Финалето на ВТА турнирот од серијата 500 во Вашингтон меѓу американската тенисерка Џесика Пегула и нејзината филипинска ривалка Александра Еала беше прекинато синоќа поради невреме проследено со грмотевици што го зафати главниот град на САД во неделата. По речиси тричасовно доцнење на почетокот на финалето, третата светска тенисерка Пегула го доби првиот сет со 6-4, а Еала имаше водство од 2-1 во гемови во вториот сет кога временските ...

Иранските власти извршија смртна казна над двајца мажи осудени за шпионирање во корист на Израел, пренесоа денеска иранските медиуми. Во извештаите се наведува дека „Омид Бехзад и Пурија Сафват, двајца платеници на ционистичкиот режим“, за време на Рамазанската војна и Дванаесетдневната војна, им испраќале на офицери на Мосад координати, слики и информации за воени и безбедносни центри, пренесе иранската новинска агенција Фарс. Се ...

Четириесет и едногодишна кратовка е приведена откако, според пријавата, физички нападнала повеќе посетители на локалитетот Куклица, соопшти денеска СВР Куманово. Од кумановската полиција информираат дека вчера во 19 часот и 30 минути полициските службеници од ОВР Кратово ја лишиле од слобода С.Д. (41) од Кратово, постапувајќи по претходна пријава дека на 2 август околу 18 часот на локалитетот „Куклица“ физички нападнала повеќе лица кои ...

Соопштение на СДСМ: Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски упати апел до граѓаните: „Грижата за Скопје нема паузи, празници ниту продолжени викенди. Само со заедничка одговорност можеме да го зачуваме чист, уреден и убав.” Ова се истите фрази што прво ги презеде Мицкоски од Вучиќ, а сега се шират кај функционерите на ВМРО-ОКГ. Тие „работат нон-стоп”. Не спијат. Не знаат за одмор – знаат само за екскурзии. Оваа циркуска претстава на ...

Денеска (03.08.2026) во 08:41 часот на автопатот А1, на паркингот Милетково, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишија од слобода косовскиот државјанин Ш.З.(36). При контрола на сообраќајот било утврдено дека тој управувал патничко возило „мерцедес“ со косовски регистарски ознаки со брзина од 220 километри на час, на место каде што максимално дозволената брзина изнесува 120 километри на час. Против лицето ќе биде ...

Соопштение на ВЛЕН: Недемократската унија за дезинтеграција (ДУИ) не ја брани албанската кауза, туку ја држи во заложништво. Логиката им е проста. Или тие ќе седат во фотелјите или ќе закочат сè. Ако се на власт, се им е тамам. Ако не се, одеднаш ништо не чини. Е па, тој филм веќе не поминува. Ама да расчистиме една работа. Албанците не им должат вечна власт на фотелјашите од Мала Речица. Не им должат ни министри, ни директори, ни ...

Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар останува стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Во текот на 2 август се регистрирани вкупно 84 први прегледи, што е за 27 повеќе во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 57 прегледи. И покрај дневното зголемување, бројот на прегледи останува значително понизок во однос на пикот од 18 јули, кога беа регистрирани ...

Прес конференција на СДСМ, Маја Борозан, Форум на жени Во над 50 населени места водата не е исправна за пиење. Народот се труе а одговорни нема за тоталниот колапс на институциите. Вчера и официјално беше соопштено дека водата во Гостивар сѐ уште не е за пиење. Продолжува хиперхлорирањето. Во повеќе примероци сѐ уште се пронаоѓаат бактерии. Ова е скандалозно. Хиперхлорираната вода не е наменета за постојана употреба. Додека ...

Во врска со случајот што во последните дена е предмет на јавен интерес, а се однесува на третманот на пациентка, Министерството за здравство информира дека, по налог на министерот, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) спроведува вонреден инспекциски надзор во сите три здравствени установи во кои била третирана и тоа Општа болница Струмица, Клиничка болница Штип и Универзитетска клиника за неврологија Скопје. Во наредните ...

На илјадници луѓе им беше наредено да евакуираат делови од Спокен во источната американска сојузна држава Вашингтон, додека пожарникарите се борат со неколку шумски пожари. Властите вчера го издадоа предупредувањето за евакуација од највисок степен поради „тековна или непосредна“ закана, повикувајќи ги жителите веднаш да ги напуштат погодените области и да не се враќаат додека противпожарните екипи ја продолжуваат својата работа. ...

Кубанската национална електроенергетска мрежа доживеа колапс доцна синоќа, соопшти државната електроенергетска компанија наведувајќи дека околу 10 милиони жители на островската земја се во мрак. Компанијата „Union Electrica de Cuba“ не изнесе дополнителни детали во своите објави на социјалните мрежи. До најновиот прекин во снабдувањето дојде по три прекини на струја на ниво на целата земја во текот на јули во момент кога е во сила ...

Големиот пожар што избувна во петокот во централна Грција и веќе е проширен во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а во кој загинаа две лица по судар на хеликоптери што учествува во гаснењето, сè уште не е ставен под контрола и четврти ден, нешто помалку од 500 пожарникари се борат со огнената стихија, јави дописничката на МИА од Атина. Утрово, со оглед на тоа што е намален интензитетот на ветерот, започна и ...

Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се вкупно 30 пожари на отворен простор. Во моментот нема активни пожари, информира Центарот за управување со кризи. Според нивните информации, 29 пожари се изгаснати, а само еден е под контрола. Станува збор за пожарот меѓу селата Слатина и Грешница во општина Македонски Брод каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација. Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се вкупно 30 ...

Соопштение на Левица: Македонија и по седум месеци сѐ уште е на листата од Трамп, од 75 земји за издавање на иселенички визи, иако министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, во јануари помпезно најави дека „Македонските граѓани ги очекува позитивно изненадување во врска со визната политика на САД во наредните шест месеци”. Иако овој период е веќе изминат, МНР и Владата во меѓувреме не излегоа со ниту едно соопштение околу темата ...

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека руската армија ноќеска извршила напади со дронови врз три брода со воен товар во Црното Море и врз еден товарен брод со испораки за украинските трупи во пристаништето во градот Николаев. „Во текот на изминатата ноќ силите на Руската Федерација извршија напади врз транспортна инфраструктура што ги опслужува вооружените сили на Украина“, се вели во соопштението. Руското Министерство ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави нов круг разговори со ирански претставници, откако привремено ги откажа понатамошните напади врз Иран. Преговорите треба да се одржат денеска, им изјави Трамп на новинарите синоќа во претседателскиот авион „Air Force One“ додека патуваше од Њу Џерси за Вашингтон. Тој не кажа каде ќе се одржат, колку долго би можеле да траат ниту кој ќе учествува, пренесе ДПА. Трамп исто така повтори дека ...

Земјотрес со јачина од 5,1 степен го погоди Египет рано утрово, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки. Потресот бил регистриран околу 3 часот по локално време во покраината Исмаилија, на длабочина од 5,47 километри. Локалните медиуми јавуваат дека земјотресот бил почувствуван во повеќе градови, вклучително и во Каиро. Египетската Црвена полумесечина соопшти дека засега нема информации за повредени лица или материјална штета, ...

Проблемот е веројатно во наводнувањето, најчестата причина за гниење на растенијата, но иронијата е што симптомите на премногу и премалку вода изгледаат речиси идентично. Во светот на собните растенија, водата е и извор на живот и тивок убиец. Повеќето сопственици на растенија прават грешки со најдобри намери, верувајќи дека повеќе вода е секогаш подобро. Сепак, вистината е дека прекумерното наводнување е одговорно за повеќе гниење на ...

Идејата на претседателот на ФИФА Џани Инфантино не доби поддршка, па така нема да има ништо од планот за продажба на делот од Светското првенство на приватни инвеститори. Оваа негова идеја наиде на сериозен отпор од неколку конфедерации пред сè од УЕФА. Но, како минуваат деновите и Инфантино се откажа од идејата. Новинарските истражувања дојдоа до неверојатна информација дека ако се реализирал овој негов план, платата на Инфантино би ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен, а во источните делови од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната од 33 до 39 степени. Во Скопје ќе биде топло и ветровито. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. Топлиот бран од југ ќе продолжи до ...

Жителите на Трпејца реагираат дека веќе трет ден селото е без вода, и тоа во екот на туристичката сезона, кога бројот на посетители е најголем. Bu gönderiyi Instagram'da gör 24 info (@24info.mk)'in paylaştığı bir gönderi Според нивните тврдења, од ЈП „Водовод“ им било соопштено дека нема дефект на водоводната мрежа, туку дека причината за прекинот е зголемената потрошувачка на вода. Жителите велат дека до нив стигнале информации оти ...

Според најновите прогнози на метеоролошките модели, од 5 август се очекува дополнително засилување на африканскиот топлотен бран што веќе го зафати Балканот. Најекстремни температури се прогнозираат за Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина, каде што локално живата во термометарот може да достигне и до 45 степени Целзиусови. Времето ќе остане стабилно, суво и претежно сончево, без значајни врнежи, бидејќи станува збор за сув и многу топол ...

Земјотрес со локална магнитуда од 2,5 степени според Рихтер вечерва беше почувствуван во Скопје и околината. Според податоците на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, потресот е регистриран во 21:54 часот, а неговиот епицентар потекнува од скопското епицентрално подрачје. Земјотресот бил почувствуван од жителите на Скопје и околните населени места со интензитет од III до IV степени според Европската ...

На 103-годишна возраст почина д-р Никола Стојановски, првиот претседавач на повеќепартиското Собрание на Македонија, еден од последните живи учесници во Народноослободителната борба (НОБ) и долгогодишен претседател и почесен претседател на Сојузот на борците на Македонија. Стојановски ќе остане запаметен како човек кој имаше значајна улога во еден од најважните моменти од современата македонска историја. Како највозрасен пратеник во ...

Соопштение за јавност на Левица: Делегација на Левица, предводена од пратеникот Борислав Крмов, заедно со членовите на Централниот комитет Катерина Јовановска и Андреа Јанков, положи свежо цвеќе пред споменикот на АСНОМ во паркот „Жена борец” и пред споменикот на Никола Карев во Скопје. Македонската историја е една непрекината револуционерна борба. Илинденската револуционерна искра продолжи да живее низ Народноослободителната борба, ...

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека е завршен уште еден значаен инфраструктурен проект во населбата Дижон, во рамки на инвестициите за модернизација на комуналната инфраструктура и подобрување на условите за живот на граѓаните. Во рамките на проектот на улицата „Фаик Коница” целосно е реконструирана водоводната мрежа, изградена е фекалната канализација, а извршено е и асфалтирањето на улицата, со што целосно е ...

МВР информира дека синоќа во 20:30 часот во ОВР Берово, од Итната медицинска помош Берово било пријавено дека кај нив било донесено четиригодишно девојче од Берово, кое, според пријавеното, во семејниот дом испило дел од капсула за перење алишта. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Берово и се преземаат мерки за расчистување на случајот МВР информира дека синоќа во 20:30 часот во ОВР Берово, од ...

На 01.08.2026 во 12:15 часот, полициски службеници од ОВР Кратово го лишија од слобода М.Н.(34) од кратовско село, вработен како полициски службеник во МВР, поради сомнение дека на 01.08.2026, во период кога не бил службено ангажиран, во близина на угостителски објект во Кратово испукал повеќе куршуми од неговиот службен пиштол. Тој бил приведен во полициска станица и од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и ...

На 01.08.2026 во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Македонско-косовска бригада” во Скопје, мопед управуван од малолетник удрил во пешакот А.Ч. (84), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Ч., а со телесни повреди се здобиле возачот и неговата малолетна сопатничка од Скопје, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР ...

На 01.08.2026 во 13:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Т.Р.(73) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во 12:00 часот во ходник од станбена зграда во Охрид, по претходно недоразбирање околу паркирано возило вперил пиштол кон Г.К.(51) од Скопје, кој престојувал во истата зграда. Потоа полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при СВР Охрид извршиле претрес во домот на ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.71
20%
1012
weather icon

Белград

36ᴼ / 36ᴼ
0.89
34%
1013
weather icon

Загреб

38ᴼ / 38ᴼ
1.34
22%
1013
weather icon

Софија

33ᴼ / 33ᴼ
4.78
23%
1013
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
4.33
25%
1012
weather icon

Љубљана

36ᴼ / 35ᴼ
1.79
30%
1014
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
7.6
36%
1011
weather icon

Тирана

37ᴼ / 37ᴼ
4.46
22%
1012
weather icon

Подгорица

36ᴼ / 36ᴼ
5.03
27%
1011
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 34ᴼ
3.58
36%
1014
weather icon

Будимпешта

41ᴼ / 38ᴼ
1.34
20%
1013
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 31ᴼ
5.73
100%
1012
Currency

61.525

Currency

53.2455

Currency

71.6902

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Рутениум

53852.50

Сребро

1994.05

Злато

136962.18

Бакар

13.51

Родиум

274085.11

Платина

56135.20

Паладиум

43499.96

Алуминиум

3.25

Иридиум

252383.36

Калај

56.46