Учениците од општина Ново Село учебната година ја завршуваат со необично и возбудливо искуство. Денеска како воннаставна активност околу 300 ученици во присуство на своите родители имаа можност да летат со балон на топол воздух. По осум ученици во група беа подигнати на висина до 30 метри во балон на топол воздух поврзан со сајли и имаа можност да ги погледнат прекрасните пејсажи на Беласица и Огражден како и населените места. За овој ...
За основците и средношколците денеска е последниот училиштен ден од учебната 2025/2026 година и до 31 август ќе бидат на летен распуст. За повеќе од 14 500 матуранти наставата заврши на 15 мај, а утре (11 јуни) оние што се пријавени за државна матура ќе го полагаат задолжителниот екстерен испит – мајчин јазик (македонски, албански, турски или српски), а кандидатите за државна стручна и за државна уметничка матура ќе го полагаат на 12 јуни. ...
Со последното училишно ѕвонче денеска завршува учебната 2025/2026 година за околу 245.000 ученици во земјава. Меѓу нив се 177.800 ученици во основното и 67.200 во средното образование. По деветмесечната настава, учениците заминуваат на летен распуст кој ќе трае до почетокот на новата учебна година. За најголемиот дел од нив следува период на одмор и рекреација, додека дел ќе треба да ги исполнат преостанатите училишни обврски преку поправни ...
За 5.559 ученици од денеска започна летниот распуст во Штип. Со завршувањето на учебната 2025/2026 година, учениците ги затвораат учебниците и се подготвуваат за речиси тримесечен одмор. Според податоците на Општината, учебната година ја завршуваат 1.995 средношколци и 3.604 основци. Дел од учениците кои не постигнале задоволителен успех ќе имаат можност да полагаат поправни испити во наредниот период. За деветтоодделенците, пак, по ...
Заврши учебната година за над 13.000 ученици во Куманово, соопштија на денешната прес-конференција од секторот за образование од општината. Како што информираше раководителот на секторот, Александар Јовановиќ, учебната година заврши за 9.346 ученици и за 3.725 средношколци. Тој ја оцени за успешна годината, укажувајќи дека кумановските ученици освоиле голем број меѓународни и државни признанија, ученик од Куманово ќе замине на светски ...

