Министерството за правда денеска прави нов обид да ја деблокира работата на Работната група за измени на Изборниот законик, а по што ќе биде појасно што да се прави понатаму. За денеска во 13 часот е закажана новата средба на партиските претставници во ова тело во обид да се продолжи со работата. Досега, откако најголемата опозициска партија, СДСМ, донесе одлука да не учествува во работата поради незадоволството од укинувањето на пржинската ...
Власта ќе ги турка измените на Изборниот законик и без најголемата опозициска партија СДСМ, која неодамна во знак на револт ја напушти работната група за изборното законодавство, бидејќи владејачкото мнозинство ја укина техничката влада. Дали власта се пишмани и сепак, без консензус ќе носи нови изборни правила ќе биде појасно по денешната средба на работната група закажана од министерот за правда Игор Филков, на која освен пратениците од ...
Без присуство на претставници од СДСМ денеска продолжи со работа Работната група за реформа на изборното законодавство. Министерство за правда соопшти дека групата денеска ја одржала четвртата седница, на која продолжи разгледувањето на препораките за унапредување на Изборниот законик, согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР и обврските предвидени во Реформската агенда. Во однос на учеството на СДСМ, беше истакнато дека до Министерството за правда ...
Новиот Изборен законик ќе биде подготвен без СДСМ, доколку продолжат да не доаѓаат на средбите на работната група, но изгласувањето сепак ќе зависи од нив, најави денеска премиерот. Тоа е еден од неколкуте закони кои е можно да се блокираат со амандмани, процес познат и како „филибастеринг“. „Изборниот законик ќе биде подготвен од партиите кои учествуваат во работната група, но кога ќе влезе во Собрание, може да биде блокиран од СДСМ, доколку ...
Измените во изборниот законик можат ли да бидат клучни и за предвремените парламентарни избори доколку до јуни бидат донесени е прашање кое повторно се актуелизира откако премиерот Мицкоски и денеска посочи дека ќе се обиде со СДСМ да постигне консензус и да се вратат во работната група со цел изборниот законик да се донесе , а во спротивно како што рече опозициската партија секогаш ја има можноста за филибастеринг . Сепак крајниот избор ...

