Охрид, 11. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат празникот посветен на Свети Порфириј, епископ Гаски. Овој голем архипастир се роди во Солун од богати родители. Младоста до дваесет и петтата година ја проживеа во родниот град, а потоа го напушти родителскиот дом и светскиот живот и се оддалечи во египетската пустина. Под раководство на опитен духовник, младиот Порфириј таму се замонаши и мина пет години. Потоа ја ...

Охрид, 14. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 1-ви март (според стариот календар), по новиот 14-ти март, се празнува споменот на Светата преподобна маченица Евдокија, родена во феникискиот град Илиопол. Како девојка била многу убава и со неморал спечалила огромно богатство. Во тоа време по вера била Самарјанка. Подоцна го примила христијанството, го напуштила расипничкиот живот, имотот го поделила на сиромашни христијани и се закалуѓерила. Во манастирот ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1 март. Денеска е Преподобна маченица Евдокија. Оваа Евдокија беше богата жена и живееше во Хелиопол, во Сирија, кон крајот на првиот и почетокот на вториот век. Беше позната по својот распуштен живот. Нејзината куќа беше прилепена до еден христијански дом, каде во една прилика беше отседнал некој монах Герман. Една ноќ таа го слушна Герман додека се молеше и на глас читаше некоја книга ...

Охрид, 13. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат празникот посветен на Светиот свештеномаченик Протериј. Овој светител беше презвитер во Александрија во времето кога патријарх во тој град беше еретикот Диоскор, еден од покренувачите на монофизитската ерес, којашто учеше дека во личноста на Исус Христос нема две природи туку една. Во тоа време царуваа Маркијан и Пулхерија. Протериј, кој беше благочестив и свет ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 февруари. Денеска е Свети Василиј Исповедник. Тој бил другар и соработник на Свети Прокопиј Декаполит. Василиј верно го следеше својот учител Прокопиј и во време на мир и кога беа гонењата. Претрпе многу маки од иконоборците. А кога иконоборците пропаднаа, по Божја промисла Василиј се врати заедно со Прокопиј во својот манастир и таму во пост и молитва поживеа долго и се упокои мирно ...

Охрид, 12. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат празникот посветен на Свети Агатангел Битолски. Овој светител пострада од Агарјаните во 1727 година. Како што пишува на кивотот во кој се чува неговата чесна глава, во тој период од нивното владеење, Агарјаните имаа свиреп обичај за време на тридневното празнување на празникот Рамазан насилно да приведуваат во својата исламска вера некои од поробените христијани. ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 февруари. Денеска е Преподобен Прокопиј Декаполит. Свети Прокопиј е наречен Декаполит бидејќи потекнувал од областа Декаполис во стара Палестина. Живеел како монах во времето кога беснеела иконоборечката ерес. Заради заштитата на иконите бил затворен и мачен од властите на иконоборечкиот василевс Лав Исавриец (717-741). По смртта на василевсот се вратил во својот манастир, каде што ...

Овој голем архипастир се роди во Солун од богати родители. Младоста до дваесет и петтата година ја проживеа во родниот град, а потоа го напушти родителскиот дом и светскиот живот и се оддалечи во египетската пустина. Под раководство на опитен духовник, младиот Порфириј таму се замонаши и мина пет години. Потоа ја посети Светата Земја заедно со својот соподвижник, монахот Марко. Се подвизуваше во една пештера близу Јерусалим пет години, но тогаш ...