Претседателот Доналд Трамп изјави дека американската морнарица ги отстранува иранските мини од Ормутскиот теснец, витален пат за превоз на нафта чие нарушување сè повеќе ја загрозува глобалната економија. Експертите велат дека отстранувањето на подводните експлозивни направи може да трае со месеци. Но, тоа може да предизвика и недоверба кај превозните компании чии бродови минуваат низ теснецот, кој извезува околу 20 проценти од светската ...
Иран според извештаи од ирански медиуми нападнал три товарни брода во Ормускиот теснец, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјавил дека го продолжува примирјето меѓу САД и Иран, пренесува BBC. Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГК) соопштил дека запленил два од трите брода и ги придружува кон иранскиот брег. Еве краток преглед на инцидентите. Се наведува дека бродовите можеби се обиделе да „избегаат“ кога теснецот ...
Ормускиот теснец никогаш нема да се врати во својата претходна состојба, изјави во неделата висок ирански претставник, во услови на ирански ограничувања за пловидба по стратешкиот воден пат и блокада на иранските пристаништа од страна на САД. „Никогаш нема да го вратиме Ормускиот теснец во неговата претходна состојба, бидејќи ова е наредба од водачот на Исламската револуција“, изјави Али Никзад, втор заменик-претседател на иранскиот ...
Добивај вести на Viber Висок ирански претставник денеска изјави дека Ормутскиот теснец никогаш нема да се врати во својата претходна состојба. „Никогаш нема да го вратиме Ормутскиот теснец во неговата претходна состојба, бидејќи ова е наредба од водачот на Исламската револуција“, изјави Али Никзад, втор заменик-претседател на иранскиот парламент, за полуофицијалната новинска агенција „Мехр“. Вашингтон и Техеран одржаа разговори во ...
Иран сигнализираше дека ќе прифати привремен договор со САД, според кој Техеран повторно ќе го отвори Ормускиот Теснец во замена за прекин на блокадата на иранските пристаништа од страна на Вашингтон, според „Аксиос“. Иранските медиуми во неделата објавија дека министерот за надворешни работи Абас Арагчи ќе му соопшти на главниот посредник Пакистан дека војната може да заврши ако Американците ја укинат поморската блокада на иранските ...
Иран понуди да ја прекине контролата врз Ормутскиот теснец во замена за укинување на блокадата на САД и прекин на војната, сугерирајќи дека дискусиите за поширокото прашање за неговата нуклеарна програма ќе се одржат во подоцнежна фаза, изјавија денес двајца регионални претставници. Понудата им била пренесена на Американците од пакистански дипломати, објави АП. Малку е веројатно дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе прифати таков ...
Претседателот Доналд Трамп ѝ нареди на американската морнарица да пука на секој брод што поставува мини во Ормускиот Теснец и вети дека ќе ги засили напорите за расчистување на критичниот енергетски поморски пат во услови на застој со Иран. „Наредив морнарицата да пука и да го уништи секој брод, иако веројатно се мали бродови (нивните морнарички бродови, СИТЕ 159 од нив, се на дното на морето!), што поставува мини во водите на Ормускиот ...
Државниот секретар на САД – Марко Рубио, изјави дека понудата на Иран за повторно отворање на Ормутскиот теснец под строги услови не е прифатлива за САД или за други земји. Рубио посочи дека Иран има поинаков став за овој стратешки воден пат од поголемиот дел од остатокот од светот, објави АП. „Она што тие го мислат со отворање на теснецот е тој да биде отворен за пловидба, сè додека преминот низ него е координиран со Иран и се добие нивна ...

