
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Под влијание на плитка фронтална долина која се наоѓа над југоисточна Европа, во нашата Република Македонија од денес (среда 23 април) па се до самиот крај на оваа недела времето ќе биде променливо облачно со честа појава на повремени врнежи од дожд, проследени со појава на грмежи. Локално Атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој ...
Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, од вчера е во дводневна работна посета на Обединетото Кралство, каде ќе оствари работнa средбa со Герет Томас, министер за бизниси, извоз и услуги, средба со министерот за Европа, Стефан Доти, како и со Дејм Карен, специјален пратеник на премиерот на Велика Британија за Западен Балкан. Исто така предвидени се средби и со претставници од бизнис заедницата во Лондон. ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од ул. 103 – Волково во близина на кружниот тек во Волково, во општина Ѓорче Петров; – во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. 100 и 21 во село Волково, во општина Ѓорче Петров; – во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од село Сопиште (ул. 14 и ул. 16 кај Св. Мина) ...
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска со почеток во 10 часот во Основен Кривичен суд Скопје со сведочење на обвинетиот Љупчо Палевски. Претходното рочиште беше одложено поради отсуство на бранителот на Палевски, адвокат Јовица Страшевски. Судијата Ивица Стефановски тогаш информираше дека добил поднесок од бранителот на Палевски, адвокат Страшевски, со медицинска документација и барање за одложување. Судијата посочи дека ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари годинава изнесува 43 053 денари, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Во споредба со февруари претходната година, месечната нето-плата по вработен бележи пораст од 9,6 проценти. Од ДЗС објаснуваат дека ова покачување првенствено се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во неколку клучни сектори. Тоа се: Дејности во врска со ...
Со 69 гласа „за“ и поддршка од 15 пратеници од немнозинските заедници, Собранието денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за медиуми. Најзначајната новина е вклучувањето на интернет-порталите како официјални медиуми, со обврска да се регистрираат во посебен Регистар што ќе го води Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ). Со овие измени, порталите што сакаат да се идентификуваат како медиуми ќе мора да ...
Најмалку 20 луѓе се убиени откако вооружени напаѓачи отвориле оган врз група домашни туристи кои посетувале популарно одморалиште во Кашмир под индиско управување, изјавија властите за Би-Би-Си. Нападот се случил во Пахалгам, живописен хималајски град кој често се опишува како „Швајцарија на Индија“. Главниот министер на регионот, Омар Абдула, рече дека нападот е „многу поголем од се што сме виделе во последните години насочени против ...
Даночните обврзници имаат рок до петок да поднесат ДДВ – 04 пријави, потсетува Управата за јавни приходи. „Со цел да се обезбеди непречено поднесување на ДДВ-04 пријавите за овој даночен период, ИТ тимовите на УЈП ќе работат и во попладневните часови. Процесот на поднесување на ДДВ – 04 пријавите се одвива непречено и заклучно со вчерашниот ден, 22 април 2025 година од очекуваните 40.885, вкупно 12.202 даночни обврзници поднеле ДДВ-04 ...
Тошковски да не ги штити неговите началници – за трагедијата во Кочани мора да има одговорност Изминуваат 37 дена од трагедијата во Кочани, а наместо вистинска правда и одговорност сведоци сме на селективна истрага и молк за одговорноста на актуелните функционери од ДПМНЕ и началниците кои ги има поставено Тошковски. Како е можно истрагата целосно да ги игнорира службениците, началниците, раководителите на различни позиции во СВР Штип и ОВР ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков се надева дека до утре до 16 часот ќе бидат исплатени платите за март за околу 3.000 луѓе вработени во културата во 120 институции. Доцнењето се должи на новиот начин на пресметка на платата што, рече, е многу обемен процес, но нагласи дека е првпат со консензус од сите чинители односно пресметката е усогласена со Министерството за финансии и со двата колективни договора – општиот и посебниот. Тој ...
Луѓето со висок крвен притисок треба да јадат повеќе храна богата со калиум како бананите, според тимот на научници со седиште во Канада. „Нашето истражување сугерира дека додавањето на повеќе храна богата со калиум во исхраната, како што се бананите или брокулата, може да има поголем позитивен ефект врз крвниот притисок отколку едноставното намалување на солта“, вели Анита Лејтон од Универзитетот во Ватерло. Вообичаено рангирани заедно со ...
Утрешниот ден меѓу народот е познат како светла среда. Постарите луѓе кажуваат дека ноќеска треба да се гледа во небото. Ако е ведро и ѕвездено, годината ќе биде родна. Ако има облаци, не чека година на сиромаштја и несреќа. На небото посебно се бараат ѕвезди кои паѓаат. Се верува дека оној кој прв ќе здогледа една, ќе има повеќе среќа од останатите. Овој обичај се поврзува и со мртвите. Ако во семејството некој неодамна ви починал, ноќеска ...
Силно невреме проследено со пороен дожд и грмежи го зафати поголемиот дел од Србија, а во некои делови од државата падна и град. Во делови на Срем околу еден час паѓал град со големина на лешник. Невремето ја зафати и западна Србија, а пороен дожд ги поплави улиците на Пријепоље. Во Краљево нешто по 17 часот имаше пороен дожд, силен ветер и град. Град паѓаше во околината на Топола и во јужен Банат. Дел српски медиуми јавија дека камион ...
Сојузот на синдикати на Македонија ги објави минималните потрошувачки кошнички за март и за април. Мартовската, како што информираа не беше објавена во предвидениот термин поради трагедијата во Кочани. Вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец март 2025 година изнесува 61.855,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец февруари 2025 година која изнесува 63.773,00 денари е намалена за 1.918,00 ...
За време на велигденските празници, непознати сторители извршиле кражба во домот на пратеникот Фатмир Битиќи во скопската населба Бутел. Случајот е пријавен во СВР Скопје на 21 април во 11:40 часот. Според пријавата, во периодот од 7:30 часот на 18 април до 3 часот наутро на 21 април, крадците со употреба на сила и соодветен алат успеале да влезат во домот и да одземат пари и други вредни предмети. Битиќи за ТВ24 изјави дека инцидентот се ...
И покрај дождливите денови изминатиов период, водата во Охридското Езеро е видно повлечена. Според последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи, нивото на водата во Охридското Езеро e 31 сантиметар под просекот за април. Kлиматски промени сè повеќе се чувствуваат насекаде, па и во Охридскиот регион, поради долгите сушни периоди во изминативе години и исклучително топлите лета. А пак, честите скокови од сушни периоди и ненадејни ...
Истражните институции без одговор дали има разрешница за случајот во кој професионален војник пред речиси два месеци беше фатен со дрога. Алсат го објави случајот со професионалниот војник Никола Ивановски кој на 28 февруари бил фатен со марихуана, а според наши извори, кај војникот биле пронајдени најмалку 70 грама марихуана како и дигитална вага. Војникот се сомничи за поседување, но и за продажба на дрога. Информацијата за истиот медиум ...
Силно невреме проследено со пороен дожд и грмежи го зафати поголемиот дел од Србија, а во некои делови од државата падна и град. Во делови на Срем околу еден час паѓал град со големина на лешник. Невремето ја зафати и западна Србија, а пороен дожд ги поплави улиците на Пријепоље. Во Краљево нешто по 17 часот имаше пороен дожд, силен ветер и град. Град паѓаше во околината на Топола и во јужен Банат. Дел српски медиуми јавија дека камион ...
Позлатениот рибарски прстен на папата Франциск кој е најважен симбол на власта е уништен. Ритуалот го означува крајот на понтификатот на Франциск и симболизира дека Светиот престол е слободен. Рибарскиот прстен е еден од најстарите и најсимболични знаци на папската власт. Секој понтиф го добива ова посебно украсие при стапување на должност. Кога неговиот носител ќе почине, прстенот се уништува. Франциск беше скромен и инсистираше прстенот да ...
Шеесет и шестгодишен прељубник претрпел сериозни повреди бегајќи од својата сопруга додека се обидувал да се спушти од четвртиот кат на хотелот користејќи врзани чаршафи, објави во саботата полицијата во јужниот германски град Равенсбург. Мажот во петокот бил во соба со љубовницата кога неговата сопруга почнала да му тропа на вратата. Во паника врзал два чаршафи во обид да избега незабележано во стил кој потсетува на филмски херои. Сепак, ...
Последните зборови на папата Франциско беа благодарност до неговиот здравствен асистент кој му помогна да ги поздрави верниците на плоштадот Свети Петар на Велигден, соопшти Ватикан. „Ви благодарам што ме доведовте на плоштадот“, му рекол Франциско на Масимилијано Страпети, кој во изминатиот период му обезбедуваше 24-часовна нега на папата. Папата Франциско (88) почина вчера по мозочен удар и срцева слабост. Претходно оваа година, тој помина ...
Гори градската депонија во Демир Хисар, информираат попладнево од Регионалниот центар за управување со кризи Демир Хисар (РЦУК). Во соопштението се наведува дека на терен интервенираат четворица пожарникари од Територијалната противпожарна единица Демир Хисар со две противпожарни возила, Јавното комунално претпријатие Комуналец Демир Хисар со пет работници и една градежна машина. – РЦУК Демир Хисар ја пренесуваат информацијата од ЈКП ...
Собранието во рамките на денешната работата по дневниот ред на 44. седница без расправа донесе 19 законски решенија за изменување и дополнување на закони, меѓу кои и на Законот за градење, Законот за медиуми и Законот за минимална плата. Без расправа едногласно со 82 гласа „за“ на второ читање беше проследен и Предлог законот за енергетика. Во образложението за потребата од носење на Законот за енергетика министерката за енергетика Сања ...
Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на А.Ј., осомничен за перење пари и други приноси од казниво дело, поднесен преку неговиот бранител, за замена на мерката притвор со гаранција, по одржана седница и извршен увид во целокупните списи на предметот, донесе решение со кое предлогот на осомничениот СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАН, соопштија меѓу другото ...
Пчеларите до крајот на април треба да ја пријават моменталната состојба во нивните пчелни семејства, со цел да добијат документација за субвенции. Ветеринарниот лекар од Штип, Крсто Митев апелира обврската да биде завршена навремено, за пчеларите да аплицираат и да добијат субвенции за нивните пчелни семејства. -Со годишната наредба од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство за оваа година и овој период од годината, можам да апелирам ...
Времето утре претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град, информира УХРМ. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има ...
Општина Карпош продолжува со засилен инспекциски надзор врз сите градилишта на своја територија, со цел да се обезбеди законска, безбедна и одговорна урбана изградба. Информираат дека во текот на изминатата недела, од страна на градежен и комунален инспектор, како и со активно присуство на комуналните редари, беа спроведени над 50 контроли на терен. Како резултат на овие контроли, изречени се вкупно 26 казни и 17 опомени, со целосна примена ...
Гори ѓубриште и трева кај поранешна Циглана – Драчево, на патот накај железничката станица, информираа попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Како што се наведува во соопштението на ЦУК, преку бројот за итни повици 112 добиена е пријава за пожар на отворено, по што известени била Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ). – Преку бројот за итни повици 112 добиена e пријава за пожар на отворено кај поранешна ...
Советот на Народната банка на својата последна седница го усвои Годишниот извештај за 2024 година. Во Извештајот се истакна успешното остварување на целите на централната банка, што е потврдено и од најрелевантните меѓународни финансиски институции, а се согледува преку натамошното забавување на инфлацијата, одржувањето на стабилноста на девизниот курс и натамошното јакнење на финансиската стабилност. Иако условите сѐ уште се неизвесни, ...