По изгласувањето на извештајот за напредокот на Македонија во Европскиот парламент, од чии финални формулации беа отстранети споменувањата на македонскиот јазик и идентитет, премиерот Христијан Мицкоски остро реагираше, нарекувајќи го овој момент „нов Крушевски манифест“ за Македонија. „Македонската историја е втемелена врз предавства и неправди. Тоа не е ексклузивитет на современата Македонија, туку болка која ја носиме низ вековите. ...

СКОПЈЕ (АА) – Претседателот на Владата на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денес изјави дека Бугарија работела против земјата и дека денес светот е сведок на предизвиците и неправдите со кои се соочува државата, порачувајќи дека Северна Македонија е на вистинската страна од историјата, јавува Анадолу. Премиерот Мицкоски излезе со реакција откако Европскиот парламент го одобри Извештајот за напредокот на Северна Македонија за 2023 и 2024 ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната вонредна прес-конференција, истакна дека светот го видел вистинското лице на Бугарија и дека тоа е нивната агенда години наназад. „Токму затоа и потсетувам на она признавање на Бугарија од 90та како прв сосед. Тоа поврзано со сите нивни активности и дејствија сите овие децении наназад, но и историски гледано во крајот на 19тиот и 20 век, нам ние јасен показател дека тие имаат јасна ...

Како некаков месија кој единствен разбрал што сакаат Бугарите од Македонија, премиерот Христијан Мицкоски го издигна денешното гласање за изветајот во Европскиот парламент на ниво на национална драма, иако нема таква политичка тежина и утре сите ќе го заборават, како претходните над 20. Тој дури рече ова е нашиот Крушевски манифест, т.е. на овие генерации, по кој треба да се мобилизираме сами, бидејќи ова е борба за фундаменталните човекови ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ се огласи по повод изгласувањето на извештајот од страна на Европскиот парламент. „Секогаш сум искрен и отворен, и да ги кажувам работите со вистински зборови, а не како политичарите во минатото да ја заобиколувам вистината. Од мене секогаш ќе добивате само искреност. Во политиката влегов поради тоа. Затоа што сум дел од онаа излажана генерација од срушени ...

Остануваме горди, со крената глава. Денес Бугарија работеше против нас. Денес светот виде со какви предизвици и неправди се соочуваме како држава и народ во 21 век. Денес комотно и на очиглед на сите на Европа можеме да и кажеме дека вистината излезе на виделина, на површина, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на вонредна прес-конференција. Како што порача Мицкоски од партискиот штаб, ние сме на вистинската страна од историјата, „а ...