Филмот DJ Ахмет на Георги Унковски премиерно за македонската публика ќе биде прикажан на последниот ден од годинешниот фестивал Браќа Манаки. Филмот својата премиера ја имаше на престижниот Санденс филмски фестивал, а оттогаш бележи значајни успеси на светската филмска сцена. Меѓу бројните признанија се издвојуваат, Гранд При на Филмскиот фестивал во Херцег Нови и наградата „Перспективи на младите“ (Youth Perspectives), на 31. Сараевски филмски ...

Со силна и емотивна приказна за животот и хуманистичкото наследство на Мајка Тереза, во режија на Теона Стругар Митевска, синоќа беше отворено 46. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. Филмот „Мајка“, кој е дел од официјалната конкуренција, претставува поинакво остварување од досегашните проекти на Митевска. Во овој филм имав самодоверба да ги поместам границите, рече Митевска –Кога работевме на Јас ...

Директорот на фестивалот Димитрија Доксевски истакна дека ИФФК „Браќа Манаки“ е фестивал што ја отвора својата врата за светлината на камерата. „Целосно подготвени и возбудени го започнуваме 46. издание на првиот и најстар фестивал на филмска камера во светот, во полн сјај. ИФФК ‘Браќа Манаки’ и Битола, една недела ќе бидат центарот на филмски случувања во светот. Ќе пречекаме великани, оскаровци, врвни автори како Дариус Конџи, Воли Фистер, ...

Благоја Куновски-Доре, еден од најреномираните македонски филмски критичари, доби Златен медал за особен и долгогодишен придонес на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ на вечерашното отворање на фестивалот во Битола. Куновски долги години беше селектор и уметнички директор на „Браќа Манаки“, а медалот му го додели организаторот, Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ). „Фестивалите сум ги доживувал како ...

Свеченото отворање е закажано во 20 часот во Центарот за култура -Битола, со проекција на филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска. Директор на фотографија е Виржини Сен-Мартан од Белгија. Сценографијата е на Вук Митевски, прв асистент на режија е Јане Ќортошев. Во главните улоги настапуваат светски познатите актерки Нуми Рапас и Силвија Хукс, заедно со Никола Ристановски, Лабина Митевска и други. Идејата за филмот се развила пред ...