Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Соопштение за јавност на СДСМ: Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски јавно призна дека води разговори за судбината на земјата, но дека тие се тајни. Не постои нормална земја во која министер за надворешни работи кажува дека разговорите за иднината на државата се тајна за нејзините граѓани. Како може иднината на Македонија да биде тајна? Во исто време, Муцунски бара политички имунитет за МНР: „Целата Влада може да се критикува – ...
Монографијата ќе биде промовирана во 19 часот во црквата „Света Софија“ каде што токму на овој ден, 4 август, оперската примадона Ана Липша Тофовиќ со нејзиниот солистички рецитал го означи почетокот на фестивалот „Охридско лето“. Инаку, монографијата е посветена на јубилејот – 100 години од нејзиното раѓањето (1926-2012). Авторите на монографијата м-р Снежана Анастасова Чадиковска и д-р Александар Трајковскисе истакнати музички педагози ...
Карго брод е погоден од „непозната ракета“ во Ормутскиот теснец крај брегот на Оман, објави Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (UKMTO). Инцидентот се случил околу 37 километри североисточно од оманскиот град Хасаб, соопшти UKMTO, без да даде детали за штетата или повредите на екипажот, истакнувајќи дека истрагата е во тек. Иранската влада бара бродовите низ Ормутскиот теснец да пловат по иранскиот брег, ...
Соопштение за јавностна СДСМ: Повторно ново ветување. Повторно неисполнето. Повторно водата не е чиста, ниту техничка. Владата сѐ уште не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна. Единствена „потврда” беше изјавата на Мицкоски. Ништо повеќе. Денес повторно се врши хиперхлорирање. Кога се прави хиперхлорирање – капењето не е дозволено. Но ...
Европол предупредува на нов и сè поопасен модел на организиран криминал кој забрзано се шири низ Европа. Криминалните мрежи сè почесто ги користат социјалните мрежи и шифрираните апликации за да регрутираат тинејџери и ранливи млади луѓе за извршување тешки кривични дела, вклучително и убиства, претставувајќи им ги задачите како да се дел од видеоигра. Во фокусот на истрагата е шведската криминална мрежа „Фокстрот“, која, според ...
Полицијата го расветли случајот со насилството во Гостивар, откако по објавувањето на видео-снимка на социјалните мрежи беа преземени интензивни мерки и активности за идентификување на учесниците во инцидентот. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 2 август 2026 година во 22:20 часот, во ОВР Гостивар, 22-годишниот А.В. од Гостивар пријавил дека истиот ден, околу 02:30 часот, на улицата „Борче Јованоски“ во Гостивар, ...
Скопје денеска се соочи со екстремно високи температури, а во попладневните часови беа измерени 40 степени Целзиусови. Фотографија испратена до нашата редакција покажува дека во 14:16 часот термометарот во автомобил регистрирал температура од точно 40 степени, што е уште една потврда за силниот топлотен бран што го зафати главниот град. Високите температури го отежнуваат движењето и престојот на отворено, особено во периодот од пладне до ...
Нискиот крвен притисок, познат и како хипотензија, не секогаш предизвикува јасни симптоми, а кај некои луѓе може да помине целосно незабележано. Сепак, лекарите предупредуваат дека во одредени случаи може да биде знак за посериозен здравствен проблем и не треба да се игнорира. Според експертите од Клиниката „Мајо“, причините за низок крвен притисок се различни – од дехидрација и недостаток на хранливи материи до срцеви, хормонални или ...
Трагичен крај доби потрагата по 28-годишната руска државјанка Људмила Туркова Константиновна, која исчезна на 25 јули за време на престојот во Белград. Нејзиното тело беше пронајдено во куфер фрлен во каналот Визељ, во населбата Падинска Скела, а за убиството е осомничен 25-годишен турски државјанин, кој беше уапсен на аеродромот „Никола Тесла“ додека се обидувал да ја напушти Србија. Според српските медиуми, Људмила пристигнала од Санкт ...
Автобус на превозникот „Дурмо Турс“ денеска се запали додека сообраќал на автопатот Тетово–Гостивар, предизвикувајќи застој и отежнато одвивање на сообраќајот на оваа делница објави 4news.mk. Според првичните информации, пожарот избувнал додека автобусот бил во движење. На социјалните мрежи и во медиумите се појавија видеоснимки на кои се гледа како автобусот е целосно зафатен од пламен, додека густ чад се издига над автопатот. Поради ...
Во последните години Македонија речиси секое лето се соочува со голем број шумски и пожари на отворен простор, а граѓаните се почесто го поставуваат прашањето зошто денес има повеќе пожари отколку пред 15 години? Според експертите, не постои една единствена причина, туку станува збор за комбинација од климатски промени, човечки фактор и промени во животната средина, кои создаваат идеални услови за брзо избувнување и ширење на пожарите. ...
Пожарот во Кавадаречко повторно се реактивирал и се проширил на тешко пристапен терен, поради што во неговото гаснење се ангажирани два „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), соопшти директорот на институцијата, Стојанче Ангелов. Според Ангелов, доцна синоќа, на дваесетина километри од Кавадарци, биле подметнати пожари на пет различни локации, а за случајот веќе има осомничено лице. „Лицето беше забележано од вработени ...
Летото е сезона на свежо овошје, а грозјето е едно од најомилените поради својот сладок вкус и богатата хранлива вредност. Освен што освежува, ова овошје му обезбедува на организмот витамини, минерали и моќни антиоксиданси кои придонесуваат за подобро здравје. Без разлика дали е бело, црвено или црно, грозјето е богат извор на витамини А, Б-комплекс, Б6, фолна киселина и витамин Ц. Само 100 грама грозје обезбедуваат околу една четвртина ...
Двајца пратеници од бугарската партија „Преродба“ („Вазраждане“) со фотографии на социјалните мрежи потврдија дека присуствувале на судење во Кочани на 23-годишната Ива Михајлова, која има македонско и бугарско државјанство. Според објавата на Телма, нивното присуство отвора прашања бидејќи, според судски документи, од август минатата година имале изречена едногодишна забрана за влез во Македонија, објави Телма. Станува збор за бугарските ...
Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) спроведува вонреден инспекциски надзор во три здравствени установи по случајот на 19-годишната Станка Михајлова од струмичкото село Баница, која по породување со царски рез во Клиничката болница во Штип останала со сериозни потешкотии при движењето и во моментов користи инвалидска количка. Инспекцискиот надзор, по налог на Министерството за здравство, се спроведува во Општата болница во ...
Само 30 минути попладневен сон можат значително да ја подобрат концентрацијата, продуктивноста и расположението, велат експертите за спиење. Според нив, кратката дремка му овозможува на мозокот да се одмори и повторно да ја врати будноста без да предизвика чувство на замор по будењето. Истражувачот Џејмс Маас, професор на Универзитетот Корнел, објаснува дека попладневната дремка е едноставен и ефикасен начин за подобрување на вниманието, ...
На 02.08.2026 во 23 : 15 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Г.Ѓ.(54) од Скопје, по претходна пријава дека физички нападнал тројца малолетници, а употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 02.08.2026 во 23 : 15 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Водата во Гостивар сѐ уште не смее да се користи за пиење и готвење. Причина: опасната бактерија Pseudomonas aeruginosa. Стабилизација се очекува… следната недела. Повторно „следната недела”. Сѐ уште нема официјален документ кој потврдува дека водата била технички исправна за капење. Никој не потпишал. Никој не одговара за труењето на граѓаните. Во Гостивар имаше епидемија на жолтица. Велат „веќе ја нема”. ...
Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и употреба, бидејќи е потврдено присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa, која ја прави микробиолошки неисправна и претставува ризик за здравјето на граѓаните. Ова денеска го изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. „Постои присуство на Pseudomonas aeruginosa во водата за пиење. Овие бактерии ја прават водата микробиолошки неисправна и небезбедна за ...
Вознемирувачка снимка од брутална групна тепачка меѓу млади лица се шири на социјалните мрежи и предизвика бурни реакции во јавноста. Според снимката, поголема група млади лица се пресметуваат на улица, а во еден момент едно од момчињата добива силен удар – клоца во главата, по што паѓа на земја и останува неподвижно. Насилството не запира ниту тогаш. Додека момчето лежи без да се помрднува, друго лице му приоѓа и повеќепати го удира со ...
Денеска (03.08.2026) во 04:00 часот во Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишиле од слобода 35 годишно лице од Ресен (полициски службеник), постапувајќи по претходна пријава дека на 01.08.2026 и 02.08.2026 година во Стар Дојран физички нападнал 36-годишна жена од Прилеп со кој бил во љубовна врска и нејзиниот малолетен син. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки се ...
Министерот за здравство и социјални служби на Соединетите Американски Држави, Роберт Ф. Кенеди Помладиот, оцени дека САД за време на пандемијата на Ковид-19 направиле низа грешки, посебно во врска со мерките за затворање и односот кон стручњаците со поинакви ставови. Истовремено, тој најави промени во пристапот кон подготвеноста за пандемија, истражувањата на вирусите и безбедноста на храната. Во интервју за Си-ен-ен, Кенеди ги повтори ...
Војната на Блискиот Исток силно ја погоди потрошувачката во еврозоната, а новите геополитички шокови би можеле повторно да го закочат економското закрепнување, се наведува во денеска објавената анализа на Европската централна банка (ЕЦБ). Вредноста на индексот на доверба на потрошувачите (ЦЦИ) меѓу февруари и април падна за околу 12 поени, што е удар чиј интензитет е речиси споредлив со падот од 15 поени забележан во првите два месеца по ...
Сончевото и многу топло време ќе продолжи до крајот на неделава. Од четврток во попладневните часови локално се најавуваат дожд и грмежи. – Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која наместа ќе надмине 40 степени Целзиусови. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи – велат од УХМР. Од среда ...
На 02.08.2026 година во 14:15 часот, во струшкото село Ташмаруништа лишен од слобода е С.Г.(52) од Струга по претходна пријава дека сторил кривично дело „ Спречување службено лице во вршење службено дејствие” по што упатувал вербални навреди кон јавни лица, присутни на настан за одбележување на 2 август, Денот на Републиката. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава. На 02.08.2026 година ...
По повод Светската недела на доење, што годинава се одбележува под мотото „Доење за одржлив почеток во животот – да го зајакнеме тоа што функционира”, Министерството за здравство потсетува дека доењето е најприродниот и најбезбедниот начин на исхрана на новороденчињата и доенчињата. Мајчиното млеко ги обезбедува сите неопходни хранливи материи за правилен раст и развој, го зајакнува имунитетот, го намалува ризикот од бројни заболувања и ...
Мароканската влада соопшти дека дезинформациите на социјалните мрежи и трговците со луѓе стојат зад масовното преминување на мигранти во шпанската ексклава Сеута. Министерството за внатрешни работи соопшти дека преминувањата биле поттикнати од дезинформации на социјалните мрежи, трговија со луѓе и погрешно толкување на одлука на шпански суд, што ги навело мигрантите да веруваат дека можат да влезат во Европа без веднаш да бидат вратени. ...
Над 17 000 лица ја напуштиле македонската држава за последните 24 часа преку гевгелискиот граничен премин со Грција во последните 24 часа, а околу 16 000 влегле во Македонија низ истата граница, покажуваат последните податоци од Министерството за внатрешни работи. Зголемениот број на возила кои чекаат за излез од државата го блокираа сообраќајот на двата гранични премини во Гевгелија и Дојран, во последните неколку часа, создавајќи ...
Во текот на изминатата недела (27.07.-02.08.2026), полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на целата територија на државата лишија од слобода и приведоа над 70 лица поради сомнение за сторени кривични дела и прекршоци поврзани со недозволена трговија и поседување наркотични дроги. При преземените мерки, кај лицата биле пронајдени и одземени различни видови наркотични дроги, меѓу кои бела прашкаста материја, кафеава ...
Колона возила која се протега се до црквата „Св. Илија“ на влезот во Стар Дојран претпладнево го блокира сообраќајот на регионалниот пат кој води кон граничниот премин “Дојран”. Застојот трае веќе четири часа, потврдуваат од ГП “Дојран”, од каде велат дека причина е огромниот број на возила за кои надлежните служби од грчка страна веќе немале капацитет да ги примат, па метежот се прелеал од македонската страна на границата. – Застојот е ...