
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



Силно невреме проследено со пороен дожд и грмежи го зафати поголемиот дел од Србија, а во некои делови од државата падна и град. Во делови на Срем околу еден час паѓал град со големина на лешник. Невремето ја зафати и западна Србија, а пороен дожд ги поплави улиците на Пријепоље. Во Краљево нешто по 17 часот имаше пороен дожд, силен ветер и град. Град паѓаше во околината на Топола и во јужен Банат. Дел српски медиуми јавија дека камион ...
Сојузот на синдикати на Македонија ги објави минималните потрошувачки кошнички за март и за април. Мартовската, како што информираа не беше објавена во предвидениот термин поради трагедијата во Кочани. Вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец март 2025 година изнесува 61.855,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец февруари 2025 година која изнесува 63.773,00 денари е намалена за 1.918,00 ...
За време на велигденските празници, непознати сторители извршиле кражба во домот на пратеникот Фатмир Битиќи во скопската населба Бутел. Случајот е пријавен во СВР Скопје на 21 април во 11:40 часот. Според пријавата, во периодот од 7:30 часот на 18 април до 3 часот наутро на 21 април, крадците со употреба на сила и соодветен алат успеале да влезат во домот и да одземат пари и други вредни предмети. Битиќи за ТВ24 изјави дека инцидентот се ...
И покрај дождливите денови изминатиов период, водата во Охридското Езеро е видно повлечена. Според последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи, нивото на водата во Охридското Езеро e 31 сантиметар под просекот за април. Kлиматски промени сè повеќе се чувствуваат насекаде, па и во Охридскиот регион, поради долгите сушни периоди во изминативе години и исклучително топлите лета. А пак, честите скокови од сушни периоди и ненадејни ...
Истражните институции без одговор дали има разрешница за случајот во кој професионален војник пред речиси два месеци беше фатен со дрога. Алсат го објави случајот со професионалниот војник Никола Ивановски кој на 28 февруари бил фатен со марихуана, а според наши извори, кај војникот биле пронајдени најмалку 70 грама марихуана како и дигитална вага. Војникот се сомничи за поседување, но и за продажба на дрога. Информацијата за истиот медиум ...
Силно невреме проследено со пороен дожд и грмежи го зафати поголемиот дел од Србија, а во некои делови од државата падна и град. Во делови на Срем околу еден час паѓал град со големина на лешник. Невремето ја зафати и западна Србија, а пороен дожд ги поплави улиците на Пријепоље. Во Краљево нешто по 17 часот имаше пороен дожд, силен ветер и град. Град паѓаше во околината на Топола и во јужен Банат. Дел српски медиуми јавија дека камион ...
Позлатениот рибарски прстен на папата Франциск кој е најважен симбол на власта е уништен. Ритуалот го означува крајот на понтификатот на Франциск и симболизира дека Светиот престол е слободен. Рибарскиот прстен е еден од најстарите и најсимболични знаци на папската власт. Секој понтиф го добива ова посебно украсие при стапување на должност. Кога неговиот носител ќе почине, прстенот се уништува. Франциск беше скромен и инсистираше прстенот да ...
Шеесет и шестгодишен прељубник претрпел сериозни повреди бегајќи од својата сопруга додека се обидувал да се спушти од четвртиот кат на хотелот користејќи врзани чаршафи, објави во саботата полицијата во јужниот германски град Равенсбург. Мажот во петокот бил во соба со љубовницата кога неговата сопруга почнала да му тропа на вратата. Во паника врзал два чаршафи во обид да избега незабележано во стил кој потсетува на филмски херои. Сепак, ...
Последните зборови на папата Франциско беа благодарност до неговиот здравствен асистент кој му помогна да ги поздрави верниците на плоштадот Свети Петар на Велигден, соопшти Ватикан. „Ви благодарам што ме доведовте на плоштадот“, му рекол Франциско на Масимилијано Страпети, кој во изминатиот период му обезбедуваше 24-часовна нега на папата. Папата Франциско (88) почина вчера по мозочен удар и срцева слабост. Претходно оваа година, тој помина ...
Гори градската депонија во Демир Хисар, информираат попладнево од Регионалниот центар за управување со кризи Демир Хисар (РЦУК). Во соопштението се наведува дека на терен интервенираат четворица пожарникари од Територијалната противпожарна единица Демир Хисар со две противпожарни возила, Јавното комунално претпријатие Комуналец Демир Хисар со пет работници и една градежна машина. – РЦУК Демир Хисар ја пренесуваат информацијата од ЈКП ...
Собранието во рамките на денешната работата по дневниот ред на 44. седница без расправа донесе 19 законски решенија за изменување и дополнување на закони, меѓу кои и на Законот за градење, Законот за медиуми и Законот за минимална плата. Без расправа едногласно со 82 гласа „за“ на второ читање беше проследен и Предлог законот за енергетика. Во образложението за потребата од носење на Законот за енергетика министерката за енергетика Сања ...
Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на А.Ј., осомничен за перење пари и други приноси од казниво дело, поднесен преку неговиот бранител, за замена на мерката притвор со гаранција, по одржана седница и извршен увид во целокупните списи на предметот, донесе решение со кое предлогот на осомничениот СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАН, соопштија меѓу другото ...
Пчеларите до крајот на април треба да ја пријават моменталната состојба во нивните пчелни семејства, со цел да добијат документација за субвенции. Ветеринарниот лекар од Штип, Крсто Митев апелира обврската да биде завршена навремено, за пчеларите да аплицираат и да добијат субвенции за нивните пчелни семејства. -Со годишната наредба од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство за оваа година и овој период од годината, можам да апелирам ...
Времето утре претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град, информира УХРМ. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има ...
Општина Карпош продолжува со засилен инспекциски надзор врз сите градилишта на своја територија, со цел да се обезбеди законска, безбедна и одговорна урбана изградба. Информираат дека во текот на изминатата недела, од страна на градежен и комунален инспектор, како и со активно присуство на комуналните редари, беа спроведени над 50 контроли на терен. Како резултат на овие контроли, изречени се вкупно 26 казни и 17 опомени, со целосна примена ...
Гори ѓубриште и трева кај поранешна Циглана – Драчево, на патот накај железничката станица, информираа попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Како што се наведува во соопштението на ЦУК, преку бројот за итни повици 112 добиена е пријава за пожар на отворено, по што известени била Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ). – Преку бројот за итни повици 112 добиена e пријава за пожар на отворено кај поранешна ...
Советот на Народната банка на својата последна седница го усвои Годишниот извештај за 2024 година. Во Извештајот се истакна успешното остварување на целите на централната банка, што е потврдено и од најрелевантните меѓународни финансиски институции, а се согледува преку натамошното забавување на инфлацијата, одржувањето на стабилноста на девизниот курс и натамошното јакнење на финансиската стабилност. Иако условите сѐ уште се неизвесни, ...
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги намали прогнозите за економски раст за 2025 година, истакнувајќи оти зголемените царини и општата неизвесност ќе доведат до „значително забавување“. ММФ во најновата глобална прогноза наведува дека светската економија ќе порасне за 2,8 отсто оваа година, што е помалку од претходната процена од 3,3 проценти. Во САД се очекува раст од 1,8 отсто, додека според претходната процена изнесуваше 2,7 проценти. ...
Министерот за култура Зоран Љутков ги остави вработените во културата без плата за време на велигденските празници. Токму поради оваа причина денес беа организирани протести пред министерството за култура. „Храбро се бореа да зачуваат една специфична традиција, традиција на протести во април на културните работници. Како и секоја година и оваа, министерот се појавува како инструмент во нивните раце, а овојпат е културен деец, кој се ...
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: Времето изминува, СДС се занимава со сè и сешто, шета од тема на тема, но за темите што ги интересира цела јавност ги нема ни збор да кажат. Веќе извесен период прашуваме и ги повикуваме СДС, Венко Филипче и Зоран Заев да одговорат дали поседуваат златни визи за Дубаи? Ако поседуваат, тогаш на кој начин ги стекнале имајќи предвид дека таквите визи се стекнуваат со вложувања или инвестиции кои надминуваат и неколку ...
Претседателката Гордана Сиљановска- Давкова ќе присуствува на погребот на папата Франциск. Од Кабинетот на претседателката информираат дека таа ќе замине во Рим на 26 април. Ватикан соопшти дека погребот на папата Франциск ќе се одржи в сабота, 26 април во 10:00 часот по локално време. Папата Франциск во својот последен тестамент потврдил дека сака да биде погребан во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим, а не во базиликата Свети Петар во ...
Денеска се изврши исплата од 224.748.332,00 денари кон 7.826 лица. Исплатата како што информираат од Министерството за земјоделство, се однесува на дополнителните директни плаќања за остварено производство на овошје, мерка 1.9 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за остварено производство на овошје од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година. Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОК) соопшти дека го прифаќа предлогот на сопственикот на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски, за укинување на мерката притвор, под услов да обезбеди соодветна парична гаранција. Јахоски е во притвор како осомничен за кривичното дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, во случај поврзан со значителна имотна корист стекната преку заедничка шема со Ратко ...
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека до неколку граѓани и правни лица, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на МВР и ЕВРОПОЛ, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами, а Секторот за компјутерски криминал при МВР веќе презема соодветни мерки и активности за законско санкционирање на сторителите. Секторот за компјутерски ...
Партиите кои ја сочинуваат коалицијата ВЛЕН во текот на неделата ќе именуваат вкупно 23 свои претставници за претседателството кое ќе се формира за новата партија со истото коалициско име, информира денеска лидерот на движењето Беса кое е дел од коалицијата Биљал Касами. Претседателството, како што додаде тој, ќе донесе и статут според кој ќе се избираат претседател и партиски тела. „Треба да имаме еден заеднички орган кој ќе одлучува ...
Согласно најновите податоци за преваленцата на дијабетес кај населението на возраст од 20 до 79 години, во 2024 година во Македонија се регистрирани вкупно 140.800 лица со дијабетес. Според Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, бројките укажуваат на стабилен но континуиран пораст, со просечно 7.500 новодијагностицирани случаи годишно. Иако трендот се стабилизира, од Сојузот предупредуваат дека овие бројки се сериозен индикатор ...
Докторката Ленче Нелоска е поставена за нов директор на Геронтолошкиот завод во Скопје, откако претходниот директор беше приведен во полициска акција поради сомнежи за примање поткуп. Нелоска веќе ја извршувала оваа функција во минатото, што укажува на нејзиното искуство и познавање на работата на установата. До неодамна, таа беше и претседателка на Советот на Општина Ѓорче Петров. По професија, Нелоска е доктор специјалист по дерматологија. ...
Вкупно шест лица вчера уапсени за дрога во главниот град. Како што информираа од полицијата, на 21.04.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Д.(19), Ф.Т.(24), М.К.(24), Н.С.(45), Б.С.(20) и А.Б.(21), сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци, додава полицијата. ...
Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец април 2025 година изнесува 62.691 денари, што е зголемување од 836 денари во споредба со март, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија. Најмногу, односно 21.480 денари (34,3%) од буџетот се издвоени за храна и пијалоци. За облека и обувки се издвоени 5.634 денари (9,0%), станарина, вода, електрична енергија и греење 6.096 денари (9,7%), лична хигиена и оддржување на хигиена во домот ...
Поранешниот американски потпретседател, Ал Гор, ја спореди администрацијата на Доналд Трамп со нацистичка Германија. Говорејќи на митинг по повод почетокот на Неделата на климата во Сан Франциско, Гор рече дека администрацијата на Трамп се обидува да создаде своја претпочитана верзија на реалноста за да ги постигне своите сеопфатни цели слични на Нацистичката партија на Адолф Хитлер во 1930-тите и 1940-тите, пишува Политико. Многу добро ...