Хрватскиот ветеран Лука Модриќ предвреме ја завршува сезоната во дресот на Милан, откако на дербито против Јувентус се здобил сериозна повреда на лицето. Денешните лекарски прегледи покажале двојна скршеница на јаболчницата, што значи дека искусниот играч нема да биде во комбинација за настап до крајот на сезоната. Сепак, според хрватските медиуми, неговото учество на Светското првенство засега не е доведено во прашање. Повредата Модриќ ја ...

Ремито меѓу Милан и Јувентус со најнепопуларни 0:0 ги разочара неутралните љубители на фудбалот, но донесе и лоша вест за играчот кој ја одбележа сезоната на „росонерите“. Лука Модриќ на 40-годишна возраст покажа дека може да прави голема разлика во Серија А и посебно воодушеви со физичката подготовка во оваа фаза од кариерата, бидејќи техничките квалитети никој не ги доведуваше во прашање во моментите кога го реализираше трансферот. Модриќ ...

Фудбалерот на Милан и хрватски репрезентативец Лука Модриќ ќе мора да биде подложен на хируршка интервенција поради сериозна повреда на лицето, пренесуваат италијанските медиуми. Искусниот играч за врска се повреди на натпреварот од 34. коло во Серија А против Јувентус, кој заврши без голови. Инцидентот се случи во 76. минута, кога Модриќ во воздушен дуел се судри со играчот на Јувентус, Мануел Локатели. Поради последиците од ударот, тој беше ...