Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Водата од водоводот во Гостивар сè уште не е за пиење, останува да се употребува исклучиво како техничка, изјави попладнево на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по состанокот на Главниот штаб за кризи што тој го предводи. Како што рече, договорено било како ќе се одвиваат следните испитувања и дека тие ќе бидат почести, односно ќе се зголеми континуитетот на мерења на клвалитетот на водата од страна на ...
Околу 5.000 затвореници во Англија и Велс ќе бидат предвремено ослободени во текот на следните 10 месеци, почнувајќи од октомври, откако британската Влада го промени својот план за намалување на пренатрупаноста во затворите, објавија властите денеска. Првично беше планирано околу 6.000 затвореници да бидат ослободени веќе од септември, но по интервенцијата на британскиот премиер Енди Бернам, околу 1.000 осуденици за силување, сериозни ...
Доенчињата и предучилишните деца се особено чувствителни на високите температури, бидејќи нивниот организам потешко ја регулира телесната температура и зависат од возрасните за соодветен внес на течности, избор на облека и обезбедување безбедна средина. Поради тоа, при топло време тие имаат зголемен ризик од прегревање, дехидратација и други здравствени последици поврзани со топлината. За доенчињата и децата важат општите препораки за ...
Евростат ги објави најновите податоци за минималната плата во државите од Европската унија и во земјите кандидати. Според стандардите за куповна моќ (PSS), најголем напредок бележат Македонија и Романија кај кои е забележан скок за осум места по што следи Србија која има напредок од пет места. Според овој параметар, Македонија е држава која е рангирана пред седум земји членки на Европската унија. Според овој показател, Македонија со 1.142 ...
Брод за кој се верува дека превезувал околу 160 мигранти се запали денеска при обид за преминување на Ламанш, што предизвика голема операција за пребарување и спасување. Според првичните информации, пожарот избувнал утрово околу шест часот кога моторот на бродот се запалил додека се наоѓал во француските територијални води, објави „Телеграф“. Во операцијата учествуваат британската и француската крајбрежна стража, како и спасувачкиот брод ...
Во текот на наредните два дена, 456 онколошки пациенти ќе добијат парична помош, сподели денеска скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница. – Во миговите кога животот нè соочува со најтешките предизвици, нашата човечност се мери со подготвеноста да подадеме рака, да покажеме разбирање и да бидеме поддршка за оние на кои им е најпотребна. Водени од искрена грижа и одговорност кон нашите сограѓани, обезбедивме ...
Уште едно лице, на возраст од 76 години, кај кое е потврдено воспаление на мозокот и мозочните обвивки од вирусно потекло, како и позитивна серологија од серум за вирусот западен нил е хоспитализирано во текот на изминатото денонокие на Клиниката за инфективни болести. Со тоа вкупно седум пациенти се водат како клинички суспектни, а кај 10 е потврдено присуството на западнонилска треска од кои тројца се во критична состојба на Одделот за ...
Писателот и книжевен истражувач, д-р Марјан Патлиџанковски, е автор на расказот „Службен пат до Тирана“, под шифра „Патникот“, што беше избран за најдобар на годинашниот конкурс за наградата „Живко Чинго“. Жири-комисијата во состав Димитар Пандев, Славе Ѓорѓо Димоски и Иван Џепароски, во образложението наведува дека расказот „Службен пат до Тирана“ се издвоил од преостанатите 23 доставени раскази, по начинот на кој ги поврзува етичките и ...
ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Г.(52) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство” по чл.386 став.5 од Кривичниот законик. Тој, на 02.08.2026 во 14:15 часот, во струшкото село Ташмаруништа бил лишен од слобода, по претходна пријава дека упатувал вербални навреди кон јавни лица, присутни на настан за одбележување на 2 август. ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Г.(52) од ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Дизелот денеска повторно поскапува, трет пат по ред, откако Мицкоски најави намалување на цената. Сега еден литар дизел ќе изнесува речиси 100 денари. Како што веќе рековме, секогаш кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува ново поскапување. По неговите најави – не еднаш, туку три пати се случува поскапување на дизел горивото. Граѓаните веќе имаат страв од најавите на Мицкоски. ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро го осудува попречувањето на професионалната работа на снимателот на ТВ Тера од Битола, Никола Најдовски, од страна на лица ангажирани како обезбедување на ЈП „Комуналец“ – Битола. Инцидентот се случил на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, каде што Најдовски снимал инсерти поврзани со културните манифестации во градот. При вршењето на својата професионална работа, лицата ...
На 03.08.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза” е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен К.И.(51) од Скопје. Според пријавеното, тој на 02.08.2026 околу 20:00 часот на подрачјето на општина Аеродром, додека управувал мотоцикл, изгубил контрола и паднал на коловозот. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. По извршена проверка констатирано е дека тој управувал мотоцикл без да ...
Ребалансот на Буџетот за 2026 година покажува јасна промена во распределбата на јавните средства, при што дополнителниот фискален простор е насочен кон области кои директно влијаат врз животниот стандард на граѓаните и економскиот развој. Наместо рамномерно зголемување на расходите, Владата определува приоритети здравството, образованието, социјалната заштита, земјоделството и капиталните инвестиции добиваат најголем дел од дополнителните ...
На ден 04.08.2026 година, до 13:00 часот, на територијата на државата се регистрирани вкупно 5 пожари на отворен простор, од кои 1 е активен, а 4 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи. Активен пожар: Општина Кавадарци: с. Раец – с. Ќесендре – с. Дреново (нискостеблеста шума и ниска вегетација). Изгаснати пожари: Општина Прилеп: ул. Дебарска, кај м.в. Теќе (депонија); Општина Теарце: с. Шемшово – с. Сиричино (ѓубре); ...
Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Во текот на 3 август се регистрирани вкупно 78 прегледи, што е за шест помалку во споредба со претходниот ден, кога биле евидентирани 84 прегледи. Во однос на западнонилската треска, на Клиниката за инфективни болести е евидентиран еден нов сомнителен случај. Во тек се потребните испитувања за ...
Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џе Мјунг, денес ги повика властите да ги засилат напорите за помош на населението погодено од рекордниот топлотен бран во земјата, нарекувајќи го национална катастрофа. Досега, 19 смртни случаи се припишани на тешките временски услови. Зборувајќи на состанок на кабинетот, Ли им нареди на службениците да преземат неопходни мерки за да им биде побезбедно на луѓето да ги извршуваат секојдневните задачи и да ...
Едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а уште две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Гостивар – село Градец, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, несреќата била пријавена на 3 август 2026 година околу 10:30 часот, а во неа учествувале патничко возило „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Б. (52) од Гостивар, и патничко возило „голф“ со ...
Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница донесе одлука за намалување на просечните малопродажни цени на нафтените деривати за 1,24 проценти во однос на претходната одлука. Од вечерва на полноќ, бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинуваат за два денари за литар. Новата максимална цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 91 денар за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по најмногу 93 денари за литар. Цената ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Максим Димитриевски се обидува да објасни дека ЗНАМ постои. Сите знаат дека не постои. ЗНАМ постои само во договор меѓу Максо и Мицкоски. Создаден и финансиран од Мицкоски за да го ослабне тогашниот СДСМ и да ги подели гласовите на опозицијата. Мицкоски дојде на власт со лаги и со лажна опозиција која денес е дел од тендер-коалицијата. ЗНАМ прво ја предаде сопствената партија. Потоа ги предаде своите ...
Поради најавените високи температури до 7 август, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од топлотниот бран, особено во периодот од 11 до 17 часот кога ризикот од изложеност на сонце е најголем. – Кога амбиентниот воздух се приближува или ја надминува нормалната телесна температура од отприлика 36,7°С способноста на човековото тело да се лади слабее. Дополнително, кога релативната ...
Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска во близина на Собранието во центарот на Скопје, при што, според првичните информации, повредени се две лица. Bu gönderiyi Instagram'da gör 24 info (@24info.mk)'in paylaştığı bir gönderi На местото на настанот веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која им укажала прва помош на повредените, по што тие биле пренесени во болница за понатамошен третман. Во судирот учествувале две ...
Најмалку пет лица се убиени, а шест се повредени утрово во украински напад со беспилотно летало врз Московскиот регион, изјави регионалниот гувернер Андреј Воробјов. Воробјовиг објави на Телеграм дека по нападот со украински дрон врз Московскиот регион, во индустриската зона Новоселки избувнале неколку пожари, од кои најголемиот бил во магацин и веќе е изгаснат. Тој истакна дека нападите оштетиле и електрична трафостаница и ...
Во периодот од 01.07.2026-31.07.2026 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 20976 издадени платни налози, 4241 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 496 лица, од кои 81 за возење под дејство на алкохол, 373 за ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за 41-годишна жителка на Кратово која беше лишена од слобода вчера и за која се водат постапки за спречување на службени лица во вршење службени дејствија и узурпација. Осомничената подолг период, и покрај сите досега преземени мерки, продолжува да го узурпира локалитетот “Куклица“, кој со указ е прогласен за споменик ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице, управител и сопственик на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Даночно затајување“ од член 279 и “Фалсификување или уништување на деловни книги” од член 280 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. Првопријавениот М. Д. во ...
Соопштение за јавност на ЛДП: По последните случаи со насилство во Гостивар и свадбените веселби со истрели од огнено оружје, Либерално-демократската партија (ЛДП), предлага отворање на Семејни центри во секоја општина. Во видео објава на социјалните мрежи, претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова и членот на Извршниот одбор на партијата, Бобан Јанкоски, повикуваат на брза акција за намалување на случаите со ...
Општина Центар информира дека во кругот на градинката „Кочо Рацин” се отстранува стариот потпорен ѕид и на негово место се гради нов со должина од 37,26 метри и висина од 3,6 метри. Станува збор за ѕид кој беше стар 25 години, кој сега ќе биде заменет со конструкција од армиран бетон, со темели пошироки од претходните. „И ова лето вложуваме во воспитно-образовната инфраструктура. Во моментов се работи и на поставување нова енергетски ...
Соопштение за јавност на Левица: На Илинден, наместо да положи сметка за состојбата во која ја доведе државата, Христијан Мицкоски од Пелинце повторно одржа партиски митинг. Наместо да зборува за сиромаштијата што ги обзема граѓаните, премиерот одлучи да им објаснува дека „посилно од сиромаштијата е кога народот ќе престане да верува во себе”, а вината за безнадежноста повторно ја побара кај опозицијата. Нема поголем политички цинизам од ...
Во текот на јули 2026 година, Народната банка, заедно со банките и останатите учесници во МИПС, успешно го спроведе првиот циклус тестирање на новото системско решение, при што беше потврдена неговата функционалност и подготвеноста за продолжување на следните фази од примената. Во рамките на тестирањето беа успешно обработени најголемиот дел од платежните пораки предвидени со проектот, согласно со стандардот ISO 20022. По завршувањето на ...
Македонија и денеска ќе биде под влијание на топла воздушна маса, па времето ќе биде претежно сончево и многу топло. Утринските температури ќе се движат од околу 14 до 21 степен, а дневните ќе достигнат од 35 до 41 степен, а најтопло ќе биде во Повардарието и југоисточните делови на земјата. Во Скопје пак, се очекува сончево време со температура до 40 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен правец, кој повремено ќе биде ...