупредувајќи дека таквиот пристап е штетен на долг рок. Екологот Диме Меловски од МЕД посочи дека оваа практика може да има сериозни последици врз однесувањето на мечките и нивниот однос со луѓето. – Мечките се навикнуваат на храна од човек и почнуваат да ја бараат кај населени места. ...

Оваа седмица територијата на Македонија ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса со потекло од Африка, што ќе донесе стабилно и сончево време, но со високи температури и услови за локални попладневни нестабилности. Според метеоролошките прогнози, времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Сепак, во попладневните часови можно е формирање на грмотевични облаци, што може ...

Партијата на пензионери изрази сериозна загриженост поради, како што вели, високите банкарски провизии и надоместоци за основни услуги, кои според нив се највисоки во регионот. Преку соопштение до медиумите, од партијата апелираат до Владата и Собранието итно да донесат законско решение со кое граѓаните ќе бидат ослободени од плаќање на такви трошоци. – Апелираме за донесување закон што ќе овозможи пристап до основни банкарски услуги без ...

Нов месец, нови можности Првиот работен ден од јуни 2025 година носи моќна енергија за сите хороскопски знаци. Планетите се порамнети на начин што поддржува нови потфати и емоционален раст. Јупитер се движи во Рак, создавајќи поволна средина за семејни прашања и емоционална безбедност. Венера ги зајакнува односите, а Меркур ја подобрува комуникацијата. Искористете го почетокот на неделата за да поставите јасни цели и да ја активирате вашата ...

Љубителите на часовници масовно купувале користени часовници од „Ролекс“ (Rolex SA) и „Патек Филип“ (Patek Philippe SA) кон крајот на април, трошeјќи пари пред можните царини од претседателот на САД, Доналд Трамп. Продавачот и трговската платформа за часовници „Сабдајл“ (Subdial) често забележува зголемена активност откако луѓето ќе ги добијат своите плати на крајот од месецот. Во април, овој пораст по исплата беше за 160 отсто повисок од ...

Утре државата на аукција ќе понуди 12 месечни државни записи во вредност од десетина милиони евра или 600 милиони денари. До крајот на месецот, според календарот на Министерството за финансии за емисија на државни хартии од вредност во прв и втор квартал од 2025 година, предвидена е уште една аукција која треба да се одржи на 24 јуни. Уште колку аукции за државни хартии од вредност ќе има до крајот на годината ќе се знае кон средината на овој ...

Светиот маченик Талалеј е родум од Ливан, од татко Верукиј и мајка Ромилија; осумнаесетгодишно момче со прекрасен изглед, со коса црвеножолта. Бил лекар по занимање. Пострада за Христа за време на царувањето на Нумеријан. Кога храбро ја исповеда својата вера во Господ Христос пред мачителот, овој им нареди на двајцата џелати Александар и Астериј со сврдел да му ги дупчат колената, да му провлечат јаже низ издупчените коски и да го обесат за едно ...

Денешните метео-ресурси сугерираат дека на 2 јуни 2025 година во Скопје ќе преовладува претежно сончево време проследено со периоди на облачност, при што температурите ќе варираат од 19°C до 28°C. Утрински часови Утринските температури ќе се искачат до околу 19 °C, притоа ќе се чувствува како 19 °C поради умерена влажност од 58 %. Облачното небо ќе дозволи само делумно сонце, а ветерот од југозапад ќе дува со брзина од околу 2.2 m/s. Почетокот ...

СДСМ на денешната прес-конференција, преку потпретседателот Методија Илиевски, ја продолжи серијата обвинувања во врска со трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, посочувајќи нови наводи за вмешаност на полициски службеници и за прикривање од страна на власта. Според Илиевски, Драган Казак Петрушев, сменоводителот кој бил на должност во кобната вечер, е вториот заштитен лик од страна на ВМРО-ДПМНЕ, по Панче Тошковски. – Мицкоски и Коцевски ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов изјави дека очекува ДЗС и Центарот за управување со кризи да се обединат во една институција по локалните избори. – Се чуствувам како „мајстор којшто поправа расипани работи“. Минатиот пат кога претходниот премиер ме прати во ЦУК ме прати да ја доведам институцијата во ред бидејќи беше пропадната и нефункционална во пресрет на ковид кризата. Сега премиерот ме праќа по наш ...

По објавата на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во која таа остро го критикуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, следуваше реакција од партијата, во која се тврди дека нападите се извршуваат по „нарачка од СДС и ДУИ“. Во соопштение од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовска се обвинува дека е „главен инструмент на ДУИ во борбата против ВМРО-ДПМНЕ“ и дека е „уцнетa и контролирана преку лични и бизнис интереси“. ...

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, преку објава на својот Фејсбук-профил упати остри критики кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека не презема ништо против, како што ги нарече, „криминалите на Изет Меџити и Висар Ганиу“.„‘Лавот’ Мицкоски не смее да писне против Ганиу и Меџити. Лав? Маче“, напиша Арсовска, обвинувајќи го дека наместо да се справува со функционери за кои, според неа, постојат докази за ...

Бизнисменот и поранешен пратеник Лазе Таневски се врати на чело на охридските хотели што ги менаџира, една година по истекот на неговиот мандат во Собранието и завршувањето на законски доделената апанажа. Како што објави Фактор, Таневски повторно е управител на хотелите „Лаки“ и „Десарет“ на охридското крајбрежје, преку компанијата „Теди Комерц“, заменувајќи ја Билјана Таневска. Хотелот „Лаки и спа“ е препознатлив како еден од најлуксузните ...

Љубен Аврамовски, портпаролот на Либерално-демократската партија (ЛДП), најави дека утре во Собранието повторно ќе биде поднесен предлог-закон за воведување на отворени листи и една изборна единица. Според Аврамовски, оваа иницијатива е долгогодишна заложба на ЛДП, која има за цел да донесе праведен и транспарентен изборен модел што ќе овозможи еднаков глас за сите граѓани и директен избор на претставници. „Ова е клучен чекор кон изборен систем ...

Пред Македонија е период на значително потопло време, под влијание на умерен топол бран со потекло од Африка. Иако температурите ќе растат, не се очекуваат екстремни горештини, туку стабилно и сончево време, со мал потенцијал за краткотрајни локални нестабилности. Во следните денови времето ќе биде претежно суво и стабилно, со мала до умерена облачност. Постои можност, но само локално и повремено, за краткотраен пороен дожд. И во Скопје и ...

Прославата на историската победа на фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен (ПСЖ) над Интер во финалето на Лигата на шампионите во Минхен беше засенета од низа инциденти и насилства во Париз. Полицијата уапси 294 лица на неколку локации низ градот, вклучувајќи ги Шанзелизе, париската обиколница и квартот Порт де Сен-Клу, објави BFM. Според париската полиција, многу од уапсените поседувале пиротехнички средства и запаливи материјали. На одредени места ...

TINDER тестира нова опција за преференција на висина за корисниците со Gold и Premium претплати, за да го персонализира корисничкото искуство и да се обиде да привлече повеќе жени, со оглед на падот на претплатниците. Тиндер моментално тестира опција што им овозможува на корисниците што плаќаат да ја изберат својата преферирана висина кај потенцијалните партнери. Иако не е класичен филтер што блокира профили, оваа поставка влијае на препораките ...

Шпанската влада остро ги демантираше наводите на британскиот весник Телеграф, кој минатата недела, повикувајќи се на „извори во Брисел“, објави дека големиот прекин на електрична енергија на Пиринејскиот полуостров на 28 април бил резултат на „експеримент со обновливи извори на енергија“ организиран од шпанските власти. Според написот, шпанската влада наводно тестирала колку може да ја зголеми зависноста од обновливи извори во рамките на ...

Корпоративната култура кај нас сè почесто се сведува на формалност, но, Универзитетот Американ Колеџ Скопје викендов испрати поинаква порака – дека вистинската сила на една институција се луѓето. Луѓето и семејството на прво место – и тоа не само како слоганСаботата во Градскиот парк во Скопје не беше обична работна сабота за вработените на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС). Под мотото „Family First“, УАКС организираше настан кој, ...

Илон Маск, извршен директор на компаниите X, Tesla и SpaceX, синоќа јавно демантираше дека користи дрога, реагирајќи на напис на „Њујорк Тајмс“ кој тврди дека за време на изборната кампања користел кетамин, екстази и халуциногени печурки. „Да бидам јасен – НЕ земам дроги! ‘Њујорк Тајмс’ лаже. Пред неколку години користев кетамин на рецепт и тоа го имам јавно објавено на X. Од тогаш не сум го земал“, напиша Маск на социјалната мрежа X. Во написот ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
1.54
39%
1020
weather icon

Белград

31ᴼ / 30ᴼ
3.13
38%
1021
weather icon

Загреб

30ᴼ / 26ᴼ
0.51
48%
1021
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
1.03
34%
1024
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
1.89
26%
1021
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 26ᴼ
2.06
66%
1022
weather icon

Атина

33ᴼ / 30ᴼ
10.73
23%
1016
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
2.06
33%
1017
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
1.54
26%
1018
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 31ᴼ
4.12
32%
1022
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 30ᴼ
3.09
36%
1021
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 28ᴼ
8.23
100%
1019
Currency

61.535

Currency

52.8334

Currency

70.9783

Currency

34.4801

Currency

38.4093

Currency

65.4574

Currency

7.35687

Currency

0.66043

Currency

0.35742

Currency

0.52596

Currency

1.29872

Currency

0.60369

Алуминиум

2.61

Иридиум

153653.48

Кобалт

42.99

Никел

14885.00

Рутениум

26299.31

Калај

34.06

Сребро

1233.32

Злато

109245.92

Бакар

9.01

Паладиум

35944.53

Платина

42845.44

Родиум

227466.53

Цинк

2.81