Баерн Минхен почна да го креира тимот за следната сезона, во кој ќе го нема англискиот интернационалец Ерик Даер. Она кое беше најавувано во изминатите денови, денеска „Баварците“ го потврдија. Даер не доби нов договор, и на крајот од сезоната дефинитивно си заминува од тимот од Минхен. „Разговаравме со Ерик за продолжување на договорот, но тој не инормираше дека не сака да продолжи и дека ќе си замине. Тој е одличен човек, и минавме одлично ...

Баерн Минхен вчера не успеа сам да ја заврши работата, но „баварците“ веќе денеска се нов шампион на Германија. Баер Леверкузен одигра само 2-2 на гостувањето кај Фрајбург и ги загуби сите шанси за одбрана на титулата. Па Хари Кејн конечно ќе се радува на првиот трофеј во кариерата и ќе го скрши малерот, Англичанецот не може цел живот да биде баксуз. Мајтапот со напаѓачот траеше и вчера откако Фудбалската федерација на Германија реши да направи ...

Сега и официјално, Баерн Минхен е повторно шампион на Германија, откако Баер Леверкузен одигра само 2-2 против Фрајбург. „Фармецевтите“ денеска мораа да слават ако сакаа да го одложат шампионското славје на „Баварците“, но не успеаја, па дури се спасија од пораз. Фрајбург имаше предност од 2-0 во 49. минута од средбата. Егештајн во 44. минута донесе предност, а потоа Хинкапие во 49. минута си постигна автогол за 2-0. Сепак, Вирц во 82. минута ...

Баерн Минхен е блиску до продолжување на договорот со крилниот напаѓач Лерој Сане , потврди спортскиот директор на клубот Макс Еберл. 29-годишниот Сане е во Баерн од 2020 година и има договор до крајот на сезоната. Имаше шпекулации дека би можел да ја продолжи кариерата на друго место, но неодамнешните извештаи потврдија дека е блиску до продолжување на договорот за три години и дека би прифатил намалување на платата. Германскиот репрезентативец ...

Минхен, 2 мај 2025 (МИА) - Томас Милер призна дека сè уште не сфатил целосно дека неговата кариера во Баерн Минхен ќе заврши за 25 години. Минатиот месец, Баварците објавија дека нема да го обноват договорот на 35-годишната легенда, која освои 33 титули со тимот и одигра околу 750 натпревари во кариерата само за еден клуб досега. На Баерн му остануваат уште три натпревари од Бундеслигата, плус Светското клупско првенство во јуни и јули во САД, ...

Раководството на Баерн Минхен денеска официјално потврди дека еден искусен фудбалер ќе го напушти бундеслигашот по крајот на сезоната. Се работи за Ерик Дајер, дефанзивецот кој не се договорил за продолжување на соработката, односно самиот решил да ја промени средината. Еден од клупските директори, Кристоф Фројнд, на денешната прес-конференција ја објаснил ситуацијата. – Имавме преговори со Ерик околу продолжување на соработката, но тој ни кажа ...