Јувентус се врати на старите проблеми со неефикасноста oткако „старата дама“ одигра без голови на градското дерби со Торино. „Црно-белите“ очекувано имаа повеќе од поседот на топката, но не успеаја да ја претворат иницијативата во победнички погодок против добро организираната одбрана на градскиот ривал. „Старата дама“ напаѓаше преку Влаховиќ и Јилдиз во првото полувреме, но најубавата шанса ја пропушти Мекени, кој премногу компликуваше кога ...

Новиот тренер на Јувентус, Лучијано Спалети, го оцени настапот на својот тим на натпреварот против Торино (0:0) како добар. „Не бевме во можност да играме на нивото на кое очекувавме, треба да работиме на тоа. Некои играчи беа уморни, но генерално јас сум задоволен од тимот. Постојано се обидувавме да се движиме напред, дури и со ризик од контранапад. Ди Грегорио одлично одбрани, но цело време ги држевме под притисок“, смета новиот стратег на ...